секоја чест јас ми цркнала во таква ситуација ама продолжи така да не се замараш и биди ладна спрема неа белки ке си замине порано поздрав4е
Едно големо браво и од мене само продолжи така и издржи немој да пукнеш, пошо она сеа ќе те гледа ладнокрвна и се повеќе ќе те провоцира со цел да те нервира. Алал да ти е јас би ја исчупала додека спие . А следен пат кога на дечко ти ќе му каже срце ти одговори во негово име и кажи и "да злато" а после направи се на удрена демек си мислела дека тебе ти се обраќа
Како си можела да го издржиш ова, јака ти душа Чекај да ти се поклонам еднаш затоа што вакво нешто ретко кој може да поднесе. Јас искрено вријам кога те читам како раскажуваш, а не па на мене да ми се деси истото, ќе полудам
Здраво девоји ве молам за еден совет...во врска сум година и пол скоро со дечкото и се е прекрасно...океј сега има и ситни караници ама сепак се се разрешува со разговор...пред некој ден беше роденденот на неговата сестра(21 година што значи е поголема скоро 2 години од нас)(со која имав некои проблемчиња која таа ги правеше,знаете на почетокот беше супер,фина и добордушна,но подоцна почна да си го покажува лицето...ми се потсмеваше,ме исмејуваше но не само мене туку и брат и пред другите,па потоа велеше леле немој да ме сфаќаш сериозно јас само се шалам и што уште да не набројувам..но сепак јас бев онаа која за се најдуваше решение и секогаш знаев да комуницирам малку потешко со неа,и секогаш кога ќе ме навредеше јас и попуштав и не се спуштав на нејзино ниво,се што и требаше од Орифлејм за порачки секогаш од кај мене порачуваше.ќе излезеше нов каталог, специјална понуда јас одма неа,ќе порача ќе и дадев по набавна на неколку пати,ама изгледа сум била глупава..летово додека бевме на 1 ден Охрид,се сместивме кај нив (таа и нејзиниот дечко) и ми помогна кога не ми беше добро ( имав симптоми на вирус) лично му се забалгодарив за тоа што се грижеа за нас и кога стасвме дома и пратив порака но не добив ни еден сигнал дека ја прими и прочита пораката...а мојов постојано “Таа ми е сестра јас ништо не можам тука,тоа е карактер“ ) Сега да преминам на тоа што треба...значи и беше пред некој ден роденден,па дента кога и беше мојов ми вели “Сестра ми вечер ќе ти прати порака за да дојдиш кај неа на роденден“ и јас ОКеј добро чекам јас..и не прати порака..наредниот ден ми вика “Дада ми рече да дојдиш кај нас на торта за роденденот“...толку сум се нанервирала значи... му викам ОКеј ќе видам дали ќе дојдам оти можи да не бидам слободна и сношти настана караницата... Тој:“Дада ми да знаеш ти се лути оти не дојде“ хммм а таа ме покани мене?? му објаснив дека не е убаво така да се прави да покануваш некого преку некој друг,особено ако е некој поблизок..а тој почна одма во одбрана на сестра си при што ги изговори следниве реченици “Ти си разгалена..многу те разгалиле од дома,што сакаш ти?да ти пратат покана за на роденден?или во живо да те поканат? "ти ја мразиш сестра ми,не ја почитуваш , после ќе и го кажам тоа“ ...и следуваше шокантната реченица “Сестра ми ти има повеќе помогнато тебе отколку ти неа“ молам???? тоа се мери??? а јас само му кажав дека луѓето ги почитувам онолку колку што тие ме почитуваат мене...Тој:Ќе и речам да ти прати порака вечер за да дојдиш“ Jac:Не,благодарам...а зошто кога требаше не ми прати порака? Тој:Па знаеш немала кредит,а за на фб или мсн не седи на компјутер оти на работа е до 8 навечер хахха АКо некој сака да те покани ќе најде начин му реков.. НЕ знам што да правам...дали да појдам на роденден или не? дали згрешив така што изреагирав пред него?дали правилно постапив се што му изнареков??
