и јас го фатив тоа време тогашниот дечко ке се јавеше дома (ни срам ни перде ) и кога ке му речеше таткоми кој ја бара и он школски другар за книгата по ЗПО , а мене срцето в петици ми одеше и да не ги забораваме ливчињата и писмата
@Harlusdm не барај некој да ти кажи зошто те сака, некој те сака за она шо си, за она шо претставуваш во неговиот живот. Љубовта зборови не ја искажуват. Остај се да се одвива онака како шо треба. Подолу гледам дека бараш да го опуштиш? Сакаш тој во рок од една песна од 3 минути околу 125 пати да ти вели дека те сака? нема смисла. Остај да бидите заедно, да зборате за се, да се спријателите. Една врска не ја држи мувањето, пред се вие треба да бидите пријатели така да не барај причини зошто те сакал или дали бил опуштен или не, зборај си со него за било шо, биди негов пријател, сакајте се, доволно е. @angela19 сериозно поверува дека ќе те избрка мајка ти? just asking. Нема врска, ќе ти речам само дека ја напрај правилната одлука, ништо друго. Следен пат памет в гла и не брзај за ни една одлука во иднина. @snezana20 вие само се гушкавте!! П.Р.И.Ј.А.Т.Е.Л.С.Т.В.О. ете јас имам дечко ама со другар ми си се гушкам, дали тоа значи нешто? НЕ. Смири глата, имаш 14 години. Зошто да се смириш? - Тој можеби те гледа само како пријателка, па не си била никаква занимација туку си била само пријателка. - Можеби тој има некакви симпатии кон тебе. - Можеби таа не му е женска зошто ако сите гледаат на колку машки му имам пишано на слики дека ги сакам и дека се секси ќе ме мислат нешто скроз друго (се во име на мајтапот и пријателството) ... Одмори глата, да беше малце постара па залетваше по него ќе ти кажев нешто малце поинаку ама сега за обични симпатии и пријателство да мешаш занимации или не, нема смисла. Одмори се, не мисли на тоа. Сфати дека ти ќе имаш многу момчиња во иднина со кој ќе бидиш пријател, некогаш тебе ќе ти се допаѓаат, некогаш ти нив, ама не секогаш чувствата ќе бидат заемни. Кога чувствата нема да бидат заемни немој да се разочарваш и да велиш дека некој бил со тебе за занимација зошто пријателството не е занимација или корст. @23455 заслужено како и да е, ако ти е дечко, нели сакаш да го видиш? Зошто би го извисила? Ако ти е дечко, зошто он би ти се одмаздил? Нешто не ми штима. ова само ти го цитирам за вака по некоја страна да те потсетам што си напишала. Срамота. Сите сме по малце себични ама занемарувајќи ги нечии чувства и повредувајќи одредени луѓе не е начин. Едноставно не е начин. И прашуваше дали да одиш, оди. Оти да не? Како иди тој за тебе, оди ти за него. @Аматиел14 не сфаќам зошто на девојче од 17 години им бранат родителите да бидат со некој, небаре ќе се мажи готово. -,- За преболвање ќе го преболиш, немојо за тоа да ти е грижа. Ќе те боли малце ама ќе помини. Ајде не се грижи толку, се ќе биди океј и со тебе, и со твоите.
