Типов ми изгледа ко да се нервира зошто не му даваш, очигледно сака да ти го стави, арно ама се нервира зошто не му даваш. Види што му се намерите со тебе, на крај може да има секс со која и да сака и пак кај тебе да иде
нема тоа никаква врска, не ни се обидел такво нешто, ни пак ми рекол ни ме наговарал, директен тип е кога сака нешто да каже или да праша одма го кажува дирекно без разлика шо и да е
Доколку те сака искрено тој нема потреба да те навредува дека не си изживена на твоите 22 години туку ќе те чека додека ти си спремна да го направиш тој чекор , според мене тоа не е вистинска љубов.
Што ако вашите ви забранат да се гледате со него и сте затворени дома несмеејќи да искочите се додека немате никаква допирна точка со тој човек ? едноставно сте казнети и нема искачање нема другарки нема забави се додека вашите не се уверат дека тој повеќе не е во вашиот живот
А ако може да ја образложиш причината поради која твоите родители ти забрануваат да се гледаш со него? Успат пиши колку години имаш?!
имам 17 сега во мај ке правам 18 . инаку се случија некој ствари и јас позајмив пари од дома но не кажав. и сега дека тој е постар од мене 22 има мислат дека се коцкаме во сенатор и дека тој губи пари а јас го покривам што нема везе. во неколку наврати им имам спомнато дека идеме во сенатор но не дека јас го финансирам он со негови пари си се коцка . чоекот си има пари многу и си се коцка ја само сум му девојка и друшво му правам ама овие не веруваат . им викам ке го викнам да ви каже тој самиот они не нема потреба коцкар на тебе не ти треба додека не раскинеш со него амин што ке искочиш од куќава. ако ме сфаќате буквално со хитлер и сталин живеам .
Јас неможам да сфатам како си го трпела тој да ти се дере го прво, не ти е ни мајка ни татко. Си оладил дечкото едноставно и сака да те тргне. Сама да сфатиш дека е време за крај.
Малечка, твоите родители се во право. Коцкар еднаш и коцкар цел живот. Се ќе потроши, велиш секогаш одите во Сенатор значи тој не планира да престанува. Позајмувањето пари од дома,а не си кажала е крадење. Твоите се плашат да не се навлечеш и ти, бидејќи и тоа е еден вид на "болест". Сега може нема да не разбереш но со тек на време сама ќе си сфатиш.
јас знам дека он нема да се откачи мислам толку време се коцка сигурно нема никад да се откачи ама фрката е што нема да се мажам за него па што се загрижиле ке се занимавам со него извесно време и тоа е тоа. инаку и они истото ми го рекоа дека ке сум се навлекла на тоа но како можам да се навлечам кога знам дека е грешно и плус тоа не се оставаме во сенатор. често пати јас отварам врата само ке го викнам и одма искача и си се шеткаме ни градов . И да тоа што не кажав беше глупо планирав да ги вратам ама проклето не успеав да ги соберам и се ми се сруши врз глава како кула од карти. како и да е се одалечивме сега ама ништо не добив само да ме боли душата и да ми се руши психата , да не спијам навечер и да се смеам а внатре рушевини . ми се плаче дека морав да му раскинам како наметнато а не затоа што јас сакав. натрагично од се сеуште сум казнета до крај на месецов никогаш во животниов краток век не ми се десило да чувствувам како ѕидовите се поместуваат и ме потиснуваат . во сопствен дом се гушам , имам сопствен приватен затвор. значи сакате да кажете дека вака е подобро ?
Значи ти не го сакаш доволно (обично кога ќе сме затрескани дури и деца планираме во нашиот чуден женски ум) онака тие колку за занимација, прво тоа е многу себично од твоја страна кон него, второ тие не било твои пари да ги земеш без прашање мала си секако дека твоите ќе те финансираат но најгадно е кога ќе ја игубиш нивната доверба.Коцкањето е лошо и никому не му донесло ништо арно, само глупирање на малуомните тоа не е забава на дечкоти или зезање тоа е завистиност.Мој совет доколку сакаш адреналински работи запишисе на хиподром.
