Здраво. После долга врска, поминаа неколку месеци како бев сингл и супер ми беше! Пред извесно време се запознав со еден тип, почнавме да искачаме и мене стварно ми се свиѓа типот. Стварно се е како што би сакала да биде, но единствениот проблем е што откако решивме официјално да преминеме во врска и помина некое време од тоа, јас се повеќе се соочувам со ова: Додека бев сингл искусив работи што не ги правев додека бев претходно во врска затоа што сметав дека не би биле фер кон мојот дечко, како на пример флертување, а камоли па да направам нешто со некој друг тип. Ова се некои работи што беа сведени на минимум тогаш и кога излегов од врската нормално ми беа интересни затоа што претходно не се случувале. Но, ете го запознав овој тип кој по некоја случајност многу ми прилега и исполнува многу од моите критериуми за дечко, ама многу сум поделена околу тоа дали сакам да бидам сингл или дали сакам да бидам пак во врска. Осеќам дека типов се повеќе се приврзува за мене и тоа по малку ме плаши зашто не сакам да го повредам, а не сакам ни да го залажувам дека нашата врска ја чека прекрасна иднина зашто јас не сум сигурна дека таа иднина постои. Кога се согласив за врска бев сигурна дека сакам, но сега се осеќам како малку брзо да стапувам во друга врска. Или, кратко кажано, излегов од долга врска, супер ми е да сум сингл и не сакам пак да заглавам во нова врска, ама од друга страна со типот ми е супер и некако не сакам да го изгубам. Ужасна ситуација. Барем да поминеше година, две откако излегов од едната врска, па тогаш ем ќе сакав нова, ем ќе можев повеќе да му се посветам на сегашниот дечко. Не ме разбирајте погрешно, јас не сакам да сум сингл за да можам да се забавувам со други типци, тоа не е главната причина поради која сакам не сакам врска, туку едноставно долг период бев со еден тип и сега едноставно убаво ми е да сум сама, онака да си се посветам целосно себеси и привремено да се забавувам со некој без да биде сериозно. Ама ете, зошто да биде едноставно кога може да се биде комплицирано. Фала ви однапред за сите размислувања и совети
Или во град или кај него дома или кај мене кога сум сама. А со неговите се имаме сретнато неколку пати ама се немаме запознаено. На почеток на врската тој сакаше да не запознае ама јас не сакав (бевме заедно само неколку недели) и остана на тоа. Му имам речено во муабет кога ќе ме запознаеш со мајка ти и секогаш ми вели тие знаат која си. Инаку живее со неговите во иста куќа ама си живее сам на спратот.
Ако мислиш дека не си подготвена за нова врска сеуште, тогаш прекини уште сега. Колку порано, толку подобро. Ако идеш вака чисто ради тоа само да не го повредиш, ти и несвесно ќе флертуваш со други машки и така уште повеќе ќе го повредиш. Прекини ја врската пред да се затреска уште толку во тебе но сепак размисли дали би изгубила некој вреден за други пролазни. Можеби нема и друг пат да ти се нуди ваква шанса.
Знам дека ситниците на сите нас ни значат ама јас сум опседната со нив. Не знам ете за мене ситниците се најголеми и имам доста голем проблем со тоа. Значи во врската ни е супер, фала Богу никогаш посреќна не сум се чувствувала.. Еве да земеме како пример подолго време се караме и има доста нерешени работи, ѓи решаваме и на крај ќе ми заборави некоја ситница и едноставно не можам да се помирам со тоа. Страшно ме нервира така кога некој ми заборава нешто што за мене е од голема вредност и важност. И да, секогаш избрзувам, не чекам да ми се објасни ситуацијата.. Некаков совет?
Па очигледно е..штом врската тие супер и никогаш не си се чувствувала посреќна (некои никогаш ја немаат таа привилегија) потребно тие уште да се навикниш на неговиот карактер, и да не те вади од такт, да бидеме реални нема совршена врска, или па тебе тие досадно и бараш ситници за кавга.Но како и да е ако е само овој проблем немој да дозволиш да те паѓаат емотивно таквите ситници едноставно не вреди
Мораш да пробаш тие мали ситници да не ти влијаат врз врската.Зошто некогаш од таа ситница несвесно можеш да доведеш до нешто неочекувано,ако нон стоп му замеруваш ..Така да воздржи се,или пак едноставно разговарај на смирен начин со него и кажи што ти смета за да се реши на време.. <3
Ваквите ситници водат до кавгата, а кавгата може да доведе до крај на врската. Немој да го дозволиш тоа. Ти кажаа девојките погоре подобро од мене што и како.
