@IdenUmetnik На оваа возраст, 17-18 год. мислиш дека живееш со Хитлер и Сталин. Кога ќе сфатиш дека родителските зборови имаат вредност, можеби ќе биде доцна. Не се бунтувај против нивните мислења и не ги осудувај. Тие имаат потполно право што реагираат на тој начин. Сега ти е интересно што му правиш друштво во казино, а доколку останеш во врска со него треба да се подготвиш психички и финансиски да учествуваш во друштвото.Тоа што има многу пари и се коцка со негови средства, не биди наивна дека вечно ќе биде така. Кога ќе заглави финансиски тогаш ќе почнат проблемите. Се уште не си свесна во што се вплеткуваш и какви животни проблеми може да си навлечеш. Тоа што сега го доживуваш возбудливо може да се претвори во кошмар кој верувај не би посакала да ти се случи. Мој совет е постепено да се оддалечуваш од него и да ја подобриш комуникацијата со родителите за да ја вратиш довербата. Сега си гневна на нивната постапка, но подоцна ќе се увериш дека добро е што си имала вистински родители кои те спасиле од работ на пеколот.
Значи вака ќе се обидам да бидам кратка.Со еден одев 2 години раскинавме пред 5 веќе 6 месеци ама мене ми пиша еден негов колега од факултетот.Јас му вратив дека бев слободна можев со кој сакам со тоа да пишувам и подоцна дознав дека се знаат а и тој дознал дека сум му бивша дека кога станавме пријатели на фб бившиот го прашал од каде ме знае...Е сега ми се допаѓа и јас него се ми вика да дојдам во твојот град да се видиме зборува како да во иднина заедно ќе бидеме јас сакам ама не знам шо да мислам и за бившио ќе има лошо мислење за мене...А тој ми кажа и јас ако треба ќе му кажам на него дека сакам со тебе да идам он тебе не смее веќе да ти се меша.....Совет ве молам што би направиле на мое место ?
Самата кажа дека тој ти е бивши и не би требело да се замараш со то какво мислење ќе има тој за тебе. Слободна си и ако веќе и двајцата сакате да се видите нема што да мислиш на бившиот,нормално ако не планираш повторно да се смирите. Тој сигурни ако сака да излези со друга нема твое мислење да бара.
а шо ти е гајле какво мислење ке има бившиот? да бил добар не би бил бивши .. Слободна си и со кој сакаш можеш да се глеаш ...
Тотално клише е целава реченица. 1: Можеби бившиот ќе зборува лошо за неа на неговиот колега од љубомора па затоа од таму тој страв дека ке и уништи се затоа предлагам да оди со отворени карти и таа да му објасни се на колегата за да не испадне дека таа крие нешто. 2: Ако бил добар не би бил бивши - постојат многу причини зошто некој раскинува а оваа теза да не држи вода. Не знам како може да се зборува така посебно за некој бивш. Ми наликува дека се ставаат сите бивши во исти кош а не е така. Постојат како што реков многу причини за раскинување а дали бил или да не бил добар тоа таа си знае. А за гледање да, може да биде со кого сака да се гледа но најпрвин да се расчисти со бившиот за да не има на крај шпански сапуници од типот рекла казала.
1. таа не се плаши дали ке зборува лошо за неа и ке и уништи се, туку што ке МИСЛИ бившиот за неа 2.Можда е и најдобриот човек на светот, али штом не се заедно нешто не чини меѓу нив, да им одело толку добро ке биле заедно сеуште.
1: Тогаш ако се уште се замара со тоа што бившиот ке мисли за неа можеби постои некои недогорено жарче и некои чувства, скоро сум сигурна во тоа затоа што ако веке не го сака нема ни да се замара што ке мисли тој што ке рекол но затоа што сега е преоптеретена со тоа што ке мисли тој сигурно постои нешто се уште што чувствува, логички зар не? 2: Не ја знаеме причината за нивното раскинување, може се секакви причини, не сакам да погодувам. Ако девојката е сигурна дека повеќе ништо не ја врзува кон бившиот и не постојат чувства нека проба со овој новиот, но доколку е само сигурна а мене не ми изгледа така.
Не се замарај што ќе каже бившиот, живеј си како сакаш и уживај Тој е бивш, значи немаш ништо со него и воопшто нека не ти биде важно неговото мислење. Ако ти се свиѓа другиот, тогаш пробај си и излези со него.
Да му ја мислиш ако се работи за брат на бившиот, братучед или најдобар другар, ќе те разберам.... ама за колега од факултет ич да не му ја мислиш. Ако е за така од сите страни можеме да најдеме некаква конекција со бившите со симпатиите, дали биле комшии, или учеле средно заедно, основно, факултет, сватови од трети братучеди , оделе заедно на играорна кога биле деца , ехеееее, ако сакаш да најдеш нешто, ќе најдеш, оти многу "голема" ни е земјава, ни 2 милиони нема. Сите со сите ќе се најдеме поврзани на овај или онај начин.
