И јас според тоа што го напиша лудача таков впечаток добив... Offspring целосно се согласувам со тебе.Во една врска човек треба да се чуствува исполнето,среќно , секако дека во секоја врска постојат проблеми,караници...но кога тие ќе почнат да се случуваат секојдневно тогаш нешто не штима како треба...почнала врската да се лула...
Лудача по се изгледа те сака дечкото,сака да се гледате и да бидете почесто заедно.Тебе по се изгледа не ти значи толку многу штом не те интересира дали те звони или те бара. Со тоа што продолжуваш се измачуваш и себе,а и него.Подобро раскини и објасни му убаво како што... Само немој после да се предомислиш затоа што многумина откако раскинале се покајале за тоа.Размисли убаво што ти значи тој во животот пред да направиш важен чекор.Поздрав.
Багуфче што ако ја сака кога ја нервира? Има ли поента? Уствари, неможе да ја сака чим ја нервира секојдневно. Признавам и мене ми се случувале караници и на кој друг не, ама ако се случуваат секојдневно тоа не е врска, тоа е обострано измачување. А задоволство, во никој случај!
Ама тој и во секој момент различно реагира.Се убаво и на крај ќе се развика според кажувањето на лудача.А и да под таков притисок и ќе ти одмили ќе чекаш само да се откачи од тебе и ништо друго!
Кој притисок е тоа, да се стресуваш и потресуваш секој ден дали него ќе му биде океј или нема. Дали ќе се развика или нема. Откачи го таму, ич да не се секираш! Машки врие на светот. Зошто да биде тој, кога може да биде некој подобар?
а што да правам јас??? немаше немаше никој а сега двајца е сега едниот ми се свиѓа повеке и одамна па еве сега оваа недела треба да се договориме да излеземе на кафе, а со другиов ми е бивши ама од многу одамна дури од пред 3 години кога идевме и сега пак нешто се допишувавме и ме покани на кафе е сега откако раскинав јас со него после некое време пак се мувавме 2 пати и отпосле се немавме видено скоро 2 години а на мсн онака контактиравме и сега откако раскинав со дечкото после 3 недели ме покани. Е сега незнам што да правам дали е во ред и со двајцата да излезам а ако излезам со едниот сигурна сум дека ке падне и мување.. а за со другито незнам а и глупаво ми е и со двајцата да се мувам сфакате.. хммм ај помогнете ми дали и со двајцата да излезам, а еден да одберам неможамммм а најбитно е што и со едниот и со другиот се немам долго време видено со едниот една година а со другиов 2 години... и сега што????!
Плавуша, а да си излезеш ти со не-бившиот нај арно? Тој најверојатно чекал да раскинеш па да ти се закачи пак. Плус, без навреда ама ми изгледа дека бившиот те поканил на кафе затоа што можеби во моментот нема со која. Батали го таму, ако бил добар немало да биде бивши. Ништо не правиме во животот ако се навраќаме на нешто што поминало одамна. Терај напред, стекнувај нови искуства, не се враќај на старото кое ако било добро немало да заврши.
Плавуша не можиш да седиш на две столици истовремено,а кој да го одбереш не е наша работа да ти кажиме.Мој совет е да излезеш на кафе,прво со едниот после со другиот.Одбери го оној со кој повеќе ти иде муабетот,оној кој повеќе те засмева,кој има подобар карактер и сл. Сепак според мене старата љубов е прочитана книга и веќе и го знаеш крајот.Со ова што го кажав мислев на бившиот твој.Подобро почни нешто со првиот тип,пробај нешто ново.Можеби ќе успее...Поздрав
Плавуша па не мора да падне мување уште првиот пат. Излези само на кафе и види ,запознај се подобро.Можеш да излезеш и со двајцата на кафе и ќе споредеш кој повеќе ти одговара.Ама според мене мислам дека не треба да се навраќаш на нешто старо,тоа поминало и треба да остане како минато.Позз
На бившиот гледај како книга на која и го знаеш крајот Запознај се со новиов .. пружи си прилика со друг
не не, не е дека нема во моментот со која па ајде сега мене ме поканил на кафе тоа нема врска тоа сум сигурна... а и мислам дека откако раскинавме он немал девојка мислам врска немал... а иначе и да ви кажам јас му раскинав пред 3 години онака од чиста мира некако ми се здосади и не го сакав исто а и се појави друга личност во која се затрескав тогаш додека идев со него... и му раскинав без везе и останавме другари па после пак се мувавме и после тоа само на мсн 2 год комунициравме па еве сега после толку време се осмели пак да ме покани да излеземе... па видете сега и според ова дали мислите сепак да не правам ништо со него па дури ни мување? ајде пишете поззз
Па значи тогаш ти здосадило од него, па тој е сега истиот значи пак ќе ти здосади.Според мене не треба ништо да имаш чим не го сакаш.Цени се самата себе и не се навраќај и не биди со некој само онака,без да си заљубена .Барем јас не можам да сум така со некој. Можеш да излезеш со него на кафе , муабет ,ќе видеш што му се случувало ама без муање.Потоа излези со тој другио и со него така ,па сама ќе заклучиш со кој сакаш да си .
^ Плавуша, да бил добар не би бил бивши! Знаеш како викаат? Еднаш скинат конец, може да се состави повторно, но јазолот останува! Почни да пишуваш нова љубовна приказна со другиов... Многу среќа што и да одлучиш!
Штом тогаш ти здосадил и сега ќе ти здосади пак.Тој е истата личност од пред три години.Ќе биде истата врска,истиот муабет и истите навики.И пак ќе ти здосади... Подобро пробај со првиот тип,излези на кафе и не мора одма да се муваш.Прво види каков е на муабетот и карактерот.
хмммммммммм па и до некаде имате право истиот човек е ама... ок ке видам што ке направам ке излезам барем на кафе сега ме поканил може и само другарски онака ке си го испиеме кафето а и гледам повеке сте за првиот па и мене тој повеке ми се свига само се плашам да не е некој фраер зашто не му го знам многу добро карактерот неколку пати се имаме видено другарски... сепак фала ви на мислењата па ке видам што ке направам поззззич на сите
готово раскинавме....да го сакав лудо,го сакам, ама ми стана одбивен последнава недела откако почна се па неможам да се измачувам јас со него,се запучтив заради него и другарки и факлутет и дома се расправам со моите за да му удоволоам на него а он пак не задоволен...вака е најдобро боли ама ке поминеее...фала ви на сите за искрените совети..
Лудача браво за храбриот потег и за решителноста што ја поседуваш. И со среќа во потрагата по нов дечко