@Barbi22- Започнав тема во врска со овие ситници, само што jас се наогам од другата страна, jас сум таа што ги трпи непотребните испади и караници. Од лично искуство, го жалам дечко ти! Знам како се чувствува. Наjдобронамерен совет, ако стварно го сакаш и гледаш иднина со него направи се што можеш за да преминеш преку ситниците, едноставно cut it out! Нема вечно да те трпи, еден ден ке му доjде преку к.. Се надевам нема погрешно да ме сфатиш или да се навредиш. Ама пробаj погледни се со негови очи
Од кај да почнам? Значи вака се запознав со еден тип на свадба,уствари тој ме гледаше цело време ама мене не ме интересираше. По некое време ме адна на фб и го прифатив.Почнавме да се допишуваме и да се слушаме на тел. сето тоа некако брзо го направив,не занемарувајќи го фактот дека со никого олку брзо не се зближувам а уште побрзо тел. број да му дадам.Секој ден ми се јавуваше и знам дека е добар дечково. Прв проблем што се јавува е тоа што сме роднини,не мислам во директна смисла на зборот туку сватови сме ама баш блиски ептен. Знам од какво смемејство е,а и ми имаат кажувано. Тврдам дека е таков како што се претставува. Ист карактер е како мене. Значи потполно се согласуваме. Но има нешто што мене ме кочи да бидам во врска со него.Сакав друг и уште не можам да го преболам. Тој си замина да студира ,се врајќа за викенди,јас не сум толку луда како првиот ден но има нешто како жар што тлее во мене и не ме пушта да бидам со друг. Сегашниов тип е од друг град и си мисли дека го заебавам и си излегувам со друг,а јас на тоа не сум ни помислила.Зошто стварно не сакам да го изиграм,бидејќи знам како е. Пред некој ден ми се јави и ме праша што ме кочи да бидам со него. Му кажав дека не сакам да разговарам за вакви работи преку тел. кога ќе дојде ќе разговараме,плус му напоменав дека ме боли и не сакам да разговарам на таа тема ама настојуваше. Му кажав само дека сакав друг и не можам повејќе да сакам(барем не сега за сега), и дека не сум спремна да сакам. Молчеше пет мин на тел. и ми исклучи. Го знам и мислам дека јас сум виновна. Не знам што да правам сега дали да го тргнам додека е време(да оставам вака како што е) или да го викнам да дојде и да разговараме. И сакам и нејќам. Му дадов шанса,а со тоа и на себе. Се обидов ама тешко Хелп?
Single.girl јас би ти рекла прво да си ги средиш чуствата па после да започнеш било што со некого. И јас исто така мислам дека многу брзо сте се зближиле и затоа ти си навикната на него, не дека нешто друго. Во врска со дечкото кој заминал да студира, важно е да научиш да се носиш со ваквите "разделби". Со тек на време се се заборава, далеку од очи далеку од срце. Решението не е да почнеш нешто со новиот за да го заборавип стариот. Од лично искуство ти зборувам дека ако направиш така ќе го повредиш ем новиот дечко ем самата себеси. И нормално дека ќе мисли дека го зафракаваш ако си играш топло-ладно со него. Како што реков остани некој период сама не се слушај ниту со овој новиот ниту со никого за да сфатиш што сакаш. Себично е да бидеш со некого само за да не бидеш сама.
Чувствата си ги средувам две години. Не сум сега разделена со мојот срцекршач. Не го мислам како порано по цел ден,дури и ретко се сејќавам на него ама во што и да е се замислувам со него,пр. песна тажна или нешто лошо ако се случи првиот на што ќе ми текне е тој.Инаку жал ми е за дечково и на некој начин не сакам да го изгубам ама џабе ми е кога не чувствувам ништо. И воопшто не сакам да бидам со некого колку да не бидам сама,затоа и две год заради него со никого не сум била.
@single.girl Чекај, чекај, чекај? Не се разбирам во роднински врски. Не сте крвно поврзани, нели? Ако не сте, девојко, не го гледам проблемот доколку ти се допаѓа. Остави го бившиот настрана. Кога станува збор за преболување некого, временскиот период и не е голем фактор. Можеш да го преболиш и за два дена, и за две години, и за десет. Тоа си зависи само од тебе, и колку и да посакуваш не можеш во потполност да го контролираш. Многу го почитувам тоа што не си била со некого само за да бидеш сама, но сметам дека не треба да се кочиш себеси заради минатото. Мораш да живееш во сегашноста за да бидеш посреќна во иднината. Запознавај многу нови луѓе, и лесно ќе пронајдеш некој кој ќе ти се допадне. Од друга страна, сметам дека тоа што си помислила на бившиот имало некаков ефект врз тоа што не може потполно да ти се допадне некој друг. Не го барај него во другите. Верувај ми, има некои кои се доста подобри
Секако дека не сме крвно поврзани Не знам зошто не можам така лесно да го преболам,мислам дека тоа до човекот зависи. Тој кој знае колку изреди и уште си реди(женски) а јас си ја тупам главава зошто не можам да бидам со некој кој е стварно подобар од него(карактер,однесување).