Дете, сериозно ли со ова? дај малце освести се, ти немаш ни 18 год, сеуште ти лета паметот, и со тоа мислиш ако си сама е најлошата работа на свет.. И што ако бидеш сама? Ќе се деси нешто? м? И што ако бидеш со некој што не го сакаш, колку ради реда во кревет да му бидеш тресни ја главата, мисли на факс, на шетање и на друштво
Битно Хајди пак нагласи дека ко кралица живее, добро мила, го сфативме тоа и во претходните постови ама исто сфативме, барем јас сфатив, дека си тотално незрела и несериозна. Оди, слободно стапи во брак. Убаво да си поминеш на свадба. Те чекаме после во темите за труднички муабети. 17 години еј 21ви век сме да те потсетам....
Хајди Хајди колку си ти умно девојче...но...многу распрдено или размазено,сори плис!! Ти многу убаво си ги ставила работите на кантар и си проценила што би било кога би било вака или онака! Тебе не ти треба совет, ти треба по се изгледа друштво...но ете не имаш нас сите тука. Како ли е да живееш како принцеза?
@Hajdi22 дете по илјадити пат ќе ти кажам не се трескај од земја. Млада си и незрела и не се залетувај, не донесувај одлуки за кои со гаранција ќе се каеш. Остави ги родителите на страна и се останато ама биди свесна дека својот живот ќе го уништиш. Брак не е исто што и врска. Има време кога да бидеш нечија сопруга, сега биди си тоа што си, девојче. Ти кажав и во друга тема, само мислам дека бев погрешно сфатена. Проблемот е во тебе, премногу негативно гледаш на работите. Ќе се случи ситница ти веднаш се залетуваш и носиш недобри одлуки. Исто како што ќе се самоубиваше затоа што си немала друштво или дечко или незнам ти што. Ти имаш 17 години, немаш 40, па и да имаш никаде не пишува дека треба да си со човек кој не го сакаш. Освен што не го сакаш тој човек како што кажа и самата нема услови за нормален живот. Се согласувам дека и родителит некогаш грешат ама ти се сеуште дете и тие се во право, дечкото денес го имаш утре го немаш ама родителите се тука секогаш за тебе, од нив подобри пријатели нема да најдеш. И кај мене имало периоди кога со моите лом сум се правела и не ме разбирале, ми паѓале секакви идеи на памет ама никогаш не сум дозволила едно погрешна одлука во момент на нервозе да ми го разниша и уништи целиот живот.
Ни на 18 ни на 58 не треба да си со некој што не го сакаш бе девојче. Излегувај,дружи се,шетај и се ќе си дојде на свое место.И немој да мислиш на мажачки уште од сега.Ти треба да го средиш односот со родителите,тоа треба да ти биде преокупација.
@Hajdi22 значи дилемата ти е дали од заебанција да се омажиш за човек кој не го сакаш или да продолжиш со животот, со или без факултет и да си дадеш време да запознаеш особа која ќе ја сакаш. Не си играј со животот и не си ставај трн во здрава нога. Сама си свесна што треба, а што не треба да направиш.
Здраво на сите. Имам еден проблем па секој совет би ми бил добредојден. Заедно сме 1 година и 4 месеци. Но во последниот месец забележувам промени кај него. Често е презафатен па и помалку време поминуваме заедно, често ми коментира за секој мој збор. Знаете како и во секоја врска има и добри и лоши денови. При секоја караница наговара за крај, ми зборува за тоа дека не сака нервози и сл. Често ми вели да не го барам повеќе, да го избришам неговиот број.. бидејќи сум упорна при ѕвонење ми бели дури и дека телефонот ќе го исклучи.. А од друга пак страна е доста романтичен, ме заведува со неговиот шарм.. Најважно е што знам дека ме сака, а и јас го сакам премногу.. Вреди ли да останам сонего? Благодарам однапред поз
Е сега многу нејасно зборуваш. Не ми е намерата да те критикувам, ниту да те омаловажувам, но прво зборуваш дека не го сакаш и не си сигурна за твоите чувства, а потоа дека ќе жалиш ако го оставиш. Поради што? Ако нема ништо посебно што те привлекува кај него, како карактер, однесување, поддршка и друго, тогаш тие основните работи од една врска можеш да ги добиеш од било кој. Не сум многу постара од тебе, и не сакам да се правам премногу мудра, но имав и јас 17 години, и баш во тој период направив грешки за кои ќе ми биде криво секогаш. Друго, многу тинејџери на таа возраст ги посакуваат нештата кои што ти ги имаш, а тие не. Искористи ги паметно!! Патувај, образовај се, запознавај нови луѓе, нови пријатели, не брзај да пораснеш и да стапиш во брак! Има многу работи кои допрва те чекаат, многу убавини на животот кои чекаат да бидат зграпчени. Сѐ ќе си дојде на свое место, сѐ што треба ти да направиш е да размислуваш паметно, и да уживаш во тинејџерските години. А другото, само по себе ќе си дојде
Разговарај со него за тоа, не донесувај брзи заклучоци веднаш. Но доколку продолжи така треба да се запрашаш дали би продолжила да бидеш со таква личност која се лути за се? Јас ова ти го кажувам од лично искуство затоа што бев со таква личност долг период, на крајот попуштија нервите и секој по свој пат. Реагирај со време да нема после плачки.
