Ангела, од љубов не се живее злато. Верувај дека девојче како тебе не може да сфати, бидејќи не било во некоја посериозна финансиска криза. Затоа, ако веќе планираш да правиш глупост биди спремна на тоа да јадеш иста манџа цела недела, или само сув леб со сол. Така да, не би ме чудело, свекрвата меѓудругото да ти ги брои залаците, и тера да чистиш низ дома. Бидејќи и сама рече дека е ,,тешка'' жена. Верувај не сум сурова, само реално ти кажувам на што да бидеш подготвена. Па, ти сама одлучи дали сето тоа вреди. Освен тоа, ако годините се поклопуваат со твојот ник (19), тогаш, лути се, но мислам дека си млада, незрела и правиш беспотребна жртва за која во најмала рака може да се каеш цел живот, или ако имаш среќа, само неколку дена, додека увидиш дека си направила грешка, па се вратиш дома.
Ете убаво баш си кажуваш а колку време сте заедно?башка самата кажуваш дека ти на таков начин неможеш даа живееш сама треба да одлучиш зашто утре може и да се каеш ббашка од љубов не сс живеее требаат и пари а најголемите проблеми се за пари се разбира дека и љубовта е битна....
Девојче и јас сега како да сум ти мајка ќе ти речам, ај смири се малку. Прибери се и не драматизирај околу ситуацијава. Кога стигна за еден месец толку да го засакаш за да се ставаш во вакви дилеми и да си правиш драми од животот? Да ми беше сега мене, немаше да ти пакувам куфери, туку убаво ќе те исплескав, жими мене. Затоа не се даваат целосни информации за проблемот... За да си најдете оправдување и изговор за глупостите што ги правите. И треба да те спакува мајка ти, навистина. Сосема ја разбирам сега жената. Има уште некоја информација што не ни ја кажа или? Си нашла, па си зашла, ете тоа ќе ти кажам јас.
Ти си таа истата што сите и викале дека не е за тебе дечкото, а ти сепак си сакала шанса да му дадеш? ТОј што пиел, се коцкал, живеел во подрум со мајка му и брат му? Значи и овде сите ти кажаа да не се глупираш, а ти сепак си во врска со него Што бараш сега пак совет? Ете овде сите ти викаа да не одиш со него а ти си се фатила...епа чаопријатно. Убаво твоите ти рекле. Да се живи и здрави. Ваква ќерка ни на непријателот Господ да не му даде.
Девојче јас те разбирам навистина такви ти се годините поинаку не ни можеш да размислуваш. Ама пак послушај ги постарите и сите тука што одвоиле време да ти пишат. Млада си животот е пред тебе не си го уништувај животот затоа што еден ден ке се каеш многу а тогаш ке биде предоцна. Ти си сеуште мала за да се справиш со сите проблеми што го носат бракот плус и да живееш во заедница и проблемите во истата, ке немаш подршка ни е од твоите. Колку можеш да запознаеш една личност од еден месец?! Навистина прибери си го паметот. Остани си таму каде што си дообразувај се дај му време на времето млада си ке запознаеш со тек на време многу работи што ги носи животот а и личности што ке ти го зграпчат срцето. Штом мајкати ти вели така сигурно тука со дечково има плус работи што ти сеуште незнаеш и неможеш да ги видеш. Размисли уште еднаш што ке добиеш а што ке изгубеш....не пропагај во дното.
Не е дека не сте во право ама навистина не разбирам што има лошо во тоа да засакаш некого. Треба да го оставам само поради тоа што се коцкал? Па сите во минатото имаме направено некоја поголема или помала глупост или грешка. Како ќе се чуствувате вам да ви судат поради некоја грешка од минатото и да неможете да си најдете партнер? Да еден месец е краток период ама сигурна сум дека дечко ми е прекрасен човек. Да неможам да живеам така ама ако треба со тек на време ќе се навикнам. И не реков дека веднаш ќе се мажам. И зошто да нема никој ќерка како мене? Што јас проститутка, лажга, наркоманка да не сум?
Смири се малце. Ако ти имаш 20, јас имам 19 и ако со дечко ми одам еден месец и моите ме условат да се мажам со него вервај ми ќе си останам дома. Не зошто тие ме условиле па од инает да си го уништам и прокоцкам животот туку зошто самата знам дека за 1 месец никој не се запознава. Никој не ти го кажва правото лице во првиот месец. Да, лошо е што те условиле ама тие сметаат дека тој е единствениот начин на кој можат да те заштитат. И не, ти не си проститутка, ти не си лажга, ти не си наркоманка, ти си само збунета и сериозно немој да направиш некоја грешка за која ќе се каиш цел живот. Послушај шо ти велат сите, те молам. Не зборам за коцкањето, не зборам за пиењето нити пак дека живеел во две соби со мајка му и брат му и дека мајка му била тешка жена. Зборам за тоа дека го знајш еден месец и дека неможиш сега да одлучиш да се мажиш за него. Па првиот месец во било која врска цвета, прекрасен е, посебен е и ти мислиш дека е вистинскиот. Па ако сите така гледаме до сега требаше сите неколку пати да сме мажени за тој прв месец шо ни цветал со бившите. Смири се, легни одспиј. Кажи им дома дека нема да се гледаш со него и кажи му него зошто. Крај краева ако ти е толку тешко да му речиш Крај речи му да ти дај време. Смири се. Увиди ги работите онакви какви што навистина се. Стојам зад тоа дека родителите не смеат вака да те условат, ама со начинот на кој зборуваш, на кои ги опишуваш работите и моменталната ситуација само укажуваат дека ти не си спремна на брак, не си доволно зрела. Изживеј го животот, можеби ќе најдиш некој друг, можеби пак некако ако треба ќе ти се вкрсти патот со овај. Остави ги куферите настрана, тебе не ти треба ова.
