Хахах извини што сенасмеав но на дечкоти може стварно му било жешко или пак му фалел некој по дома да не биде сам во куќата. И секако попушти за една баналноист ќе му се скараш ли на дечкоти па неговите може би пак ќе одат некаде на пат кој ќе спие кај него сам ли да спие по дома
Јас да сум на негово место никад не би ти се јавил,колку год имаш?што ако се симнал доле да спие сам,гледаш ти кажал дека му било топло,нема зашто да се лутиш,што не си се симнала доле и да си легнала до него?или не ти трча по гзот па правиш сцени.Аман бе луѓе дефинитивно немате смисла за зборот врска а не па да ја водите,дај земете малце стабилизирајте се(не важи ова само за тебе него општо за сите што имаат сличен проблем).Застани малку и направи си културен и човечки муабет,најлесно е да избегаш и да се криеш.
@Скопјетесакам Имам 21 година тој 25. И не е така како што викаш. Ние шанса да спијаме заедно немаме секој ден,како што кажав се случува 2-3 пати годишно. Бидејќи моите не ми дозволуваат. Можеше барем да кажи,или да ме викни дојди долу легни до мене. А тој ме остави така сама. За да спијам сама и дома можев,не ни мораше да одам кај него.
Значи дечкото ти објаснил дека му е топло и затоа се симнал доле,ако толку си сакала да спиеш со него зашто не си се симнала и да легнеш до него?не сте мали деца бре,соземете се и седнете како луѓе и како возрасни направете си муабет,решете ги тие дилеми.Што ако си направила сцена си отишла и се сменило нешто?место на подобро да ја терате врската вие си правите сцени и глупости.
Јас би ценела што не напнал да има некакво ,,случување,, а ти еве се нервираш оти не се десило ништо. Незнам каде брзаш па и 21 година да имаш. Има време, нека ви созрее врската, баш убаво што ете не е нападен. Не е тоа за нервоза !!? Денес е реткост да те викне некој кај него и сам да е дома а да не се деси ништо
Такви случувања имало и ќе има со него. Работава беше баш она другото. Да се разбудиш онака утрински покрај љубовта. Оти тоа во нашата врска е реткост,секогаш морам да си одам дома во најубавото. Ако ме разбираш.
Едно знај колку он е крив толку си и ти крива.Зашто тогаш го трпиш сето тоа?Едноставно ако не ви иде и не си исполнета во тој аскепт од него чао пријатно.Зарем е единствен на светов?
Мислам дека пријателчето малку си игра топло-ладно со тебе, чисто да види до каде си спремна да одиш, дали сама би се отворила за врска или не. Сега си слободна, можеби сака да направи нешто, ама се кочи да не го одбиеш, па можеби чека на тебе да преземеш нешто. Ти што сакаш, што очекуваш? Сакаш да бидете пријатели или нешто повеќе? Не гледај тоа дали е или не е твој тип физички, гледај како ти е во негово друштво, дали ти годи, дали одвај чекаш да се разделите или не. Би била со него во врска, или би одбрала да ти биде само добар, близок пријател? Дали можеш да се замислиш со него во иднина, во врска? Расчисти со себе и кога ќе знаеш што сакаш, прашај го. Каков и да е одговорот биди спремна да го прифатиш без разлика дали е она што го сакаш или не. Дилемите мораш сама да си ги расчистиш. Ти си знаеш што најдобро ти одговара и што навистина сакаш. Мислам дека ти е потребно некое време да бидеш сама, не ти треба нов дечко, друштво можеби, но не по секоја цена. Не се форсирај. Нормално е што си изградила невидлив ѕид околу тебе што ги одбива луѓето. После напорни и истоштувачки врски потребно е време да се преболи она што поминало, а со тек на тоа време и ѕидот и бариерите ќе паднат, нема да бидеш недоверлива и непријатна спрема оние што сакаат да те запознаат. Не секој ќе те повреди, тоа мораш да го имаш на ум. Ама периодот на преболување мораш сама да го поминеш, а не да бидеш во врска по секоја цена. Потребно е малку да поработиш на себе, психички да зајакнеш и да стекнеш самодоверба. Ќе научиш што сакаш, што ти треба, ќе знаеш што да бараш од идните партнери, па ќе бидат помали шансите да налеташ на некој кој би те повредил повторно. Главата горе, и не е крај на светот ако некое време бидеш сама. Ќе ти се искристализираат работите во главата кога ќе уживаш во статусот сингл. На почеток не форсирај дружење ако немаш желба, ама немој да се затвориш дома. Се ќе си дојде на свое место.
