Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Не знам точно за колку години зборуваш, но сигурно дечкото си има некоја друга. Секогаш сфаќаме што губиме после разделбата, што е сосема нормално. Ако навистина сакаш да го заборавиш почни да излегуваш со некое ново момче, за кое барем малце би била заинтересирана. Верувај не вреди да се трудиш да вратиш некој што не сака да биде со тебе, сум пробала и тоа не функционира така. Зошто да не си фатиш нов дечко, па животот не се состои само од патење по бившиот ! Посвети си го цело време на себе, немој да бидеш ладнокрвна и дозволи му на некој дечко да ти се приближи, без разлика дали во живо или преку социјалните мрежи. Не вреди никој да мислиш и да патиш по него, посебно не со години. Како тебе и јас се мачев, но кога видов дека некој друг ме сака неизмерно и многу повеќе од претходниот си викам тешко мене што сум мислела некој кретен толку време. За сите има по некој што ќе не сака, ама ти треба да го пронајдеш твојот :*

    ЈАС НЕ СУМ ЗА ДА ГО ПОБАРАШ! НЕ се враќај на ништо што пропаднало. Ако некогаш нешто се одело, немој да мислиш и да се залажуваш дека пак ќе биде по старо
     
    На neongirl07 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Женски
    @Annora @pupi.girl
    Фала и на двете за советите. Сега за сега ништо не правам, не сум спремна на ризик :(
     
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ти не си спремна со твоите чувства,да си го сакала толку не ке си го оставила.Човек заљубен е спремен на секој ризик !!
     
    На Скопјетесакам, Yeeah, skorpija123 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Во љубовта нема гордост, но не вреди да се трудиш да вратиш никој што не сака да биде со тебе, посебно после неколку години :)
     
    На untitled12 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. skrsenotosrce

    skrsenotosrce Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    18
    Ќе сака некој да ме посоветува?
    Се имам изјаснето во други теми од какво семејство потекнувам, семејство каде што се беше на прво место освен јас. Имаше еден период кога бев во врска со еден дечко кој беше незнам како да се изјаснам, беше македонец, христијанин ама црн беше од тие мелезите или како и да ги викаат. Тој имаше тетка мажена со вистински ром, муслиман па имаше и такви братучеди вистински роми со кои се дружеше но не беше многу близок. Во периодот кога бевме заедно (некои 7-8 месеци) се криевме, зошто несакав да ме гледаат со него. Не дека ми беше срам ама ете несакав проблеми. Вака така ме виде пола град и ете ти озборувања. Зад мене слушав ете ја онаа што одеше со цигани.
    Кога се фатив со сегашниот дечко тој знаеше, иако јас незнаев дека знае. Еднаш од околу ме праша и се изнервирав мислев му кажувал некој, кога тој ме имал видено зад едно школо. Го прашав најискрено и најотворено, дека ако му пречи тоа ќе си се тргнам самата од него дури е време свесна сум до толку ама рече дека не му е гајле што било во минатото го интересира иднината со мене. И така испадна ме нема ниту прашано, ниту преречено нешто за тоа. Е мене поради тоа ми е срам да шетам со него во јавност, несакам сите да се вртат по мене иако другарките ми викаат дека преувеличувам и дека тоа е заборавено, не сум единствена во градот за мене да ме мислат и паметат сите.
    Тој сака да ме запознае и со неговите, и да ги запознае моите и сериозни намери има ама мене најмногу проади тоа ми е срам, мислам дека неговите попреку ќе ме гледаат. Ако еден ден му бидам жена а неговите слушнат од некаде за тој срам, зарем нема да ме мразат? Какво мислење ќе имаат за мене? Незнам што да сторам веќе, поради тоа се мислам да му раскинам и засекогаш да останам сама, изгледа друго решение и немам.
     
  6. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    и да не правиш ништо , почни си друг да си бараш , јас ке ти кажам нешто најискрено дека вистинската љубов никогаш не умира , да му било галје за тебе ке те побарал , штом не те побарал не барај го ни ти , сигурна сум дека ако се потрудиш ке си најдеш некој што никогаш нема да те напушти :) и запомни никогаш не се понижувај пред некого да го бараш , ако те сака и да си била крива упорно ке те бара :)
     
    На neongirl07 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.863
    Допаѓања:
    173.413
    Пол:
    Женски
    Срце, едно нешто ќе ти кажам а ти како сакаш разбери ме.
    Ако си ти среќна, ако на дечко ти не му смета, тогаш воопшто да не се замараш со минатото.
    Не знам колку години имаш, ама ако дечкото е сериозен со тебе, толку е. Крај!
    Штом го кажал тоа, веројатно и го мисли. Штом на него не му е срам, не треба ни на тебе.
    Крај краева нема неговите да те земат за жена, туку тој.
    Ако ти си неговиот избор и тој твојот, терајте си ја врската како што на вас ви одговара. Минатото остави го зад себе. Сигурно и тој не бил светец порано..

