Тоа е така сите машки се исти но сепак можеби до сега си одбирала погрешни луѓе за врска.Не се секирај еден ден ќе го пронајдеш вистинскиот и тој нема да те повреди
немам никаква причина да се префрлам на таа тема , таа тема е за +40 , а јас си имам 26 , Чао Пријатно п.с. ке те замолам ниту да ме цитираш ниту да коментираш на мои прашања
здраво. Имав дечко одевме скоро 2 години си одеше перфектно “по планот“. Во најубавиот период од врската каде што бевме на свадби кај две мои другарки бевме на одмор, дечкото си нашол некоја рандом девојка која што имала дечко ама во меѓу време си барала нов и со “мојов“ си се нашле на иста фрекфенција , и да не го дрвам раскинавме болно беше се подгазив многу, време лечи се... во даден момент запознав друг дечко со кој што си ги имаме симпатиите но меѓутоа се плашам да се пуштам во нова “авантура“. Да сме јасни бившиот е избришан од мојот живот, но некако имам страв да не ме повредат пак, затоа што бившиот ми беше единствен дечко кој што и дома го имам донесено, запознаено со моите, спиење кај мене- него, прв секс со него, прв пат кажав “те сакам“.... Како да продолжам...????
@edna devojka Сите сме биле изневерени, сите сме имале некој прв во се...но се тоа си поминало.Ти имаш страв од машките, и јас имав сличен период го мразев цел машки род.Но сватив дека општо луѓето не се сите исти, не размислуваат исто, и не се некои чудовишта, сите сакаме лојалност, чиста љубов, искреност....но различно го бараме тоа и секој се поставува различно.Немој да се плашиш од повредување, па има настани кои те повредуваат секој ден со немаат врска со машко едноставно повредувањето и разочарувањето се делови од животот од кои неможиме да се оттарасиме.Не е лесен животот но не е ни толку тежок за да губиме верба или тотално да си ја унишуваме самодовербата.Остани некое време сама и ќе видиш најубави работи се слушуваат спонато, доколку планираш нешто....и сама виде како заврши.
Ако си несигурна во себе некое време направи пауза и од дечковци и од мувања и од се. Како што сите прсти на раката не се исти, како што сите луѓе не се исти така и сите врски не се исти. Ако еден те повредил незначи дека и друг ќе го направи истото. Болката ти е сеуште свежа затоа може размислуваш вака ама што се не поминало па и ова ќе помине. Добрата страна е што на време си сфатила со кого всушност си имаш работа, тој човек не е човек за тебе тој не те почитува чим те изневерувал.
Не се секирај, не се сите исти. Знаеш како викаат 'не ги мрази ружите само затоа што си се набоцкала на еден трн' па така и со машките.. Слободно впушти се во нова врска, секако ако сметаш дека тој е за тебе..Ако можеш, пробај да дознаеш и повеќе за неговото минато, со колку бил во врска, како му завршиле врските и слично. Но тоа и не е толку важно. За секое машко постои една што може да го смени па така и тие не се толку важни. Со среќа.
Јас не мислам дека проблемот е со машките, туку е во тебе.Мислам навистина е голема случајноста баш сите машки да те изневериле или да се гледале паралелно и со други. Прво можеби не сте ги дефинирале односите, многу девојки сериозно си ја сфаќаат работата уште на првото мување и мислат дека типот само за нив е резервиран, а логично кога некој само се мува со тебе, нејќе врска во моментот, не е изненадувачки да е и со некоја друга, ако не ништо друго барем е во шема.Е сега икс пати сум видела девојки да мислат дека тоа може да прерасне во нешто сериозно а уствари дечкото не дава никакви знаци за тоа. Друго, ако еве да речеме ви бил дефиниран односот во врска сте биле, ама ти си прогледувала низ прсти еднаш два пати на некои знаци , да кажеме си видела дека става лајкови на други девојки, кои не му се роднини или другарки, пишува со некоја, а си поминувала преку тоа, за мене тоа е како да не си вреден за почит и ќе си каже он, ее оваа ми прости па ај па ќе прости.Мислам дека девојките кои поминуваат низ вакви работи се несигурни и се плашат да не го изгубат или не сакаат да останат сами. Сега јас не знам дали ти недостига самодоверба, дали си несигурна во себе, дали вака си постапувала па момците си дале за слобода, но секако преголема е случајноста секогаш баш тебе да ти се случи вакво нешто и мислам дека треба да си дадеш време да се преиспиташ дали самата си попустлива па си им дала повеќе шанси отколку што заслужувале на погрешни момци.Имаш 26 години и мислам дека воопшто не е срамота да си на овие години сингл, уживај и во тој статус, бидејки секоја работа си има своја убавина, дај си време на себе и не гледај по секоја цена да најдеш или да не најдеш никого, едноставно биди спонтана и уживај во моментот
Не знам дали да му раскинам или не Одиме скоро 2 години и врската ни е многу чудна, ретко излегуваме заедно и кога излегуваме секогаш е со моето друштво. Тој ме има запознаено само со еден негов другар, а се фали на сите дека сум му јас девојка (живееме во мал град и раборам во голема фирма како шеф и скоро сите ме познаваат). Неговите не знам ни како изгледаат , а знам дека знаат за мене бидејќи ми имаат давано подароци преку него. Не знам зошто ме крие мене од неговото друштво или друштвото го крие од мене, еднаш му реков зошто ме криеш и ми одговори златото мора да се чува и почна да се смее. Во последно време почнавме и многу ретко да се гледаме (3 пати на месец) постојано ми вели дека ме сака и дека не може без мене дури и прстен ми даде. Многу го сакам но неможам да издржам да бидам со човек на кој не сум му приоритет и ме крие од сите.
