Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.783
    Пол:
    Машки
    @HarleyQuinn, нема да одговорам конкретно на твоето праѓање за дечко ти и зашто не ти пишува на fb, а е онлајн (who cares?), туку ќе пробам да ти дадам совет.

    Очигледно е дека имаш потреба од љубов и внимание, кои најверојатно не ги добиваш доволно (или воопшто) дома. И тоа е во ред. Секој човек има потреба некој да му обрне внимание, да знае дека има значење во нечиј живот, да биде сакан.

    Проблемот е начинот кој си го одбрала да дојдеш до тоа внимание (а е скроз погрешен). Значи, дечко ти треба да те сака поради тоа што си, а не поради тоа што си спремна да го направиш за него (да, мислам на блоуџабот). Ако се трудиш да им угодуваш на дечковците за внимание, брзо ќе те изгустираат, нема да им бидеш никаков предизвик и на крај ќе те откачат. Истото го приметувам и на форумов - значи, за да добиеш внимание од другите членови, не мора само да пишуваш по провокативниве теми, па после да ти се полни душичката како сите ти обрнуваме внимание. Внимание ќе добиеш и ако дадеш некое свое размислување за филм или книга што си ги прочитала, некое твое хоби и сл., а најверојатно и ќе си најдеш истомисленици со кои ќе можеш да дискутираш на различни теми.

    Млада си, пробај да откриеш кои се твоите интереси во животот, за што те бива, работи на себе и изгради се како личност - сигурно ќе се најде некој што ќе те сака таква како што си.

    @Hajdi22, пробувам да немам предрасуди за разлики во години кај паровите, ама ова кај тебе е too much. Ако добро сфаќам, дечко ти има ~30 год.

    Значи, моето мислење е следново - повеќето луѓе од +/-30 год. се веќе во брак, доста од нив се и со мали дечиња. Тие што не се во брак, се во долги и сериозни врски, со мање-више свои врснички. Ова ти го кажувам затоа што ја сум тука негде со дечко ти, и да ти кажам, не би можел да се замислам во врска со 15-16 годишно девојче (дури и се ежам од помислата на тоа
    по малце ми е педофилска таа работа, малце поише ако сум искрен
    ). Во секој случај, ако не спаѓа во некоја од категорииве погоре (женет/со деца/во врска), сеуште има можност да е нормален, ама, АМА, ако е во врска со 15 годишна, гарант не е!

    Луѓето постари од 20 год. кои имаат врски со 15-16 годишни девојчиња имаат некаков проблем (со ниска самодоверба, незрели се, имаат потреба да ги велича некој, и сл.), а мој предлог ти е да не остануваш во таа врска доволно за да дознаеш кој е тој проблем.

    Во однос на потребата за внимание, истиот совет горе-доле можам да ти го дадам како и на Харли.
     
    На sparklie, marama, Arthur и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.312
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да се вмешам малку во дискусииве.

    Често се прашувам дали сум воопшто компетентна да давам совети, иако имам искусено секакви работи (мои и туѓи), на речиси секое поле. Иако сум прилично повозрасна од повеќето членови кои пишуваат тука, на моменти се чувствувам неспособна да помогнам и збунета, од причина што овие генерации што пишуваат тука ми се како дојдени од друг свет.

    Ова особено важи за оние кои прашуваат за совет за љубовен проблем кој во себе содржи виртуелна (не)коминикација. Па некој лајкнал слика, па не пишал, па дали прв да се реагира, па што значат некои такви работи... Ова фејсбуков стана огромен проблем на денешницава и можам слободно да кажам - расипувач на врски и медиум за манијачење.

