што да направам за да почнам да му фалам, за да ми се јавува и да има желба да ме види?! ве молам кажете ми!
Ништо не можеш посебно да направиш..само можеш ти да превземеш нешто за себе..Престани да го бараш..Нека те нема..Окупирај се со други работи за да не мислиш на тоа дали ќе те бара,дали те мисли итн.И немој да мислиш дека одма ќе почне да те бара..Тоа се зависи колку сте вие двајца поврзани..колку има љубов и сл.
Не се знаеме многу и малку време бевме заедно, свесна сум дека нема да ме бара во скоро време, ама многу сакам да се деси чудо и да се јави прв! Кога комуницираме тоа е чисто другаррски не комуницираме често.
Се започна пред еден месец и нешто...случајна средба,прекрасно помината вечер се, смував со него, сакаше да одиме и подалеку но,јас не дозволив,се беше толку неочекувано ,прекрасно ноќ.Тој е од друг град...разделба,си разменивме броеви иако мислев повеќе нема да се видиме.Наредниот ден се јави,почнавме да се слушаме.По две недели јас заминав кај него,останав неколку дена,излегувавме заедно,и се трудеше да ме импресионира на секој можен начин но, повторно почна да инсистира да имаме секс,иако си поминував прекрасно јас се уште не се чувствував подготвена за тој чекор,не сакам да избрзувам ,реков дека сакам да ми остави малку време и простор но,тој не сака да го прифати тоа, со изговор дека немал време.Сега сме на тоа дека повеке не сакал да ме моли,горделив е...се чека мојот потег,не сакам да го изгубам ,многу ми се допаѓа но,од друга страна не го знам доволно за да му верувам иако ми кажа дека со мене планирал нешто посериозно.Па би ве замолила за совет како да постапам во конкретнава ситуација.Благодарам
Па ако планира за сериозно..фатисе со него,започнете врска.Ставетесе на проба дали ви е убаво заедно некој месец.И кога ти ќе бидеш сигурна можете да имате односи,а не тој кога ќе сака.Сепак немој да избрзуваш.Ти уште не му си женска-а тој сака да имате односи.Очигледно е што тој сака.
која е поентата ништо да не официјализира со тебе,а ти бара секс и вика дека е сериозен.многу е поедноставно да почнете врска,па сексот да си дојде спонтано...
Ако чуствуваш нешто спрема него фатете се и бидете во врска.Ќе видеш како ќе се однесува и колку време ќе те чека.Но разбери дека сексот е и потреба,дека неможе тој вечно да те чека ти да бидеш спремна.Но тоа незначи дека мора веднаш со него да легнеш,прво разговарајте кажи му дека сеуште не си спремна,види како ќе реагира и како ќе те разбере.Најважно од се е тој да те разбира.Тешко е најдеш партнер кој ќе ти биде и љубовник и другар,кој во се ќе те подржува.А партнер за секс можеш да најдеш во секое време.
Ако ти е убаво со него, фатете се па сексот ќе си дојде кога ќе осетиш дека ти е време и дека си подготвена. Ама ако те притиска само за тоа а уште не сте фатени, тогаш најверојатно сака само мување и секс со тебе, а не нешто посериозно.
Па ако ги имаш годините што ти ги пишува на профилот не си мала за секс па да те чека,мислев ако и двајцата сте возрасни,мада ова не ми изгледа како нешто посериозно и ваљда не ги имаш 29тте години Не треба да инсистира на секс толку рано со глупавиот изговор не ми се чека.Не ми се допаѓа таа реченица.Подобро остави нека помине време,штом толку инсистира и навалува без пред тоа да имате врска значи само за секс му е,според мене.Пробај го,фати се со него ако ти рече,нека помине доволно време за да откриеш што вистински му значиш.Никако немој да му даваш затоа што него не му се чекало,а тебе многу ти се свиѓа па сакаш да го задоволиш да не го изгубиш.Тоа ќе ти биде голема грешка.
Мене да ми каже така ќе си добие.....ама бокс!Немал време,зошто?Да не му се брза некаде?Не се давај така лесно....Нека помине извесен период,стапете во врска види како ќе оди па потоа.Тоа што потешко се добива повеќе се сака.
