Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Постојат две можности, или е биполарна или незнае што сака.
    Можеби е само една размазена девојка која обожава да си игра и да им ги комплицира животите на другите. Буквално те завела, ти признала дека и се допаѓаш, сте поминале убаво време заедно, а наредниот ден менува се :|. Како? Згора на се тебе те прави виновен за се, така е, убаво си и покажал заби и карактер дека неможе да си игра со тебе како сака и веднаш си ти крив. Немој ни случајно да се обвинуваш себе си, јас како што прочитав ти со ништо не ја навреди. Изгледа обожава да ја молат и да и се извинуваат момци и кога не и успеало тоа се обидела да те направи тебе виновен за нејзините постапки. Можеби имала и друг дечко на лагер па сакала да види со кој ќе и е подобро и затоа ја измислила целата приказна. А и да си и значел сигурно немаше по толку кратко време да се залета по нов дечко, уште па предобар си бил за неа, ццц каде бе девојче со изразиве :x. Со тој изговор ќе и раскине наредниот дечко сигурно :lol:.
    Според мене не ти треба ваква девојка, како прво е незрела, незнае што сака, а од друга страна се другите и се криви заради нејзините постапки што незнае што сака. Игнорирај ја и ти и полека ќе ја заборавиш.

    @tamchee мене ми е сомнително што толку лесно може да каже „те сакам„, да не му е узречица некоја ко добро утро... :^)
     
    На Окрад му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Нова сум во овој форум се обидувам да го разгледам целосно и да се надоврзам каде што можам..
    Не знам дали во правилно поле го поставувам моето прашање но сакав да прашам за совет..
    Има едно момче што ми се допаѓа не се имаме запознаено лично засега зборуваме на фејзбук , постојано ми наговестува дека му се допаѓам како сум размислувала , еден мој пријател ми напиша нешто на фејзбук и тој ми се налути зошто тој да ми пишувал така и сега не ми зборува како порано .. Јас му објаснив дека тој ми е само пријател дури и далечна роднина но од тогаш се промени односот негов кон мене и не знам што да мислам ..
     
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ти речам да не се замараш многу штом не го познаваш лично, не знаеш каков е може да се претставува лажно , во денешно време се и сешто има, ОК , може да грешам ,може е дечкото ок, но неможе да знаеме се додека не го запознаеш пореално од виртуелниот свет , било како, тој нема право да ти се лути за банални коментари или лајкови , ем не ти е ништо , ем ти си имаш сопствена слобода да правиш што сакаш, немој да се опушташ и да потпаѓаш под никакви влијание пред да го запознаеш подобро, речи му да се видите во живо , ако несака не си губи времето само за на тастатура ...
     
  4. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Благодарам на советот ... што се однесува на тоа дали е лажен не е , го знам јас но не од блиску
    има фама на голем женкар ... мразам што така се опседнав без да го знам добро :(
     
  5. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Добро утро девојки :)
    Денес со дечко ми правам годишнина,неговите отидени се во Охрид до понеделник,се договараме со дечко ми уште пред една недела и денов го очекувавме со нетрпение..
    Дома иначе ме држеле од секогаш по строго и никогаш не сум останала кај него на спиење,па несакав да ги лажам моите и ги прашав дали може да спијам кај него и за мое изненадување МЕ ПУШТИИИЈААА! Но искочи нешто друго..Мајка му на дечко ми пред да идат му рекла:немој девојка ти да доаѓа во сабота на спиење! И му рекла:има ли родители она?! ...Ми кажа дечко ми и се навредив малце.....И сеа глупо ми е некако да отидам..Дечко ми инсистира,а и ваква шанса имаме сега и којзнае кога пак! :worried:
    Ваш совет? ................
     
  6. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.655
    Допаѓања:
    4.568
    Пол:
    Женски
    Оди бе срцко , помини си убаво и многу не размислувај што рекла . Па крај краева и да го праша мајкаму нека каже не беше на спиење си отиде дома и готово , од кај ќе знае дали си била или не .
     