    @HarleyQuinn, те запомнив уште на почетокот кога пишав во една слична тема, па жестоко ми се спротистави заедно со уште еден член, отприлика на твоја возраст. Од тогаш наваму, понекогаш следам некои твои постови. Искрено, и кога ја отвори темата за малтретираната професорка, ми потврди дека си мноооогу бунтовна. Но од друга страна, се понадевав дека таа твоја бунтовност правилно ќе ја насочуваш (како во таа тема што пишуваше). Убаво е да си бунтовна, добро е да не се помируваш со работиве што се случуваат во твојот живот и воопшто во нашето општество и светов. Но морам да ти кажам дека според мене не си на добар пат. Мене родителско внимание и љубов не ми недостасувале, но во секој друг поглед сум била во недостаток. Ниту роднини на кои можеш да се потпреш, ниту друштво, ниту љубов... Сум била во ситуација слична на твојата, со разликата што ја наведов. Но никогаш не помислив да си го газам достоинството. И на твоја возраст кога бев ми се допаѓаа 2-3 момчиња (да се разбереме, не наеднаш, туку во тие години), но не газев врз моето достоинство и гордост за да добијам внимание кое можеби ми недостасувало (ете, мене од друштвен аспект ми фалеше многу). Бокче ти дал прилично добар совет, eloves исто, Бендер - исто, kukla - исто. Собери ги сите тие совети на куп и размисли што сакаш во животот. Да, најлесно е во партнер да бараш утеха, но начинот ти е многу погрешен. Одиш кон самоуништување. Дали сакаш да бидеш етикетирана како лесна девојка и подоцна да сфатиш колку е тешко да си основаш сериозна и здрава врска? Ова особено го кажувам ако сите дечковци кои ги имаше во последниов период се од ист град или поврзани на некој начин, преку други луѓе. Немој така, зашто после за тебе ќе се лепат и други етикети кои не си ги заработила реално. Бокче супер совет ти даде со идејата за пишување и подоцна издавање на книга. Има ли поздрав начин за привлекување внимание? И обавезно запишување на факултет после средно. Љубов од партнер на овие години - тешко, како што ти кажаа повеќе членови - хормони лудуваат, како твои, така и на машките, а за разлика од нив, нас ни треба и нежност и внимание кои не се способни на тие години да ти ги пружат.

    Ај, доста ти го тупев, може ако има потреба, ќе напишам пак уште нешто.

    @Hajdi22, не знам што катастрофа во животот ти се случила (го знам проблемот со твоите родители, прашувам освен тоа) за да се откажуваш од животот на овие години и на ваков начин да размислуваш. Веќе еднаш ти давав совет, но еве сега ќе ти дадам пак, а ти ако сакаш прифати го, ако не - не можам ништо против тоа. Со сила на некого можеш да му земеш, а да му дадеш не можеш. Хајди, обиди се да се зближиш со мајка ти, затоа што колку што разбрав, со татко ти и брат ти нема разбирачка. Таа можеби е индиферентна кон тебе, ама можеби и нејзе нешто ја тишти. Оправи го односот со неа, зближете се, помагајте си една со друга. Ова со твоите постари партнери е жив промашај. Разликите во години се огромни, а мажењето како опција да избегаш од дома е најлошото што можеш на себе да си го направиш. Цело време велиш дека никој не те сака. Добро, дали се сакаш ти себеси? Обиди се да се спријателиш и со други луѓе, мора да имаш некои интереси во животот. Дефинирај се, сакај се, замисли си иднина, зацртај си ја замислата како цел која треба да ја исполниш, учи за на училиште.


    Тоа ви е работа во овие години бе, деца. А не да се однесувате како возрасни. Овие години страшно многу ќе ви недостасуваат еден ден, тоа ви гарантирам. Искористете ги за убави работи. Ова ви го кажува некој кој живеел во мрак баш во тие години и сега се кае заради тоа.
     