Во ТЕБЕ е грешката душо, абе каква премореност, па ниви ли си копала!??Легнавте и си заспала одма!? Јаден дечко твој!! Па да ми заспие мене некој така поред празен стан, сите услови за добар секс, ма 100 степени нека е врукина..каде има љубов и страст абе искри ке севаат а ти си заспала одма!!Ајме мени??Понижување е тоа на машкоста голема а он можеби па душичка од преголема желба и ете плус што ке спиете сами можеби нешто му се случило со потенцијата.....па уште она лута па без чао бега домааааа!!!????Јас да сум на место на дечкото твој и јас не би ти се јавила! Наместо ти да преземеш акција и да видиш што е проблемот ти пут под ноге, епа сега прашувај по форуми.
@JustFun ти дефинитивно не си спремна за нова врска. Сеуште го немаш преболено минатото, сеуште те боли тоа што ти се случило и се додека е тоа така немој да бараш нови дечковци и да влегуваш во нови врски, затоа и секојпат остануваш разочарана од момците. Верувај дека не е до нив туку е до тебе, ти си таа која бара ситница за да не и се допадне некој дечко, ти си таа на која се е и пречи кај нов тип, до тебе е затоа што не си спремна да тргнеш со нов, а верувај и дека тоа во моментов не ти е воопшто потребно. Ти треба сама со себе да расчистиш прво, да сфатиш дека не вреди тие болки да ги пренесуваш во секоја наредна врска, не треба да се плашиш дека и некој друг ќе те повреди, знаеш зошто, зошто уште многу пати ќе бидеш повредена и уште многу пати ќе патиш и уште толку пати ќе ти помине и ќе се исправиш. Јас верувам дека си имала болно искуство, но мораш да го заборавиш. Сигурно ти било убаво додека траело, гледај на тоа како убав спомен, а лошите работи заборави ги. Искачај, забавувај се, запознавај нови личности, дотерувај се, флертувај, патувај, уживај со самата себе. Муабетот со критериумите одсекогаш ми бил смешен. Даа, сите имаме некакви криетериуми но сите тие паѓаат во вода кога ќе ти се случи љубов со некого кој никогаш не би ти паднал на памет и не исполнува ни еден критериум од листата ама јбг го сакаш - тоа е љубов. Не се критериумите мерило за љубов. За љубовта нема параметри, се случува. Отвори си го срцето, дај му шанса на секого да го запознаеш, забавувај се, не навлегувај одма во сериозни врски. Лето е, среќа што е лето па можеш многу полесно да поминеш низ ова. Мислам не вреди заради траумите од бившиот дечко цел живот да ти биде унаказен и да неможеш да се опуштиш ни уживаш. Делот од тебе можеби засекогаш ќе фали, но тоа е само дел, обрни внимание на другите делови .
Ова е сосема точно Тек кога ке се случи љубов ке приметиш дека критериум не постои, т.е. дека човекот не е по твој ,,критериум,, Срцето не признава шеми
Потруди се и биди упорна. Тоа што е енигма е можеби до некаде добро, здосадува кога знаеш и можеш да предпоставиш што би се случило. Со тек на време ќе се запознаете подобро и енигмата ќе ј разрешиш. Не се откажувај одма. Види секогаш има некој тип кој не ни одговара, а сепак баш кон истиот не влече некоја работа која ни сами незнеме зошто и како може така. Не сте само другари барем од твоја стрна по напишаново можам да заклучам, ако и тој се однесува слично и приближно како тебе и од негова страна не е само другарство. Си треба време да си признаете пред се сами на себе, потоа и еден на друг. Пробај да допреш до него така што ќе ја преминеш границата несвесно, ќе излезеш од онаа сигурна зона во која си постојано и баш тоа може ќе го поттикне и тој да се охрабри. Мора едниот да повлече прв и тука нетреба одма да работи егото па зошто баш јас да сум таа прва. Подоцна може да ви биде криво и на двајцата што ете не сте ризикувале. Поздрав, се надевам баерм малку ти помогнав,
Велиш немаш високи стандарди, а одвај чекаш дотичниот да направи грешка, некоја ненамерна ситница за да го шутнеш? Што е тоа, ако не тлеење кон идеално? Она што треба да го смениш е твојот ментален склоп. Да бидам искрена, можеби и груба но мора да ти посочам дека жалопојки никого не го занимаат. Твојата празна душа, или скршено срце претставува исклучиво твој проблем и затоа никогаш нема да поттикнеш нешто повеќе од немо тапкање по рамо. Почни да го замараш мозокот со некои секојдневни работи и новини. Читај дневна политика, книги, спортувај, земи си куче, ако не ти е доволно земи си уште едно, купи си ролери, сликај по дома. Прави се` што има добра подлога за набивање на позитивна енергија.
