Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Perfectgirl5

    Perfectgirl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2015
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    985
    Пол:
    Женски
    Ја имаш мојата подршка. Баш ми е мило кога видам вака христијанка и муслиман. Да, и јас да бев на твое место така ќе го нарекував моето семејството. Незнам кој нормален човек би си го нарекувал своето внуче ороспија и ред други работи. Но зошто не си се запишала средно во скопје не ми е јасно или домашните не ти дозволувале. Незнам како можеш да ги трпиш такви, јас не би издржала.. Сепак терај си ти со момчето, но не ги расипувај односите и со домашните зошто недај боже може ке раскинете а тие ќе се тука “секогаш“...
     
    На MilaP, Sanjichka007, Candid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Прочитај ги болдираните делови повторно - тоа е така само затоа што имаш 17 години, да имаше 45 па да те разберев дека никогаш такво нешто не ти се случило... Тек ќе ти се случуваат вакви работи и љубови...

    На 17 години не верувам дека си доволно зрела за да можеш да размислуваш трезвено и реално да ги проценуваш луѓето.
    Јас сум многу голем поборник за љубовта и ја гледам како нешто свето, стојам зад тоа дека не познава разлика во години, религија ни други разлики меѓу партнерите. Се наежив од оваа твоја реченица:
    Но, кога ме гледа десет сонца ми греат.

    Незнам каков совет да ти дадам, твојата семејна ситуација е катастрофална и од нив нема никогаш да добиеш поддршка така да ако сакаш да продолжиш со момчето ќе мораш да се криеш и да ги лажеш. На него најдобро да му кажеш каква ти е состојбата дома, немој да го лажеш и да му правиш приказни дека рози ви цветаат по дома, кога тогаш ќе дознае.
    Незнам ете... секогаш сум за тоа дека треба да се бориме за љубовта до крај но сум многу скептична дека на овие години имате сила и храброст за тоа, како ни во тоа дали вреди затоа што сте премногу млади, во текот на созревањето многу ќе се смените...
    Се додека мислиш дека тоа е тоа бори се но биди спремна и цел живот да си ја носиш етикетата „девојката која излегува со муслимани„ затоа што живееме во такво општество...
     
    На male, Petar80, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.428
    Харли браво за тебе,ти си прекрасна девојка.Само напред имаш поддршка од мене се надевам и силно верувам дека ќе успееш не дозволувај мислењата на другите да те спречат во твојата одлука...Запамти твојата среќа е најбитна.Ако мислиш дека тој е тој само напред :muscle::hug:
     
    На Sanjichka007, Saricko и HarleyQuinn им се допаѓа ова.
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против вакви врски, се имам изјаснето и во други теми.
    Убаво е ова што ти се случува, мило ми е но зарем не мислиш дека си сеуште дете за сериозни врски? (без разлика на верата) Да убаво е да имаш дечко, уште поубаво е врската да ви е сериозна и да дојде време да го запознаеш со твоите, но мое мислење е да не избрзуваш. Вие бидете си заедно, сакајте си се ама ова запознавање со твоите родители одложете го. Со тек на време пополека ќе му објасниш која е твојата ситуација дома, која ако те сака тебе ќе мора и нејзе да ја прифати. Заврши си го училиштето и запиши се на факлутет/вработи се. Па натаму самата ќе си одлучиш што е најдобро. Само не избрзувај и не го преценувај толку многу дечкото. Остави работите пополека да се одвиваат. Со тек на време ќе дозозрееш и ќе сфатиш некои работи, за што вреди а за што не вреди да се бориш.
     
    На Waka-waka, Ketchup и karak им се допаѓа ова.
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Што се нема да прочитам, дури мислам дека почнав да халуцинирам од испитите ама не, сепак реално било. Деца од 16 год биле во сериозни врски. Доста е интернет за денеска дефинитивно
     
    На t-sweet, Bokchee и Luna91 им се допаѓа ова.
  6. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.573
    Пол:
    Женски
    Сите имаме поминато низ вакво срање извини на речникот ама многу ме иритира некоја наивна девојка да моли некојси будала кој се дрзнал за сериозна врска и љубомора, а не ги знае основните правила на почит кон својата девојка.Прво незнам зошто толку фрка окулу фб, инста бла бла лајковање па не, па да преглупаво звучи без разлика дали вие или некој друг луѓето претерано многу им обрнуваат внимание на социјалните мрежи како да им се храна.Онтопик свестисе со време, немој да молиш зошто тоа не води никаде, ти си сега во некој вид на димензија кадешто постој само тој од проста причина што те одбива и тоа те привлекува уште повеќе.Потребно тие да сватиш колку вредиш и дали е океј некој недораснат сељак да си игра со твоите принципи, карактер, тело....ај да не почнувам ми се гади.Само те молам престани да го храниш неговото замислено его.
     