Ова е дефининитивно за раскинување. И сама кажа зошто ти е човек шо не си му приоритет и те крие од сите. И 3 пати месечно гледање се навистина малку.
Немора веднаш да идеш на раскинување. Ако веќе толку многу го сакаш, разговарај со него сериозно и види што и како ќе биде. Дознај која е причината што искачате толку ретко и зошто те крие од друштвото и неговите. Дај му шанса да се подобри, доколку нема резултати раскини му
Е како може да се гледате 3 пати месечно?Тоа значи дека нешто не е во ред со вашата врска и според мене треба да седнете и да зборувате за во кој правец сакате да одите понатаму.Ако не се смени состојбата раскини му ќе си најдеш некој што нема да те крие од блиските и ќе одвојува повеќе време за тебе а не само 3 пати месечно
@mmaar, Уф, не ти е лесно.. Башка што мноогу ретко се гледате.. Како тоа ти дава прстен, а те крие од неговите? Нема логика.. Едноставно седни го на разговор кажи му и расчисти ги работите, или ќе поминувате повеќе време, и ќе те запознае со родителите/пријателите или простор за друго освен да прекинеш нема..
Мене целата оваа работа ми е чудна малку и многу работи немаат логика. Прво незнам колку години имаш но штом работиш значи си возрасна. Како тоа одите 2 години а ретко излегувате заедно и те нема запознаено ниту со друштво, ниту со неговите другари. Друго како си сигурна дека тие подароци неговите ти ги праќале? Големи се шансите тој да ги купувал само за да ти замачка очи. Неможам да претпоставам што е всушност работата, но искрено мислам дека тој крие нешто друго од тебе. Зошто инаку до сега кога веќе се фали дека е со тебе, не те запознал со неговите или друштвото? Па возрасни луѓе сте, сериозни па и врската да ви беше малку посериозна. Останува на тебе да откриеш, доволно си го запознала за 2 години најди начин како што мислиш деа треба и откриј всушност во што е работата.
Нема жив човек на планетава што си фатил прв пат дечко/девојка и останал до крај. Значи се да биде првпат со него или неа. едноставно нема. Тоа во врските е нормална работа, има лоши, има прелоши а има и добри исто како во бајка.
@anakonda88 не знам како и зошто типците имале таков однос кон тебе, но јас да сум изневерена, и тоа во неколку наврати, би ги преиспитала постапките и односот со секој од нив. Можеби не сте биле на иста фреквенција, тој не сакал врска, а ти си сакала; можеби си била премногу толерантна па си зеле за слобода да изневерат. А штом ти си дознала за тие неверства, истите веројатно не се случиле само еднаш, а и немало ни малку труд да не дознае никој дека се случило тоа. Да останеш сама и не е некоја совршена опција, со оглед на тоа дека ти сакаш партнер кој ќе те почитува. Мој совет е од старт да ги поставиш границите, односот и очекувањата кои ги имаш од партнерот. @mmaar еден детал ме интересира: Каде се гледате вие? Прашувам за од почеток на врската. Логичен одговор ми е дека типот живее сам, во спротивно барем еднаш ќе си налетала на неговите родители. А всушност, кое е оправдувањето зошто уште се немаш запознаено со нив? Ај што те чува од другарите, да му прогледаме низ прсти, ама нели сакаат неговите да те запознаат. Или пак, како би сакале да те запознаат ако не знаат за тебе?