Јавно ги замолувам сите феминки кои се од Охрид да и се обратат по лп на оваа принцеза и да и помогнат да го пронајде својот принц.
Да знае дечкото каква потрага по него се организира, одма ќе те жени Добро, може не е слободен ама нема врска, битно е да се дружиме
Многу се двоумев дали да пишам, т.е како да го концепирам "проблемот" во неколку реда, иако имам пишувано за овој човек. Тој е човекот кој за 1 секунда може да ме насмее ( дури и кога сите бродови ми потонале), и за 1 секунда може да ме изнервира. Човек за кој мислев припаѓа на моето минато свршено време- мојот прв дечко и искуство со убави и драги спомени, и сега се лажам дека со него пополнувам досада. Човек за кој мислев е женкар со тапија како единствена животна професија,а испадна помудар од мене, вреден, амбициозен... Човек кој ме проучил и научил како што само домсшните ме познаваат. А упорно го одбивам, не дозволувам барем физички да допре до мене, одбивам да ме освои, одбивам да го запознаам подлабоко.. Многу работи ме изненадија во поз смисла, но тоа глупаво рационално гласче кое ми зуи ми кажува дека он не е за мене. Потекнуваме од различни семејства, услови, и тоа ме кочи. Доколку не би било тоа така, сигурно ќе го поддржев во идеите за наша заедничка сериозна иднина. Знам дека ќе успее постепено во животот, ама ... Не ме напаѓај те, навистина ми е проблем да ја сварам сликата на неговото запознавање со моите, или на двете семејства... А морам да се решам, возрасни сме и не ни е до губење време и на двајцата и играње еден со друг. Коментар или совет?
Драга @Rubiii ... Кога ќе размислиш подлабоко мислам и дека немаш некој проблем. Се гледа дека копнееш по човекот и го сакаш, зошто не му дадеш шанса на човек кој го љубиш и кој упорно се обидува да те освои и докаже дека е спротивното од тоа што го мислеш за него. Секој човек греши и најбитната ствар е да извлече поука од своите грешки. Премногу убави епитети даваш и чуствуваш за човек што го сакаш, еве како во твојот случај. Супер и од страна што човекот се труди да успее и да изгради нешто, што успева да те насмее и да ти го обои денот во розево. Тоа е љубов мила.. Во врска со фамилијарните спротивности би ти рекла дека доколку ти сметаш дека тоа е човекот на твоето срце би требало да седнеш да позборуваш со твоите и да си дадеш шанса прво и основно самата себеси со тој човек, а потоа да си дадете шанса и да се запознаете со вашите. Секогаш сите ние имаме и друг глас во нас, друго ехо но ако ги оставиме работите да се сведуваат на што би било ако би било и ако не напраеме ризик ништо неможеме да добиеме. Пробај, може навистина ќе испеете, љубовта не бира спротивности и различности, љубовта доаѓа онака како што доаѓа со силни емоции и чуства со блага прегратка и слатка насмевка. Дај си шанса на сама себеси, а и нему, во се има ризик но можеби твојот ризик ќе биде успешна љубовна приказна. Поздрав и секое добро.
@Rubiii тоа гласче секогаш зуе само за да зафркни работите, немора да го слушаш - игнорирај го. Зошто неможиш да ја свариш сликата од нивното запознавање? Веруваш дека ќе настани некој конфликт, недоразбирање? Најбитно, го сакаш, сакаш сериозна иднина со него - биди сериозна, start something worth fighting for
@theowndemon сликата не ми се спојува зошто незнам како би седнале на маса и како би се прифатиле. Неговите се необразовани, едноставни и селски луѓе, а моите се со професија, факултети, капитал, градско старо семејство. Не е баш туку така. Може на збор е лесно да се каже, ама мислам во реалност не е све исто. Таа социјална и класна нееднаквост ми била една од проблемите секогаш кога е оваа личност во прашање.
Тема за разговор мислам дека може скоро секој со секого да најде, па ако не се образовани неговите не значи дека се глупави, а сигурно нема да фатат да разговараат за нуклеарна физика. Не размислувај така негативно. Крај краева не мора они да се дружат и да станат најдобри пријатели. Ќе зборат од време на време, за времето за вестите и сл. И плус ако само ова ти е загриженост за дали да бидеш со дечкото или не, ја мислам немаш проблем. Ти не се мажиш со неговото семејство туку со него, и другото не треба да те интересира ако се добри луѓе.
