Аа и да додадам имам една другарка кучка невидена мислам дека се пали на него и ќе направи нешто да му се упика имам доста причини ама ме мрзи да набројувам и цела вечер не ми пиша а на неа и лајкнал слика знам дека ова е патетично ама веројатно муабет правеле ептен ми е лошо сега не знам што да речам веќе а од друга страна не сакам да се карам со него не сакам караници тоа го научив од бившиот да го толерирам овој да бидам совршената девојка која не се жали од ништо ама веќе преку глава ми е, не знам....
Харли за друг ли дечко се работи? Чинам пред месец бараше совет за друг дечко и тогаш заљубена до небо. Мислам дека си ставаш розеви наочари и си замислуваш работи кои ги нема. Дај 17 години, млада, убава, паметна уживај во годините излегувај дружи се , не барај потврда во машките.. За љубов ќе си дојде сама по себе без да чекаш и да лошо е да бараш внимание, ако го нема едноставно не ти треба таков дечко. Верувај заљубен дечко ќе бара начин да те усреќи на секој начин, а напалени пубертетлии се знае што бараат. Најдобронамерно како на сестра ти кажувам да успориш малку и да се сакаш малку повеќе себе си.
Некои работи и не се за толерирање. За еден лајк не вреди да се прават скандали ама неговото невнимание кон тебе и не е така мала работа. На твое место ни сама незнам како би постапила. Најверојатно и јас не би го барала. Во врска со другарката, животот е таков секогаш ќе има злобни и задивливи луѓе на кои единствена цел ќе им биде да наштетат некому или да уништата нечиј живот. Си ги имам неколку такви во моја близина и знам како е, затоа избегнувам контакт со такви личности и не ги ни сметам за другарки, игнор само за таквите. Исто така многу се согласувам со Мими. Пубертетот е страшна работа, најдобронамерен совет би ти бил некој период да бидеш сингл, без дечковци без ништо, знам дека ќе ти биде подобро.
Не ми е толку лесно колку што мислите дека ми е, не сакам да навлегувам во работава... Фала ти Еловес, ми требаше совет конкретно за ситуацијава
Баш оти те читав за маките гледам дека потребата за љубов ја компензираш таму каде што ја нема, секое живо суштество сака љубов и ќе ја имаш ама во овие години е ретка и не е љубов заљубување секој месец. Многу повеќе ќе уживаш ако научиш прво да се сакаш себе, а не со сила да бараш поддршка и љубов од некој, сега ти се годините за уживање, вака само си создаваш празнини во душата и разочарувања. Советот ти беше и за конкретната ситуација, тазе врска а не ти посветува внимание? И немој да мислиш дека не треба да сакаш внимание тоа е дел од секоја функционална врска и може да ти го пружи заљубен човек... Јас само сакам да ти укажам да размислуваш со ладна глава и да не ги форсираш работите.. Зошто си толку опседната да му угодуваш а тој не може ни да се јави ? Со цело срце се даваш а добиваш трошки..
Јас не сум личност која може да е сама бар од тие причини, веднаш се осеќам посрано и осамено и тажно и ме прогонуваат старите болки ме прогонува тоа што ми фали од дома и знам дека тоа не е правилно ама не можам на друг начин да се справам со се бар моментално не се осеќам силна ве молам задржете се на тој проблем и да не зборувам за ова затоа што премногу ми е тешко....
