Кога сакате може да се видувате,но гледај местата да бидат различни,бидејќи баналноста знае да биде досаднa,но сепак можеби на некого баш тоа му се допаѓа. Но,за 20 годишни јас мислам дека може секој ден и нема врска,бидејќи се веќе години со кои треба да бидете зрели,паметни и доволно разумни да ја сватите суштината на љубовта.
@Malata81 Ако имаш потреба да го видиш партнерот, чувстуваш дека сакаш да го видиш, зошто да не? Зошто да не секој ден? Ако имаш потреба од малце слободно време секогаш можиш да му речиш дека некој ден не си слободна. Дека сакаш да излезиш со другарки, дека си зафатена, немора да си со некој постојано,ама па неможи да има ограничување. И не, секојднено гледање не доведува до досада, да можи да губите теми за разговор и сл, ама ако се сакате сепак неам да си здосадите еден на др. @Mathea Не е секој роден да учи теоретски, твојов е дувни- ветер и мене лично не би ми сметало. Го мрзи да учи, не сака да учи, неможи да учи, не секој е роден да учи. Чека прилика за работа и го користи времето измеѓу ... јас и не гледам некој проблем. Ако е веќе до последната година на факултет помогни му некако, но ако е уште на факултет нека не си ја мачи душичката ни ти ни тој. Факултетот и учењето не е мерило за личноста на некој човек. @PiaMia кога треба нешто вакво јас дома да кажам секогаш ме фаќал срамот па користам sticky notes или sms пораки, па им пишам за што се работи и си одам в соба и кога ќе прочитаат идат во мојата соба да ме известат дека прочитале. п.с. мајките секогаш им кажуваат на татковците се за нивните деца, но тие секогаш решаваат да кријат. Веројатно тој веќе знае.
Ако ти е смачено да плачеш и да се нервираш поради неговите глупости-раскини му. Од авион се гледа дека тој кај тебе се враќа поради нешто друго, а не од љубов. Исто така и дека не те почитува. Се додека попушташ тој ќе те врти и користи како што сака, следниот пат кратко и јасно кажи му не и остани си доследна на себе. Ниту едно машко не е вредно за да плачеш и да се нервираш ради него, а тој што искрено те сака никогаш нема да те растажи. Седни и сама разговарај со татко ти, кажи му се од почеток за дечко ти. На почеток може малку бутно да изреагира ама со тек на време ќе го запознаеш и верувам дека нема да има никаков проблем.
Според ова што го рече,јас искрено не би останала.Не станува збор само за факултетот,туку за амбициите и за желбата да створиш нешто,да не бидеш мрза. Ама работата е што јас со таков дечко не би гледала иднина,т.е. би го оставила уште првиот месец кога би му го запознала карактерот. Твоево е малку покомплицирано,бидејќи сте заедно 4 години и сигурно ви е убава врската и го сакаш премногу.Најдобро ти е да пробаш да разговараш со него,некако да го мотивираш,да зборите за планови,да го стегнеш да го заврши факултетот кога веќе го почнал(ако сака) или да најде привремена работа(каква и да било) се додека не си ги среди целите. Јас не знам каква му е ситуацијата со неговите,ама сигурно троши нивни пари,па би требало и тие малку да се позамараат,да направите некоја интервенција дека време е да влезе во реалниот свет,да почне тој да се бори за опстанок,да си го најде местото под сонцето. Тешки се времињата,мора да знаеш многу работи,да си снаодлив и вешт бидејќи безделници да бидат можат да си дозволат само оние децата на богати фамилии,и тоа само ептен богати,за нас останатите пот треба да пролее. И знам дека е офф топик малце,ама за вакви луѓе јас тотално ја гледам вината во родителите.Тие не го научиле дека треба да се работи и умствено и физички константно,да се бори за знаење,за да успее и да стане некој.Ако родителите не се замараат,како што тој созрева само позависен ќе стане од нив,ништо повеќе.