    На blond.bunny, kjukli и just me им се допаѓа ова.
  7. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    @HarleyQuinn жал ми е за твојата ситуација и твоите родители но поради сите работи кои си ги доживеала се гледа дека си зрела личност. Не навлегувам во тоа дали ти на твои 17 години знаеш што сакаш. Очигледно знаеш! И јас сум доживеала таква љубов како твојата и никогаш нема да го заборавам најубавиот период во мојот живот. И сум била во ПОТПОЛНО иста ситуација како твојата

    Ама јас со големи муда девојка, кога ми рекоа да одберам помеѓу семејството и него го одбрав него. Ке ме прашаш дали згрешив? И да и не. Прво поради тоа што правев се што ми кажуваше срцето, и нема поголема реалност од тоа. Можеби не сум знаела што правам сум била мала, не сум требала. И да, по одредено време се каев многу но секогаш вратата ми била отворена кај моите и се вратив и повторно ги средивме односите.

    Е сега, тоа е мој случај. Ке ти дадам еден совет, не брзај. Немој да си ја трошиш љубовта како што јас направив, не мораш да брзаш ни да им кажуваш за него. Знам дека ти е убаво со него и ако, ти посакувам да бидеш најсрекна на цел свет, но чувај си ја среќата за себе. Доколку знае за твојата ситуација дечкото ќе разбере зошто не сакаш да ги запознае, доколку не знае кажи му од околу, немој да влагаш во детали да му кажуваш бидејки сепак ти се семејство.

    И најбитно од се, прави што сакаш. Греши, твои грешки се. Но прави како што се чуствуваш. Сепак твој живот е. Секогаш слушај си го срцето
     
    На Sanjichka007, Saricko, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    18.009
    Те нарекол курва, кучка и те откачил, а ти го молиш да се смирите не си можела без него...
    Сигурно си околу 15,16 години и мислиш дека се што лета се јаде. Зборовите гордост и самопочитување знаеш што значат?
     
    На eloves, srcence1607, Petar80 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    @HarleyQuinn Драга посакувам да си во право за се што напиша, ама ме пецка дека младешка занесеност те има заслепено.(facepalm)

    Позади грубиот и безобразен совет од баба ти, за жал најчесто има голема вистина. Ама не знаела да те советува, туку само исфрустирано реагирала. Уствари ти рекла да завршиш средно те да созрееш па да мислиш на љубов. Друго машките дали христијани или муслимани на таа возраст гледаат да експериментираат и не се баш спремни за некои обврзување, само што во овој случај би требала да бидеш подготвена на етикети во ова општество.
    Бараш семејство какво што не си имала и надокнадуваш преку ова момче гледајќи ја неговата семејна идила. Да ги додадеме и хормоните и младешка понесеност и ете ти илузија. Не брзај твоето ќе дојде, за нив ти си пријателка на нивното дете оти реално тој е дете а и ти.

    Мила тој е 16 години, друга вера а ти 17, да бевте повозрасни ќе речев дека има некоја надеж, но вака ќе си натовариш проблеми на глава. Твоето семејство нема да го прифати, посебно поради тоа што уште сте деца... Какви и да се, не се деца и за жал ќе ја согледаат суровата реалност.

    Може ништо од ова нема да ти се чини логично и ќе речеш ама ние сме различни. Верувај дека никој не мисли дека неговата приказна е како останатите. Би ти препорачала да размислиш и да видиш дека животот е пред тебе, треба да се реализираш ти како личност, за кратко време ќе појдеш на факултет ќе ти се отворат сосем нови видици, познанства и можности, не си ставај бреме уште сега колку и да ти се чини тешко. Со оглед на ситуацијата ќе имаш многу проблеми дома поради оваа врска.
     