Харли сакав ова и синоќа да ти го пишам ама не го пишав од причина што несакав да те навредам. Пред се сакам да знаеш дека немам таква намера. Искрено мислам дека тебе ти е потребно внимание, кое немора да е од момче туку на пример од дома, од родителите, твоите најблиски. Пред некое време и моето однесување беше ужасно. Несакате да знаете во која смисла ужасно а и нема да напишам од причина што ми е срам. Никогаш ама баш никогша не наидов на никакво разбирање од дома. На секој проблем се реагираше најпрво со викање, со кавги и расправии. Никогаш не ме прашаа како се чуствувам јас, важно беше што мислат мајка ми и татко ми. Иако не барав многу. Ако ви кажам дека во мој живот до денес, а имам 17 години никогаш не сум побарала од моите пари за кафе. Штедев и ректо излегував, а и кога ќе излезев сама си го финансирав излегувањето. Работам со Авон и со заработката си ја плаќам претплатата на телефонот на one. Знам дека ако надминам повеќе ќе нема излегување. Всушност и ретко излегувам и не трошам многу. И сето ова е на мое инсистирање, така научив да бидам постабилна и посериозна личност да не чекам се од мама и тато, со кои никогша не бев блиска. Да се вратиме на моите однесување сега. И мене ми недостигаше внимание, до осмо школските не ме сакаа ме навредуваа секогаш, затоа што голем дел од нив потекнуваа од образовани семејства деца на адвокати, наставници а моите родители беа никој и ништо во таа смисла. Скршнав од патот малку, малку повеќе де. Барав внимание на погрешни места, кај погрешни луѓе кои можеби индиректно ама беа свесни за мојата ситуација и се трудеа да ја искористат. На другарките им служев за потсмев, додека ни сама не бев свесна. Си мислев тие незнаат како е да си осамен, само ми судат. Ама грешев, и тоа многу. Разгледувајќи низ фемина наидов на една тема, (не е битно која) каде што еден пост на @okcenzi каде што реално имаше напишано некои работи во кои искрено се пронајдов, и друг пост на @tessie каде што сфатив дека секој може да успее и да стане подобар ме замислија, ме натераа да ставам прст на чело и да размислам, каква ќе биде мојата иднина ако не се приберам. И се прбрав, да полека пополека. Учењето никогаш не ме интересирало, ама оваа година имав подобри оценки од било кога. Не бев петки ама беа добри. Се тргнав од лицемерните другарки, и ден денес се дружам само со 5-6 девојчиња, други не ми требаат. Прстанав да споделувам тајни и лични работи со никого, затоа што тоа до тогаш беше користено против мене. Баталив дечковци, љубов и тие работи почнав да читам книги. На почетокот ми беше тешко болеше секоја навреда и критика ама созреав, научив да се носам со критиките.Пополека се оправив. Секој почеток е тежок ама затоа крајниот резултат е задоволител. Разбирам многу добро дека осаменоста е тешка работа и да немаш никого покрај себе е страшно, ама од искуство зборувам да бараш љубов и другарство на погрешно место е многу пострашно. Затоа што секоја акција си има своја реакција, на крај ќе добиеш внимание ама во негативна смисла на зборот. Запиши се на факлутет, ќе запознаваш нови луѓе. И за крај читај книиги и работи на промени кон самата себе. На 17 години не барај љубов затоа што нема да ја најдеш, ти си дете не ти ни треба. Всушност ти треба љубов ама родителска. Ако не си во добар однос со твоите родители, поправи го. Свари кафе и пијте заедно со мајка ти, разговарајте како две другарки. Сигурно имаш роднини во друг град, отиди на 1 недела смени средина малку. Труди се да се поправиш самата себе и сфати дека на овој свет освен оние со кои вечер ќе седнеш на маса, другите ретко кој ти мисли добро. Вистинско другарство и искрена љубов веќе нема, се е од корист. Во пубертет си и хормоните ти беснеат на велико, затоа правиш некои глупи грешки кои во иднина може и скапо да ги платиш. Самоме се брзај, за се во животот си има време, тек си 17 години.
@HarleyQuinn Ќе бидам дрзок, немој да се навредиш, само така мислам дека ќе упали кај тебе. Те молам не биди attention whore. Се гледа дека очајно бараш внимание од некого, со тоа што не го добиваш од твоите дома. Но тоа е друга прича. Колку повеќе бараш, толку повеке ќе си одат луѓето од тебе, само затоа што сакаш да бидеш центар на внимание. Има еден единствен начин на дечко ти да му го повлечеш вниманието на кое ти заслужуваш, едноставно биди директна, или прави како тоа он што го прави.Ако имаш другарка што сака да ти го земе, имаш право да се буниш, и да му речеш да ја тргне од ФБ. Дај му ултиматиум или ти или таа. Другo нешто што знам за тебе е дека пишуваш нели? Зошто не пишуваш летово? Зрела личност си на 17 години, имап хоби и пасија, ако запнеш, верувам дека ќе имаш книга или роман, или како и да се вика. што следна цел ти е да ја издадеш. И покрај тоа што викаш, дека се сакате со дечко ти, мене искрено и не ми изгледа така, со оглед на тоа шо пред пред некој ден, бараше совет како да му го испушиш, И еве, му го лапна, и што сега? Го доби вниманието што го сакаше?? Он пак си тера по свое, со тоа што не ти враќа, лајкнува слики на други женски. Не мислиш дека ги поминуваш сите граници, само да добиеш внимание? Љубов не се стекнува туку така, не поготово на твој години. Изгледаш како 40 годишна, што ако не најде некој, ќе умре сама. На твој години најважно е да имаш другарки и другари, што денес нема ни 1% вистински другар/ки. Се е од корист. Дали од тие другарки што се дружиш се вистински? И јас мислев дека се, но се освестив дури после 7 години. Оставаш многу лош впечаток тука а може и таму, со тоа што бараш и збориш. Место дечко ти да се мачи да го добие тоа што сака, ти му го сервисираш на тацна, после он си го доби, и гарант не си му интересна веќе. Место да бидеш девојка, со став, карактер, ти се продаваш за внимание. Опамети се, не ти мислам лошо. Ако еден ден сакаш нешто да биде од тебе. Ќе почнеш сама да се градиш и да идеш по некоја цел во животот.