Руби како што гледаш и самата љубовта не бира класи и различности, еве бар со тој едноставен човек си си го нашла муабетот и сопствената среќа. Секој човек си има своја професија, тие можеби се селски и едноставни но можеби среќни и добри луѓе што вредат многу, не значи дека твојата фамилија кога ќе седне на иста маса со нив нема да се пронајде, и обратно, не знаеш како ќе биде можеш само да претпоставуваш, зборот ми е да седнат и со факултетско образовани и старогратски луѓе не значи дека ќе се најдат во муабетот со истите. Да така неможеш да знаеш што ти носи животот и луѓето во него, пробај можеби навистина ќе успеете, а може и нема. Но барем вреди да се проба нели?!
@Rubiii дали ти си ги запознала неговите? Или само од зборење имаш впечаток дека не би можеле да седнат на иста маса со твоите? Неговите мислам дека не би можеле многу да се променат во смисла на муабети да водат со твоите за бизнис или не знам за литература и уметност, глуп пример. Но, можеби ако поразговараш со твоите дека ти се допаѓа многу дечково и мислиш дека е идеален за тебе тие можеби ќе се обидат да бидат поедноставни кога ќе бидат на иста маса со семејството на дечково. Ако тоа е единствениот проблем, крај на краишта колку често мораат двете семејства да бидат на иста маса?
@marama @vitamina @x.Daisy.x Во право сте девојки, ама се надевам ме сфативте што сакам да кажам. Народот наш е таков, се занимава со туѓиот живот, сите изиграваат кадии и си даваат за право да судат, само кај нас е испод части да си го заработиш кафето или да си купиш кола/било што сам. Јас до пред некоја год сакав обезбеден партнер, да имаме нешто од кое ке продолжиме натаму, ама увидов дека оние (зборам за оние на кои сум налетала и ми се во околина )кои веќе се обезбедени се не созреани, не домаќини, и немаат амбиција од 1 да направат 2, туку го прокоцкале даденото. Овој знам дека ќе успее, се изненадив колку е вреден и колку има дарби, не му е мака да работи полека и чесно, а и со студиите е при крај и кликерот за се му фаќа. Прашањето е дали да ја голтнам прашината од разлики меѓу нас, можеби он има право дека сме си пишани... Инаку, @marama не ги имам запознаено неговите, ниту тој моите, ама сам ми има кажано за многу работи, и очигледно е дека се скромни, но добри и среќни луѓе. Од друга страна, и него го јаде тоа како би го прифатиле моите, иако моите имаат кажано дека мојот избор е мој, и тоа сум му го кажала, ама свесни сме и двајцата за времето во кое живееме.
Многу е тешко кога има класни разлики, но сепак ако се сака може да се успее. Дајте си шанса, мислам дека не е без причина тоа што секогаш се навраќате еден на друг. Патем не можам да ти пишам лп
@Rubiii Само едно ќе ти кажам,ако го слушаш народот никогаш нема да си среќен.И најбогатиот да си го фатиш народот пак ќе најде рачка да се фати за нешто и пак ќе си зборува.На крај краева нема да живееш со народот туку со него.Ако те влече накај него и го сакаш не го испуштај,може ќе се каеш подоцна.
Руби, прашај се 1. Дали го сакам? 2. Дали ме прави среќна? 3. Дали е добар и чесен човек? 4. Дали во иднина се гледам ЈАС среќна со него? И ништо друго не треба да ти е битно. Ниту луѓето што збореле ни кој што ќе рече. Понатаму ќе го продолжиш со него животот, тој би требало да ти биде и најдобар другар, и партнер, и поддршка. Ако ова се го имаш од него тогаш нема што да се мислиш. На крај ќе бидеш со него а не со другите луѓе. Има многу луѓе кои од ништо направиле нешто, па така да не треба да го потценуваш. А и сама кажуваш многу убави работи за него. Јас би ти рекла да бидеш со него.