Какво е времево последниве неколку дена, уште за заедно спиење е. Јас лично и зимно време имам проблем кога треба да спијам со некој, не па во лето. Еднаш спиев кај еден момак т.е. не успеав да заспијам цела ноќ од што ми беше топло, а немаше смисла да се рашетувам низ стан, брат му беше дома. Ах, камо да имаше уште еден кревет во собата. Овој твојов среќа имал да се пресели на тросед. Значи НЕМАШ ПРАВО да се жалиш што отишол да спие во друг кревет. На човекот му било топло, а и тој, исто како и ти принцезо, ИМА ПРАВО ДА СЕ НАСПИЕ. Може требал да намести аларм сабајлето во 15 до 9 и да се врати кај тебе в кревет за кога ќе се разбудиш до тебе да биде, м? А, замисли да останеше да спие во истиот кревет, ама да се разбудеше пред тебе и да станеше за во тоалет..... па ти да се разбудеше и да не го најдеше до себе. И тогаш ли ќе му се лутеше? Премногу драма за ништо. Не глуми многу, побарај го човекот, цел збунет и со прашалници го имаш оставено. Не се потрудил да ја врати.... сакаш ли цел комшилук да го разбере дека си се расплакала зашто од топло кутриот не можел да заспие? Јас сум сто посто сигурна дека тој не се ни сомнева во причината за твоето детско лутење. Не те личи на 21 година за вакви работи да се лутиш.
Де бре што ја направивте @JustFun како марсовец да побара девојката за дечко, а не нормална личност. Јас воопшто не се согласувам дека бара премногу. Културен, нормален дечко што ќе ја сака и почитува и има смисла за хумор за вас е премногу барање? Тек моите стандарди да сте ги слушнале ќе сте се крстеле. Ако немате високи стандарди, нема ни да го добиете тоа што го сакате, тогаш ајде да се задоволуваме со било што. Мислам дека има сосема нормални барања. Што помалку од тоа да бара? Почит и љубов зарем е премногу? Како и да е, @JustFun сметам дека си дојдена до онаа фаза кога стануваш индиферентна на се' околу тебе. Обично тоа се фазите на преболување. Прво плачеш, па си бесна и лута, после почнува да ти станува сеедно и на крај продолжуваш со животот без последици. Ништо страшно. Само најбитно во овој момент е да не се залетуваш во врска зашто се' уште ти се измешани чувствата и не можеш да донесуваш правилни одлуки во врска со такви емоционални прашања. Почекај, среди се, па ќе биде се' во ред. И, не се откажувај од тоа што го сакаш, никогаш. Во случај да прашате, не се задоволував со ништо помалку од тоа што јас го сакав, па еве сега сум среќна со личност која е баш таква каква што јас посакував. И не мислам на физички изглед, за физички изглед никогаш не сум имала некои посебни строги критериуми, освен мене лично да ми биде убав на изглед кога ќе го видам. Ама за карактер, однесување, култура, хигиена, речник, размислувања и еден куп други работи и тоа како сум бирала.
Ај што се не ќе прочитам...многу филмови гледаш девојко. Па мене ако ми е жешко на тараса ќе си спијам бе. Детска работа, ко дете си се испонашала.
@Bundaa , викаш одма си заспала само што легнавте. Имавте односи? Можеби тој се налутил оти одма си заспала, а тој чекал галење и сл., па си легнал долу.
Што мислите за врска која што ќе ја држите во тајност од Вашите родители,бидејќи едноставно мене не ме сакаат неговите,а моите не го сакаат него...без причина,едноставно луѓето си ставиле во глава дека мора да се разделиме и тоа е тоа..Еве денес кажав дека сум раскинала,мајка ми само што не почна да слави. А исто и он кажал истата реакција била и кај него..Би требало сега полабаво да ни е,барем ќе немаме притисоци..Се сакаме..Би успеале ли сами? Без подршка? (Која што никогаш нема да ја добиеме од Нашите) Што мислите?