    А ти, со кого и да си била, ако тогаш било од љубов макар и моментална, воопшто не треба да се каеш.
    Не си направила ништо погрешно!
    Луѓето се такви. Балкански синдром ;)
    Ќе зборат, ќе зборат и на крај затни им ги устите.
    Не дозволувај тоа да ти влијае ни 1% во врската.
     
    На skrsenotosrce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Ма немооој! Како да те побара тој кога ТИ си му раскинала? Ти си му кажала дека не си сигурна во своите чувста и сега очекуваш тој да те бара? Си ги побркала работите девојко. Ти си го оставила, сега ти барај го.
    Фер е така, од кај да знае тој дека сега си сигурна во своите чувства? Од каде да знае тој дека сега го сакаш? Значи ти си таа што овојпат треба да го направи првиот чекор.

    Што ризикуваш? Подобро ти е вака да живееш во некои лажни надежи и илузии?
    Пресечи за да почнеш да живееш како што треба.
    Ништо неможеш да изгубиш. Него неможеш да го изгубиш затоа што не го ни имаш, неможеш да изгубиш нешто што немаш. Во твојов случај што и да направиш ти ќе добиеш.
    Ако му кажеш најдоброто нешто што може да се случи е да бидеш со него заедно, а најлошто нешто што може да се случи е да ти каже дека несака да биде со тебе, но барем ќе знаеш на што си и ќе си го продолжиш животот. Некое време ќе патиш но ќе ти помине, ќе можеш со чисто срце да продолжиш да бараш љубов.

    Во љубовта не треба да има гордост. Ти си му раскинала, ред е на тебе да го побараш.
    Сврти телефон и кажи му дека сакаш да го видиш. Немора дирекно да му кажеш викни го да искочите, прво опипај ја ситуацијата па после ако сметаш дека има простор кажи му но девојко НАПРАВИ НЕШТО. Греота е да ти пропаѓа љубовта... од кај знаеш може тој уште те сака... :)
    За љубов секогаш вреди. Се вреди. Нема да се понижиш, не е тоа понижување да се бориш за љубов... :)
    Со среќа.

    Леле само немој уште да чекаш доста е.
     
    На Hipica, Sanjichka007 и neongirl07 им се допаѓа ова.
  9. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Како што знаеме да ги направиме така треба и одпосле да ги сносиме на грб постапките, прва работа. Втора ти некако си ми пресрамежлива, од све се срамиш а воопшто не ми личиш дека си анѓелче. Трета работа видовита ли си па што знаеш дека ќе се земете? Многу сте ми нејасни најсериозно, овој оној што ќе кажел, па дај ако не не диши зошто нели незнаеш кој што ќе каже....! И тотален дисреспект е да се обраќаш на другите нации како погоре, барем основна култура покажи. Почни да се менуваш себе, па подоцна барај мани кај другите. Мене ми делува дека ги имаш повеќе од една.
     
    На skrsenotosrce, skorpija123 и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Ве молам за било каков совет. Знаете за бившиот кој што се уште го сакам. Сега имам дечко кој иако ми е убаво со него, не е тоа тоа, не е вистинска љубов, барем од моја страна. И знам дека ако заминам кај него секој ден ќе плачам. Моите се против нашава врска и спремни се да се откажат од мене. Иако јас негирам, длабоко во себе знам дека тој не е за мене и се во право моите. Тој не е лош човек ама не сме еден за друг. Ама бидејки бившиот ме откачи од причина што мислеше дека не сум нормална и страв дека друг нема да ме сака сум со сегашниов дечко.
    Не сум млада туку мала, уште немам наполнето 18, дури следната година ќе полнам 18. Тој е многу постар и во различна околина сме пораснати и се.
    Дома живеам како кралица, ги имам сите можности, а ако заминам кај него, моите ќе се откажат од моите и сите останати, секој ден ќе плачам бидејки ќе легнувам навечер до некој што не го сакам. И не знам ни каде ни од што ќе жживееме. Сигурно нема да ме смести кај него дома што има само една соба и да спиеме во соба со неговите, работа нема и како ќе живееме стварно не знам. Знам, дома ми е преубаво, ама утре ќе ги нема моите и сама да останам. Всадено ми е во главата дека ќе останам сама. Си велам штом не можам другарки да имам па како дечко ќе имам. А ако му расќинам на овој се ќе добијам од моите. Можам да се запишам на кој факултет сакам, да шетам кај сакам низ светов и други работи. Ама во некои моменти ми доаѓа да избегам кај него од тој пусти страв да не бидам сама. И што да правам? Да се омажам за него? Да го изберам него или моите родители и овој прекрасен живот во родителскиов дом (иако со татко ми и така не зборам)?
     