не сте во врска, тој ти бара секс, немал време за чекање, горделив е, ти не сакаш да го изгубиш... заклучок? .... сака само секс!!! биди горда и ти ако сакал да започнете нешто сериозно нема да ти вика дека нема време да те чека. а и кај ќе оди на мајка му шала на страна, ако не сакаш да го изгубиш дечкото, ако сакаш да го задржиш - не попуштај. држи го во неизвеснот, мачи го... убаво кажи му дека не си спремна сеуште, дека не сакаш тоа да го направиш на сила и после да жалиш и да ти остане тој во лошо сеќавање. ако те остави заради тоа, значи сакал само секс. а ако остане со тебе, е тоа е веќе друго после некое време сама ќе сфатиш дали треба да спиеш со него.
незнам колку би ме послушала ама верувај ми дека не треба да подлегнеш на тие негови зборови ....кога некој така одговара значи дека ти воопшто не му значиш и дека сака само да спие со тебе ...ако ти му значиш на него како што тој ти значи на тебе нема да ти се луте ако се уште не си спремна на тој чекор...според мене сеуште е рано да бидиш со него толку многу опуштена...можно е сака да да ти искористи и да те батали и ти после да незнаиш каде да одиш....ако мене ме слушаш не попуштај ако те цене треба да ги цене и твоите одлуки и онакава како што си ...се надевам правилно ке постапиш поздрав4е од мене
Морам да ви се пофалам за гостинката Прво му ѕвонеше телефонот , тој не беше тука кога видов дека е таа дигнав..Ми вели маја, марина , марија , мирјана ..ех те заборавив како се викаше ..АМА НЕБИТНО ..дај ми го срцето мое да му кажам да ме земе , на влезот на градот сум. Одвнатре вриев, фантазирав како ја давам со жица од телефон и и пикам игли под нокти , но однадвор бев мртва ладна , а од време на време вештачки се насмевнував и испуштав по неколку нервозни незабележителни воздишки ! Сеедно дојде , имаше прегратки , носталгија , патетика , уште солзи радосници фалеа . Мене не ме ни забележа. После некои 2-3 минути скептично ме погледна и почна да ми комплиментира со излитени фрази од типот "Па ти си кукла , вистинска мисица , ах ангелу болеше ли кога падна од небо ..еј ти дечко кај си ја нашол оваа прекрасна млада дама ,,,не немој со насмевката , ќе ме натераш да те сакам уште повеќе "- класична кретенка ....и така ми ласкаше и досадуваше додека бевме на шопинг , дома реновираме па си разгледувавме мебел. Постојано даваше мислење и не влечеше по продавници небаре кај неа дома средува. Сеедно стигнавме , се смести се најаде си ги присвои влечките за низ дома , пижамите и тие , си легна на брачниот кревет и додека спиеше ние двајцата се стискавме на детското креветче Излезе се прошета ние си заминавме на работа. И бидејки предходно слушаше како дечко ми ме фали колку му средувам низ дома , зела ми ја преуредила кујната , чиниите кои не стасав да ги измијам ги светнала , се потрудила , па вечерта не пречека и наивно се смееше додека мојов и делеше комплименти и држеше говори околу тоа дека не требало ,,јас тоа ќе сум го средела бла бла бла .. Стигна јадењето кое редовно сама го готвам , компири незнае да лупи но знае да ги изеде и да ме фали колку добар готвач сум Е па така сака така нека биде , око за око павлака за пари , си се најадов мијаникот го наполнав до горе и низ дома ама баш ништо не средив . Има две раце , планира да остане подолго од планираното па и време е некако да придонесе за низ дома . Како ќе си постели така ќе си легне , убаво се однесувам со неа , истото го барам и од неа за возврат . Не ми е грижа , веќе не се ни нервирам ..
Уфф блазе си ти штом можеш сето тоа да го изржеш.Јас би ја откарала у пм....незнам што се би направила,не сум се досега нашла во ваква ситуација.Но сепак едно големо за тебе што си толку смирена личност.
Според мене типкава е со задни намери...Алал да ти е колку си била со ладна глава цело време и трпелива..Продолжи така,ама ако планира да си се насели за подолго тогаш треба да си поразговараш со него и да му укажеш на нејзините намери.Дефинитивно она сака да е на твое место.