знам тоа дека не смеам кога сум уште на факс а и не ми е згодно да дознаат еве ја оваа види со кого оди ... обземена сум од чувства се надевам ќе го заборавам...за после факултет има многу време бидејќи само што завршив прва година,па којзнае шо ќе биде после :/
Едно е да симпатизираш некого, друго е да сте заедно. Ти меркај си го потајно, не пречи но внимавај до каде одиш. Се надевам дека си свесна за последиците ако се разчуе за вас. Ќе си отвориш проблеми.
@AngelchE23 Сама си кажа дека тие погледи не ти ги упатува само тебе туку и на другите. Подобро ќе ти биде да се спуштиш на земја за твое добро ти кажувам. Затоа што ти си студент а тој е професор, може да се наслушнат муабети дека ти се допаѓа или нешто слично и да си направиш сериозни проблеми.
Уф колку се нервирам значи. Се слушнавме прегеска со дечкото пред да излегувам му кажав дека ќе излегувам дека ќе го барам по после, во 10 се слушнавме а јас кај 2 некаде го побарав и се изналути господиниот оти не сум го побарала пред тоа барем на минута да го прашам како е гласот да сум му го слушнела и зедовме се расправавме, тој не ми значел, сум го барала само кога ми било досадно, толку многу ме изнервира, му кажав дека не е така и не верува. За глупости само се лути, толку ме изнервира а имам за полагање понеделник и сега не можам ни да учам ни ништо, како некое мало дете се однесува, на моменти толку многу ме нервира, се лути за глупости т.е. за него не биле, само за мене биле глупости, оти тој секогаш мене ми се јавувал кај и да бил, а јас не му сум се јавила на минута, се гледало колку ми значел, тој се грижел а мене, а јас не
Епа душо јавувај му се и ти почесто за да не се чувствува дека го запоставуваш и така ќе му го докажеш дека и ти се грижиш за него и дека го мислиш и нема да има причини за кавги меѓу вас ..
За да не се чувствувал дека го запоставува.... -_- Добро, имате претстава што е вие запоставување? Запоставување е да не го побараш три дена, да си пи*иш со другарки и да не те боли што прави, да му го заборавиш роденденот, да го извисиш за излегување.... е тоа е запоставување. Ај ако не ништо друго нека не прави, само со него нека се муабети. @deskarada Јас мислам дека дечко ти многу детинесто се понаша и искрено многу бесчувствително од негова страна да наоѓа рачки и кај што нема особено затоа што најверојатно знае дека имаш и за учење. Нека не ти чуе, се надевам ќе му помине. Ти учи си и со лес утре
Знам дека се однесува како дете ако има 24год. Средивме веќе се, сега па многу се интересира како ми одело учењето, по толку нервози, мојот успех бил и негов ако не сум верувала, Фала срцка, се надевам дека со лесно ќе поминам
Феминки ми треба помош од вас ... Дечко ми работи и живее со семејството во Италија. Си доаѓаше почесто додека работеше сезонски, но сега веќе е вработен ии малку потешко е да си дојде, и подолго да остане тука. Јас сега завршувам фах, па тој размислува да земе стан и да идам јас кај него. Инаку одиме 3 год, ама така посеризно сме 2год. заедно, врската ни е во ред, немаме некои проблеми. Мене малку и не ми се иде таму зашо знаете дека многу раб би се промениле ако заминам. Веќе нема да бидеме како дечко и девојка, тоа е веќе др работа, па затоа нз што да одлучам. Тој ме убедува дека, тој ќе раб и јас ќе сум работела и ќе сме биле заедно, во спротивно ќе било тешко да се гледаме, затоа што е осигуран. Навистина нз што да одлучам, тука во Мк и нема што да правам. Мислење .. ?
Зошо да не бидете како дечко и девојка ? Тоа што ќе живеете заедно не значи дека веднаш ќе бидете маж и жена. Ако вистински го сакаш и посакуваш да си до него јас те советувам многу да не се двоумиш и да заминеш веднаш штом можеш Оваа ти е шанса да запознаеш нови луѓе,да искусиш работи а и сигурно ќе си најдеш некоја убава работа,па заедно ќе си бидете успешни Не на секому му се укажува ваква шанса,а ти штом имаш човек што гледа да ви е заедно убаво незнам зошто не си сигурна во твојата одлука Размисли си убаво и направи го онаа што вистински го чуствуваш и посакуваш
Иди и доста мрчиш. Заедно ќе живееш со него, ќе видите како се живее еден со друг, пред брак. Ако биде за тоа веќе нема проблем да имате после брак одма заедно да живеете. И убаво ти вика или ќе раскинете или оди таму и работи нешто.
Колку долго е доволно долго да почекате откако ќе раскинете со некого пред да го побарате? Ни сама не знам зошто ми раскина босле банална кавга, посебно откако ми кажа дека ме сака. Мое мислење според се што кажа е дека се исплаши од сериозна врска - дека сум била сон кој не го заслужува. Но, јас навистина го сакам и неможам да оставам се така. Официјално сме заедно неколку месеци, но се гледавме и предходно. Не сме деца, завшивме факултет,работиме. Можеби се што кажа е да се осеќам подобро,но ако ме сака неможам да го оставам да си оди. незнам што да направам што да му кажам и како да го премислам, знам колку е тврдоглав, но барем да размисли уште еднаш. еве неколку дена неможам да правам ништо освен што мислам на тоа. секој совет и секое искуство е добредојдено.
Јави му се кога сакаш, кажи му дека сакаш да правите муабет и толку. Се надевам после тоа ќе ги разјасните работите..
Нема да ти критикувам воопшто, сигурно си доволно зрела да знаеш што правиш само ќе ти кажам никогаш да не си дозволуваш да бидеш втора и ако тој сака да и раскини и да прекине со неа, ќе го направи тоа, а не да се вади дека таа не се откажувала од него, на фин културен начин ќе и раскине и готово, ако тој не сака колку таа да го моли џабе ќе биде. А не си се запрашала дека може утре, други ден тебе да ти го направи тоа да запознае некоја да се зближи па да те остави тебе ? И самата кажа дека го познаваш подолго време види како ќе биде, како ќе реагира, само не се залетувај многу, а ако се двоуми во врска со неа као јас сакам таа не ме остава, поубаво трни се е отколку уште толку да те повредува.
Извини ама човекот има 35 години и дали си сигурна дека е слободен? Не се занесувај многу симни се на земја за да не се каеш после.