Епа тогаш сигурно има некоја причина зошто така наеднаш почнала лошо да се однесува со тебе. Или можеби некој нешто лошо зборел за тебе или слично.
@Yeeah, не пишуваше ти пред некој месец дека те фатиле како крадеш во Сити Мол и се фалеше дека никој ништо не ти може зошто таткото на дечко ти е полицаец? Мислиш дека тие глупости не стигнале до жената?
Некоја послободна што ќе може да ми даде совет нека ми пише во ЛП. Не можам да напишам овде, поради некои оправдани причини. Не се лутете.
Додека другите донесуваат важни одлуки во животот јас не можам да одлучам што ми е поважно, но стварно ми претставува проблем. Многу ме интересира да прашам зошто досега не сум имала вакво искуство па можеби некој може да сподели негово или да ми даде совет. Се запознавате со некој, имате исти размислувања, физички добро изгледа, има сè што карактерно сте барале досега од некого, паметен е итн, но недостатоците и лошите навики од типот на необрнување внимание на себе во денешно време (лоши хигиенски навики да ги наречам), кежуал стил, некогаш фрази и зборови ко да е со машко друштво за мене од не знам која причина се неприфатливи, дали јас сум таа која секогаш прво забележува недостатоци и ги мери повеќе од оние другите убави работи или навистина пречи тоа? Некако тешко ми е да преминам и не знам како да се однесувам и да се правам дека не ми пречи, а не можам да го кажам некому тоа, уште помалку знам како да реагирам. Сето друго ми годи, ама преку тоа не можам да преминам. Не знам да се опуштам и да уживам од такви глупости кои ми го матат паметот и премногу размислувам, макар и да се не работи за нешто сериозно.
Отворив профил само за проблемиве, ако не ти е прболем пиши па може ќе ти помогнам. За давање совети први, за применување тешко...
Здраво,и пак јас , да, иако не ми вративте ниедна од вас на еден пост од другите страници јас пак морам да прашам ваљда ќе се најди некој да ми даде мислење..... вака значи .. дечко ми си купи нов телефон, а стариот телефон го продаде и нормално се избриша од него,со мастер ресет така да ниедна апликација не останала што е нормално...арно ама,господинов не беше којзнае кол,ку активен на инстаграм апликацијата немаше којзнае колку followers i following ама сепак имаше...и му е напраено со приватно за да прифати ако некој му прати барање за да го следи и тој да одобри...тврди упорно дека не користи веќе инстаграм од коа си купил телефон нов а има три нови души чупишта некој што му одобрил за да го следат него..а ми вели нема шанси тоа ти не ми веруваш мене бла бла...значи велам да е хакнат не ми се верува кој би хакнал сеа мислам нема смисла,а ти велам велиш не го копристиш повече,и гвелам не пијам нафта не може тоа само да си се напрај да одобри таму на инстаграмот...и ја мислам дека ме лажи да не случајно го прави тоа скришно а тој се лути така ако речам што мислите вие,ме лаже ли ? :Z
Никој не може за жал да ти каже со сигурност дали дечкото лаже или не. Зборувај со него отворено,кажи му дека тоа само од себе не се стиснало ако тој не одобрил,а и не би имало од каде.Секако,вакви работи не остануваат тајна долго време.
А ти да не си таа фамозна женска на брат ми? Се шегувам секако но во овој пост исто како да го опиша мојот помлад брат. (Те прашав да не си му женска оти ми се пофали женска фатил, небитно) И брат ми е иста слика, хигиена нула кога зборува со мене или дома со некој како да зборува со некој од улица. Ама затоа пак јас во лице му плескам дека му мирисаат чорапите и од тие негови чорапи му замирисува цела облека и буквално цела соба сред зима во најладното ја со отворени прозори седам. Мој совет ако сте блиски со човекот индиректно значи без да се навреди да му посочиш дека малку треба да се обрне внимание на хигиената. Спомни му дека ти пречат општо и мажи и жени кои не обрнуваат внимани на хигиената. Ако не сфати пак во лице му кажи што се ти пречи кај него и колкави се пансите да се промени. Те разбирам најдобро како ти е оти ете ми го примерот до мене на кревет телевизија гледа. И да се работи за дечко колку и да е добар, фин, културен ако не се грижи за хигиената барем мене би ми бил одбивен.
со дечко ми требаше да идеме на митинг...не дека сум партиски определена туку за подолго време да сме заедно прифатив да одам...синоќа збореше скришум од мене а денеска во последен миг ми вели абе жени од нашето село не одат на митинг само старци ке бидат што ке правиш..пред малку ми се јави и ми вели абе бев кај една другарка па неможам да ги најдам другарите а слушам гужва немаше додека зборевме можно ли е да ме изневерил што мислите?!
Здраво девојки, можеби повеќе од вас сте помали од мене али сакам да си кажам што ми лежи на душа Во мојот живот сум имала мал број на дечковци , со многу сум излегувала мување ова она , она што е проблемот е сите машки што сум била толку многу ме разочарале што јас станав мн рамнодушна на љубов , повеќето машки ме изневериле , излегувале парарелно и со мене и други , едноставно машко никогаш не е сам секогаш има некоја за ‘‘ пафтање‘‘ , имам 26 години и мислам дека ке си останам сама , бидејки боље да бидам рамнодушна така никој нема да ме повреди ...
И 13425757383 пати да му дадеш шанса на некој и уста да те заболат од зборување,едноставно тој човек не се менува и не се менува. Ме бара после година ипол, и јас имав врска меѓувреме од 5 месеци и мислев дека го сакам тој ама не.Кратко и јасно му кажав не те сакам чао пријатно. А со тој што идев две години,има девојка и уште иде со неа а мене ме сакал абе ајде.Еден сат демек ја откачува и никако да ја откачи.Не му било убаво со неа, мене неможел да ме заборави, триста муабети.И јас ајде добра , ајде затворам очи ама ми пукна филм.Тие две години поминати заедно изгледа како ништо да не биле.Не се освести и не. И јас глупача бе !