Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. AngelchE23

    AngelchE23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    2
    се наоѓам во една за мене глупава ситуација...одам со дечкоми 3 години,госакам ме сака...едно време коа бевме скарани го адна одма една простачка у град си мисли најака е и се позната по тоа што расипува врски,а иначе убавка е да..невелам не,ама гнасно чупе по карактер до крај краева.......и океј ајде коа се смиривме ја избриша неа, тој за инает ја прифатил оти бевме скарани....па после ми вели братучеда ми е..хаха како да не да да..секако...и не му е,знам дека не му е... па сеа штотуку дознав дека работи таа глупачата во иста конфекција кај што работи дечкоми,со тоа шо он е во поглавните да речам во канцеларија му е работата а неа долу во погоните...па сеа како ме фаќа страв да не почне нешто муабет да му прави,да му се меша....знам ќе речите ете ме сака да ме сака нема ништо да направи..ама ме нерв ира она знам дека ќе му се прчи некои погледи ќе му праќа..многу сум љубоморна и немирна во душата....и искрено мојата интуиција ми кажуваше дека баш една од нив од тие сестрите во случајов оваа глупачава работи таму и ете да така испадна...револтирана до крај..ама неможам тука ништо ..па и недај госпо да се случи неш да ме изнедвери ( што е сосем тешка речиси невозможна работа пошто знам дека ме сака не би го направил тоа) ама ете да ме изневери јас мислам дека НИКОГАШ не би дознала затоа пошто нема кој да ми каже :worried: и едноставно си велам да се смирам ама само таму ми брчи умот...... а и претходно го прашував да не имате нови вработени да не има некои на моја возраст околу 20 години..и ми вели не бе нема...а уствари ете имало ( во случај па да ја нема видено ха па и не ми се верува да ја нема...) дајте нешто совет да го отргнам ова од главата да бидам мирна :((((
     
  2. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774

    Ќе бидам кратка и јасна. Самата си го кажа одговорот на прашањето, ако те сака нема да направи ништо. Очигледно е дека ти немаш доволно голема доверба во него, мораш да поработиш на тоа ако не сакаш врската да ви отиде во пропаст.
     
  3. AngelchE23

    AngelchE23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    2
    можда си во право а јас не сум свесна за тоа од што сум заслепена некогаш и од љубомора па и од она што го сакам и си мислам ете којзнае што ќе направи,а во главата си имам зачувано као демек да да му верувам јас него...ама секогаш ме копкаат некиои работи ...од коа се случи тоа тој да ја прифати неа за пријател на фб,башка една друга комшивка си аднал од порано што се знаеле бла бла....некои такви работи и караници од блиско минато можда ме наведуваат на вакви работи.... зато и со право го мислам тоа..после секоја караница сметам овајпат секако ќе е крај и пак се задлабочувам а само си штетам себеси а не е она нај најјј цврста врска а и шо дека одиме 3 години...последната година има куп караници
     
  4. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Нели ти едно време, може и сеуште. беше залетана по твојот професор. Зошто сега креваш паника ако оваа работи таму/ Што би направил дечко ти ако дознае дека го меркаш потајно твојот професор
     
    На Hipica, eloves, SnowQueen17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. AngelchE23

    AngelchE23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    2
    тоа беше цели два дена ништо фазла и само фемина вие знаевте и никој фазла..чувства што ете можи погрешив што ги искажав ко што гледам и овде ! Само добро нема проблем кажав јас тоа што е мое и сепак ФАЛА
     
  6. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Како фазла? Имаш дечко, не смееш ни како фазла да спомнуваш ни па да помислиш да се палиш на друг, а поготово на професор. како го опиша, ќе помисли човек дека ќе му отидеш во кревет, а уште помалку да кажеш сакам да сум негова, а не кажа дека имаш дечко, туку одпосле си рече абе јас имам дечко дрн дрн јариња.
     
    На skorpija123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Е добро де секој може да се попали по некого, тоа не значи дека ќе отиде со него.
    Ова испаѓа сите невини и чесни која или кој има врска не може да се загледа во друг и да го заголица малку.
    Девојката е во криза и сосема нормално е да се загледа во друг.
    Кога ќе видам убав згоден маж и јас се загледуавм (иако сум возрасна) и имам нечесни мисли.
    Шта је лепо и Богу је драго.
     
    На MilaP, untitled12 и crazylady им се допаѓа ова.
  8. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Тогаш она не треба да се меша ако таа што работи кај дечко, комуницира со него. Нели? и он треба да разговара со негови колеги и колегици.
     
