Дечкото што се гледам 3 и пол години ми се заканува.Не знам дали да одам да го пријавам полиција.ве молам за совет
Секогаш кога ќе му спомнам дека ќе го пријавам ми викаше добро сеуште веруваш во дедо мраз(внук е на познат политичар)
Не се замарај за тоа, и другарка ми имаше сличен случај само што тој беше син на татко цајкан и разговараше со еден инспектор и тој и рече дека ако и татко му од дома дозволува такви работи тогаш и тој не би требало да работи таму хаах.. Не се секирај, пријави го, за тоа си има посебни работи..
Со уништување на се што имам,губење на работни места на моите најблиски,пекол животот на мене и на најблиските,со лудница ....
@nadja29 а зошто толку време си го трпела? Само немој да ми кажеш оти го сакав оти ќе се убијам после се денес. Јас би рекла сепак кучето што лае не каса. Ако мислиш дека тој човек не ти одговара (безразлика за што и е да е) фино и културно ќе му објасниш и толку. Ќе го игнорираш и избегнуваш максимално. А неговиот роднина кој е политичар "сигурна" сум како нема друга работа и ќе се замара со вакви ДЕТСКИ работи. Глупости у боја. И да, за секој случај извести ги родителите ако е упорен пријавете го во полиција за да сфати дека си многу посериозна од него.
Сигурно многу јак маж е штом се заканува на девојка. Абе бегајте од такви идиоти. На мајка му нека се заканува. Не знам зошто го трпиш.
Одсекогаш не беше вака последната година почна со ова,мислев дека ќе се смени ама сум се излажала,еве сега ме игнорира не крева ни ми пишува а го гледам уклучен ...не знам тешко ми е
Посреќна си кога ти се заканува? Гледја таму да го откачиш, не ти треба таков. денес ти се заканува, што ако утре почне да те малтиретира?
Уште пред некој месец ти кажав да се одалечиш од него и да им кажеш на твоите. Ама си тераш по исто. Никој нема да ти помогне додека не си помогнеш сама на себе. Ама така е, се додека не си ја искршиме главата од ѕид ќе си тераме по наше.
Абе девојко никој неможе да ти наредува освен твоите дома, а не пак и да ти се заканува.Не му пишувај и не му ѕвони, биди ладна малце а ако продолжи кажи им на твоите дома и пријавете го, голем таков шо бил внук на политичар.
Секој без секого може. Еден ден ќе ги бараш овие времиња кога си можела лесно да го откачиш и да се спасиш. Не чекај да дојдат тие времиња. Откачи го ѓубрето.
@nadja29 сама нема да го откачиш верувај ... Побарај помош од твоите и разговарај со нив,само кажи му на татко ти дека ти се заканува и дека ти треба помош и повеќе нема да треба да зборуваш,верувај. Сама нема да направиш ништо, тргни се на страна не го барај во никој случај никогаш не излегувај сама биди секогаш со некој до тебе. Запозната сум со таква случка и добро знам како се чуствуваш.