Се обидувам ама еве што ми испадна-го заболе вистината дечково и занеме. Ќе чекам да видам кога ќе ми се јави
Најдобро би било да почнете да се дружите и да видите што како. Може со тек на време ќе го засакаш, ќе стекнеш доверба во него
Значи девојки вака..Имам еден проблем со дечко ми,а тоа дека тој неможе да биде отворен со мене т.е неможе мене да ми ги кажува проблемите шо ги има,мислам дека не ми верува и мисли дека ќе кажам на другарки или сл.Пробав и зборувавме за тоа и ми рече дека кога е со мене сака да биде тој што е но неможе наводно дека сум се лутела за се.Кажете ми што да направам за да ми верува и за да може да се отпушти кога сме заедно.
Значи вака сакам да ми дадете совет во врска со мојот бивши дечко , а сега се гледаме онака.Со него заминав пред 2-3 недели онака за првпат по 2 години што немавме никаков контакт, некако спонтано дојде. Е сега мене многу ми е криво затоа бидејќи дознав дека се што ми кажувал за претходната женска уствари ме лажел, а заминувал со неа кога не е со мене , и баш пред некој ден седевме со неговата бивша(сегашна) незнам како да ја наречам и таа ми вика дека тој со неа заминал , се ми раскажа што се случувало зад мој грб , пораки што и праќал ( дека демек ја замарал да го одблокира и сл ), а додека бевме заедно тој многу лошо зборуваше за неа и и пишуваше пораки во врска со тоа да не го замара повеќе и слично ( таа секако вика дека тој не и ги пратил неа тие пораки )и јас незнаев како да реагирам останав со подотворена уста . Инаку таа е многу болна личност незнам како да ја наречам веќе опсесија и станува тој постојано оди на истите места кај што оди и тој . После незнаев што да правам отидов кај една другарка ( со другарки полесно ми е да си ја олеснам душата) и му пратив порака дека знам се , дека неговата бивша ми кажала и дека ако има нешто после целата оваа ситуација да ми каже и тој не ми врати , а ја видел. И сега незнам како да реагирам поради тоа што девојчето е од исто школо и не сакам да останам јас понижена од оваа ситуација. Па ако може некое советче како да поминам преку оваа ситуација.
Изгледa типoт и двете ве врти кaкo штo сaкa. Бaтaли гo, имa причинa штo е бивши и требa дa oстaне вo минaтoтo. Не се пoнижувaј пред други и не си сoздaвaј прoблеми и нервoзи. Сигурнo имa некoј кoј чекa дa гo прoбaш, дa му дaдеш шaнсa, oтвoри ги oчите.
ТОј ти е бивши дечко. незнам зошто уште се замараш со некој што не си заедно. Што биднало тогаш биднало. Неможеш ни да промениш.
Здраво девојки, не е љубовен проблем но ми треба совет по можност од феминки кои се над 20тите, ве молам пишете ми лп. Ви благодарам!
Морам пак да се испразнам и побарам совет. Пред 2 месеца ви пишав дека пак комуницирам со мојот прв дечко, кој сакаше јово на ново да почнеме и бла бла ( мала увертира), меѓутоа тогаш после неколку испади ја прелив чашата и он крена раце и ве прашував што/како, и ве послушав го побарав. Нормално "јас крив"-"не,јас крива", и пројде тоа. Следеа неколку полабави искачања ( вечера/кафе/прошетки), и неговиот став беше да пробаме, пробуваше да ме бакне ( дури на крај и најдиректно почна да прашува дали може барем да ме бакне/смуваме), а јас за сите искачања останав резервирана и со едно "НЕ" ( било за прегрнување,бакнеж, или друг телесен контакт). И ок беше, продолжувавме да се натегаме што даље, и тука е проблемот за кој се нервирам. Јас сум катастрофа, го имав на 3 тацни што се вика, со месеци се замаравме со гледања или тел/вибер на секои 30мин, и на крај категорично да го откачам, да не сакам да кренам/видам, му викав да ме батали и најде некоја зошто нашево не го бива. Решивме крај, се баталуваме, по што он стана уште поупорен, и некако ми помина моментот и пак се гледавме. И така наеднаш олади, буквално се смени за 360, мислам дека ме послуша и си е на друга страна, иако на последната средба се разделивме во ок однос( освен одбивањето за бакнеж/врска). Не знам што правам со него, ме вади од такт или ми фали и сакам да е до мене. Незнам како да го оставам кога осеќам дека има уште во наставак, а и по природа сум упорна и сакам да го имам она што наумам. Дел од мене ми вика прибери се, имаш 24 год, не го бива вашето, а друг дел ми вика неможе он да ме откачи, сакам да го видам и итн... Со него е чудна приказнава од како го знам, колку што ме одбива нешто од него, толку и ме влече... А ме нервира и јаде оваа некомуникација, иако ја барав неможам да ја прифатам. Ако некој ме разбра, добро би ми дошло трето мислење, било и какво да е.