  11. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    17.954
    Во твојот пост се гледа дека си тотално незрела и неспремна за брак. А како и би била на 18 години? Да се омажиш со некој што не го сакаш само заради страв да не останеш сама и тоа на 18 години? Извини на прашањево ама дали си ти нормална?
    Запиши се на факултет, вложувај во себе. Мажачката не ти бега.
    Ќе запознаеш нови луѓе, ќе стекнеш нови познаства и пријателства, а сигурно и нова љубов.
    Престарена била ќе останела сама... ЦЦЦ
     
    На Candid, MilaP, SimonaTino и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. nat17

    nat17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Доколку го сакаш тогаш добро..ама пишиш дека го нејќиш и сакаш да се мажиш за него? Животот е пред не размислувај така дека сама ќе останиш имаш време за се мала си уште според мене..и никако немој да се откажваш од твојте за некој шо го неќиш од страв.
     
  13. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    Дечкото не го сакаш. Твоите се против врската. Се мислиш да се омажиш а велиш дека нема да има ни од што да живеете. Девојче имаш 17 години, животот е пред тебе, ќе се појави некој кој ќе те сака и кој И ТИ ЌЕ ГО САКАШ. Остави го дечко ти штом не го сакаш, излегувај и ужувај во животот, кога ќе дојде вистинскиот кого ќе го сакаш со цело срце е тогаш мажи се, вака не.
     
    На SimonaTino, Miss.M5 и Hajdi22 им се допаѓа ова.
  14. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски

    Дека сум неспремна и незрела за брак точно, ама дека не сум нормална не е точно. Сосемаа сум нормална, само ова е многу тежок период за мене.
     
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    Девојченце, многу си млада и послушај ме само едно-подвиј си го опавчето и седи си мадро дома.Сега до некаде размислуваш дека се ќе изгубиш ако си заминеш, ама друго е реалноста...не што ќе изгубиш се (фамилија) туку и идниот сопруг преку ноќ ќе го отсакаш.
    Не ти треба брак сега
    Цел живот е пред тебе, ете кажуваш дека можеш се да си дозволиш...
    Оди студирај на страна некаде нели може да ти приуштат твоите и така оддалеку поубаво ќе си размислиш.
    Не си ти ненормална, само си тинејџерка и не си созреана.
     
    На Candid, Luna91, Hajdi22 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Не ставај здрава нога во оган,премлада си за брак,ти уште асална врска немаш а не пак да стапуваш во брак.Гледај таму да си се запишеш на факс да просперираш во животот,има време за брак целиот живот е пред тебе.
     
    На Kukla994 и referentka им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Од секогаш сум била за мотото не се карајте за дечко со никого.
    Јас ќе ти кажам брак не е парче хартија, а ти сеуште си млада и во рана фаза за тој чекор.
    Од мене совет добиваш само послушај си го срцето.
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.792
    Пол:
    Женски
    А бе и распустов си има своја магија. Ако ова е вистина, многу незрела одлука. Не поради годините, туку поради изборот да бидеш со некој којшто не го сакаш. Знаеш ли колку ќе се сменат работите штом еднаш влезеш во брак? Драстично. Кога си девојка, може и да се испцуете, да треснете врати, да одите дома. А ваму кај него, во една соба, кај ќе се издувате?

