Пред се проблемите не се решаваат со бегање од нив,а дечкото дефинитивно бега заради тоа што е уште млад а се фатил со шишето,наместо да земе да биде пример за едни родители он гледа уште толку да тонат.Ако сега сака да пие што правиме во иднина?сега се коцка со она минимално што го има,како би живеела со него?каква иднина те чека дали си свесна?Пие,се коцка,касни,со тоа све иде и лажење така да убаво те советуваа,не влагај во оган без причина,гледај да си најдеш нормален и пред се добар дечко,батали пари,коли,матријално.И друга работа,нека твојте не ти бираат дечко нема они да спијат со него,и нема они да живеат со него,твој живот твој избор.поздрав и све најубаво
@angela19 Би ти го кажала истото што и сите други, бегај додека не е касно. Таква личност не се менува, посебно што кога не е во добра финансиска состојба а тој е единсвен вработен наместо да помага дома тој ги троши пари на алкохол и коцка. Страшно Не се прашувај каква иднина имаш со него едноставно немаш иднина. Единствено нешто што можеш да добие е страдање. Можеби сега не е насилен, можеби нема ни да биде но верувај дека нема да имаш лесен живот со него.
@angela19 Мој совет што подалеку однего толку подобро за него, затоа што тој ако не се сменил досега нема да се смене ни потаму, тој ако на 24 години не е сериозен нема ни да биде, сега можеби не е насилен под дејство на алхохол ама еден ден ќе биде....Поздрав
Никогаш нема да се промени не се надевај воопшто, бегај што подалеку. Што би рекле србите „Вук длаку мења али чуд никада“. Пие ама не е насилен, што ќе ти пијаница бре ни пемпелето нема да му работи нон стоп натрекан и по казина до сабајле, затоа живеат во подрум и една соба. Кога би размислувал како нормална личност би се потрудил и мајка му да ја извлече од таа дупка.
@angela19 Сега викаш не ти пречи што живее во 2 соби, во подрум ама во иднина ако стане сериозна врската верувај дека ќе ти пречи. Во иста соба со свекрвата, со деверот а замисли само и тој кога ќе се ожени. Па ете да погледнеме уште подалеку во иднината, замисли деца кога ќе имаш. Замисли и деверот деца кога ќе има...10 души во две соби ќе седите. Ајде за седењето мање више (ма да и тоа си е важно), ама ете и каратктерот му е катастрофа. Сигурно одма зема плата и ја троши на пиење и коцкање. Плус одма рачунај дека ќе имаш проблеми со твоите. Кои родители сакаат ќерката да ја дадат на таков човек плус нема ни кај да живее нормално? За тоа што е сиромав ајде да не коментираме зошто богатство сега го имаш утре не, ама тој ако е амбициозен досега, на 24 годишна возраст, ќе се потрудел нешто повеќе да постигне, ама очигледно многу поважен му е алкохолот...сигурно во него си наоѓа утеха. Така да, како и сите што ти кажаа (ете и другарите ти кажувале најдобронамерно) и јас би ти рекла тргни се од него со време. Почнувај да го одбегнуваш и сам ќе сети нема да те бара толку. Ќе запознеш некој друг
Не знаеш каков би бил со тебе, дали ке те коцка за да игра да добие, не знаеш дали ке биде насилен со тебе ама повеке од случаевите со таква личност завршувале лошо. Не ти препорачувам освен ако не си подготвена следен пат да дојдеш повторно ова и да се жалиш за третманот од негова страна. Ти како сакаш, изборот е твој но не знам зошто не помислуваш најпрвн на последиците. Што би советувала ти твоја другарка да бара помош за таков случај? Ќе и дадеш зелено светло да си мава глава од зид?
Срцка, само вежбање, и не се умарај, изгледа нема мувано, па незнае како, или па така се мува, Ајде па и ти со си за еден јазик сеа ли. Самата негова ситуација ти збори за каков човек станува збор. Без татко, каде живее, како живее, несериозноста,коцката, пиењето.Таков човек е нестабилен, а уште повеќе ќе биде кога ќе се поднапие многу, ќе дојде дома, и ќе се ишамара, Ок може нема, ама со такви луѓе, тоа само можеш да очекуваш. Мада, може и не е таков, ама чим е навлезен во коцнањето, пиењето, немање пари после тоа, ти ќе бидеш таа "кривата" ако нешто се деси. Подалеку од него, добронамерен совет.