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Yeeah добар ден.
    Вие веќе сте се договориле и што е најважно тебе те пуштиле од дома така да не гледам проблем, па сигурно немаш 15 години. А обиди се и мајка му да ја разбереш. Мајка ми секогаш кажувала дека не сака јас да одам да спијам кај дечко дома, ниту пак некоја да доаѓа да спие овде кај нас(брат имам). Затоа што и таа некоја би била нечие дете. Се надевам сфаќаш што сакам да ти кажам. Така да обиди се и ти да ја разбереш мајка му, не верувам дека мислела нешто лошо жената. Така да оди и убаво да си поминете.
    Среќна годишнина и уште многу години да си бидете заедно. :hug:
     
  8. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Кога дечко ти вика да одиш , одии :)
    Поминете сии најубаво и не се грижи за ништо и онака мајка му негова нема да знае дека си била кај него . :D Среќна годишнина !
     
  9. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Не се оптеретувај за некој што не го знаеш лично, и само муабетот вие на фб.Он не е никој и ништо да ти забранува некој да ти пишува, ептен ниско оди тој со тоа што ти вика. Поготово е ако е женкар, повлечи се, најди си некој ко за тебе.

    Колку години си иначе? За тоа родителите да ви забрануваат да спиете кај партнерот. Ако сте испод 18, тогаш со право е мајка му, а ако не сте тогаш, незнам што да кажам.
     
    На Mala Hembra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Леле што имаат врска годините? Ако сте во долга и сериозна врска јас не гледам пречка штом ти дозволиле од дома @Yeeah . Многу ми се примитивни тие мислење што ќе кажеле неговите, па дали ти имаш родители, па леле комшиите што ќе кажат... Фууу, сите што немаат попаметна работа се замраат со тоа што прават другите. Ко божем ако ти сеа спиеш кај него готово 300 глупости (секс) ќе направите, ко досега да не сте можеле било каде да го направите тоа :^).
    Убава можност е ова да поминете време заедно, штом ти дозволиле од дома искористи ја таа можност и ич нека не ти биде гајле што ќе кажела мајка му. Ко она да не идела да спие со татко му, а и немора да знае нели? ;) Не се замарај оди и убаво да си поминете :).
     
    На femina90 и Daydream им се допаѓа ова.
  11. Teen.girl-18teen

    Teen.girl-18teen Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    Во неколку наврати добив ЛП за ситуацијава , па еве да се изјаснам јавно.
    Луѓе , верувајте во она што го сакате , борете се да го добиете она што го заслужувате , верувајте ми , нема ништо да изгубите , можете само да добиете.
    По неколку месечно малтретирање , губење нерви поради рекла-казала муабети , разни лаги и фарси за ситуацијава , за двата лика подеднакво , синоќа , повторно го придобив оној кој искрено го сакам.(личноста со која бев 8 месеци во врска).По еден месец одење на пријателски кафиња , смеење и разговарање општо за се , повторно ни се распламтија искричките и синоќа дојде до кулминација. Неколкуте капки алкохол кои беа вишок , завршија работа. Ги избркавме инатот и гордоста од нас и дозволивме емоциите да не водат. Верувајте ми , цело тело ми трепери од среќа , мислам дека во секој момент ќе добијам тахикардија или аритмија. Блескам од среќа. Нема поубаво чувство да добиеш втора шанса и да бидеш со некој кој и по цела една година молк и водење инат , се уште не се откажал од тебе.
     
    На Megannn, Candid, fificaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  12. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Само си зборела кратко време на ФБ и си се обседнала за џабе. Штом така регира значи дека е посесивен, а тоа не ти треба.

    Што ти е гајле што мисли мајка му, ако таа не дознае исто како да не било. Типично е тоа однесување кај некои мајки, се прашувам зошто тоа е така во овој случај, интересно.
     
