Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.997
    Допаѓања:
    135.357
    Пол:
    Женски
    откажи се од него, тој штом ги ,,сака,, сите, не сака ни една ...
    Луѓето секако ке те зборат за нешто, ако тебе ти е убаво, ич да не ти е гајле. Па муслиман бил, па шо оти е, ако не е од некоја конзервативна средина кај шо сите одат забулени нема некоја пречка (според мене).
     
    На Candid и Wonderfulx им се допаѓа ова.
  2. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Јас сепак би рекла симпатија.
    Тој тебе те привлекол физички затоа и го мислиш постојано, убаво ти е кога го гледша и тоа.
    Не е сакање затоа што неможеш да сакаш човек кој не го познаваш и кој не ти дал повод за тоа.
    И се пуштал на една, бендисувал друга, ти сигурно ќе бидеш третата.
    Сигурна си дека би сакала таков човек покрај себе? :^)
     
    На Wonderfulx и Hipica им се допаѓа ова.
  3. Lina Stojanoska

    Lina Stojanoska Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Епа овака според мене мислам дека треба нешто да направиш можеби да му намигнеш или нешто слично некој знак со кој би му дала до знаење дека ти се допаѓа , тоа што ти кажале дека пишувал на некои твои другарки немора да значи дека е вистина и немораш да веруваш се додека не видеш и самата со свои очи , дечкото сигурно не е затрескан во тебе , но можеби те симпатизира. Од друга страна ако забележиш дека те игнорира , започни и ти да го игнорираш , не вреди да се замараш со некој што не се замара сотебе , секогаш има некој подобар .
     
    На Wonderfulx му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Типчево си сака да си шврља со женски. Би ти били подобро да си фатиш некој ко за тебе, и само ти да му бидеш во очите.
     
    На tessie и Wonderfulx им се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Љубов/мување/нељубов во друго време во моментов е хаос ;(
     
    На kjukli и Kukla994 им се допаѓа ова.
  6. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Nemoj da mi places daleronce, vakvi se ovie vreminja....dojdi da te gusnam:hug:


    @Wonderfulx duso ne te saka ne se zanesuvaj ;)
     
    На kjukli, tessie, Wonderfulx и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Wonderfulx

    Wonderfulx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ви благодаρам девојκи на советите, а јас ќе пρобам да го забоρавам :(
     
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Девојки ај некоја шо има време да ми пише во инбокс ми треба совет и мислење за покомплицирана ситуација.
    -фала однапред.
     
  9. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Здраво :) Пред извесно време раскинав со дечкото.. Не одевме долго, но поприлично бевме блиски, така да он не го прифати баш раскинувањето најдобро (како што и очекував), едноставно се разочара и тоа баш поради мојата одлука. Бев искрена со него дека повеќе не сакам врска, но иако јас не направив нешто погрешно, како на пример да го изварам или да се преправам дека ми е топ, јас сепак осеќам грижа на совест бидејќи повредив некој на кој му значам и кој мене исто така ми значи. Ме интересира, дали сте со соочиле со пост брејк ап грижа на совест и ако да, како сте се справиле со тоа?
     
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да имаш грижа на совест.Ти си постапила најдобро што можеш, си му ја кажала вистината и не си го измамила со лажна надеж.
    Секако дека ти е криво како се изиграле работите, си поминала убави моменти со него,но едноставно размислувај дека си направила одлука за да не патите ни двајцата покасно.
    А како да се справиш,па само остави времето да тече,тој ќе најде некоја,како и ти.
     
    На Freya123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.748
    Допаѓања:
    14.450
    Пол:
    Женски
    Јас бев во долга врска која одненадеж ја прекинав, без некоја огромна причина. По речиси една година случајно се најдовме и он отворено ми кажа низ каков пекол поминувал откако сме раскинале. Само слушав и плачев... Не можев да поверувам дека толку сум го повредила. Незнам како си отидов дома. Ми беше многу тешко затоа што навистина многу ми значеше и никогаш не помислив дека толку болка сум му нанела. Долго време имав огромна тежина и грижа на совест, но сепак сфатив нешто. Дека заедно ги поминавме сите негови тешки моменти ( а ги имаше доста за време на нашата врска), дека никогаш во лошо не го оставив сам, дека многу го сакав и што е најважно, кога веќе исчезна таа љубов наместо да го изневерувам, лажам и сл, искрено му кажав дека веќе не се пронаоѓам во врската и дека сакам да прекинеме.
    Јас така се справив со грижата на совест. Сметам дека е по погрешно да си со некој само поради сожалување.
     
