женски не е нешто којзнае што моево,ама како што имав кажано и поарно дечко ми малку е сменет ваљда од работата му е оти некогаш и 12 сати е на раб..3 години сме заедно .. сеа последно време падна муабет за да оди втеретана /.добро реков оди, нема проблем ( иако некако не ми е сеедно нз зш чувствувам љубоморааа си мислам аее ќе гледа некој девојчишта и некако грдо,срушено се чуствував) сепак не е појден уште а и јас за инает муа реков и јас ќе одам со една другарка и ми забрани ми вели нема ти што да одиш ќе те гледаат таму машки нз штоо ќе сум се занесувала глупости такви некои ...не му велам ќе одам еве му велам заедно да одиме тогш и вели не демек не сакам јас ќе одам до другар ми..и ништо живо не сака да одиме заедно... нз што муе толку филмот дури ко навредена се чувствував така ко ми рече коа може заедно зш па и да не глупак па. што мислите за ова вие што му е проблемов?
Да не има некоја добра фитнес инструкторка таму можеби? Ми изгледа како дечково да крие нешто поправи ме ако грешам, ова е моето мислење.
Теретаната е заедничка ? доаѓаат и машки и девојки на исто мене ? Те прашувам зошто во мојот град нема така едно место е за девојки а друго е за машки и затоа ми падна чудно каде да гледа девојки ако оди во теретана...
епа вака ајде да си ги кажам маките значи со еден тип сум сега како што реков би сум ама и машко ми се засвиѓа и со него сум во моментов и се е топ ама некако почнав самата да се оддалечувам од него и ни самата не знам зошто имам чувство како да се оддалечувам и не ми е ич јасно ми кажува дека ме сака се е топ ама едноставно полека се оддалечувам.. најсјебаниот плот твист е што тоа што јас се оддалечувам од него ме боли и мене
Фактот што мора двајцата да си дадете "дозвола" за да се оди во ТЕРЕТАНА, кажува многу и верувај не е на добро...
@AngelchE23 Definitivno krie nesto,ti kazuvam od iskustvo.. Taka mene mi pravese eden bivsi..Vo teretana so nego ne, na Vodno so nego ne,na slava so nego ne, izlezeni so drustvo ne samo ja I on I kao zaradi ljubomora demek kao da ne me gledale drugi, ustvari rabotata bilo da ne gi otkrijam negovite izmami.Ne pagaj na toa deka ne saka drugi da te gledaat I deka e ljubomoren.Krie nesto veruvaj
па тој кажување демек сакал да оди со еден човек повозрасен е од него демек за вежбиве убо да му ги покажувал абе нз што да мислам,а башка таму си има инструктор што треба да покажува вежби,а исто така и сам памтам си велеше абе јас сам си ги знам вежбите...од една страна ми е чудно од друга не нз шо да мислам ме чудо зошто да н еодиме заедно што има тука лошо :Z
Зашто тамо може оди некоја што му се допаѓа, а ти ќе му ги расипеш сите планови. Дознај кој ден ќе оди и оди ти за инает истиот ден.
А да ти кажам летото и мојов одбиваше заедно да одиме на теретана со изговор многу ќе сум била чалам..
Ако те сака, ќе сака баш со тебе работи да праи... Штом те брка од себе има тука нешто матно, би бил повнимателен да сум на твое место...
Еве ме пак мене. За минатиот проблем да ви кажам се разделивме пријателски а и вчера добив така да нема потреба од страв. Туку, на почеток на декември излегов со еден дечко. Предходно комунициравме на тел 6 месеци, а пред тоа една година не се имаме счишнато. Пак почнавме да збориме на тел лани крајот на јуни и декември се сретнавме. Излегувавме месец дена и го откачив за друг, побогат и се му плеснав во лице. Го заебавав дека е грд, сиромашен, дека е никој и ништо, а тој последните пари ги потроши на мене и остана само со 50 денари бво џеб само за да ме однесе на вечери да ми купи подароци, се што сакав добивав. Ја се срамев од него и затоа само еднаш излеговме на кафе другпат се во затворено. Јас бев уверена дека тој не ме сака туку само за секс беше со мене. И покрај понудата за брак сепак не ветував дека за озбилно иде со мене. Откако во јануари му кажав дека си најдов друг поубав и побогат ми рече не ме барај повеќе. Нормално кога ми беше тешко го барав. И конечно сега во март попушти и ми се јави и комуницираме недела дена и јас продолжувам да го заебавам а тој ниту еднаш не ми има речено ништо. Ми се јави уттрово во 3 по полноќ и беше даска пијан. Саат време бараше влезот да го најде и кога го најде спратот едвај го најде. Ај реков да искористам момент нели пијаниот искрено зборува. Као демек бил на мекици кај другар (да бе да до 3 сабајле). Нема врска. И почнав да го распрашувам. И му велам мислиш на некоја и тој да на тебе злато. Му велам има нешто што сакаш во моментов и тој ти. Му велам каква намера имаше и тој вели ништо и јас велам како ништо и тој вели ништо само да си остаревме, да си имаме дечиња и внучиња и да си ги шетаме и чуваме... и јас му велам ако стварно ме сакаш ќе напраиш вака, иди дома, истиистуширај се, напиј се кафе малку отспиј и кога ќе станеш дојди (од различни градови сме). Што мислите дали е можно да ја зборуваше вистинината?
Колку години имаш? По постов не ми изгледаш многу зрела. Па што и да ја зборува вистината? Што ти вреди кога нема пари
24 имам. Многу ме копка дали стварно ме сака. Пак не верувам. А би сакала да му верувам. Па јас сакав со него ама да го донесев дома пред моите ќе ме обесеа на плоштад за пример. Проблеми, не фала.
според мене дечково искрено те сака покрај се што си му кажала (иако не си требала да му кажуваш така) тој и покрај се не се откажува од тебе покрај тоа што си му кажала дека е сиромашен грд и дека си нашла подобар ....според мене да не те сакаше после овие зборој не ми се верува дека би те барал пак....
Еве да се вклучам и јас во темава со мој проблем. Другарство или нешто повеќе? Дали е можно на некој што ете да речеме одредено време ви е другар, да му се допаѓате? Односно неговото однесување да покажува дека има чувства кон вас? При тоа да има случај каде што тој дознава за чувствата на девојката дека таа го свиѓа, но тој и одговара дека таа му е него другарка и други моменти. Потоа неговото однесува продолжува да е уште посомнително и не наликува баш на другарско. Идеа? Како да се дознае вистината или што е причина за таква разлика во однесувањето и зборовите? Фала, позз
па според мене можно е другарство да премине во љубов а љубов во другарство слабо...иначе и мојата ситоација беше прво другарство па на крај стигна до една голема љубов ...па можеш да дознаеш преку други мислам заеднички пријатели, по неговото однесување како се однесувал порано па како сега споредба и на крај како најсигурно можеш да го прашаш дирекно што чувствува ...
Ema28, ако си нашла поубав и побогат зошто го бараш уште стариот кога ти е тешко? Сама кажуваш дека си го навредувала, ти било срам од него, бил грд Па јас да сум како него нема да сакам со стап да те допрам, а не иднина со таква ко тебе да планирам. Остави го на мира човекот ако не го сакаш. Што е битно дали ја кажувал вистината? Оди кај богатиот.
се согласувам со твојов пост но чим сеуште ја бара значи искрено ја сакал додека таа си играла со неговите чувства...нејзиното прашање е дали ја сака искрено па очигледно е...и запамтете дека посиромашните имаат побогато срце додека богатио ќе те научи како се мава превари како лесно ќе те менува....