  13. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Pak jas so nov problem... Ako moze neka mi pise nekoj LP zaso znam deka ve otruv so problemive moi :(
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.
    Епа вака, моја другарка има еден проблем шо ја мачи па ако сакате да дадете некој совет.. Таа свиѓа едно дете веќе една година. На почетокот тој воопшто не ја приметуваше. Таа му пиша прва, и тој и врати. Така некое време. По месец тие испаднаа (не сами со другари и другарки, знач меѓу нив ништо нема), се здружија, тој сакаше да ја испрати.. Летото него го снема: не и пишуваше, ништо ништо буквално. И сеа за нова година, он и праќа порака: Срцка, среќна нека е... блаблабла. „СРЦКА“.. На некој начин и даде надеж, арно ама на нова година она две другарки и негов еден другар седеа у другата соба. И сеа он сфати дека другар му сака да му ја мести, и за да ја направи љубоморна или незнам што беше он побара број од нејзината бивша, од БИВШАТА што ја мрази.... Се качија горе во соба и он и беше се изнакажал: како дека он е у скопје она тука, нема да се гледаат, она ќе плаче, зашо да заочнат нешто шо ке им биде убаво а нема да успее... И се е тоа океј.. Али работата е шо од една страна и дава надеж, а од друга и вели не чувствувм ишто спрема тебе? На неа никој и се нема вака свигано толку време толку многу, и незнае што да прави а неможе да се откаже он него..? Совет?
     
  15. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    ako saka moze da se otkaze dr nema mislam ova e sovet za druarkati ili za tewe?
     
    На Youknow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Teen.girl-18teen

    Teen.girl-18teen Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    Да не испаднам дрска или безобразна , ама искрено , многу ми е детска приказнава. Дечково треба да се постави баш машки и да си каже се што има и кои му се намерите , а не да манипулира и да дава лажна надеж. Уште не е созреан за такво нешто. Другарка ти нека си продолжи со животот , не и треба некој кој ќе ја мота околу мал прст. Заслужува љубов и внимание како секое човечко суштество.
     
  17. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Тоа срцка па ич не мора да значи дека и дава надеж. Се фаќате за детаљ небитен, најмал во многу голема приказна. Тој до сега ништо не направил и плус и рекол дека не сака со неа, и и давал надеж? Жити се. Коа нешто не и одговара од мравка прави слон. Не и дава тој лажна надеж самата си дава. Срцка се употребува во многу форми, и не значи дека има некакви чувства за неа, може едноставно му е „срцка“ девојче, добра другарка.. итн. И ја на мои другари им велам „баш си сонце“ па ете не ги сакам. Едноставно нека ја прифати вистината што побрзо. :) Крај краева девојче е сигурно на твое годиште (те памтам, не даде апдејт за твојата приказна), има време за дечко.
     
    На mims-89 и Hipica им се допаѓа ова.
  18. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Девојкии.. овој мојов,или нз дали е мој,а пошто незнаев како да почнав вака почнав..се запознавме кога тргнавме во септемви нашколо,ја сум 1 година тој 2,уште тогаш сакаше да испаднеме и рече на една моја школска ја реков не бидејќи не го знаев,од тогаш продолживме да си пишуваме се беше супер.Во петокот имавме средношколска забава,таму се измувавме,вечерта одма штом стасав дома и се укл на фб он ми пиша,вчера си пишувавме ама мн кратко пошто ја цело време се искл,и после некое време не ми врати,на слика му коментирав и мојот ком и на уште една негова бивша пошто и двете имавме лајкови ги избриша .. денеска го немаше да ми пише земав ја му пишав и онака само си пишуваме,него незнам дали сме заедно или не смеее,незнам како да го прашааааам дај помогнетее,како да ја отворам таа дека како да го прашам дали сме заедно или не сме,пошто прв пат ми е некој да го сакам да иам испаднато со него а да незнам на што сме .. :( :sweat:
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека останало само на мување, а ти пишал ради реда... Но, сега не пишувај ништо остави така како што е, дај му простор.
    Ако не ти врати убиј го копилето, мисли позитивно.
     
  20. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    вака мислам ке споулаваам па .. ств мн го засакав :|