Има премногу верувано на други, вика дека не ги сакал.. само му значеле, а го имаат заебано. Мислам дека му е страв да покажува чуства сега, како да го опуштам ?
Аха, опуштај го, опуштај го, па кога ќе му ску*чи тоа напнување ке кукаш после. Остај го човекот, што му фали. Убаво ли ти е со него? Што сакаш ти? На 5 минути да ти кажува дека те сака? Да ти набројува причини, да ти симнува ѕвезди...? Значи остај го да диши, кога тој ќе осети потреба нешто да ти каже ќе ти каже, немора со сила да го вадиш тоа од него.
Ви се извинувам за неубавото однесување размислив и сфатив дека сте во право. Ако тој денес живее во две соби на пример по година или две тоа нема да се промени. Можеби ме прави материјалист ама јас не сум навикната на таков живот и тешко дека ќе издржам. Не е дека се фалам ама одсекогаш сум добивала се што ќе посакам од моите, со сестра ми сме имале посебни соби, посебен спрат, така да тешко дека ќе можам да живеам во две соби со девер и свекрва. Разговарав со мајка ми како што рековте и и кажав дека не е ништо сериозно и дека не планирам да се мажам со него. Млада сум сеуште скоро 20 години. А таа ми кажа дека не го мислела тоа сериозно, само така направила за да ми ги отвори очите. И таа е свесна дека јас таму нема да издржам зошто да си отворам непотребни проблеми. Ќерка сум и како може да ме избрка. Со дечко ми продолжив да се гледам и му објаснив што и како стојат работите дека за мажење не се брзам. Ви благодарам девојки. <3
Браво девојче Мило ми е што си размислила и пред се си разговарала со мајкати. Секогаш размислувај два пати пред нешто да кажеш и направеш, и разговарај и консултирај се со мајкати, таа не ти мисли лошо. Види со дечково, мала си сеуште, па фала богу од грешки се учи, животот е пред тебе со тек на време и сама ке сватиш дали сте еден за друг или не и што понатаму, се ке си дојде само по себе, уживај во моментот.
Да, мило ми е што ве послушав. Во тој момент бев занесена и нервозна затоа така реагирав. Секако дека нема да избрзувам, дечко ми може секогаш да ми сврти грб мислам во секој момент додека родителите какви такви тие се секогаш тука за нас.
Здраво девојки! Се зачленив за да ми помогнете. Не сум баш искусна во љубовта и не можам да ги отценам вистински момчињата. Се започна кога бевме на одмор годинава. Таму се запознав со него, тој е син на пријател на татко ми. Ми личи на добро момче, барем толку можев да го отценам за време на тие неколку дена. Ми се смешкаше, станавме пријатели на фб, од време на време ке ме гушнеше таму... Разговаравме по цел ден, но не ми кажа дека имал девојка. Јас на фб видов заеднички слики, си пишувале „те сакам“, „i love you“ и слично. Тој има 17 години а јас 14, до сега сум немала дечко ниту прв бакнеж. Што си мислите, само му бев занимација неколку дена или сепак не?
Премногу си млада да се преоптоваруваш со тоа. Плус можеби те сметал како другарка и бил со тебе пријателски настроен. Ама можеби јас сум во грешка. Зошто не го прашаш него подобро да ти објасни?
Да, само занимација си му била. А не помисли ли дека те гушкал другарски и дека бил фин со тебе зашто си ќерка на пријателот на татко му и зашто си помала, па ете, да се почувствуваш дружена? Навистина на 14 години размислуваш на вакви теми и за фаќање дечко, практично? Посвети се на училиштето и имај си симпатии. За дечковци имаш уште многу време.
Ти си премногууу млада за се! Сеуште немаш ништо искусено мнноогуу си премлада да се замараш со негоо не се заморувај првиот бакнежж кога ке треба да се случиии тоа ќе биде навистинааа нешто посебноо.... Ептен си малечка
Ве молам некој совет. Се смиривме со дечко ми.Тој е предобар и премногу ме сака, а јас и сешто му направив. Ама има голем проблем. Многу го повредив. Шлагот на тортата беше кога последниов пат дојде во мојов град и по не знам кој пат го извисив, тој ме чека на автобуска јас седам дома и на тел му реков ме мрзи. Сега ми прости и се договараме да одиме во село (има куќа од дедо му), ама ми е страв да не сака да ми се одмазди, што ако кога ке отидам во неговиот град ме извиси?
Извини за мојата дрскост. Си го бараш ќе си го добиеш. Самата си го бараш. И не е за џабе кажано да не го правиш она што не сакаш да ти го прават. Сега немаш право да се плашиш ниту да кукаш. Требало да мислиш. Да сум на место на дечко ти ќе те откачам.