И те како има, постојат намерно или ненамерно вакви ситуации во една подолга врска. Ова ти го кажал бидејки е бил нешто нервозен сигурно, нешто му скиснало па оп троп на тебе веројатно се истурил. Во долга врска сте и претпоставувам немате "влакна на јазикот" па затоа и вака комуницира. Мислам дека не е ништо страшно, можеби му е глупо и незгодно да те води со него бидејки се само машко друштво, а веројатно и глупаво е нели кога ќе замислеш сите машки и ти, и на тебе незгодно и на него и на другарите. Затоа смири ги топките и поразговарајте утре, секако и тоа од негова страна не е начин на се искаже нешто ако не се сака или да се објасни, но било што било. Во врска со муабетот што продолжил да ти збори дека го гушиш направи си муабет лично со него до што е проблемот или па можеби е прашање само на некоја негова нервоза.
тоа мене ме енрвира што на онаков начин се понаша и стопати имаме праено муабет за ова и ми се сачи испадна ко да го олам и ме боли онака икоа ќе ми кажува глупаво ми е со тебе...ало брее за да не одам сама ми е рабб па оди вежбај си таму и ја ќе си вежбам твојот сака вака да те одбие...стварно е грдо...понижено и отфрлено се чувствувам :/
Па јас го разбирам детето. Сака да биде само со другарите. Можеби тоа е единствено време кога се собираат со другарите и сакаат да си направат муабет и во меѓувреме да вежбаат. Недолично е и од негова страна така што кажал, но разбери го и ти. Како ќе ти е тебе да одиш со другарките на искачање и тој каже да дојде со вас? Епа во таква ситуација си го ставила, а и сигурно е бил нервозен па малку на груб начин ти го кажал тоа. Плус теретаната си е машка работа, зошто па не оди со тебе во салон?
@untitled12 не знам дали пишуваш прв пат, ама како да го имам прочитано веќе ова мислење, т.е. овој проблем. Прво, мене ако ме прашуваш, теретана е место каде одат мажите за да вежбаат, девојките одат на фитнес. Не дека сум заглавена во некое друго време, ама на место каде се вежба, се дига килажа, којзнае какви звуци испуштаат мажите, не би сакала да присуствувам и јас. Некако, во теретаните се пикаат жени, за кои добивам впечаток дека одат таму, за да бидат видени, да се експонираат, стегнати во хеланки, се разбира. Втора работа е, што јас преферирам да вежбам сама. Без разлика дали трчам или вежбам со тегови, справи итн. Премногу комплицирано ми е да се договарам кое време ќе одиме, па дали ќе вежбаме со исто темпо, дали ќе правиме исти вежби и ред други работи. Ти ако сакаш да вежбаш, изговор нема да ти е тоа што немаш друштво. Сигурна сум дека ќе запознаеш некоја девојка таму, колку за бош- муабет.
инаку трагичното е тоа што не му скиснало од нервоза да се истуре на мене туку цели два месеци ми го кажува тоа и веќе почнувам да се повлекувам иако ме боди тоа секогаш коа ќе рече глупаво ми е со тебе а јас тука гледам гнаса пред мене што женската не си ја слуша..едноставно отфрлено и навредено се чувствувам поповлечена сум и посрамежлива тешко се вклопувам во друштва и заради тоа да не одам сама ајде реков заедно да одиме а тој ништо живо не сака со мене....и да не е нервозен го имаме праено муабетот ама истото е и веќе ми се смачи и ме боли вака коа ќе постапува дури ми иде да му раскинам...абе некој друг да е нема шанси да ја одбие женска му ќе си направат некој распоред зошто она така да ја одбие да и се испонаша неубави.... ах беее ...
истиот одговор би го очекувала и од дечко ми (иако до сега немам прашано да одиме заедно), но знам дека истото би ми го кажал. Искрено,јас не би се замарала за вакви работи..затоа што еве, секој си има одредени работи што сака да ги прави со другари/другарки, или пак сам..сеедно.. Па така и твојот дечко. Нема тука што да се постапува, според мене... Не го рекол на најдобар начин, но сосема го сфаќам што сака да има нешто само за него Сите ние го сакаме тоа
да тоа во ред те разбирам но мене ми пречи едноствно неговото понашање спрема мене...зошто на онаков начин даме одбие да ми рече глупаво ми е со тебе ??? па и не бива така ме навредува и неубаво се чувствувам... ме боли што онака се испонаша и не очекував од него со некој што сум 4 години и вака да ми прави па стварно глупаво е
тоа е тоа неговото понашање тоа ме изнервира на грд начин ми го кажува претставува навреда за мнее....јас секогаш угодувам се ..а тој мене што ми прави.. :/
^ Па душо, кажи му да припази малку како се изразува. Не си му ти другарка, девојка си му. Скраја да е од такви...