    На Freya123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mimozi4ka

    Mimozi4ka Нов член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Веќе во една тема напишав за еден проблем, меѓутоа во оваа би сакала да ги слушнам вашите мислења.
    Имав дечко, но не одевме долго. Додека се запознававме ние постојано бевме на телефон и на вибер, го прашував дали има девојка бидејќи сега е модерно време сите имаат фејсбук па така и тој и на сликите не можев да приметам ништо бидејќи на неговиот профил немаше ништо. Еден викенд тој беше на пат, а јас решив да го процепкам малку неговиот профил ( не зборувам за влегување на неговиот профил ) и најдов слики каде што тој има вереница. Истата вечер му пишав порака и му честитав брак но тој се јави со логично објаснување за кое претпоставувам ме излажа. Се видовме неколку пати и имавме односи потоа дојдоа празници која каде фати ние контактиравме и се видовме уште еднаш, но се случи еден пресврт. На 1 мај тој беше тагнат и на сликата беше истата девојка т.е. вереницата. Јас многу се наљутив, не се каам што сме имале секс ми беше преубаво и задоволство,не се замарам јас но ме болат неговите лаги бидејќи јас не му легнав од прва вечер ( тоа не се гледа веќе ). Имам 24 години и досега вакво нешто не ми се случило. Јас не сум лесна девојка бидејќи една недела го одбивав за излегување и слично. Секогаш со различни изговори денес утре. Веднаш ставив крај за кој тој ладнокрвно ми одговори кога сакаш јави ми се и кафе ќе пиеме.Јас не го побарав недела дена, се додека не пробав уште еднаш за кое тоа кафе стана историја. Вечерва се случи втор пресврт за кое дознавам дека вереницата неговата е трудна. Јас останав стаписана, незнаев што да кажам, сите тие јавувања, сите пораки, слики и гледања да се лаги и тоа да и го прави на својата идна жена. Искрено мене ми е жал за неа. Сакав да ве прашам како би постапиле вие во моја ситуација, како би се справиле со ваков настан?
    Јас сеуште не можам да верувам дека мене ми се случи ова,бидејќи сум имала до сега стабилни сериозни врски, ова ми е прв пат и да незнам како да постапам. Одбивам да верувам дека еден 29 годишен маж е способен за вакво нешто.
     
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Мимозичка моја најискрено совет ти е следниов.
    Не те осудувам тебе, немам таква намера во ред е не си знаела си била со него заедно, но сега откако си дознала мислам дека најдобор ќе биде да се повлечеш. Не заради неговата верецана или заради некој друг, туку лично поради тебе. Штом е трудна тешка работа да се разделат тие, ти само ќе му пополнуваш слободно време и кога ќе се свестиш ќе сватиш дека најубавите години си ги потрошила залудно. Барај си слободен дечко кому ќе му бидеш една и единствена. Сакала ти да веруваш или не ова изгледа е вистината, и уште еднаш размисли дали би сакала да имаш ваков дечко или сопруг.
     
  14. Mimozi4ka

    Mimozi4ka Нов член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право,јас не ни помислував да ги разделам немам такво срце. Но, сепак нема ли толку човечност да каже Извини за се што се излажав и што се однесував така. Ќе биде татко, ќе воспитува дете и каков пример ќе му биде. Се ситам и неможам да си поверувам од една страна, а од друга страна се надевам дека не сум бремена бидејќи како што пишав во друга тема имавме без кондом.
    Не ми е јасно како може да кажува јави ми се слободно било кое време, дали таа не го контролира и не го прашува постојано, толку доверба. Не ли се плаши дека може да ја сретнам некогаш. Толку прашања си имам во главата кои останаа неодговорени.
     