Пак сум јас со дечкоми еработиве ниакко да се средат си дојдовме од одмор и почнаа одма кавгите.....некако не е толку неже колку што беше со мене порано од коа ќе помине сексот и одма сака да спие ни ме гушка ни ме бакнува или ако му речам самоете не ме бакнуваш ќе ме бакне и готово...послабо ме гушка некако повеќе сакам да се чувствува заљубеноста убавината на врската ама некако не ја чувстуввам доволно повеќе сакам да ме бекнува се чувстувам само јас да сум иницијаторф..не е како порано што беше...сеа и се скаравме вечерва сакал со9 друфгар да излези и пред мене му рече на дугаров да излезат а не се исконсултира со мене и првпат така направи и му ви8кам јас таа да направам ќе ми се изналутиш вака таа..и ми вика напрај бе напрај аман веќе напрај коа си решила...значи исто ти е велам а ..да вели исто ми е.. му спуштив и неможам веќе...незнам кај згрешив о9лку само јас да патам од него колку што го сакам толку и не го сакам едноставно коа ќе ме изнервира незнам кој крај да го фатам...само за ситници се нервирам за глупости со него и само плачам на секоја нерв оза веќе нерви не ми останаа..криво ми е еедноставно зошто јас толку да му угодувам да наујдувамвреме за него ид а откажам планов со другарки за со него или ќе најдам макар и еден сат за со него ако сум со другарки а тој и ми се вади уште неа да имам време вечерва касно ќе ми биде за вечерва сабање на работ сум бла бла...само се вади со нешто а поарно ни ден без мене не можеше..а јас можам да трчам секогаш за со него..ми вели секогаш сме заедно секој ден и пак мани сум најдувала...и пак јас крива.... дајте ми некој совет што да правам...мајками ми вели барај си некако начин подобро тргни се од него од инатчии луѓе и нервозни понастрана...вие што би ми рекле според кажаново?
А зошто го молиш? Зошто го напињаш? Едно та исто по 100 пати? Нели забележуваш дека сака да диши?! Да излага и малку сам со другари да се дружи?! Не го оправдувам неговото понашање, но штом гледаш дека нема излез од ситуацијата со него иднесувај се исто како тој што се однесува, едноставно смири топките и уживај излагај и ти дружи се. Па самото време ке ти каже што со него понатаму, ако веке неможеш крај да ставиш.
@untitled12 Остај го малце како што ти кажа vamina.Понашај се поладно,олабави,машко ко машко,колку повеќе внимание му обраќаш,толку на глава ти се качува.Нека излегува малце со другари,не му пребацувај,повеќе ќе имаш контра ефект.Сепак не ти е сопруг,па се да сте заедно.Биди храбра,издржи така во однесувањето,знам дека е тешко,посебно ако нон стоп сте заедно,ама мораш.Покажи дека имаш свој живот,излегувај и ти, немора светот да ти се врти околу него.Па ако при вакво однесување нема ефект,не покаже заинтересираност,незнам што да ти кажам,веројатно му здосадило.
проблем мие што не сумхрабра мн слаба личност постанав за се п0лачам нема сила се изгубив со него...самата заслепив..саматга...незнам ни правилно да размилувам веќе ... и овој само и вели сум се жалела од него само друго не сум знаела незнам што.. уште ми одик само контра офлеле ќе умрам готово...
Можеш,силна си пробај,жена си,се можеш.. Знам дека е тешко,сум била во ваква ситуација,ама колку повеќе му обрнуваш внимание и го напнуваш,толку повеќе го оддалечуваш од себе.Машките сакаат девојката во текот на врската сеуште да им е мистериозна,да ја откриваат од ден на ден,а наша најголема грешка во врските,посебно ако станува збор за долга врска,е што им се даваме на тацна што се вели.Светот ни се врти околу нив.Тоа е голема грешка.Мора да издржиш неколку дена.Биди мила,немој со лутина да му велиш ако сакаш да излегуваш со другар излези,туку биди мудра,играј тактички,понекогаш и самата ти кажи му да излезе сам.Па ке издржиш еден ден без него не е крај на свет. Со среќа.
Јас само едно ке ти кажам. Мала си и си мислеш дека една обична глупост е крај света, мислиш дека неможеш без него итн итн таквитими работи. Верувај ми дека за некое време ке ти се сменат сите ставови и мислења, сега јас знам дека џабе ти зборувам. Слушај си ја мајкати мој совет, и не го напињај дечкото и моли бидејки не вреди верувај. Биди горда и имај достоинство, а плачењето тргне го на страна бидејки никој не заслужил да му миеш нозе со твоите солзи. Размисли убаво што ти кажав, поздрав.