    На Mishela, Annath, julie77 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ова е она што ние цело време во темата совети ти го пишувавме, можеби со поинакви зборови ама секој сакаше горе-долу на ова да ти укаже. Ти се навредуваше и разни мисли ти минуваа низ глава, ама добро е кога на крај човек ќе се среди. Претпочитам да пишам за одреден проблем на форум, ете конкретно на фемина затоа што понекогаш од луѓе кои ниту ме знаат, ниту ме познаваат мислам дека ќе добијам поискрени совети. Заљубен човек е како слеп човек, некогаш неможе реално да согледа на некои работи или пак несака ниту да ги види. Да има многу деца кои од дома не добиле воопшто внимание, што не е оправдување за нечие си недолично однесување.
    Ако некого (ете не мора ти, во случајов јас или било кој) од дома не го воспитале, не го научиле што е правилно што не, секој секојдневно излегува оди на школо,ваму, таму се меша со луѓе се дружи па зарем во ниеден момент да се посомнева дека неговиот однос не чини?
    Ова со спиењето ниту јас не го оправдувам, ниту пак со постарите дечковци затоа што безразлика кој е дечкото и каков е, од него моментално ќе добиеш внимание ама на крај баш тие се првите што ќе те исмејат и понижат.
    Хајди мила, продолжи со ова темпо и верувам дека ќе се средиш. Ти ако со твоите дома неможеш да наидеш на разбирање, внимание и почит, со некој дечко од страна нема пак ич. Не дозволувај да бидеш нечија играчка, посвети се на себе има време кога да фаќаш дечковци.
    Ако убаво си ја сфатила грешката од сегашната лекција ти веќе немаш што да изгубиш, можеш да почнеш од почеток. На секој негативен коментар од околината одговарај со вложување во себе.



    Ниту еден живот не е отиден, луѓе на 40 години прават страшни грешки па ништо.
    И уште нешто, мажењето и бегањето од дома не е решение. Само кукавиците бегаа од проблеми, другите ги решаат. Зарем мислиш дека вреди на неполнни 18 години да бидеш нечија сопруга? Ќе бидеш крајно несреќна, не го уништувај својот живот. Заврши средно, па факлутет па ете тогаш размислувај за мажење, ќе имаш и подобри прилики.
    Менувањето дечковци сега не е проблем, ама во иднина скапо ќе чини. Си го рушиш угледот самата на себе.
    Oдтргни се од тие дечковци, не ти требаат. Ниту една од тие врски нема да ти донесе ништо добро.
    Почни да се дружиш со твои врсници, брат сестра, роднини. Отиди на некој одмор, таму ќе стекнеш нови пријателства, почни да читаш книги. Запознај се самата себе, што сакаш и очекуваш од самата себе? Каде се гледаш во иднина?

    Кукличке, исто како што можат да ја искористат мажи од 30 години, така можат и деца од 15 години.
    А и какви луѓе се тие што на 30 години се нафаќаат да бидат во врска со недозреана тинејџерка? Мислам страшно.
     
    На Bender Rodriguez, Kukla994 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  4. skrsenotosrce

    skrsenotosrce Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    18
    Со дечко ми сме заедно три месеци. Предобар е со мене ме сака, почитува, мисли секогаш јас сум му на прво место. Ама уште пред да се фатам со него на кафе имав излезено со еден друг, онака другарски.
    Неодамна почнав низ град почесто да го гледам овој вториот и ненормално мислам на него. Како да се заљубувам искрено. Дечко ми го сакам онака ама не е тоа тоа, се оладувам од него. А овој вториот незнаеше дека имам дечко, и сега незнае и ми вика да се видиме. Помеѓу два огна сум, незнам што да правам. Ако се видам со вториот може да разбере дечко ми, а кажа дека никогаш нема да ми прости такво нешто. ќе изгубам предобар дечко и искрена љубов.
    А овој вториот го сакам, искрено мислам дека почнав да се заљубувам во него.
    Некој совет?
     
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Три месеци не се малку. До душа не се ни многу, ама штом веќе работава почнала да станува сериозна мислам дека треба добро да размислиш пред да направиш некоја глупост за која ќе се каеш подоцна. Во случај ептен да не можеш да се одлучиш, можеби не е и така лоша идеја да излезеш неколку пати со другиов дечко на кафе, мада со тоа ризикуваш да дознае твојот сегашен, и да не ти верува кога ќе се правдаш дека си немала скриени намери.

    Но, од друга страна ако се ладиш и имаш чувство дека не можеш да му возрвратиш, можеби треба да се запрашаш дали она што го гаиш кон него има полза да продолжи да се надоградува или не. Ако одговорот е негативен и во случај да не постоел алтернативниов, одговорот е јасен. Бидејќи, некој може и сиот свет да ти го подари а ти сепак да не бидеш задоволна... Неслучајно рекле дека љубовта и убавината со сила не бидуваат.
     