Ве разбирам на што мислите и што сакате да ми кажете. Ама после бившиот дечко прв пат вака да се загледам во некого, да ми се засвиѓа иако кога слушав за него една ми вика се коцка, друга ми вика пие, другар ми вика до сабајле лумпува по дискотеки и кафеани се разочарав, најискрено. А и воопшто не личеше на таков, не дека го немам видено пијан ама не личеше на насилник. Сепак благодарам за советите девојки.
Ако е прв после бившиот не значи дека ќе биде последен. Не влегувај самата во кал подоцна нема да можеш да излезеш.
Девојки значи вака се скаравме со еден пријател пред 5 месеци а пред тоа многу се имавме .. И сега не сакам да се смириме но сакам да му пратам порака и да му кажам дека сакам да го видам на 15 минути утре за последен пат .. А навистина многу сакам да разговарам со него навистина е многу важно не не знам како да постапам а да знам дека ке прифати??
разлог за видувањето е повторно да се ''имате'' барем мое лично мислење како машко дека тој ке го сфати тоа како да го бараш за секс ништо друго
@neongirl07 Верувај во иста ситуација бев откако го изгубив сфатив колку ми значел уствари и 9 месеци пробував да го вратам се напраив буквално и на крај сфатив дека сум пробала другото е негово така да пробај нема што да изгубиш само може да си напраиш тебе да ти биде подобро и да не се обвинуваш. Нема врска и да излезам со најголем лепотан што се вика би одбрала некое место кај што нема толку луѓе за да си напраам асален муабет и да се осеќам опуштено.Се зависи до човекот.
Ако не сакаш ништо понатаму со него, нема потреба да го бараш и да разговараш со него. И јас сум се нашла во слична ситуација, да ми се свиѓа некој што има недостатоци од ваков тип, но длабоко во себе го криев тоа и не дозволував да излезе на површина. И секој пат кога и да помислев на него, си викав во себе дека девојче ко мене, од угледно семејство, каде што никој не пие, ниту не се коцка не треба да запаѓа во такво семејство. Бев свесна на последиците со кои можев да се соочам доколку бев со него. Бев свесна колку само може пијанството и коцката да му наштетат на човекот и воопшто на мене доколку се одлучев за тоа. Никогаш не се надевај дека ќе се смени некој туку така. "Волкот го менува влакното, но наравот не." Ќе ти дадам само еден совет: слушај ги твоите родители. Ниту може да ти љубоморат, ниту да ти мислат лошо. Тие се единствените луѓе кои би се избориле за да бидеш среќна и да те пренасочат кон вистинскиот пат. Колку пати и да сме биле лути на нив, сепак на крајот сфаќаме дека биле во право.
Колку тоа многу се „Имавте“ со ПРИЈАТЕЛОТ. Беше пријател или љубовник? Ти го љубиш Пријателот и затоа ти е мака, инаку пријателите доаѓаат и си одат, не буквално деноставно се оддалечуваат со дружбата е тоа се пријатели. Другар е навистина другар, во добро и зло за кој треба да ти е мака.Јави му се, пиши му порака, ако сака ќе реагира, само не го разбрав делот „За последен пат“ ??????????
@FKIC Каква е твојата потреба да се видиш со пријателот, а не сакаш да се смирите? Нема пишано правило кое ќе го примениш и ќе успееш во намерата, особено ако имаш поинакви чувства кон него. За тоа, дали ќе прифати средба мораш да контактираш со него за да го дознаеш неговото мислење. Ако си изгубила другар од твои причини, те разбирам дека се покајуваш. А, ако си се оддалечила од пријателот што го љубиш, тогаш емотивното страдање те довело до конфузна ситуација. И како мислиш, да се видите на 15 мин. за последен пат
Нема тука никаква врска секс хаха туку за Последен пат да разговарам со него во животот да му кажам се што имам да му кажам и тка и постапив се договоривме па потоа секој нека тера по својот пат а точно дека јас имам повеќе чувства за него се плашам дека не е само другарство..
А што те спречува да му го кажеш тоа? Гордоста? Што ? И зошто за последен пат? што ти згреши толку тој? Размисли за да не се каеш подоцна.
Моја искрена сугесија е да не криеш чувства. Кажи си што имаш, од каде знаеш што ке се изроди. Не вреди ради гордоста да испуштиш можеби животна прилика. Пред чувствата и гордоста се поклонува.