@untitled12 Зошто и ти не си наjдеш друштво па излезете на кафе или било каде? Па додека е дечкоти во теретана, излези и ти. Сдк супер е тоа што го сметаш за близок, ете и пишуваш дека секоj ден се гледате по два часа. Но барем имаj една другарка со коjа ке имате женски муабети
@untitled12 еве,убаво ти кажа Jenniffer, јас мислам дека имаш право да му замериш само за начинот на кој ти го рекол тоа, не и за тоа што не сака да оди со тебе.. Ти би сакала да одиш со него на депилација,маникир, фризер и сл?
Тогаш седни и разговарај. Кажи му го истово ова што го напиша. Не сакам да те навредам ама имам чувство како да го притискаш, затоа и се изнервирал и така постапил. Кажавме дека не е во ред така што изреагирал, ама разбери и премини преку тоа. Еве ти одлична прилика. Почни да одиш во теретана, запознавај се, може ќе си најдеш другарка таму.
мила,не е тоа дека јас НЕМАМ другарки јас си имам женско друштво и си излегувам со нив,но ниту една не сака д аиде у теретана некоја не е слободна и даље...финтаа е друштво што си барам а мене ме одбива и тоа дечко ми на СУРОВ И ГРД НАЧИН што стварно ме повреди...глупо му било со мене елелел бог да чува
А зошто уопште сакаш да идеш во теретана? Па зарем тоа не е за машки? Запиши се на аеробик, фитнес, зумба... Нешто за женски. Сигурна сум дека сакаш да одиш само да бидеш со него, а ете можеби тој тоа не го сака. Многу е битно како ќе се поставиш кон него. Штом си му дала до знаење дека го сакаш, сакаш да минуваш време со него се повеќе и повеќе тој тоа го сфаќа како претискање. А сигурно добро знаеш машките какви се... Нека дише човекот, остави го. Секако ќе ти се врати, барем набилдан да е.
Eпа затоа што си го гњавела со истото два месеци. Сега ми е јасна неговата реакција. Девојче, не му се обесувај. Треба да има време за себе и за другарите. Зошто сакаш да му го расипеш тоа? Изгледа не ти е за друштвото... ако сакаш толку да вежбаш не е проблем да одиш сама.
Начинот на коj го кажал тоа стварно е за никаде се сложувам. Тогаш седни го некоj ден и кажи му слободно дека те повредил со тоа. Сепак четири години не се малку. И сметам дека се може да се реши со мирен разговор.
^ Ама зошто ти е потребн0 друштво? Ти ќе бидеш на различни справи, а претпоставувам тој ќе си крева тегови, па и таму ќе бидете на различна страна. Кога одев во теретана најмногу вежбав кога бев без друштво, со другарка ми повеќе правевме муабет и си земавме за слобода голем дел од вежбите да не ги правиме. Цела среќа што имавме строг инструктор што не тераше да вежбаме. Од друга страна со дечко ми имаме трчано заедно само на кеј, но во теретана никако, а не ни сакам.
тоа е и проблемот тој и со мирен разговор истото го вели така да нема фајде тука...на мене е е редот да расчистам со него само јас сум таа што му има простено повеќе навреди дури и пијан кога е еднаш така се случи ама незнам ни како ама простив...па сеа и ова...само јас сум таква личност повлечена мирна стравот дека нема да издржам со друга да го гледам....ах подоборо е да не зборувам сепак фала за мислењето
Јас не знам зошто теретана не била женска работа, и јас одам и многу други девојчиња гледам таму, и ништо не гледам лошо во тоа. Вежбање со тежини е една од подобрите техники да се стегнеш и да си го одржуваш телото. Нејсе, јас мислам да го прашаш дечко ти зошто му е глупо да оди со тебе, кажи му мене ми е глупо што така ми се обрати, и би сакала да знам зошто. Друг пат ако може да ми објасниш на пофин начин дека не сакаш да одиш со мене и да ми кажеш некоја друга причина. Прашај го дали дека одиш со другар па не сакаш да ви сметам или сакаш да си правите муабет за ваши работи и сл? И може ако види дека си упорна и сама си одиш во теретана ќе те викне да одиш со него, кога ќе види дека не е само да гледаш дали гледа женски. И уште не му ја разбирам реакцијата, многу дефанзивно се поставил одма од тоа се брани.. Ма да ми се чини како што пишуваш се му е глупо на тој со тебе. И ако сакаш да одиш во теретана - оди. Сигурно има таму тренер, ќе ти покаже вежби, после некое време може и нема да сакаш да одиш со него веќе, туку ќе сакаш сама да си тренираш.
@untitled12 во тој случај, ти имаш друг проблем. Требаше уште во првиот пост да напишеш дека е проблем начинот на кој те одбил, а не самото одбивање. После 4 години, би требало да можете да седнете и да направите отворен муабет. Како што нас тука ни пиша што те мачи, кажи му го истото нему. Можеби има таков карактер, можеби ти премногу му дозволуваш. Само ќе ти кажам, секоја девојка, во најмала рака заслужува почит од мажот со кој избрала да биде во врска. Не смееш да дозволуваш да се однесува кон тебе, на начин кој те повредува. Ако бидува со арно, во ред, ама ако не, батали го.