Епа, моето (какво било ) мислење е да си се фокусираш и ти натака... Додека се нервираш и си со нејасно на овој не знаеш дали и што пропушташ... можеби некој нов момак, некоја далеку подобра прилика? И, колку и да се држам настрана од поговорки и народни мудрости, верувам дека го знаеш она, да не и' се враќаш на прочитана книга, или како и да беше... Никој не негира дека можеби типов е океј/фин и дека (ќе) имаш фини моменти со него, но штом еднаш сте раскинале, нешто очигледно јако не штимало во сета таа „финоќа“. Плус, секогаш може подобро, верувај!
Само да појаснам, под "било какво мислење" мислам негативно/позитивни, критики упатени кон мене, значи слобода на говор при советување, не замерувам Ние одевме како мали, и многу кратко, неможев да излезам на крај со не довербата која ја имав тогаш, а богами и сега. Свесна сум дека он не е мојот "принц", полн е со мани врз кои би требало да се темелат некои суштински ствари, и свесна сум дека скршено не се лепи, амаа ајде како да прифатам дека сега он мене ме откачи и батали?? Некако тешко ми паѓа, иако знам дека ова е најпаметното, ама дел од мене ме јаде и ми вика мораш пак да го вратиш па после ти ќе решиш што даље Еве, и постовиве не личат на мене, зошто се со него ме трансформира во другата јас.
Води се по ова кога се двоумиш и имаш кризни моменти. Довербата е рамо до рамо со љубовта во секоја врска. Ја нема ли, џабе ти е се' друго - порано или подоцна ќе „пукне“.
Па зошто тогаш воопшто би губела време со него? Кога знаеш дека не е за тебе, батали го, без разлика дали тој те откачил тебе или ти него. Немој да си го губиш времето, во кое би можела да го запознаеш оној "вистинскиот" ... )
Е ајде де, зошто сум удрена кога е нешто во врска со него у прашање, а и најповеќе работи мојата суета, его и досада. Факт е тоа. Го молам да ме остави, се нервирам што ме замара,контролира, назива со љубов и сличните, а сега и ова не ми чини. Ете ме боли што јас не успеав да го направам ова што он успеа, и неможам да се помирам некој да ми олади, сфатете ме како сакате, ама таква сум.... Стварно незнам како да разберам дека треба да го множам со нула, кога дел од мене ќе иде со контра - фикс идеи за средба, провокации и сл, се додека пак не ми дојде под нозе и после пак истиот круг??? Оу мај гад, алал да ми е со паметов и моментиве
@Rubiii Во скроз иста ситуација сум и потполно те разбирам како се чувствуваш. И верувај дека ни јас незнам што да правам. Еднаш почнавме нешто и дури како одбивен да ми биде, не ми фалеше воопшто, ништо.. Му реков доста е, мислев на него, очекувам цело време од некаде да се појави, филмови што би било кад би било, како да ми фалеше така малце... Сега еве пак сме во контакт и јас СТВАРНО незнам што сакам! И што да направам...