Zosto nema vrska Aj ve molam mislenje ?? па вака... се запознав со едно дете во еден кафич од тогаш ми пишеше на фб.и ми побара и мсн..и пишевме све додека јас не појдов пак во неговиот град за да се видиме...јас сум од еден град а тој од друг од каде што учам јас и во учебната година седам таму..и се видовме тоа беше првиот состанок..бевме кај него встан и се бакнувавме све тоа и почна да ме факја секаде и јас да будала до некаде му дозволив..да тоа беше првиот состанок..и помина супер..се додека не дојде и вториот состанок..да се видовме уште еднаш и пак кај него встан..пак све беше супер..но овој пат му дозволив да ми ја слече маичката значи и сама незнам како можев а немие ништо..но ете моментот ме доведе до тоа..и на третиот состанок..да имаше и трет не му дозволував ништо ни да ме фаќа ништо..и тој ме праша што е раб..и јас му реков дека не можам да му дозволувам така затоа што не ми е ништо туку само така излегуваме и неможам да му дозволам..и тој тогаш ми вели види злато..јас со тебе имам сериозни намери и ако можам секој ден би се гледал со тебе..преубаво ми е .. и ми велит ти шо мислиш би сакала нешто појке..и јас му реков незнам..би сакала зошто да не...и тој ме праша дали ке седам таму кога ке почниме на школо и јас му реков дека ке седам и тој ми рече супер..за ова ме има прашано 2/3 пати дали ке седам таму.. и после муабетов ми вели епа потрудисе ко така да ни е супер и на двајцава за да немаме двава статуси сингле .. како не пр..јас си свакјам под ова( остај ме да те факјам за да ни е убо..и да немаме статуси сингле) и ете го оставив и таа вечер.. ..а во меѓувреме после овај состанок све си мислев дека ке сме во врска дека ке ми прате покана на фб да бидеме во врска но ништо од тоа..залудно сум чекала..и дојде и другиот состанок... и пак све беше убаво..но бев ладна спрема него не бев како минатите пати...и него му беше чудно..но нашиве односи беа како да речам..еве на последниов состанок тој сакаше да сврши (знаете што е тоа) и ете му помогнав да се задоволи со тоа...и ми вели зошто не сакаш и ти да уживаш,зошто не се опуштиш..и јас само му реков како да се опуштам кога ништо немам со тебе неможам и да сакам да се опуштам..и тој не ми рече ништо..и си заминавме и ништо повекје..не ме побара не ми се јаве.. не ми е јасно зошто не ме побара..толку ми беше чудно затоа што заборавив да наведам погоре дека секој ден од привот состанок ми се јавеваше дури по 2 пати денот..дури и кога бев во мојот град..значи 2 и пол недели се слушавме секој ден..и да..само вчера не ми се јаве по завчерашниот состанок.. а и да да ке го заборавев и ова..значи тој има 20 год јас 17..тој е мн богат..имат фирми ,,кренат е мн и мн голем женкар и е преубав..јас не се ни надевав дека со него би имала врска затоа што таков е.. но по муабетот на 3иот состанок мислев дека е сериозен..но ете... сега незнам зошто не ми се јаве вчера прв ден да не ми се јави...а знам дека и денес нема да ме побара но ми е глупаво што ете така му дозволив некои работи..а не смеев..сега ми е чудно се навикнвав на него да се слушам со него секој ден..а и се надевав дека би била во врска со него..би ми било убаво..но да...премногу убаво за да биде вистинито..ај ве молам помогнете ми што да правам..дали да го побарам јас..или да оставам затоа што е женкар да оставам на него..ако сакат нешто тој ке ме побарат..ако не тоа е а и гледам на фб кајнего си пише тој со други девојчина срцина,ком,ова она...Aј ве молам за мисленје....??? Mногу сум збунета...
Zosto nema vrska Aj ve molam mislenje ?? Нема што да си збунета и самата си даде одговор. Типот е женкар и заборави го. Тој те мува и сака секс со тебе. Ти се јавувал само за да добие нешто - секс. А ти младо и наивно женско створење му веруваш - нажалост. Заборави го, ке си најдеш момче кое ке те сака и ти ке го сакаш и ке му се предадеш целата.