Vidi nikoj do sega od ljubovni problemi ne umrel,pa nema ni ti. Ispagaj so drugarkite zabavuvaj se,ne mu zvoni tolku cesto,i ne go moli za ispaganje ili da se vidite nekolku dena pa koga ke te prasa zosto ne si mu rekla za da se videte kazi mu deka si mislela deka toj taka saka i si mu dala vreme za da razmisli.Kolku poveke si uporna tolku poveke toj ke se odalecuva od tebe. Posveti si vnimanie sebe si,odi na flizer,kozmeticar ispagaj...za toa e letoto.
Според ова што го напиша, типов ми делува крајно незаинтересиран.Со појавата на незаинтересираноста врската го достигнува своето дно. Тој едноставно престанува да реагира на она што го правиш или велиш ти. Во оваа состојба, нема ниту обвинување, ниту одбрана. Ако не си среќна повеќе со него, не гледам причина поради која би продолжила врската. Убаво ти кажала мајка ти, тргни се од него но сепак ако толку многу го сакаш, разговарај отворено со него, кажи му што ти смета и доколку му значиш и ти на него, ќе се смени Ако не се смени, животот е пред тебе и не се замарај. Ти си дала све од тебе
Те разбирам. Потполно те разбирам како се чувствуваш ама верувај мила, во врската има и вакви периоди. А се надевам дека и ова е некој период. Сте си здосадиле еден на друг, дишете малце. Дозволете да си недостасувате еден на друг и секоја средба ќе биде поубава. Не го барај само ти не го напнувај, остави го нека излезе со другарите, нека се издува малце. Машко ко машко ќе се врати. Си го навикнала да бидеш секогаш достапна за него и затоа е така. Излези и ти со другарки, малце олади го односот кон него, ќе видиш што и како понатаму. Ако и после ова не се среди, тогаш нешто сосем друго е во прашање...
Девојки помогнете ми, веќе незнам што да направам -.- .Значи вака, со дечко ми одевме 2 ипол години. 1 ипол година беше во мојот град така да се гледавме секој ден,сега веќе една година живееме во различни градови но сепак одам јас кај него доага тој ,не е проблемот тоа.Врската започна добро се до третиот месец кога дознав дека комуницира со бившите и тоа секојдневно комуницирање, нормално се налутив се скаравме сепак бивши се што има да се слуша со нив кога веќе ставил крај Помина тоа се смиривме му дадов шанса да се поправи,после една година пак истата работа се расправаме за неговите бивши во 3-4 сабајле ми вели одам да спијам а тој на телефон зборува со неа.. Му раскинав на една недела... но сепак пак простив премногу го сакаав.После тоа навистина се смени немаше веќе такви проблеми, но еве пред 2 дена ми раскина, причината била што јас многу сум го замарала.Замислете сепак сме во различни градови а и навистина 2-3 пати во денот слушање јас мислам не е премногу, не му е тоа проблемот.,навистина незнам што е јас размислував и сепак вината неможам да ја најдам кај мене..Вели тешко му било но сепак вака подобро ќе било инаку ако продолжиме во иднина полошо ќе биде... Навистина незнам што веќе, скршена сум 2 ипол години сепак не се малку , како и да е јас премногу го сакам, .што да направам .. ?? ?помошш (
По описот што го даде за твојот дечко јас мислам причината за неговото раскинување е била некоја од бившите. А и ти со кој памет му простуваш очајно редовно за сите негови бивши што си го прави кефот. Не си ми јасна. Дечково те научил и знае дека не го напушташ и покрај се и сега си го прави кефот како ке му текне со тебе. Проблемот е со тебе девојче и твојот карактер, стисни малку заби и покажи и докажи му дека не си наивна и проста, имај малку городост и граница. Сепак мислам дека на крај пак ке се смирите и после се и тоа по твоја иницијатива и тој ке си истане истиот бидејки така си го научила. Не ме свакај погрешно, само ти давам добронамерен совет и ти ги отварам очите. Поздрав
Грешка твоја што си му се смирувала , ај кажи ми доколку ти комуницираш со бившите што муабет ке правиш ?? и тоа долго време на моб ?? Што мислиш што муабет прави со бившите ?? сигурно не за мода и убавина , и мислам дека ти раскинал бидејки си има друга некоја , видел колку е саатот и дека кога тогаш ке дознаеш за сплетките што ги прави тој , заборавиго и најди си друг , и така не е од твојот град ,немат да го гледаш и брзо ке го преболиш . Среќно
Грешката е кај тебе...требало да го решиш скроз проблемот со комуницирање со бивши уште првиот пат кога си приметила дека комуницира со нив... Олабави се малку, не го барај сега и не форсирај да се смирите...можеби ќе те побара тој...