Во период од еден ден се случија мн работи и недоразбирања со дечко ми што успеавме да ги решиме, но истата вечер тпј само ми рече можиш ли да ми го отклучиш телефонот и тој си вртел некои пораки на фејсбук и најде една слика со мене и едно дете онака седнати а тој ме гушнал, а јас стварно немам никаква врска со него ниту пак сакам да имам но сега прашање ми е како да му докажам ма дечко ми зошто тој ниту разговараше ниту сакаше во очи да ме погледне, и дали воопшто вреди да се трудам да му докажам бидејќи свесна сум дека тој сакал да биде сигурен штом ми рече да го отклучам телефонот.многу тежок карактер е, кога е изнервирал или налутен збор не презборува дури после некое време но овој пат е нешто поинаку и незнам како да си помогнам
Јас сум секогаш за искрен разговор, јави му и кажи му дека сакаш да разговарате и да му ја објасниш сликата, или пак пиши му директно и објасни му се. Ќе видеш како ќе изреагира, ако се однесува ладно и безчуствително и покрај ова тогаш навистина можеби не вреди да си го трошиш времето, но ти пробај да си ја задражиш врската.
Пошто една личност од форумов (нема да ја именувам, ако прочита ќе се препознае) ме „искара“ дека многу долги мислења сум пишувал, па ќе пробам да бидам пократкок: Ако не сте еден за друг, досадата е неминовна. Ако се гледате поретко, може да се создаде илузија дека се е ОК и дека ви е интересно заедно, па само да „заглавиш“ со него подолг период. Така да, мој совет ти е слободно гледајте се почесто, па ако набрзо ви стане досадно, ќе сфатите дека нешто меѓу вас двајца не штима и ќе може да прекинете со време. Се зависи од перцепцијата, односно дали тебе ти пречи тоа. А од напишаново, би рекол дека ти пречи. Колку што сфатив, не се работи само за факултетот, па ајде да кажеме - таков е човекот, не е секој роден да учи школо. Изгледа дека си е таков генерално во животот. Викаш дека те сака и почитува, ама за да функционира врската како што треба, треба и ти него да го сакаш. Не викам дека не го сакаш, ама очигледно е дека неговата неамбициозност и инертност ти пречат. Е сега, знај дека он најверојатно ќе си остане таков, па размисли - 4 години не се малку, ама не се ништо во споредба со тоа остатокот од животот да го поминеш со некој со кој не си компатибилна на едно многу важно поле во животот. Според мене, татко ти заслужува да знае - сепак, татко ти е. Можеш едноставно да му кажеш (сама или со асистенција од мајка ти) или пак да го викнеш дечко ти еднаш на гости додека твоите се дома. Едно „Здраво“ и „Јас сум тој-и-тој“ би требало да се доволни за да се задоволат потребите на сите - и на твоите и на дечко ти. Тоа не значи дека одма после тоа дечко ти и татко ти треба да станат најдобри другари и да разврзуваат којзнае какви муабети, ама од едно обично запознавање ништо нема да му стане на никој. Еве, и јас да сум татко, сигурно би сакал да знам дека ќерка ми има дечко (секако не би сакал тоа да го крие од мене) и барем да го запознам, да знам како изгледа, ако не поише. Поздрав!
Офтопик, ама морав да пишам. Што се замараш ако некој ти рекол долги мислења си пишувал. Ако сакаш ќе пишуваш, а некој ако не сака нека не ги чита или нека чита пола. Јас уживав кога ги читав твоите мислења зошто ми се допаѓаа и беа убаво напишани и смислени.
Баш ми е драго што си уживала у читањето на моите мислења, фала ти. А инаку, ова што го пишав за забелешката за „долгите“ мислења беше повеќе на зафрканција, а девојката што ми го кажа тоа воопшто не го мислеше злонамерно - ја го сфатив како дел шала, дел добронамерна критика. И вистина е, и јас би сакал мислењава да ми се барем мааалце пократки (со цел да бидат појасни, полесни за читање и помалце заморни), и секој пат пред да пишам си го поставувам тоа како цел, ама, како што гледаш, ретко ми успева. Поздрав.