    На skrsenotosrce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Тој што ти нуди искрена љубов,на прво место си му и се, заслужува љубов исто така.Ако сметаш дека неможеш да му ја дадеш тргни се! Ако ти шараат очите ваму таму остави го дечко ти. Некоја друга може ќе му возврати на љубовта на подобар начин. Не го искористувај!
     
    На Candid, peperutka.95 и skrsenotosrce им се допаѓа ова.
  7. skrsenotosrce

    skrsenotosrce Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    18
    Кога стапив во врска со мојот дечко не го сакав ни најмалку, ми беше мил и симпатичен ама не го сакав.
    Долго време имам проблем со самата себе и неможам да засакам. Всушност ни не памтам дека сум сакала некогаш ама тоа е друга приказна.
    Дечко ми има сериозни намери со мене, знам дека ме сака, почитува, му значам прави куќа се колсултира со мене вика таа ќе била и моја куќа.
    Со тек на време се навикнав на дечко ми, подобар не ќе најдам ама во вакви моменти сфаќам дека не го сакам туку сум во некоја заблуда. Сакам да верувам и мислам дека го сакам ама од друга страна неможам.
    Не е дека сум незадоволна, себична или слично само несакам да лажам никого или да повредам.
    Кон вториот дечко за прв пат чуствата ми се толку искрени толку посебни. КОга ќе ми пише, кога ќе ми се јави срцето ми трепери, рацете ми се тресат, заборавам на се.
    А и несакам да го избубам дечко ми. Незнам што сакам ете незнам, несигурна сум.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Значи те разбирам.Кога викаш дека го сакаш дечко ти , се лажеш и самата. Ако кон вториот имаш искрени чувства тогаш направи пауза со сегашниот или остави го ,не го заслужуваш.Среди си ги мислите и реши што ќе правиш.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Ти прво мора да расчистиш со твоите барања и чувства.

    Во смисол, размисли дали желбата за сериозна врска е обострана. Бидејќи, постојат моменти кога разумот ни вели дека треба да бараме нешто на долга стаза, а во срцето сепак да се крие мала доза на резерва, па потајно да она што ни треба е само возбуда, авантура.

    Уствари, дај си време. Одалечи се од двајцата некој извесен период, рецимо две недели, па ваљда тој простор ќе ти биде доволен да сфатиш што навистина сакаш.
     
    Последна измена: 12 јули 2015
    На skrsenotosrce и Petar80 им се допаѓа ова.
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    @Hajdi22

    Морам да ти поставам неколку прашања на тема "секс" на кои секако не мора да одговориш, но би била среќна ако бар се запрашаш себе си.

    1. Дали си свесна дека телото си го изложила како парче месо на мноштвото постари мажи?

    2. Можеш ли да го дефинираш поимот педофилија, и дали знаеш дека ова што тебе ти се случило е токму тоа?

    Еве не знам, ама мене ми е просто фрапантно што многумина од овде те осудуваат токму тебе за тоа, притоа пропуштајќи ја големата слика чија реалност е многу по сурова од она што се чини. Значи, според мене е страшно деградирачки за еден 25 годишен маж и кусур да легне 15 годишно девојче, а за тоа да биде криво девојчето.


    3. Свесна ли си колку си им го направила ќејфот, а патем и набилдала егото со тоа што си им овозможила пристап до твоето тело?

    4. Дали знаеш колку од нив се фалеле во друштво дека те легнале, па дури и посочиле со име и презиме?

    5. Знаеш ли што е оргазам, и дали си го почувствувала за време на сексуалните интеракции?

    6. Имаш ли користено заштита при односите?

    7. Си посетила ли досега гинеколог, како би утврдила дека твоето репродуктивно здравје е во ред?

    8. Знаеш ли колкава е веројатноста да сите тие возрасни мажи зад себе имале бројни сексуални искуство, а следствено на тоа и сексуални преносливи инфекции кобни по тебе?

