Ни најмалце не си згрешила ако можеше да поминиш низ неверството,незнам како помина преку тоа што те удрил.Секој почеток е тежок,повеќе излегувај,оди на одмор,оди на места кои не те потсетуваат на него,веруј заслужуваш некој подобар , а и ќе го најдеш,саммо треба време.Не си виновна во никој случај а тој како машко ќе се врати ќе те моли само не треба да му попуштиш,знаеш дека пак истиот ќе биде некогаш ќе ти биде мака што се си пропуштила за да го трпиш тој
А има он некаква прифатност од тебе? Мислам,што ако не му го проверуваш телефонот и не му чачкаш по фб?
Со дечко ми заедно сме околу 4 месеци но и претходно се плеткавме (додека он беше во врска со друга девојка) и имавме доста проблеми додека да почнеме нешто, а и сеуште имаме проблеми со неговата бивша(постојано му ѕвони,му пишува,иде кај него у населба) но сигурна сум у него знам дека нема да направи нешто со неа. Врскава до пред некое време ни беше одлична се немаме карано нешто многу, се гледавме секој ден и на факс и после факс, едноставно да не кажам се ни беше розево, но последниве недели имавме доста обврски со факсов и не се ни гледавме надвор од факс, кога се слушавме на телефон зборевме за учење и сл. едноставно се одалечивме.Е сеа ние имаме некаков проблем а ни сами не знаеме кој е, само гледаме дека некако ни пропаѓа врскава.. Што мислите која е причината за тоа и што да правам некако да ја задржам врскава?
Каква врска очекуваш со некој да имаш каде си се плеткала со него додека он веќе бил во врска? Може сега си се плетка со друга. или он сака на две столици да седи, па си менува женски, или тркалото се врти.
Со дечко ми сум 2 години и неколку месеци. Пред некое време ми се јави најдобриот другар и почнавме да си се допишуваме, не секој ден ама 2,3 пати неделно. Со мојот другар едно време бевме многу блиски, и си дозволивме да отидеме малце повеќе од тоа наше другарство ама не битно се заврши и од тогаш има поминато едно 3 години и повеќе. Дечко ми вчера отишол на мојот фејсбук и си читал ,а таму бидејќи јас и мојот другар сме најголемите будали на цел свет и само ние може да си пишеме глупости од секаков вид , дечко ми си го свати тоа како дека сум го изневерила и сум ги преминала сите граници, сум се однесувала како да немам дечко. Се разочарал, а и пред тоа имаме некој вакви караници за со пишење со другари и вопошто со машки род, и сега едноставно тој повеќе не ми верува.Се испокаравме убаво, и јас после си плачев цела вечер пошто стварно многу го сакам дечко ми, ама некако стално како да го повредувам некогаш не се ни осеќам што правам и зборувам. Не знам каде грешам и зошто ете едноставно сум таква, послободен тип да се каже, ама толкава љубомора од негова страна не знам до каде ќе не одведе и тоаа е едноставно само од допишување а тој другар е 500км одалечен моментално знам дека да е тука не би дозволила да се случи нешто, не знам можеби навистина некаде грешам и треба да се сменам. Знам само дека никогаш не би дозволила да го изневерам дечко ми, а и не би го изневерила бидејќи премногу го сакам. Некој совет од вас феминки.
Прва грешка: Зошто му го даваш пасот од фејсбукот на дечко ти? Тоа е приватна работа која само ТИ смееш да ја знаеш, а многу некултурно од него што не знае да почитува приватност. Второ: Дали си сигурна во чувствата кон твојот партнер? Овде така не ми изгледа а гледам дека ти се допаѓа твојот пријател (можеби грешам) И за крај ако твојот дечко не ти верува нема зошто да се чувствуваш виновна за нешто ако не си го направила, ако совеста ти е чиста нема причина од драми и докажувања.
Епа не се понашај ко да немаш дечко, со право ти се лути. Сакаш ем дечко да имаш ем со други дечки да си се понашаш како ќе ти текне. Со другарки можеш да се зезаш како сакаш, ама со другар (плус си имала нешто претходно) треба да се држиш на дистанца. Извини му се на дечкото и пази за во иднина ако го сакаш.
@female.3 Епа кога си му дала пасворд на дечко ти од фб и кога го знаеш дека е љубоморен тогаш што пишуваш со другар со кој претходно си имал нешто? Ако навистина го сакаш тогаш внимавај
@theowndemon му пишав. беше ладен спрема мене што дури е и очекувано нели. Ама искрено не знам дали воопшто да направам нешто. Која е целта јас да си ја прегазам одлуката, ако он ме откачи само зашто јас сум му ги повредила чувствата, па и егото? Зашто е поприлично егоистичен (како и повеќето мажи според мене). Размислувам на ова зашто таков впечаток добив од муабетот. На фејсбук чат пат постира по некоја песна што ја имаме коментирано и што му имам кажано дека ми се допаѓа. Е сега дали намерно ги постира или е чиста случајност - не знам. Се мислам што да правам. Ако решам да му пишам и да го викнам да излеземе (зашто не планирам преку фб да ја поправам врската), одма почнувам да размислувам па што ако е премногу егоистичен, што ако не ми се исплати, што ако ме изигра... Од друга страна па, ако решам да не му пишувам и да си продолжам, он не ми излегува од глава. Е сега што е боље - да се каам што сум си ја прегазила одлуката и да знам дека му го имам направено кејфот со тоа дека сакам да му се вратам, или да се каам што можеби сум можела да направам некој потег и да се вратат работите како порано.
Една дискусија со другарка ми од вчера, ме натера да се запрашам дали сум јас океј или она е. Според неа, во ред е дечкото/сопругот, да се запознава со рандом девојки и да оди на кафе, пиво со нив. Девојки запознати онлајн, или на било кој друг начин и според неа, ако дечко и прави така, не значи дека ја изнвереува или дека не ја сака. Тоа е само социјализација. Од друга страна, јас не би сакала мојот маж да се запознава со девојки и да ги носи на пиво, нормално без изневерување, туку дружба со нив. Не зборуваме тука за догогодишни другарки, пријателки од време, од работа... Туку за случајно или намерно запознавање, кое од добар муабет станало желба да седнат некаде на пиво. Мојот мозок, за жал, не го сфаќа ова. Не би сакала маж ми да најде некоја на фб, да си пишуваат и на крај да ми рече одам да ја соберам, одиме јас и она на пиво. Сакам ваши размислувања. Ве молам без одговори, ако нејзе не и смета, ми требаат ваши мислења како вие би се чувствувале.