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    А јбга нека се оправаат сами, овде кажа кој што имаше да каже и како гледа на работите, нивен си е приватниот живот, не оти нкој ги применува советите од овде, ретко.
     
    На Bokchee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Ангелче 20 години имаш а се однесуваш како хистерична тинејџерка. Тој што сака ќе си прави, ти не можеш да го контролираш, ај да не е таа, ај е некоја друга, ќе имаш вакви испади? Сама си правиш и си ствараша депресии, нервози. Неможеш значи ако сака да те вара ќе те вара и не само со неа туку со милион.
    Наместо да уживаш и да не се замараш, му даваш простор на него повеќе да оди со неа. Во случајов ти си глупата не е она.
     
  11. Bonx

    Bonx Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2015
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Пред се, добра вечер феминки.
    Мојот проблем е што сум оспедната со еден, и со кого да излезам, и со кое машко и да флертувам, и да сум во врска, пак се враќам кај оној првиот.Се запознавме во средно, уште од тогаш почна да „трча“ тој по мене.Се смувавме прв пат лани летото (бидејки јас тогаш сакав :lol:).Беше интересно лето.Ме запозна и со неговите, абе..милини, се нај.Но секако женкар е (знам..не ми те потребен женкар), и меѓувремено додека излегуваше со мене, можно е и да излегувал и со други.А наоколу си слушав муабети (извадени од него, не толку добри..тој негираше, дека само си измислуваат).Но мина летото..минавме и ние.Тој си се поврати со бивша му, а јас наоколу со други си излегував, но на него мислев пак, со кого и да излезам, тој ми е во мислите. |(
    За среќа или несреќа, пред некој ден во диско налетав на него.Тој ја остави женска му во диско,и искочи со мене.Поминавме добри 4-5часа.И за тие 4-5часа можете и самите да претпоставите што се не се случило.Помина и таа ноќ, и од него ни трага ни глас! А кажа дека сака да продолжи да се гледаме ТАЈНО, ќе направел лажен фб.и така ке сме контактирале.Велат „ако изневерува со тебе, ќе те изневерува и тебе.“
    Но што можам?!Сакам врска сериозна, цврска, полна со емоции, чуства!Кај него нема да го најдам тоа..кај некој друг сигурно ќе најдам, но неможам, кога помислам на овој..Си велам уште еднаш со него,и никогаш повеке!И така секој нареден пат.Мака ми е.Ми дога да го утепам, бар така ќе знам нема да имам шанси никогаш повеке да го видам ]:)
     
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.087
    Пол:
    Женски
    Самата кажа дека е непоправлив женкар, и дека сама си правиш полошо,немој да бидеш втора девојка на некој кој не те заслужува , готово е, ајде пресечи веќе еднаш,ќе го заборавиш ти со тек на времето.
    Не си дозволувај да му бидеш само 'секс играчка во тајност", па и уште лажен фб ќе правел, значи нема намера да се скара со девојката ,туку ке си пополнува само време со тебе.
    Излегувај со другарки , ќе запознаеш нов дечко , некој кој ќе те цени и сака во јавноста а не тајно и набрзинка да си го истера кефот, можам уште да пишувам за да ти ги отворам очите, ама сепак одлуката е твоја, молим те не не биди слепа при очи!!
     
    На kjukli, eloves и SnowQueen17 им се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Никако не можам да разберам што си барала со него???? Па уште радосна, еј девојка му ја оставил и со тебе бил (facepalm) треба да се засрамиш од тоа што го правиш, што се плеткаш со дечко во врска...мислам која е логиката да се гледаш со некој што е во врска? Зошто не почнеш на ист начин да се гледаш со некој слободен, па со него и да се развијат чувства ќе може да почнете врска, а со овој ништо. Само се празни на тебе. Ама ако, дур има вакви девојки нека си користат машките со по 2, 3 па и повеќе девојки истовремено.
    Само стави се на место на девојка му. Размисли како ќе и биде ако дознае.
     
    На Candid, kjukli, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    17.755
    За да дадеш совет на некој, треба прво да го разбереш. Ама јас никако не можам да ги разберам девојчињата како тебе. Каде ви е гордоста? За што служи самоконтролата? Со кој памет се плеткате со зафатени? Како не ви е гадно кога знаете, дека можеби, некој час пред тоа имал секс или се лигавел со друга? Ако знаеш дека од него нема да добиеш тоа што сакаш, со кој памет му се даваш ко на послужавник?
    Знам многу прашања поставив ама стварно не сте ми јасни....
    Ако сакаш да бидеш втора виолина и некој да си игра мајтап со тебе, не барај совет од нас.
    А се надевам дека девојка му наскоро ќе дознае со каква стока си има работа и нека си остане со таквото во раце.
     