    На страна од ова, за промискуитет не те обвинувам, ниту пак затоа што сакаш да имаш секс. Ги почитувам и следам либералните струи, и како резултат на тоа сметам дека не е во ред некој да те етикетира за животот што си го водела само затоа што си жена.

    Меѓутоа дека си незрела, и дека сите овие ствари си ги направила во бунило е факт. Зошто? Бидејќи да си била свесна за дел од прашањава поставени погоре веќе ќе си се запрашала и одговорите би те одвлекле од исходот. Меѓудругото, два пати би размислила како да се носиш со домашната ситуација, и би размислила дали перманентното менување партнери би го замениле тие двајца битни машки фигури во твојот живот (татко ти и брат ти), кои требале да бидат модели, и придонесат за твоето понатамошно усовршување, а не самоуништување.
     
    Последна измена: 12 јули 2015
    На Sigma*, Arthur и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  11. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум имала секс и среќна сум поради тоа. Едниот сакаше, ама на време реков НЕ. А и на гинеколог не сум била, сметам дека треба да одам после првиот секс или ако имам некои проблеми.
    А за мајка ми, жената си има свој живот, битно да се дотера, да излезе и да си ужива.
     
    На Petar80 и SnowWhite8 им се допаѓа ова.
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Во еден од своите постови наведе дека си била интимна со нив. Епа моето прашање е до кој степен интимна, и дозна ли некој за вашата врска?

    Јас како и повеќето од овде, сфативме дека си се впуштила во сексуални односи. Бар таков правец ни даде.
     
  13. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Типацот ти е само опсесија, тоа не ти се вика заљубување. Зошто бе, имаш дечко што те сака и почитува. зошто одиш кон некој што не му ги знаеш намерите? Мада мислам дека тој другиот знае за вас, и ви расипе, дури и да го прашаш дали знае или знаел, ќе ти негира. Нема он да запнува туку така да се видите.
     
  14. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    862
    Пол:
    Женски
    Напишав огромно мислење и решив да не го објавам затоа што знам какви ќе бидат реакциите, хах.
    Малку беше апсурдно да добивам совет на кои теми да пишувам на форумов ама ајде.
    Еловес, од срце ти благодарам. Лејди Феникс, и на тебе. JustFun ми ја разбра душата.
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски

    Да, ама немавме секс..... Да знаат неколку...
     
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Колку вешто се вадите и избегнувате прашања, тоа е чудо едно. Ама ајде, нека ви биде. :)
     
  17. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски

    Кој се вади? Ако реков имавме нешто ама секс не, треба да нацртам што значи тоа?
     
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Истото важи и само да си била во врска со нив. И ете, прашањето околу педофилијата (не)намерно ми го одбегна. А ваквите врски се токму тоа.
     
    На JollyGirl и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.189
    Допаѓања:
    175.718
    Пол:
    Женски
    И до кога така љубов? Вие запознајте се онакви какви што сте, ти кажи му каква си - тој нека се покажи каков е. Ти не си осудена да ги задоволуваш неговите потреби и да глумиш совршена кога реално никој не сме само за тој да биди задоволен и да ужива. Ако има некој проблем и ако ти веруваш дека меѓу вас има љубов и доверба - разговарајте за проблемот на ненаметлив и пријатен начин. Ако те сака, те почитува - ќе те разберии воглавно ќе се обиди да го реши проблемот.
    Good luck :*

    @Bokchee Морам да го прокоментирам еден мал дел од твојот пост,
    Ако имаш другарка што сака да ти го земе, имаш право да се буниш, и да му речеш да ја тргне од ФБ. Дај му ултиматиум или ти или таа.“ и која врска опстанала повеќе со ултиматум? Без доверба? Ако ти не веруваш во другарката ќе го насочиш и ќе му кажиш што таа има за него а не да условуваш. :whew:
    А со се останато се согласувам. Потполно во право. (y)