@Rubiii убаво си кажа и самата и не ти е ова некој проблем туку ми делува како да сакаш на некој начин да се олесниш да си кажеш што ти лежи на душа. Сметам дека се додека нема лоши коментари од твоите за неговите и него немаш никаков проблем. И самата си кажа за каков дечко станува збор ако го запознаеш со твоите верувам дека и они би го виделе истото. Марама убаво ти напомена, и да се видат неговите со твоите верувам дека ќе најдат заденички муабет, што знам не можеш да очекуваш дека мора сите да се на иста бранова должина со твоите. Немој погрешно да ме разбереш ама некако смешно ми дојде муабетов демек едниве се културни образовани луѓе со факултет а овие другиве со основно и нишо не знаат па како ќе седнат на иста маса што ли ќе зборат. Зарем уште вака ли гледате на работите? Од кога па има толкава класна разлика? А замисли па да си најдеш дечко од добра фамилија чии што родители ќе бидат исти како твоите нели прошетани со факултети и не знам какви се дипломи и дечково по година две откако ќе се земета прокоцка се што има? Што ќе ти вредат тогаш неговите образовани родители? Не гледај за тоа колку имам, туку колку е способен сам да си заработи. На некои си мои 16 години кога заидов со сегашниов дечко ги имав истиве проблеми од моите дома. На дечко ми татко му почина релативно млад, дечко ми студираше и не работеше. Моите ме нападнаа гледај каде живее, каков живот ќе имаш ти со него најди некој од град (срам ми е мене дури ова што го пишувам, т.е. срам ми е што имаа такво мислење тогаш). Ги седнав и им кажав не планирам заради ваше мислење да раскинам со него и да најдам богат. Знам колку вреди иако во моментов условите се такви остајте ме сами да си создадеме подобри услови. На крај краева не ни сакам па на готово се да начекам и цел живот да седам. Еве после 6 години дечко ми е со завршен факултет работи како професор и има плата од речиси 30 000 денари и сега што? Требаше да ги послушав моите? И да си најдев некој побогат мамино и татино галениче кој што цел живот ќе живее на нивна сметка? Имам еден таков во комшии. Татко му беше градоначалник, и кога заидов со дечко ми ми се пушташе нешто демек ауу а моиве се напалија него да го фатам . По 6 години поминати не сакаш да знаеш каде е он сега. Се раскажав јас иако тоа не беше тема на муабет ама целта ми беше друга. Се додека ти со него си ја гледаш иднината те прави среќна и знаеш дека можете заедно да успеете да си го исполните он што сте го замислиле не се колебај. Не се секирај ти за тоа колку биле неговите а колку твоите различни. Ти си таа што треба цел живот да го помине со него, а не твоите родители со неговите.
Штом викаш да не те напаѓаме, значи и самата си барем донекаде свесна дека ова што го кажуваш не е баш ОК. А и тешко е да го кажеш ова што го кажуваш, а да не испаднеш сноб. Во секој случај, еве го моето мислење. Значи, викаш дека твоите и неговите не се запознале. А и дека не можеш да ја „свариш“ сликата за средбата меѓу вашиве семејства. Мене лично ми изгледа повеќе како ти да имаш „проблем“, со неговите, а не твоето семејство. Тоа „Што ќе речат моите?“ повише ми изгледа како изговор и оправдување за предрасудите кои ти самата ги имаш во однос на нив. Можда и грешам. Но, како и да е... На крај краева, не разбирам зашто ова е толкава препрека за започнување на вашата врска. Пробај, биди со него, види како ќе ти се допадне и ќе ти одговара на тебе, а ако веќе врската навистина стане сериозна, тогаш размислувај за запознавање на семејствата. Можеби и без тоа нема да ви „штима“ нешто у врската, па сите овие размислувања за семејни средби ќе ти бидат за џабе. Ако во текот на вашава врска дојдете до веридба или брак (отидов ептен далеку со теоретизирањево), тогаш имаш неколку опции - или твоите ќе си го прифатат неговото семејство најнормално (што и би требало да се очекува, ако се толку културни и образовани како што викаш) или ќе прифатат со мало негодување, или многу ќе се противат и ќе сакаат да ти ја растурат врската. Е сега, тука пак ти треба да си одлучиш - сепак, ти си таа што остатокот од животот ќе го помине со човекот кој го одбрала, а не со мама и тато. Ако навистина го сакаш, нема туку-така да се откажеш од него, само затоа што на твоите не им се допаѓа неговото семејство. А твоите ако навистина те сакаат, ќе те поддржат да бидеш со човекот кој те прави среќна. Поздрав!
@simoncelicius @exoticgirl @Bender Rodriguez и на сите останати, Ви Благодарам! Секој пост го читам внимателно, во право сте за се! Делумно и сакав да се олеснам, но и да слушнам реални и непристрасни мислења. Во меѓувреме, господинот ми пиша дека ќе ме женел, па макар и светот да се срушел или превртел , па и ме опомена дека кога е сериозен е упорен до крај. Ќе размислам убаво дали воопшто да си дадеме шанса, оставајќи ги останатите во втор план. Ви Благодарам што толку успеавте да ми ја доловите ситуацијата и да ме советувате. ПС. @marama дали можеш сега да ми пишеш лп? Навистина незнам да ги подесам командите.