Бегај од таквиот .. Од човек што се коцка , пие и се дрогира еден ден подалеку ! Знам еден случај и тоа е лошо од таквите луѓе се стои на страна кога тогаш ќе заглавиш и ти со него
како не го сакам да не го сакав немаше вака да ми биде но и тој самиот кажа дека не е заљубен и што можам јас да направам тука. разни работи правев за него, со него но со сила неможе убавина . идеме како да не идеме . како и да е мислев ако ништо друго барем да се забавуваме ако прекипе НИЕ да расчистиме не некој друг да ми кажува. така да сега и тоа малку што го имаше го нема. можат сите мирно да спијат. за адреналин не ми беше работата туку само нешто што ке ми остане во сеќавање но се отиде во неповрат. и зашто сите се однесувате како да не сте сакале само забава и интересно да вие ? цел живот ке бидеш сериозен зашто на 17 - 20 да бидам сериозена ? се исплашиле дека тетка ми мажи и ја продал на лихвари и они мислат дека и овој тоа ке го направи . благодарам за советите се тргнав од него научив лекција која не ја пишува во книга
Сум за лекција, но не и казна. Твоите родители апсолутно ништо нема да постигнат ако те држат затворена дома и те казнуваат со тоа да не излегуваш и само од школо дома и од дома на школо. Колку време ќе те држат така? Недела, две три па и пет. Кога тогаш пак ќе излезеш и пак ќе бидеш со него заедно. Но, ти и самата кажа дека за некој месец полниш 18 години така да и не си веќе дете и самата треба да бидеш доволно свесна какви се последици ќе има оваа врска. Не си ти дете од 12 години кое добило две слаби оценки па по казна нема излегување цел месец. Кога сме тинејџери мислиме како ние се сме во право, родители едно ние сосема друго. И тие некогаш претеруваат со цел да не заштитат, прават грешки или на погрешен начин се трудат да не отргнат од нешто ама мора да го прифатиме фактот дека тие некогаш имале 17 години и го преживеале нашето, затоа тие се секогаш на некој начин во право. Знаеш во нашава земја важи едно: Eднаш пијаница - засекогаш пијаница. Го знаеш нашиот народ и нашиот менталитет и дека ќе бидеш исмејувана затоа што си со таков човек во врска. Ти не мислиш ништо сериозно, но од каде знаеш што ќе се случи утре? И ти не си ги позајмила тие пари од дома туку си ги украла. После тоа нормално е твоите родители да се сомневаат и да ти забрануваат да се гледаш со таков човек. А ако ти е досадно и си бараш знимација, тогаш запиши се на некој спорт или купи си мачка. Во секој случај ќе ти биде подобро отколку да влегуваш во врски кои не носеле и никогаш нема да донесат ништо добро никому. Никој не бара од тебе да бидеш сериозна уште сега, но на 17/18 години веќе е нормално да имаш дечкото но не дечко коцкар тоа е премногу за било кого, а најмалку за тебе. Сите ние знаеме илјада примери вакви кои ен завршиле добро. Но нема да пишувам, не се осмелувам да раскажувам за туѓи животи и освен тоа секоја приказна си е приказна за себе. Сега можеш да се лутиш на родителите и да мислиш дека не те разбираат, но по година две ќе им бидеш благодарна што те спасиле од таква пропаст.
Тебе те привлекува тоа што тој се коцка ? Интересно ти е ? Мислам дека треба да почнеш сериозно да зброуваш за тој негов проблем. Ако човекот заглави со пари, голема е можноста тебе да почне да те малтретира. Ако пробаш да му се скараш јас мислам бурно ќе изреагира. Почни да се оддалечуваш од овај човек. Немаш иднина со него, без разлика колку и да ти изгледа возбудливо оваа авантура си има последици. Многу ми е жал што си ја изгубила довербата во родителите, тоа е најлошо. Родителите ти мислат добро и подобро да ја прекинеш врската. Ќе видиш како за некоја година ќе си речеш кај ми беше мозокот со тој што излегував ..
Сосема точно. Може да почне да и бара и пари на заем, или да заложува нешто само да дојде до некој денар кој може да го прокоцка. Значи само да не дојде до тоа затоа што подоцна е многу тешко да се извлече. Нема што да бара со тој тип. Не е свесна на што се изложува.
Dali nekoja poiskusna so lubovni problemi moze da mi pise inbox, ako saka nekoja nema mi pisi pa makar i masko sakam da znam i od maska strana mislenje plsss ako ima nekoj da mi dade sovet
А како да ти напишеме кога имаш забрана за гледање на профилот, автоматски не можам да најдам каде да ти пишам порака.. Пиши тука, никој нема за ништо да те осудува..