    Душо, немој да се плашиш од тоа да останиш сама, кога во прашање е љубовта стави се себеси во центарот на вниманието. Одредено внимание не треба да диктира какво ќе биди твоето расположение и колку ќе ти се крева твојата самодоверба. Не дозволувај било кој да пишува каков ќе биди твојот живот туку напрај го онаков каков што ќе ти годи.
    Никогаш нека не те мачи мислата дали ќе останиш сама, јбг, то не е приоритет моментално, то би било прироритет на некој околу 30тата, а не на некој да размислува така на 15. Приоритет на 15 е да фатиш дечко, да, да се заљубиш, да те повреди тој некој, да поплачиш, да фатиш нов, да учиш, да одбериш факултет, да градиш кариера, да видиш шо понатака во животот. Ќе запознајш многу луѓе на овој пат, социјализирајќи се и ќе најдиш некој „достоен“ за тебе, со кој ќе бидиш, ќе те сака, ќе имате разбирање и мир.
    Good luck :*

    @Lady Phoenix моментот ко ќе дозволиме fb да ни диктира колку некој не сака, е тогаш се губиме. Многу се во право за ова.(y)



    Секоја љубов заслужува внимание и поддеднакво возвраќање на чусвствата. Ако ти не го сакаш дечко ти како што си пишала и после овој пост, подобро остави го. Првично ќе пропуштиш многу „шанси“ како овој вториот дечко кој почнуваш да го сакаш, второ, ќе го повредиш овој кој искрено те сака многу повеќе ако го изневериш и ако бидиш со него без чувства. Кога тој ќе дознај ова ќе биди буквално disaster. :x
    Немој да гледаш дали сегашниов те сака или не, гледај дали ти си среќна со него или не и дали можиш да возвратиш неговата љубов.
    Good luck :*
     
    На Nausicaa, skrsenotosrce, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. just me

    just me Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Девојки,ве молам дајте ми некој совет бидејќи јас ке излудам.
    Пред три дена дечко ми и сестра ми беа излезени на исто место. Таму цело време се гледале (тие двајца сами ми кажаја) и на крај сестра ми отишла кај него на маса. Зборувале. Утредента сестра ми доаѓа и ми вика дај ми број од дечко ти. Ја прашувам но ми вели аку не ми дадеш сама ке си најдам. Го прашав дечкп ми и ми одговори : дајјј и. Во ред и дадов. Потоа сестра ми и дечко ми се допишуваа три саати а мене тој не ми пишуваше. Вечерта ми напиша дека ке оди кај тетин му. А сестра ми се спремаше за да излезе. Чудно излегоја во исто време. Кога се врати дечко ми кон 2 сатот по полноќ ми звона да излезам и му викам неможам и тој СЕСТРА ТИ КАЈ Е ТАА НАКА ТИ ПОМОГНЕ НЕКАКО и јас му викам излезена е и добро некако излегов се видовме и викам смрдиш на алкохол и тој добро де бев на пијачка со брачед ми. Го прашав што пишувале толку и ми рече ти спремавме изнанеадување јас да дојдам дома ти а сестра ти да ти ги врзе очите и да те донесе кај мене. (Изненадувањево вауу) и типот се налути и си замина. Утредента ми вика сестра ми вчера дечко ти ди ојде рано за дан си му се налутела ти. И јас зш кај беше тој и ми вика таа бевме излезени и јас не ме лажи и таа навистина. Вечерта се видовме со дечко ми и му ја кажав цела ситуација. Му викам ко прво си играше мајтап со мене ме прашуваш сестра ти дома ти е(тоа погоре до големи букви) ко второ зошто ме излажа со кого си бил на пијачка. И тој ми вика па знаеш за изненадувањето. Неќев да знаеш дека имаме контакт.ахам дај ми разговор да прочитам ,го избришал. И после ми вика сестра ти те смета за заостаната. Тие двајца пишувале за мене така. Одам дома и сестра ми го избришала разговорот. Ама имапе два пропуштени повици од него. И дознав од неа и дека му раскажувала и за бившиот нејзин.
    Што да правам помогнете ми. Три дена ке полудам. Тие мирно си спијат а јас во 6 станувам.