Бокче, ништо против тебе ама те молам следен пат ке побарам од тебе да не даваш совети затоа што си ептен песимистички настроен, ноу офенс те молам. Значи девојчето се чувствува осамено и запоставено и нормално дека бара внимание, секој бара внимание и на секој му е потребно внимание а во спротива се чувствува запоставено и како да не постои. И не може секогаш пасијата и страста да помогне на некоја личност која е повредена да не мисли на тоа, баталете ги еднаш тие клише совети, не помагаат секогаш сфати. Кога ке го заврши тоа на крајот на денот таа пак ке се чувствува осамено, и запоставено ниту несфатено, и што тогаш? Знаеш ли ти што значи да имаш подршка од родител? Љубов од тој што ти значи а тој не те ни рецка? Ако знаеш ке знаеш какво е чувството а ти ако си друг карактер и не ставаш се при срце тоа е друга приказна.Некој друг е емотивен, и е тажен и му е тешко без подршка и без љубов и тоа во години кога се формира како карактер и е многу важно да има некој покрај себе да не тргне по лош пат. Те молам не ми зборувај како се важни годините за љубов кога секое битие заслужува да биде сакано. Што е чудно ако сака и на 17 години да биде сакана? Што ти е чудно? Мене не ми е воопшто.Си знае девојчето што бара и што и е потребно а ти ја направи како којзнае што да има побарано. Не ме сфакај погрешно но ако сакаш да помогнеш потруди се да ја сфатиш, затоа што наместо да и помогнеш можеш да ја кутнеш во депресија сфакаш? Без дрскост да не ти се одбие еден ден од глава и да го почуствуваш и истото на своја кожа. Инаку @HarleyQuinn би ти кажала да разговараш со него на оваа тема отворено. Кажи си што ти смета, и дека не можеш само ти да се бориш да опстане врската. За врска се потребни двајца, а ако ти од него не го добиваш тоа мораш да размислуваш за друго решение. Не си нападна ако разговараш со него за таа тема, баш напротив.. Јас го имав истиов проблем и дури се каам сега што немам разговарано со него за тoa плашејки се дека нема да погодам со разговорот или дека ке се налути. Најважно е да се чувствуваш убаво во врската, и да се чувствуваш сакано. Ако тој е доволно паметен и те сака ке сфати со време.
@JustFun Јас сум искусил се во животот отколку ти можеш да сркаш од една чинија. Ти пред едно време ме замараше опет, опет и опет за тој товј бивш, со на крај испадна тој со девојка ти со врзани раце. Епа јас незнам кој е писимистички настроен. Сите тука ти викаа друго, ти со главата во друг ѕид одеше. Ако не ти се допаѓа што пишувам, скокај ме, а не тука да ми збориш ваков, таков.
@JustFun да секому му е потребно внимание и љубов ама не е решение на 17 години да се менуваат постојано дечковци со цел да се добие внимание. Не ја навредувам Харли туку општо зборувам. Да потполно си во право дека секому му е потребно внимание ама има различни луѓе, различни родители. И мене моите родители не ми обрнувале ни трошка внимание, никогаш не ме советувале, а за викање по мене биле први, па што сум можела? Со тек на време човек се навикнува и се насочува кон други работи. Тоа е тоа, кај секого проработува совеста во еден период, а секој втора шанса заслужува баш секој. Невниманието од дома никако не е оправдување за било што. Да убаво е да имаш подршка од родители ама секој ја нема таа среќа да има такви родители. Го разбирам Бојан во постот после мене многу добро што сака да каже, иако е тоа малку премногу за мој речник. Нека си разговарала со родителите, ако тие не ја разбираат и дадов совети погоре, уверена сум дека секој може да успее.