@angela19 бре девојче, цел живот е пред тебе, цел живот. Не избрзувај. На почетокот во врските секаде е сјајно. Ај да кажеме дека ке отидеш кај него, дали си свесна какви промени ќе настанат кога ке бидеш "негова жена" ? Нема да е исто се, како што е сега. И како можеш да го сакаш толку многу а сте еден месец заедно за да ги напуштиш родителите? Што ке правиш после првата сериозна кавга? Ке си одеш кај мајка ти? што ? И велиш дека не си навикната на таков живот како што го живеат тие? Епа извини драга ама ако сакаш да имаш луксузен живот ќе мораш и ти газето да си го запотиш а не да чекаш на готово. Не си возбудена што те чекаат многу нови неоткриени работи? Нема да ти е жал за родителите да ги оставиш за некој што малку го познаваш? Ќе се јадете секој ден, тој тебе ти него. Караници за пари и ете ти ги првите вистински проблеми. Себична си, подготвена да замениш луѓе кои ти пружиле СЕ за некој што го познаваш толку кратко а и ти не знаеш дали секогаш ке останеш со него. Сепак, одлуката е твоја.
Само едно ќе кажам за проблемот на @angela19 . На страна годините, мајка ти, мајка му и пороците. Едно е врска, сосема друго брак. Сега се е прекрасно, ама утре кога ќе се земете нема по цели денови да си уживате и шетате како денес кога сте во врска. Обврски, проблеми, караници за пари и сл. Не е исто да си девојка и жена. Стварно не знам како да ти објаснам. Посебно, вие не се познавате доволно, не може после еден месец да кажеш дека е прекрасен човек. Се гледате повремено, не сте 24/7 заедно, не легнувате и не станувате заедно. Не разговарате за плаќање на сметки и сл, воопшто не ни мислите, сега се ви е розево. Најважното, утре кој и да е, не зборам само за овој дечко, за некој проблем ќе ти сврти грб, а мајка ти секогаш ќе биде покрај тебе, што и да направиш, таа е мајка. И ја оправдувам и разбирам мајка ти. Ај за момент стави се на нејзино место?! М? Крај краева, иди кај него ама девојко утре ти ќе си ја чукаш главата од ѕид не ние.
За еден мессец ништо не се знае башка не вреди а си премногу млада уште сега да даваш заклучоци толку ссриозни треба да бидеш многу подолг период со него за да се замараш за овааа ситуација премногу си млада истражувај малку повеќе во животот....
Како успеа за еден месец толку добро да го запознаеш па уште гарантираш дека престанал со коцкање и пиење... Всушност, колку години има тој што успеал и да закачи некаквипороци па и да се одвикне од нив... Како машко ти кажувам, тие два порока се најтешки за откажување, особено коцкањето....луѓе со години се камуфлираати живеат паралелни животи...затоа не брзај, животот е пред тебе а машки има колку сакаш.
Moj sovet ti e Najdobro e da gi poslusas tvoite roditeli tie se postari znaat nekoi raboti kako i sto se slucuva,roditeli ti se poslusaj gi roditelite na deteto nikogash ne mu mislat loso..A decko ti sto ste zaedno nemozes za tolku brzo vreme da svatish kakof e od kaj znaes deka ja kazuva vistinata so nekoj da se omazish treba da znaes sve za nego da se poznavate i dvajcata dobro a za 1 mesec nisto nemoze da se osoznae....
Не викаме дека ти си тоа или дека тој ќе продолжи со коцкање, него ние зборуваме за тебе и за твое добро одењето од дома е многу лош чин ке ги разочараш тотално твоите родители кои што целиот живот ти го посветиле тебе они секогаш ке бидат покрај тебе , башка колку години има тој? Ајде годините и не се толку битни не се пресудни не прави работи зс кои подоцна би можела да се каеш без пари животот е премногу тежок башка што неможеш да си најдеш некој што повеќе ке те заслужува некој што се труди што работи во животот што себеси се замислува на некоја позиција понатаму .... Еден месец не е доволен заа тоа да го направиш..... верувај
Здраво на сите, ми треба совет и мислење. Со дечко ми бевме заедно 5 месеци, во последниот период се случија многу работи, проблеми имаше тој дома, јас итн. и одлучивме да сме на пауза извесен период за да си ги средиме мислите и чувставата. Во тој период од негде 3-4 недели, јас се смував со двајца а тој се смува со моја блиска другарка. Ми кажа после тоа направивме муабет се, зошто, што како. Она ни извини не ми кажа, ми имаше само кажано да се скарам со овој дека он не ме сака, што после излезе дека не е така.. Е сега јас одлучив да се вратиме заедно, под услов и двајцата од страна да не се гледаме со други, и со тек на време да ни се врати довербата и на двајцата. Проблемот е што не знам дали е ова најпаметната одлука, но јас него го сакам и мие убаво со него.. Кажете ми што мислите, Ви благодарам од напред.