Zdravo.Devojki sakam da me posovetuvate.Vaka znaci..so deckovo sum 5 meseci..ama uste nemozam da go zapoznaam kako sto treba..ne sme bas blisku,..i se gledame nekogas ednas vo nedela 2 pati tripati koga kako..okej e toa..ama na pocetokot se bese ok.Mi vikase mi treba ozbilna vrska ima 25 god a slusam muabeti vcera zborel ne se zamaram jas mn..kolku krivo mi padna..i nesto ko demek daleku sum bila..preeska mu kazav zosto si so mene ako ti e seedno? mi rece togas nemora da se gledame....kako moze tolku lesno toa da se kaze? ne mi e jasno....kolku i da se trudis se e dzabe...
Може да се каже и тоа како, луѓето се менуваат тоа треба да го имаш на ум секогаш, плус причина за тоа е дека не го познаваш доволно што човек е, не живее во твојот град а па ниту си слушнала или видела за него пред да стапите во врска претпоставувам. Ако се гледате 2 3 пати во неделата тоа е сосема доволно, и тоа не е причина тој да се однесува така со тебе, ако те сака ќе те сака и покрај се. Во врска со муабетот не треба да го ставаш здраво за готово бидејки од рекли казали многу луѓе се уништуваат, ипак сте сеуште на почетокот, да така не очекувај премногу, туку чекори по полека но сигурно, имај трпение. За една врска да опстои потребно е време, не е тоа така плукни залепи, па и да го рекол тоа не значи дека ќе те откачи, можеби го рекол тоа ради тоа што сеуште не сте доволно долго заедно. Но, ако тој се промени према тебе и изиграва ладно и како да му е се сеедно тогаш постои проблем кој треба да го решите во 4 очи.
Vitamina fala ti..naviknata sum da bidam iskrena da kazuvam sto tocno sakam..kako d abide sto da bide..ili jas premnogu baram ili nekoj neznae da ceni..toa e.Sepak fala ke te poslusam pozdrav
Неможеш да кроиш планови во животот што ќе биде и како ќе биде бидејки сите ние знаеме дека животот не ни цути онака како што ние сакаме по нашите планови замисли и желби. Ќе има и подеми и падежи, но битно е да знаеме да цениме и да се држиме цврсто. Секој проблем и секоја невоља е за добро, секое лошо е за добро да знаеш. Разговарај со партнерот искрено и кажи му што те мачи, јас верувам дека со искрен разговор се ќе се среди, разговорот железни врати отвора. Не очекувај од другите да те ценат како што ти премногу бараш или ги цениш, секој е различен имај го тоа на ум. Поздрав
@nobody1 колку време сте заедно и дали го чувстуваш поодалечен од тебе во последниот период пред да се случат тие недоразбирања? Следно сериозно не знам како да изреагираш и ова е од ретките случаеви кога неможам да најдам „можен“ одговор. Ако му речиш чекај да ти објаснам само ќе го разгневиш зошто тој веќе фрлил сомнеж во ситуацијата, во тебе. Некогаш колку и да сакаш некој, колку и да имаш доверба во некој, ако некој нешто ти спомни во врска со партнерот ти останва онака врежано во глата, во потсвеста, така да за ситуацијава не го обвинувај целосно него, сигурно некој потпалил жаро. Од друга страна ако ти се повлечиш и му дајш време да си ги среди мислите - ќе заклучи дека е вистина по дифолт, сликите, и нема да сака да слушни за тебе зошто према него ќе имаш многу лежерен став кон ситуацијата. Затоа те прашав и оние прашања, ако сакаш не одговарај, пак нема да најдам некој одговор, било каков добар совет ако го знам одговорот, but I wanna try. @Bender Rodriguez aw come on. Кога објаснуваш надолго баш убо се онака објаснуваш ко шо треба Само јас можам да се загинам дур објаснувам, ти не @Lavica.4 према мене, 5 месеци се релативно малце и во просек неуспешните врски траат баш толку. Не дека не си го запознала по 5 месеци, можеби неговите чувства кон тебе се сменале или пак едноставно е доста добар актер, но кој можи да глуми со години? - Никој. Следно не оправдувам што за нешто некој шо рекол ти одма одиш го прашваш, то е сомнеж. Врска без доверба не функционира, ама пак од друга страна, „тогаш немора да се гледаме“ не е правилен и соодветен одговор на твоето прашање. Едноставно некогаш не е можно да туркаш работите кога гледаш дека не оди зошто така се повредуваат и се врзуваат двете страни.