Па доколку искрено го сакаш вреди да останеш со него, но најпрво види испитај, разговарај од каде таа промена.Не е доволно само еден да сака и да се труди врската да успее,а другиот да си го храни егото со тоа што ти ми звониш, он се прави недостапен, караници за банални работи според него водат кон крај па чекај малце не е единствен на планетата за вакво измачување на некоја личност, не си ти жртвено јагне да те прави приглупа на секој збор.Сепак сега за сега се гледа дека сакаш да си ја спасиш врската и најдобро би било да разговараш од каде таа промена.
@No name 14 најважно е што знаеш дека те сака... Ти вели да не го бараш повеќе, да го избришеш неговиот број... ова не е љубов, драга. Јас да сум - ќе го послушам. Не го барам повеќе. Па ќе видиш дали навистина го мислел тоа што ти го рекол или не.
ке се надоврзам на темата за хајди22 јас разговарав со неа и во приватна порака(можеби е невкусно што кажувам ) сакам да помогнам ама стврно незнам што сака од животот мене ми збори едно во темите збори друго ...стврно незнам.....
Ти треба од самото негово однесување да заклучиш дали те сака или не. Можеби зад постојаното навестување дека сака да ти прекине,а и тоа што нема време да се видите, се крие поголем проблем. И остави го малку тој да те бара кога се карате,а не само ти да му ѕвониш и да го молиш.
Од некаде јануари па наваму пишував со еден дечко..го одбив за излегување,после мене беше со 2 други,и повторно го одбивав 2-3 пати за излегување,и му се засвиѓа една друга...Вчера го видов и сватив каква глупача сум била..Он престана со таа,па дали би требало да излезам со него,бидејки он секогаш прв раскинува како што знам...
Не објасна баш најубаво, ваљда за глупача мислиш дека е премногу физички привлечен и не си требала да го одбиваш.По ова напишаното сватив дека дечкото си скока од женска на женска НО постојат две варијанти или е свесен колку е привлечен и колку женските паѓаат на неговиот шарм па си игра или бара љубов,а овие неколкуте не успеале да ја разбудат во него.Сепак од неколку пати пишување и од кафански муабети ''како што знам'' неможеш да го процениш човек.Ако толку те привлекува излези со него пријателски и запознај го каков навистина е,па ќе знаеш понатаму.
Здраво на сите, ми треба совет и мислење. Имам 17 години и се гледам со едно момче веќе 2 месеци и се е супер, кога почнавме да се муваме планот беше дека ќе сме заедно се додека и двајцата не заминеме на одмор (не одиме на исто место) а тоа е на 3ти Јули, мене ми одговараше на почетокот, но некако ја затеравме работата и на неколку пати почнав да зборувам на таа тема и тој постојано ја одбегнуваше, и јас сфатив дека не сака да се скараме. Но, претходната недела бевме излезени и од нигде никаде кажа завршуваме ние двајцата кога ќе заминеме на одмор, и после тоа почна поретко да ми пишува обично се слушавме на телефон, сега во последно јас ако не го побарам тој нема. Од друга страна па брат му е нешто болен, не знам од што па си помислив дека со тоа е зафатен и не ни го барав, но потоа ми кажа другарка ми дека таа со него си пишувала и бил најнормален и си излегувал со другарите. Не знам што да правам осеќам дека ме одбегнува, дали вреди да пробам да му го сменам мислењето, бидејќи јас реално и не сакам да се скараме или едноставно да го пуштам да си оди?
Епа детето си стои на договорот. Сигурно не сакаш до последниот ден да се гледате и после да има кукања и плакање. Пополека се оттрга од тебе, тргни се и ти од него и не го барај, потешко ќе ти биде. Кога ќе се вратите од одмор може пак да продолжите да се гледате.
Па ако го сакаш тогаш предложи му да бидете заедно и продолжете си среќно да си живеете до крајот на животот