  15. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Еве ме пак мене со друг проблем. Пишував веќе за бившиот, со кој бев во врска година ипол. Ме остави на најсуров начин но признавам јас бев виновна и затоа го разбирам иако тоа беше многу болно за мене. Прва љубов, прва сериозна врска. Поминаа 4 месеци откако се видовме последен пат. Се уште го сакам, но прифатив крај и се помирив, откако размислив сфатив не можеме да успееме.Не се надевав повеќе. Но вчера повторно се слушнавме, му пишав порака не за да го молам да бидеме заедно, туку да го молам за помош. Кога човек има мака се ќе направи и секаде ќе се обрати. Тој беше единствениот кој можеше да ми помогне. Му пишав порака ако сака да ми се јави да ми помогне (иако не верував дека ќе сака да ми помогне). И ми помогна а јас ќе му бидам вечно благодарна. Дури разговаравме 30 мин на тел и му реков не знам како можам да ти се одолжам и тој рече кога ќе дојдам (од друг град е) ќе частиш. Кога сакав да исклучам ми рече па да се видиме, штом дојдам обавезно те барам и јави се некогаш во слободно време, а за чудо ми се јави денес за да праша дали сум ја завршила работата, не очекував да ми се јави денес. А пред месец ми пиша на меил (од фб го блокирав, а бр го сменив, па само таму можеше да ми пише) дури ми пишал дека му фалам, јас скоро го отворив меил и не му вратив, немаше причина. А пред два месеци ми пиша можеби некогаш пак ќе биде како порано и од тогаш скроз прекинавме. Што мислите дали е можно се уште да има чувства спрема мене?
     
  16. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ни не барај одговор на тие прашања, нека не те интересира повеќе за него. Несакам да осудувам никого но главниот виновник во целава приказна е само тој, што мајка бара при бремена вереница да заведува млади и слободни девојкии? Мислам за срамота, јака и душа на вереницата со ваков човек. НА почетокот не си знаела и во ред е но откако веќе разбра мислам дека не ти требаат ниту кафиња, ниту никакви средби со таков човек. Со човек со кој сте имаше нешто неможете да останете пријатели. Таков човек може само да те искористи и ништо повеќе. И не треба да го оставиш поради вереницата, комшииките или некој трет туку поради себе, ти кажав и погоре. Најдобро е да се тргнеш дури е време, за д ане доаѓа подоцна до непријатности. А дали нему му е гајле за вереницата, дали ја сака, како можел да си земе за толкава слобода незнаеш и подобро да незнаеш.
     
    На Mimozi4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Здраво Мимоза.

    Би ти рекол,Зошто не си се тргнала од него одма чим си видела дека те лаже и дека има вереница? Да не случајно падна на неговите лаги, па да му поверуваш? Зошто не прекина во моментот кога му пиша на моб а не поготово да имаш секс со него каде што он има вереница? Нормално дека ќе те лаже, без разлика дали си лесна или, неговата целта да си легнува женски си ја исполни.
     
    На skorpija123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mimozi4ka

    Mimozi4ka Нов член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Јас при секоја наша средба го прашував за неа и тој секогаш истото објаснување го имаше - ГО НАПУШТИЛА. ( да не навлагам сега подетално )
    Тој голема слобода имаше излегување по кафичи, планирани излегувања со другарки, одење до некои места...мислам човек просто да не поверува дека е платонски лажго.
    Тоа беше како филм просто се исценирано само што јас не верував во тоа. Јас дознав дури кога ја видов сликата на неговиот профил и тоа баш за празникот. На таа слика беше вереницата, таа ако го напуштила што бара да оди со него на прослава на ден на трудот?
    И тогаш почнав да се сомневам, кога ставив крај и кога му реков дека знам за вереницата тој ми одговори немам што да ти се правдам.
     
  19. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ќе се отргнеш од него и од неговиот живот, но јас на твое место и би и кажала на вереницата.. А и да сум на нејзино место би сакала да знам.
    Пс. Не се чуди има многу мажи па и повозрасни,ќе речеш зрели истото и полошо прават..
     
  20. Mimozi4ka

    Mimozi4ka Нов член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Најтрагично од се е што таа нема фејсбук, од два профила ја барав и не ја најдов.
    Не љубоморам, не сакам да им расипам нити да бидам причина да се случи нешто на тоа детенце, но искрено ја жалам и верувајте да не е детенцето во прашање би ја нашла и се би и кажала. Се чувам разговори, пораки се имам.