    На Candid, deskarada, untitled12 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    @Bonx ти кажаа и девојки над мене така да да не се повторувам.
    Самата си кажа дека си опседната, не заљубена.
    И таа опсесија ќе помине ако го избегнуваш дечкото, а не ако се зближуваш со него.
    И повеќе од јасно е дека дечкото сака да си остане со женската, а ти да му бидеш чисто за забава да разбие монотонија во врската. Само ако го дозволиш тоа да бидеш свесна дека еден ден ќе му здосасиш и ќе те шутне, ќе си остане со женска му. Ако сакаш сериозна врска не дозволувај никому да бидеш втора. Зарем нема да се чуствуваш понижено кога ќе го гледаш рака под рака со женска му? Кога ќе знаеш дека кај тебе доаѓа само за корист? Излегувај со другарките, дружи се, забавувај се еден ден ќе запознаеш дечко кому ќе му бидеш единствена.
     
    На skrsenotosrce, karak и skorpija123 им се допаѓа ова.
  16. --v--

    --v-- Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Ми треба совет кој може да помогне нека ми пише! :wasntme:
     
  17. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    Повели...ако знам ќе ти помогнам
     
  18. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Пишав пред некое време за проблемов, ама сега малку да го апдејтирам. Ви кажав дека раскинав со типот со кој одевме кратко и дека него тоа го повреди. Откако раскинавме можев убаво да размислам за некои работи во врската и сакам да му побарам нова шанса. Се видовме случајно, флертувавме ништо повеќе, онака јас од еден крај на кафичот он од друг и после тоа почнавме да си лајкуваме ствари на фејсбук... и јас решив да му пишам и го направив тоа. Како што и очекував, он беше ладен и дури на моменти ми враќаше дрско. Не можам да зборувам за тоа како он требал да се справи со болката од раскинувањето, ама одевме само кратко и ми смета тоа што се однесува кон мене како да сме оделе со години и на крај јас да сум го изварала или не знам што (јас бев искрена цело време и не правев глупости што можат да го повредат) И сега, си имам работа со тип со повредени чувства, чие его нема да му дозволи да се опушти со мене. Кога разговаравме на фб, беше очигледно дека он уште осеќа нешто и муабетот што ми го направи меѓу редови беше “ме повреди, па сега трпи си ти“, што е очекувано ваква реакција нели, но како да му се приближам без јас да си ја прегазам гордоста? Зашто да јас сакам да бидам со него, ама ако треба да го трпам цело време да ми се понаша дрско или да биде ладен, епа не фала, а искрено и после дрското понашање, малку и ме предомислува дали воопшто вреди да се трудам. Што ако јас се трудам, за на крај он да ме откачи мене за да може да си го оправда после своето его, т.е сурово кажано да ми врати заради тоа што јас му раскинав? Инаку јас мислам дека е океј уште еднаш да му пишам и да му објаснам што како, ако се согласи да поразговараме убаво - супер, ако не тоа е тоа. Ваше мислење? Фала ви однапред :)
     
  19. Mihaela.Mii

    Mihaela.Mii Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки

    Незнам дали моето прасање е баш за овде и дали е воопшто проблем/прашање што треба да го поставам....
    Се работи за следното: Сум во долга врска, и често се расправме за тоа што кога ќе речам да не се „чепка„ (знаете на какво мислам) не престанува. Мислам не дека прави нешто со сила ама ете пробува (се гали, задева... такви работи), а мене многу ме нервира и ми сета што не престанува кога ке речам еднаш туку мора да повторам 3-4 пати.
    Дали е во мене проблемот што го сметам тоа за непочитување или е во него што само сакал да се почепка...

    Можеби прашањево ќе ви биде без смисла или смешно но мене вистина ми смета и се караме нон стоп за тоа. Ве молам за мислење.
     
  20. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Извини ама кога мислиш на галење и чепкање на што точно мислиш бидејќи почнав да пишувам одговор а потоа видов во други твои мислења дека си пишала дека имаш односи.... Па што точно ти смета? Колку што знам пипкање и чепкање не е ништо страшно кога веќе имаш односи (иако дури и да немаш односи пак не е ништо страшно кога веќе си во долга врска). Извини ама ме збуни малку.... Биди појасна...