Харли, дечкото кој е со тебе не е заинтересиран за тебе. Директно тоа заклучив јас после напишаново. Тој излегува со тебе ради реда, колку да не е сам. Ако имало емоции ќе покажел внимание, ќе ти се јавел или пишел. Со сила убавина не бидува.
Се пронајдов во коментарите на @eloves и @Bokchee .Толку влијаеа на мене што ме натера да размислам за врската со мојот нов дечко. Различни сме како небо и земја. Ама ете за да не бидам сама па ајде со било кој. Љубов од дома никогаш не сум добила, друштво никогаш немав. Сакав да се омажам што побрзо за да избегам од дома. А и за да не останам сама. Си велев кога никој не ме сака, еве еден што ме прифаќа, па како да дозволам да го изгубам? На само 15 години почнав врска со дечко постар 6 години, многу често идев кај него на спиење, моите не ми бранеа бидејки нормално не им е гајле, а сите ми се смееја за тоа што го правам на 15 години. Јас зелена незрела нит гледам кај одам нит гледам што правам. На него нормално му се смачи бидејки однесувањето ми беше 0, без самодоверба и очајна за љубов. И после година ипол ме откачи. Многу скоро најдов нов, овој 10 години постар. Понашањето му беше никакво, од лоша фамилија, татко му проблеми со нервите, брат му женкар и коцкар, а овој пијаница. Брука за моите. Ама битно немажена да не останам. И оваа врска пукна фала Богу. Сега имам дечко 13 години постар кој воопшто не е за мене. И сега сакам да ставам крај нормално. Веќе ми се смачи. Ми се смачи од дечковци и врски. Ете, затоа што никој не ме сакаше одев со било кој и се уништив. Девојчиња/девојки немојте и вие. Немојте да молите за љубов. Научете од туѓите грешки. Дали стварно вие не сте вредни па за да морате да молите за љубов? Не верувам. Не дозволувајте еден ден да се каете како јас денес. Вие сте убави, паметни девојки и немојте да си дозволите некого да молите. Вложете во себе, во својот карактер и ќе видите колку дечковци ќе трчаат по вас, ќе видите дека постои некој кој вистински ке ве сака и почитува. А и не само љубовта, вие ќе се чувствувате многу подобро, посрќно.
Ej Hajdi, dobro nema li okolu tebe maski deca na tvoja vozrast za da ti bidat deckovci?? Zosto be se mnogu stari fajkas? Ne e ubavo toa, ke bides iskoristena na kraj. Podobri sama odkolku so tolku postar decko I toa na tvoi godini Ajde duso bidi pametna I otkazise od pogolemite. Najdisi decko na tvoja vozdrast I so ke se razbirate I ova sto im go sovetuvas na drugite napravi go I ti.
Мојот живот е отиден веќе, нема веќе тука што да се направи, ама затоа не сакам и другите да ги направат грешките кои јас ги направив. Да, сум, и така не знам кај терам.
Hajdii osvestiseeee te molaam. Mala si be imas sansi da si go sredis zivotot. Dovolno e da sakas ama gledam ti si izgubila nadez.
@Hajdi22 Уште малку ќе бидеш полнолетна и самата кажа...Минатото не можеш да го вратиш ни да го смениш затоа остави го зад себе...Наскоро ќе се осамостоиш ќе можеш да си се вработиш и да се преселиш од твоите дома,ќе си најдеш ново друштво ќе започнеш нов живот и сигурно ќе си најдеш некој нов асален дечко...Со среќа.
Пак ке кажам дека тоа си е нејзино дали ке ги менува дечковците, ама сигурно нема да чека некој мочко да се опамети и да и го дава вниманието кое и е потребно. Многу родители си ги имаат запоставено своите деца и тука вината ја гледам во нив. Па после ништо чудно ако тргне по лош пат. Кога на некој му е најпотребна подршка кај се тие да ја посоветуваат? Бојан е машко, машките можат да бидат поцврсти во секоја работа, Бојан може да е сакан и почитуван од своите и од некоја девојка, да има друштво околу него но дали девојката го има? Лесно е да се каже од страна ама не е лесно да се биде во таа кожа. Не ја оправдувам јас нејзе ако ги менува партнерите, ама нејзино е.