Јас едно нешто не можам да сфатам. Како бе можете така кога ќе одлучите за пауза веднаш да шарате и барате други партнери? Не е раскинување, пауза е. Или брејк ап ќе биде и секој по свој пат или пауза ама таква како што доликува. Ако имаш чувства кон другиот колку и да ти мрда газенцето ќе си седиш мирна. Ти со двајца, ама тој со твоја блиска другарка? Не знам кој повеќе претерал ама не сте вие еден за друг. Јас не можам да ја вратам довербата во некој кој ме изневерил не знам како другите можат. Мене би ме јадел сомнежот, ќе ме копка прашањето кај е и што прави па одовде започнува и претераното контролирање : Кај си и зошто не ми се јавуваш. Или пак која ти е онаа која ти лајкнала на новата профилна слика? Ти си имаш одлучено, и твое право е како ќе постапиш но тоа е моето мислење.
Јас мислам дека ако двајца се сакаат не треба да прават пауза паузата е изговор за тоа што сте се лапале со други што значи дека не се сакате и не се поштовате еден со друг, недај боже еден од вас да отиде нехде една недела пак ке фатите кривини. другаркати што се смувала со него треба да ја отфрлиш од твојот живот зашто ако се смувала со дечково утре може и со маж ти да го направи истото. А он ако те сака тебе нема да ги брка твоите другарки... што значи тоа пауза е жива глупост не постои такво нешто....
Eдно е да го кажеш нешто, друго е да го направиш. Сигурна си дека после ова ќе можете да си верувате еден на друг? Јас се си мислам не, при прва кавга ќе си го плескате во лице ова еден на друг. А и сигурна си дека го сакаш или дека те сака? Не, не и не ми е јасно. Јас мислам ако си го сакала дечко ти немало да се смуваш дури со двајца, а тој со твојата најдобра другарка. Јас мислам разделете се додека ви е време.
Од толку што го сакаш и што ти е убаво со него,по првата пауза се смува со двајца. Сериозно,зборуваш за доверба? Еднаш изгубена,тешко дека некогаш ќе се врати. Не знам колку години имате,но ми делувате многу незрели. Најпаметна одлука би ти била,кога би ги елиминирала од животот и него и другарка ти.
Здраво девојки,нова сум на форумов, не знам што да правам со дечко ми сме две години заедно и до сега се било убаво, се додека не му текна дека сака да оди во странство,тука и двајцата имаме сигурна работа и со нашите плати има супер живот само да не се кредитите. Сака да си оди затоа што немало пари тука и ме убедува да одиме, јас не дека не сакам да пробаме во странство само да не ризикуваме толку да не даваме отказ, затоа што таму ако не најдеме работа кога ќе се вратиме тука ќе бидеме без ништо, плус тука си ја работам работата што многу ја сакам, не сака да слушне ми вика дека ако сум го сакала ќе одам со него макар и да не сме успеале, ако сум го сакала ќе сме се земеле и битно заедно ќе бидеме. 7 години сме разлика до сега сме се разбирале ама вакво размислуваење од негова страна ме зачуди многу и многу ми е тешко не сакам да бидам без него ама несакам и да ризикувам толку многу.
Во секој случај, не е убаво да ти поставува ултиматуми од типот „ако го сакаш, ќе го направиш тоа-и-тоа“. И ти можеш в тој случај да кажеш - „Ако ме сакаш, ќе останеме да живееме тука“. Ама ваквите „уцени“, да ги наречам, не водат никаде. Ако ти е само до работата - можеш да му кажеш дека ќе прифатиш да одите, но само ако претходно си најдете работа во земјата во која планирате да одите, а не да дадете откази овде, па да идете у странство „на ќораво“ и да работите било какви работи. Ако има и друга причина поради која не сакаш да одиш во странство, кажи му (дали е семејството, пријателите, средината, не е битно) и разговарајте за ова. Љубовта не служи само за повикување на картата „ако ме сакаш“, туку е заснована пред се на компромиси. Ако навистина се сакате, нема да се уценувате и вршите притисоци еден на друг, туку ќе разговарате и ќе најдете решение прифатливо и за двајцата - и за оваа ситуација, и за во иднина. Поздрав!