    Сакаш да ти кажам во брак како е? Веќе со самото склучување на брак, си имаш должност и семејство кон коешто ја имаш таа должност. Нема да му се муртиш за ситници, туку ќе гледаш што поголеми грутки да проголташ (секако и двајцата сопружници ова), секако сè до одредени граници. Ќе размислиш 5 пати пред да заминеш кај мајка ти откако ќе се налутите затоа што во врска и во брак тоа одење кај мајка ти и напуштање има друго значење и друга димензија.

    Го знаеш намирисан, дотеран и спремен за искачање, во брак ќе го знаеш и во неговото најмрачно светло, а може и да му го научиш и најубавото. Едноставно, во врска којашто не е многу сериозна, личноста ти е претставена во ограничен број на димензии. Покрај некој којшто го сакаш не се лесни овие работи за навикнување воопшто, а замисли пак какви ќе бидат покрај некој којшто не го сакаш.

    Една е тежината пред носење одлуки пред брак, а сосема друга во брак. Иако жените се храбри и тогаш и тогаш.

    Каков стана светот, не дојде работа да ти е страв од останување сама, туку страв дали ќе се научиш да уживаш во сопственото друштво. Второво е многу поважно да го постигнеш. Не е тоа заминување кај него во една соба со сите укуќани авантура иако сега така ти се чини. Тоа ќе е многу озбилна работа.

    А и тие родители па, одма со тоа откажување... |( Ко детето да им е криво што немаат моќ да му посочат некои работи и да го придобијат и да го натераат да ги слуша во исто време.
     
    Последна измена: 22 јуни 2015
    На Candid, Nausicaa, eloves и 7 други им се допаѓа ова.
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Немој да живееш за другите и да внимаваш секогаш што правиш и како правиш. Твој избор е со кого ќе излегуваш, зошто и како. Не верувам неговите родители да се толку заостанати и да копаат по твоето минато, па уште и да ти пререкуваат за тоа што некој твој бивши имал братучеди што биле полу цигани. Мислам дека не треба да се оптеретуваш со тоа. Било и поминало. Никој не треба да ти префрла за нешто што се случило порано, а посебно не дечко. Немој да му раскинуваш само гледај некои црни мисли да не ти се моткаат низ глава. :)
     
    На Dust и skrsenotosrce им се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Хајди, родителите сигурно не ти мислат лошо.
    Велиш многу постар од тебе, сигурно тоа им смета на твоите родители и несакаат да ти дозволат да излегуваш со било кој бидејќи како што викаш те чуваат ко принцеза.
    Премногу си млада и сметам дека повеќе сакаш да им водиш инает на твоите одколку што вистински сакаш да се омажиш. Премногу си млада за брак, сега во лутина, нервоза и разочараност го збориш тоа, а утре ќе се освестиш и ќе сфатиш какви глупости ти паѓале на памет. Бракот е сериозна работа и не терба незрело да се влегува во него или од невистински причини, во брак се стапува исклучиво од љубов, секоја друга причина е погрешна и неможе да донесе среќен соживот.
    Животот е пред тебе, млада си, можеш многу работи да си дозволиш, оди школувај се на најдобрите факултети, ќе запознаеш многу луѓе, другарки, другари, ќе искачаш, ќе се дружиш, ќе најдеш работи и ќе направиш кариера. Има многу побитни работи одколку брак на 18 години и тоа со човек што не го сакаш. И бившиот ќе го заборавиш и се ќе помине.
    Ајде земи читај некои позитивни книги кои ќе ти помогнат да излезеш од тешкиот период.
    Започни некое хоби, земи си милениче и посвети му се. Луѓе можеш да запознаеш на секој чекор, само треба да бидеш ведра и искрена, нема човек што несака таква личност за пријател.
    Батали дечковци, мажење, бегање од дома глупости премлада си, уживај во животот. Дечковци ќе има милион, ехее уште колку пати ќе ти го скршат срцето и ти ќе им го скршиш срцето додека да дојде вистинскиот.
    Не вреди да се заврти грбот на семејството, не вреди да се изгуби поддршката од семејството додека си вака млада и за нешто несериозно, па ти не си ни заљубена во човекот. Утре кој ќе стои зад тебе? Кај кого ќе отидеш ако тој те напушти?
    Пред да им свртиш грб на родителите барем осамостали се. Љубов и човек кој ќе те сака сигурна сум дека ќе најдеш, другштво, другарки и тоа ќе си дојде само немој да бидеш негативна и разочарана.
    Позитивноста привлекува позитивност.
     
    На Nausicaa, Dust, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.