Благодарам на сите инаку ја сакав да кажам дека ако почнам нешто со него,бившиот може да каже нешто лошо за мене а тој бидејќи нема да ме познава долго време може и ќе му поверува.Бившиот го заборавив мислам дека и тој се гледа со една но не знам може ќе сака да ми расипе го познавам и знам на шо е спремен.Сепак ви благодарам направивте да не мислам на тоа дека се колеги од факултет.
Душо он ако сака да е со тебе тебе ќе ти верува, ти рече се знаат тоа не значи дека се блиски пријатели. Со колеги од факс не можеш да си близок како најдобрите пријатели, тоа да го знаеш. Денес во секој момент секого оговара а бившиот ако те зборува уште и те спомнува значи му значиш на него. Се надевам дека е некој зрел човек бивши ти па нема да отвара уста наоколу.
Едно време многу се замарав со тоа што и кој ќе каже за мене, но дури отпосле сфатив дека од туѓи мислења не се живее. Нема зошто да се интересираш што ќе каже бившиот за тебе и самата кажа тој ти е бивши значи дека треба да си продолжиш со животот најнормално. А ти најдобро си го познаваш и бившиот и треба да знаеш каков човек е и дали може да се очекува такво нешто од него.
Раскинавме по шест години. Ова досега ни е прво раскинување, после многу расправии и лутења. Сфатил дека не му одговара мојот карактер, односно јас постојано се борев за моите "права во врската" и барав рамноправност. Веќе еден месец не контактираме и навистина ми е тежок периодов. Го барав, го молев да се смириме, а не сака ни да слушне.Вели дека ако повторно сме заедно дека се ќе биде по старо, а тој очекува од мене да се променам (да мислам исто што мисли и тој). Исто така имаме различни погледи за иднината. Ве молам дадете ми совет дали да му се јавам или да се откажам од молење и плачење по него, бидејќи после толку години многу ми е тешко, и не сакав вака да завршиме. Благодарам однапред!
Знам дека ти е тешко сепак долга врска е во прашање ама според мене не треба да го молиш. Се понижуваш, а нему очигледно му е сеедно. Ако искрено уште те сака и тој ќе попушти малку и ќе те побара. Може во прашање е друга девојка, зашто туку така 6 годишна врска да се прекине за банални работи па уште и воопшто не те бара е чудно. Ете ти го сакаш и гледаш колку е тешко дека 1 месец не сте се слушнале, а тој изгледа се навикнал толку брзо без тебе.
женски пак јас со мојов проблем,како што кажав и претходно имав проблем со дечко ми поселднава недела не ми обрнуваше доволно внимание само љубоморен смртно бееше премн лут за глупости само викаше и ред др раб...и го викнав да излеземе денес да прајме муабет и замислете само ќутеше така зјапаше како задуман и незнаек да објасни зш така му се случувало,,ни самиот не знаеше и само ме прегрна и ми се извинуваше неколку пати никогаш ова го нема направено...инаку има проблеми тој со главата имам мн главоболки па сега страв ми е да не има некоја болест бидејќи ова однесување не е на арно...мислам дека не ме лажи туку е до неговата болест не дај госпо да е болен....и му реков уште еднаш ова нема да го толерирам однесување спрема мене...и зачути одма...знае дека згреши ама демек незнаел зш така ...шо велите вие ? дали би требало следниот пат ако се случи ваков напад да раскинам?
Искрено не мислам дека ќе го смени мислењето, чим ти вели и сама знаеш дека он очекува и сака од тебе да се промениш тоа не е во ред. Нема право да бара такво нешто од тебе. Чим веќе подолго време се карате се лутите и никако да се усогласите, можеби навистина нешто не штима. Сфаќам дека го сакаш и сакаш да се бориш, но некогаш треба и да кренеш раце, да продолжиш и да се бориш за себе и својата иднина. Тој тебе овој период воопшто не те ни побарал, значи очекува ти да го молиш уште и можеби ако му се присака, ако малку се потчиниш ќе се смири со тебе. Јас воопшто не би му се јавувала повторно, нити би му одговорила на некој негов повик, мислам дека нема ни да те бара, но сепак тоа е твоја одлука, размисли со ладна глава, донеси си некои за и против мислења.
Знаеш ние луѓето сме чудни суштества..љубоморни сме и доколку не сме заљубени во некого,пример зошто онај/онаа да го има тој и тој без никаква задна промисла само ќе ни прелета и дефиниција за тоа ќе ставиме ете љубомора иако не сме заљубени и за 5 минути забораваме што ни прелетало низ глава.Сакам да ти кажам дека иако е смртно љубоморен не значи дека е смртно заљубен.Однесувањето на дечко ти е проста човечка природа,дерење,лутење па дремење за на крај да свати дека измачува некоја што го сака (ја оставам на страна можноста да има друга,повишувањето на тон психичкото омаложување за мене е доволно) па да ја гушка и бакнува...Тебе таа тортура па сожалување тие се некои фактори за врската да опстани?Ја на прво би му раскинала но сепак твоја одлука.Стави си го достоинството на прво место и размисли со своето јас.