како би се чувствувале и постапиле на мое место да ви го речат следново ? - Едноставно со дечко ми правевме муабет за у теретана и он сакал да оди и јас и си се спрема дечково се со суплементи торбици опрема ванте танте..и м у велам и јас сакам да одам ама немам со кого ајде заедно да одиме велам и ми вели шо бараш ти со мене ? јас одам со другари оди си со другрки најдиси неколј другарки ? Глупо ми е едноставно со тебе у теретана да одам е вака ми рече.. солзи ми дојдоја... тој ми вели ти сакашсо мене да идеш у теретана за да гледаш дали гледам во други девојки бла бла... НЕ МУ ВИКАМ едноставно немам друштво значи немам со кого а сакам да одам ама еднсотанво немам со кого и викам најмалку очекував од тебе вака да ми направиш браво...го сметам за најблизок а вака да се однесува и да ми прави на што личи ова...и велинема да идеш со мене да си знаеш е така....финтава ми вели секој ден сме заедно па морам и втеретана ми вика со тебе да бидам ? што велам? јас те задушувам тебе ?? а и не сме таков пар да бидемед 24/7 туку самосекој ден навечер се гледаме по два сати .. го чувстуввам како да сум му досадна и како да сака слобода...како ВИЕ го гледате ова негово однесување ме интересира ? ( а у врска сме 4 години алоо..)
@untitled12, не ти го кажал на најфин начин, ама мислам дека е во право. Ако планира да оди со другарите, глупаво би било да се придружиш и ти. Нормално е да сака малку време со нив, паѓаат поинакви зафрканции и ти би им направила на сите да се чувствуваат непријатно. А не ти треба друштво за да вежбаш. Оди сама, не одиш за разговор туку за да си посветиш време себеси. Подобро ќе се чувствуваш и повеќе ќе се цениш ако не зависиш од некого за се’ што сакаш да направиш.
Ваооо, па јас ќе бидам кратка. Ама дечко ти САКА да не биде ПАПУЧАР пред другарите. Ако влезеш во теретана со него знај само на поглед ќе останете.
Јас мислам стварно гледа некоја женска таму, или па си зборат, чим така изреагирал одма САКАШ ДА ВИДИШ ДАЛИ ГЛЕДАМ ЖЕНСКИ. Така ми оди некако, ама не мора да значи.. И што ако оди со другар во теретана, он иде таму да вежба или да праи муабет. Се знае, секој си гледа своја работа, или па понекогаш си помагаат, ама нема зошто ти да му сметаш таму. Што знам, мене ми изгледа матна работава, ко да крие нешто од тебе. А инаку и да идеш не дека ќе седиш со него таму, ти ќе си тераш своја работа. Гледам некоја логика и во претходните мислења ама..
Јас го разбирам. Од истите причини што погоре ги наведе @LivingGlam Сака таму да си го поминува времето со другарите и дозволи му. Оди ти сама. Верувај, сто пати поубаво ќе си поминеш сама одколку со него и неговите другари.