    На sadgirl21, eloves, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  10. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Не треба да се оспорува фактот дека и двајцата се млади и заљубени затоа што и ние сме биле во такви периоди кај што ни чука срцето за оној кој го сакаме па правиме се за да не забележи. Ако мисли дека и е убаво со него нека биде додека може, да се препушти на моментите и да ужива во нив па нека собере храброст и да им каже на родителите. Нели бе е себичност некој да си поигрува со среќата? Те прашале ли тебе @HarleyQuinn што е тоа што ТИ го сакаш? Некогаш мораш да си гледаш за себе а не да ги задоволиш другите. Сигурна сум дека ако го запознаат подобро ќе му дадат шанса. Мене искрено не ми е добра идејата да ги лажете родителите за неговото име. Ако се ти срамиш од тоа дека е турчин тоа е друга приказна веќе но не ми изгледа така.

    Што се однесува со твојата фамилија, дали проба да разговараш со некој близок и да им кажеш каков е проблемот? Некој мора да зборува со нив, зошто вака на тебе постојано ке ти ја исфрлаат лутината а во овие години пубертетски и тинејџерски и не е баш најдобро.
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    Да сте постари би те советувала на друг начин. Јас мислам дека сте премлади за вакви врски кои во 90% завршуваат, значи не се вечни, зборувам за врски на тие години.
    Само ќе си го нарушиш угледот, сите ќе те знаат како онаа што се ебеше со Турци, колку и да звучи нецивилизирано, јас нема да зборувам така, туку народот што те знае, тоа е жива вистина и факт во Македонија, и сама ќе си дадеш автогол во животот поради некоја младалачка занесеност што си мислела дека ќе биде вечна. Па сега ти види. Јас ти давам совет како повозрасна.
     
    На MilaP, Juicy, Lotus-14 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.611
    Пол:
    Женски
    Најчесто сите муабети од типот Никој не сум сакала вака, или никој не ме сакал вака или неможам без него се од лица на 12, 13,14,15 години. Деца отварајте очи ќе плачете еден ден, па уште и во љубовни проблеми пишуваат. Може треба една тема да се отвори Љубовни проблеми за клинци и клинцези....
     
    На Luna91 и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  13. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    Постојат врски започнати на 13-14 год па траат и после 10 год па дури стапуваат и во брак.Можеби се ретко но сепак постојат. Затоа не можеме да им кажеме на кој и да е "дај не се секирај, имаш 14 години, ќе имаш уште многу дечковци, животот е пред тебе..." и слични вакви работи. Можеби навистина на тие години се во заблуда не викам не, но можеби токму нивната врска е таа што ќе опстане. Не ги знаеме ни карактеристе на личностите, ни нивниот живот а ни нивните чувства.

    Во врска со девојчето, имаш 17 години што не многу но не се ни премалку. Верувам дека на 17 години можеш да размислуваш правилно и да одлучиш дали навистина е тоа што го сакаш. Сепак внимавај, твоите 17 год можеби се доволни но на момчето не се со оглед на тоа што машките секогаш подоцна одлучуваат да стапат во врска и да се врзат со некоја. Биди со него, но не избрзувај. Почекај нека помине време, да видиш како ќе се одвиваат работите па потоа ќе му ја лагаш за кажување дома и на блиските. И ако си сигурна во себе и во него и во вашата врска можам само да ти дадам подршка и да ти кажам дека вреди да се бориш.
    Инаку колку време сте заедно ако може да се знае? @HarleyQuinn
     
  14. GossupGirlxoxo

    GossupGirlxoxo Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    32
    По цели денови е на работа и после е уморен и се нервирам затоа што бевме по цели денови заедно сега на неколку дена се глeдамее..
     
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Епа во животот мора и да се работи нели? Ако се труди најмногу што може, тогаш треба да сфатиш дека нема цел живот да бидете еден до друг залепени и да си гугуткате по цели денови. Еден ден и ти ќе работиш па и ти ќе бидеш преморена. Тоа е светот на возрасните всушност. А ако работата му е само изговор дека не може да се види со тебе, додека по цел ден е со другари, тогаш размисли на кое место му се наоѓаш ти во животот и дали вреди.
     
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SnowQueen17

    SnowQueen17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Дали некоја слободна феминка може да ми пише во ЛП (во врска со моја другарка и дечко..) За овде не ми е ставање проблемот бидејќи има акаунт другарка ми секој ден седи на фемина може да види па да се скараме
     
  17. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Пиши слободно :)
     
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    Слободна сум и јас.Можеш да пишеш.
     
  19. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.619
    Пол:
    Женски
    Тука сум :) Пиши ми слободно :)
     
  20. SnowQueen17

    SnowQueen17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Извини, дали можеш ти да ми пишеш бидејќи јас неможам не ми покажува на твојот профил опција за започнување разговор.