Да ти кажам подобро ќе му биде на детенцето да живее со еден добар родител, отколку во една хаотична домашна состојба.. Се сомневам дека дечково ќе се смири кога ќе стапи во брак. Ќе продолжи да шара наоколу, и уште полошо ќе и биде на вереницата.
Тоа ти велам.. Жал ми е за девојката, ќе си го уништи животот додека не ги отвори очите и сфати каков лажго е.
@Marossa, @Avery, фала ви за одговорите, веќе се чувствувам подобро. Не се каам воопшто што постапив така. Се надевам и дека он набрзо ќе се чувствува подобро. Поздрав
@Freya123 Се случува да, но сепак нема место за било каква пост брејк ап грижа на совест во твојот случај зошто ти избегна да го користиш и повредиш туку напротив му кажа, така да, да подобро е да си искрен, тој сега не го прифаќа тоа добро, но со тек на време ќе сфати дека твојата одлука е исправна и сепак онаа подобра за него. Ти си чиста како солза во случајов @Mimozi4ka Хм, доколку тој те излажал и ти кажал дека нема свршеница, тогаш ти немаш вина, нели? Едино, не да набивам мисли, ако бил со тебе сега додека е верен со неа, сигурно подоцна ќе оди и со друга. Жал ми е за девојчето, дури и трудна е И да, за овој последниот дел дена не ти се верува дека некој 29 год. маж е способен за ова - верувај се способни на многу полоши работи од ова, ова дури би го сметале за ништо. Најпаметно за тебе е да се повлечиш, не ради него, не ради неа, туку ради себе. Остави тој нека се справува со неговиот живот онака како што знае. Покрај се, можеби само ќе се повредуваш себеси гледајќи како тој живее со него. Не велам повредена зошто го сакаш, но да бидиме реални, онака криво ти е зошто тоа ти го направи, егото ти го повреди. Со среќа било каква одлука и да донесиш. #staystrong @Hajdi22 Јас секогаш секој проблем го разложвам барем на две ... ете велиш дека си била виновна за тоа што завршила врската така да тој сега или: 1) ја смета твојата вина за лесна и навистина те сака и навистина те сака назад или 2) сака на некој начин да ти се одмазни, но тоа е ретко да се случува меѓу момците. Искрено доколку навистина го сакаш се надевам дека е првата опција. Ете види, зборни со него, почни да се дружите, види какви се твоите чувства кон него и види какви вибрации ти оддава тој, така ќе знаеш најдобро. Good luck
Здраво, Незнам како да почнам (да се изјаснам), на фемина читав многу љубовни проблеми и совети ноо не најдов некој сличен на мојот, бидејки не сум многу искусна со врскиве барав и многу совети од другарки итнн ноо веќе ќе експлодирам многу мисли ми шетаат по главава.... Епаа вака да прејдам векје на мојот проблемм: почнавме да се дружиме од нова година... се знаевме и од порано но немавме муабет затоашто тој беше многу срамежлив. По нова година ми пиша чет на фб ии од тогаш не поминува ден, а да не правиме чет и да се дружиме. Се зближивме за многу кратко време со што јас неприметно почнав да се заљубвам во него. На почетокот од март месец, скоро цела недела се обидуваше да ми каже нешто од околу но јас нишо неразбирав... ноо ми кажа дека ме сака иии ми понуди врска на фб на најинтересниот начин досега што некој ми понудил, бидејки бев многу изненадена веднаш без размислување прифатив. ЕЕЕЕ тука следуваат проблемитеее................Освен тоа што секој ден правиме чет, почнавме и да разговараме на моб по скоро цел ден ии се гледаме скоро секој ден. Проблемот е е во тоа штооо сега скоро целото друштво знае дека се сакаме т.е. дека сме ,,заедно" аа ние двајца сеуште веќе 3 месеци се немаме СМУВАНО. Ајде по првите неколку состаноци мислевме дека е сеуште рано за тоа ноо веќе ии незнам што да мислам. Цело време се прашувам дали јас да го направам првиот чекор бидејки тој е срамежлив ноо излегува дека јас сум повеќе срамежлива од него. Многу размислувам во што е проблемот иии како да постапам.Ве моламм да ми пишете свое мислење и да ми дадете совет што и како да направам. (Незнам колку ми го разбравте проблемов бидејки сум тешка на изразување, но ви благодарам од напред )
Аааа па мене ова ми е слатко Јас мислам дека сака и другарски да се запознаете. Не се нервирај и бакнежот ќе биде. Мислам дека идеално би било да му понудиш прошетка во парк, потоа се ќе си дојде. Нема потреба од брзање. Подобро да го засакаш како личност, па потоа како дечко.
Ke dojde samo po sebe ne se zamaraj ic. Ako osetis nekoja jaka privlecnost dodeka ste zaedno napravi go prviot cekor. Nisto strasno.
@Bambii17 Аиии души :') <3 Епа пробај излезете ... врска, да, на еден начин е врска ако душевно, ментално и шо знам како сте поврзани ама ајде редно е и физички. Излезете и онака пробај бакни го на образот близу до устата, да му дајш до знаење дека ред е. Ајде со среќа #teambambii17 @thebutterfly15 пиши ми порака ако сакаш со што е проблемот можеби ќе можам некако да помогнам.
Има 19 години а се срами да те бакне и заедно сте 3 месеци? Незнам што да кажам искрено. Бакни го ти бе.
лујѓе помагајте...почна претерано многу да ми се свиѓа професор у факултет кај мене...по англиски е,ја прилично добра сум по англиски и само се истакнувам пред него има некои погледи интересни кои ми ги прајќа ама го прави тоа и со другите па неможам да оценам дали нешто чувтвува за мене или онаков само поглед има..колку сум заблудана тоа чудо нешто .. колку е само шармантен,харизматичен интелигентен...срцка едноставно...инаку еден е од поглавните у град ,16 години разлика сме.... погрешно е ова ама неможам да се соземам незнам што ми е... посакувам да бидам негова а и немам некои сексуални нагони, едноставно некои чувства ми се појавија... :/ нема нареден семестар да ми предава ..никогаш повеќе нема да ми предава...ќе си умрам хаа...дајте совет нешто што мислите ова тотално мислам дека е погрешно
А мој совет би ти бил да се спуштиш на земја за момент. Додека си на факлутет немој ништо, откако ќе завршиш друга приказна ако до тогаш не ти помине допаѓањето.