Zosto nema vrska Aj ve molam mislenje ?? Значи сите што се богати се кренати...Аман веќе со оваа реченица. И знајме што значи тоа да сврши. И друго остави го...тој сака само секс и ништо фазла! позз
ако те викне навистина,но таа,а не дечко ти,отиди.ако не,никако.не си рекла ничто посебно лошо,ама со оглед на тоа дека му е сестра и не му е лесно да прифати дека не чини,гледај во иднина воопшто да не навлегуваш во дискусии за неа,игнорирај ја
Zosto nema vrska Aj ve molam mislenje ?? Остави го,нема зошто да му се јавуваш.Не ти треба таков. А тоа што не ти ѕвони тој,ич да не ти е чудно,тој си добил тоа што сакал цело време-секс.Така да заборави го,подобро за тебе
Ако сакаш се да ти биде во ред со дечко ти, ако ти значи тој и сакаш да си со него тогаш отиди. Суровата вистина е тоа дека сестрата секогаш ќе му биде пред тебе, така е тоа кај сите, сестра е една, девојките се менуваат. Значи не ти вреди да се расправаш со сестра му, во неговите очи таа секогаш ќе биде онаа добрата и таа што е во право. Доколку сакаш се да ти биде во ред со дечкото за жал ќе мора да ја трпиш сестра му, да и правиш лице иако не ја поднесуваш, и да бидеш најпријатна со неа. Така да те советувам да одиш, да се правиш дека немало никаква караница, и дека сте во најдобри односи, така само ќе добиеш поени, нема што да изгубиш, ако не те повикала таа лично ете дечко ти те повикал, оди, не чекај порака и од неа, може намерно сака да направи некоја караница па да рече после ете не дојде ти кажав да ја викнеш а таа чека специјална покана... мене така ми изгледа, ајде пиши после што си направила
Не земај се на срце,не се замарај премногу зошто нема потреба.Не ти треба да бидеш блиска со сестра му,гледај да ти биде добро со него.Не навлегувај во конфликти без потреба,биди учтива спрема неа и не и се многу замарај,така ќе немаш проблеми.И волкот сит и овците на број.Вака ако се фаќаш за сламка и за секоја ситница се нервираш еееее кај ќе биде крајот,ќе имаш и посериозни проблеми од ова.Еве јас од искуство ти кажувам биди на дистанца,не ти треба голема блискост ниту со сестра му, ниту со неговите.Вака е подобро,гледај со него да ти биде убаво и убаво да си поминеш а другото и не е толку важно.
Мој совет ти е е никогаш да не дозволош друг да се меша во твојата врска па и кој сака нека е ,не и придавај преголемо значење,како што велиш во постот била доста незгоден карактер .Ако вака се однесува само спрема тебе отворено прашај ја што е причината а, ако е таква кон сите тука не можеш нмогу да сториш ,ке мораш да ги толерираш нејзините испади но,се разбира во рамките на одредени граници. дечкото ,јасно е дека субјективно гледа на целата ситуација но, со тек на време се ке се среди,покажи дека си подобра од неа.Поздрав и среќно
Здраво девојки! Ми треба ваш совет.Еве го проблемот:одам со дечко ми скоро година дена,се сакаме,си веруваме,но во последно време кавгите ептен ни зачестија.Не знам дали далечината си го прави своето(не сме од ист град)или друго нешто е во прашање,ама вака не бива.Се караме некогаш за глупости,друг пат за погрешни мои или негови постапки и зборови,за се и сешто што се вика.Ако денес сме во ред,наредниот ден се испокараме,па се смируваме и се така,посебно последниот месец.Не знам што да правам за да се средат работите. :? Еве и денеска пак се скаравме и кога го прашав дали заради сите караници што ги имаме,се сменило нешто кај него(мислев на чувства,мисли за нас),тој ми одговори дека пoследниот месец не мислел на мене како претходно т.е.порано мислел колку му е убаво со мене,колку многу ме сака,дека едвај чека да ме види и сл.,а сега мисли цело време до кога ке се караме,зошто се караме,како да се смириме.И не дека ме условува,ама и јас гледам дека не одиме во добар правец.Се плашам да не раскинеме.Како да си ја средиме врската?
И јас имам врска на далечина и не се гледаме баш мн мн често.Најдолг перидо што не се беме виделе беше околе 5 месеци Тогаш ептен се каравме така за некои ситни работи , он постојано нешто сумљаше ,љубоморен е и не верува во никој па најчесто околе тоа се каравме.Кога се видеме се беше супер , разрешивме и почна повеќе да ми верува и јас повеќе пазам да не правам некои работи шо ќе го терат да сумља и кавгите сега се многу поретки. Според мене треба да се видете и очи во очи да разговарате , по друго е преку телефон Ако и двајцата сакате уште да се заедно ќе се трудите и двајцата да ја зачувате врската.Ќе си кажете што ви смета еден на друг и ќе пазите да не се нервирате.Ако имате можност да се видете,шо поскоро подобро! Позз не се нервирај , биди смирена.
Знам дека е друг разговорот по телефон и на интернет,од оној во 4 очи.Планирам следната недела да отидам кај него,роденден му е,и да правиме муабет.Не дека и до сега не сме правеле кога се гледавме летото,ама дека ни беа избројани деновите и се трудевме што поубаво да си поминеме заедно.Најглупо ми е што најчесто се караме за ситници,како и ти што кажа..
Оф леле ,знам како ти е.КОга ќе се карате не кревај мн голема галама , објасни му еднаш и толку не го спомнувај повеќе проблемот подобро е така отколку постојано да го убедуваш дека греши.Барем со мојот јас така подобро поминува.Кога ќе се видете ќе одвоете малце време за сериозно да поразговарате бидејќи со вакви чести караници, нервози ќе си ја уништете врската. Бидете разумни и двајцата и како шо ти кажа битно и двајцата да се трудите околе врската.