А што муабет би правела ете ти на пример со бившите и тоа наутро во 3? Добро ти кажала и апсолутно се согласувам со Витамина. Си требала уште на почеток кога си приметила да ја сфатиш сериозно работата и да се налутиш. Јас на твое место не би го барала повеќе. Те разбирам многу добро дека го сакаш и ете може во моментов неможеш ни животот да си го замислиш без него ама јас мислам дека треба на работите да гледаме реално. Во една врска освен љубов треба да се има и доверба па и разбирање. Како ќе му веруваш ти нему ако тој постојано прави вакви "грешки"? Две и пол години врска воопшто не се малку, сите ние имаме бивши и сосема е нормално да го поздравиш бившиот/та на улица ама секојдневно контактирање е малку превише за мој вкус а верувам и за сечиј. Големи се шансите дечкото да се врати кај тебе зошто знае дека го чекаш и дека ќе му простиш. Јас на твое место би стиснала заби и би го пратила да продолжи да си прави муабет со бившите. Тоа дека си го замарала е само изговор, вистинската причина е нешто друго сигурно.
@untitled12 можеби сепак сака малце време настрана. Шодека договорил со другарот да излези без да се консултира со тебе? Другари му се, нормално дека ќе закажи со нив ако има шанса па тебе ќе те стави пред или после тој термин зошто сепак во една врска пријателите не треба да се запостават. Не му замерувај за ова. Сега од друга страна за тоа што е ладен каок што велиш, не те гушка ни ништо, можиш да седниш и да разговараш дека тоа тебе ти недостига, да го прашаш дали има некој проблем, дали проблемот е во тебе, во него, дали можиш некако да помогниш. Многу ќе речат дека машките го неќат овој пристап, ама јас сметам дека ако тој ти е партнери те сака со тебе ќе збора за се. Следно, не сфатив делот што му рече !ако јас така направам ќе се изналутиш па тој ти рекол напрајбе напрај аман веќе напрај коа си решила“, за шо се однесува ова? Имајте слобода да правите шо сакате, апсолутнаслобода и слободното време користете го за себе. @Lonely21 комуникација со бившите барем мене не ми е проблем, не секојдневна комуникација ама не сосем прекинат. Така да комуникација секој ден плус на телефон искрено и не е океј индикатор. Како и да е, после раскинување човекот на кој му е раскинато има право да ја знај целата вистина. 2-3 пати за некои е премногу, зависно одтоа колку му значиш. Посебно ако сте оделе 2 и пол години мислам дека треба очи в очи да седните и да зборните за тоа што не чинеше.
Girls help me знам дека со овој пост ќе личам на некоја ментална ама морам нешто да направам Значи вака лани кога бев на одмор уште првиот ден кога отидов на плажа го здогледав мистериозниот дечко кој работеше таму и многу ми се допадна и бидејќи седевме во близина постојани си разменувавме погледи тој неколку пати се обиде да се запознаеме но не успеа оти јас бев со моите и немаше шанси да ми се доближи исто и оваа година пак го сретнав на истото место ...истата песна од минатото лето и пак не успеавме да се запознаеме ми треба совет како да го најдам само знам од кој град е и каде работи
Јас би ти рекла да пишеш за кој град се работи, а феминките кои се од тој град да ти се обратат во лична порака. Ним ќе им кажеш каде работи тој дечко и може да се обидат да се распрашаат и да дознаат ете барем фб.