Во право си. Како тоа тој размислува да идете туку така во странство?! Не си навела доволно информации...сигурно туку така не одете, сигурно имате таму блиски кај кои ке седете додека не најдете работа?! Или туку така без никој и ништо ке појдете?! Ова е дилемата да би ти одговорила на твојов проблем. Но, и да имате блиски кај кој је одете неможете туку така и двајцата да се трупнете некаде плус во странство е скапо плус на почеток без работа, парите ке идат како алва...па што ако не се снајдете?! Убаво размислуваш, тој ме чуди како не размислува и од таа страна. Не ми е јасно како можеш туку така лесно да појдеш во странство. Еве јас би ти рекла, нека појди тој прво па да виде ако се снајде дај боже, па ти остани си тука на работа, ако тој се среди појди и ти. А не туку така и двајцата ке фрлите се во вода и ке појдете и ако не се снајдете што?! Се во животот е ризик, но нека појде бар еден, ако не се снајде да има колку толку приход додека не најде повторно работа.
Има роднини, но кај нив не може мн да се седи, под кирија се и нема како тука, сто души да делат мал стан. Проблемот е што јазикот не го знаеме.Единствено јас што знам англиски, и прво договорот беше така еден да оди и да види и сега одеднаш отказот и терај, а на мене дали би ми одговарало не е битно, битно ако сум го сакала ќе сум одела. Преголем ризик е без јазик, не се учи таму. Незнам што му е, не дозволува да му кажам ништо едноставно е решен или сам или заедно.Компромис нема, а верував дека му значам.
Вие во две годишна врска неможете да најдете некаков конпромис?! Т.е тој. Незнам зошто запнал толку да се откажете од се и да одете, зарем не е свесен за последиците потоа. Ајде да има веднаш работа би сватила. Но мила туку така во страство да појдете не ти препорачувам. Плус кај роднините во станот двајцата...не е баш изводливо, не одете таму на одмор, ми е страв само дека ке си замерите. Мој совет е да му го кажеш сево ова, и притоа да му спомнеш дека не сте од вчера, и дека таа работа така и тој ризик и за двајцата не е изводлив. Па нека размисли, или ако толку запнал сам нека оде, па нека виде таму што како па потоа и ти појди. А ако ти раскине за такво сериозно прашање, нека тера, таков што сака се по негово па дури и твојата лична егзистенција на ризик да ја ставе не ти ни треба. А па и со кој памет неможам да се изначудам и тие роднините во толкав стан со се тебе ке го прибираат, па не е работава за еден ден и плукни залепи, неможам да се изначудам
Идам со еден дечко 3 месеци, се ни е волшебно..едноставно кажано совршено. Седевме во парк и разговаравме. Го прашав да ми каже зашто ме сака, а он ми рече дека имало милион причини, но не сакал да каже ни една од нив.. Му реков кажи ми само 5, неќеше и не продолжив да го прашувам затоа што рече он прво ги правел работите да се видат па потоа ги збори. а неќел само на зборови да биде.. По некое време доека се гушкавме, се потргна и ми рече се осеќам смирено, спокојно, се исклучувам од се..ете ти една причина зошто те сакам.. Можете ли да ми помогнете и да ми кажете зашто не ми одговори и не ми ги даде тие 5 причини?
@Harlusdm Колку години имаш? Некако многу детски ми изгледа твоето рамислување.Па и во љубовни проблеми и совети ? Што е тука проблемот? Што не ти ги кажал причините зошто те сака.Даj боже ова да ти биде единствен проблем во врската . И да ти кажам мила,љубовта не се кажува,туку се докажува. Така да не се замарај со глупости.Ти самата си знаеш каква личност си и зошто те сака.
@Harlusdm доволно е што те сака и што е со тебе. Не си создаваj проблеми кога ги нема. А и веке ти кажал зошто те сака.
Леле и ај раскини му сеа зашто не ти кажал 5 причини. Машките не се такви ко ние жените да раскажуваме бајки и да бараме 101 причина. Доволно е да знаеш дека те сака, а зошто... ооо зошто... Јас вака ќе ти кажам, за да сакаш некого не ти треба причина, едноставно нема причини за сакање. Неможе да го сакаш некого само зашто е убав, мил, паметен, висок, добар, хуман... Може да сакаш некого, а да не е ништо од ова што набројав. Неможе некој да ти наброи причини зошто те сака, те сака ете така, без причина. Ај не си создавај проблеми за џабе... Како може да го тераш да ти кажува такви работи???
Ау девојче...штом во 03 сабајле те мачат вакви работи, сериозна е работата... Искрено, мене така да ми запнеш, прво што ќе помислам е дека бараш причина за раскинување а после тоа и се друго. Дури и премногу ти е и одговорот што ти го дал