мене ми изгледа како да ти смета неговото однесување, и дека првиот проблем со теретана што ни го постави на маса на форумот, воопшто и не ти е главниот проблем како и да е, ова е само мое мислење.
Malku kasnam no sepak ke go kazam moeto mislenje: SAKAJ GO ONOJ KOJ TE SAKA,ZA DA GO ZABORAVIS ONOJ KOJ GO SAKAS A DA NE GO IZGUBIS ONOJ KOJ TE SAKA pozz
Ние женските сме многу чудни... Секогаш сакаме да ни се посвети внимание... Овој дел многу ми боди очи, ми се чини дека тебе повеќе те боли тоа што не те послушал него тоа како постапил во ситуацијата... Повеќе ќе те почитува ако не му дишиш во врат за ситуацијата, ќе добиеш повеќе поени. Ако ти се оди во теретана, слободно можеш сама - не е страшно. Не си ја комплицирај врската и не прави тензија за џабе. Од мравка во слон. Дознај кое време одат, па оди и ти сама тоа време. Поздрави се коректно и вежбај си. Ем ќе го контролираш (како што сакаш) ем ќе го гледаш, ем ќе си вежбаш. П.С. Немора секогаш да е по твое, остави го малце нека одлучува и тој.
Остај ти тоа што има тешок карактер. дечко ти сака да има се под контрола. Или па сака едноставно да ти раскине од некој си Х причини, и бара некаков начин да го стори тоа. Ти не треба ништо да му докажуваш дека немаш ништо со тој другар ти или што и да ти е. Туку, треба да седнеш со него и сериозен муабет во 4 очи да го прашаш што му е проблемот и зошто прави вака. Штго би барала ти во теретана? Тие женски што идат таму, сакаат само да се фрцкаат, прчат и тртат. Може на дечко ти незгодно ќе му падне, да иде со тебе, да те буљаат у гз неговите другари. Иди си на пилатес сама, или фитнес, ќе најдеш таму некоја за дружење.
разбирам дека nе мора да е се по мое но едноставно не очекував така да изреагира и ме навреди неговото понашање .. глупаво му било со мене нема да идеш со мене ко наредба ко незнам шо...ама тоа е тоа ќе морам да се помирам и поинаку да почнам да гледам на некои работи...колку што прочитав и други мислења..сепак ги ценам вашите мислења и благодарна сум па на мене останува да решам
сакам да ставам мускул на одреден дел од телото одсекогаш сум сакала јако тело и знам дека можам да го исполнам тоа но ете немам друштво..едноставно друштво си барав ама ете тоа е тоа...сите ме сардисавте со мислења дека го напнувам дечко ми бла бла..а уствари не мислев на тоа туку си барав друштво а јас добив само неубаво понашање од него спрема мене.
Здраво нова сум на форумот и ве молам за совет Вака: Со дечкоми т.е. сега бивши одевме 5 месеци тој отиде во друга држава на работа 3 месеци, но од кога отиде се промени, ми се јавуваше кога имаше време се ми кажуваше што правеле како било, последната недела тој почна ептен ладно да се однесува не се слушавме само си пишувавме како тоа, немало добра конекција незнам што и добро викам ајде можеби ќе се поправи, помина една недела така а ме прашува секогаш што правам, како ми поминал денот, како сум, и ми пишува извини вака јас уште кога дојдов тука почнав да се осеќам збунето, незнам што сакам, подобро е да не контактираме.. јас останав занемена кога прочитав знаев дека нешто не е во ред, но немислев дека е до толку, му пишав како тоа така наеднаш, вика незнам можеби далечината, ако е далечината јас уште толку го засакав од кога отиде секогаш ми е во мислите секогаш се прашувам што прави како е, а тој отиде и толку, му викам дали постои друга тој ми вика ако имаше ќе ти кажев.. вика несакам да те лажам да не губиме време ни ти ни јас, почни си нов живот, кога ми го кажа тоа мислам ме распарчи, толку бевме заедно кога беше овде после предавања, на кафе, на излегување,ми кажа дека ме сака дека кога бил со мене му било убаво, времето бргу му минувало и така му викам на тоа кога ми кажа почни си нов живот..размисли ли за се па вака ми пишуваш и тој ми вели да.. викам во ред надев се дека кога ќе си дојдеш барем едно здраво ќе кажеш, а тој ми вика секако нема да те одминам....и така веќе една недела ништо не ми пишува на фб слики што сме заедно сеуште стојат и кај мене и кај него, коментари... најтешкото е кога го гледам уклучен а не пишува, сеуште неможам да поверувам дека повеќе не сме заедно, многу го сакам ... ве молам кажете некој совет да ми олесни на душава.. дали ќе ме побара и ќе се покае вака што ми направи??
Мила тој веќе ти рекол да си почниш нов живот,а неговото однесување е прилично чудно..Јас мислам да пробаш да го заборавиш,знам дека е тешко ама мораш да бидеш цврста,кога гледаш дека не е заинтересиран и ти немој да бидеш..играј на неговата игра,ј.ако те сакал вистина нема шанса вакво нешто да ти стори...заслужуваш подобро верувај
Доколку тој веќе оди со другарите од старт, тогаш неможеш баш да му се вмешаш во плановите. Ова е само мое мислење. Гледај ги двете страни, не само твојата. И баш како што ти кажаа другите, најдобро е сама кога се вежба, верувај. А тоа дека не сака ти да одиш во теретана, хеланки што се не се изнапрочитав, не кажа ти дека тој воопшто не сака да одиш туку едноставно сака со женско друштво да одиш Не би го сфатила тоа толку трагично, баш напротив и на двајцата ќе ви дојди како време да се оладите еден од друг. Понашањето не му било на место, но од друга страна чим два месеци слуша за истото, нормално е така да изреагира. Ако премногу сакаш да си околу нив, ти кажав. Научи кое време одат и оди си сама во исто време.
Oва па уште полошо ќе изгледа, ко намерно да оди тогаш за да го контролира. @untitled12 не знам какви совети очекуваше, ама гледано вака од страна, малку опсесивно изгледа твоево однесување. Ете, ти кажал повеќе пати дека сака да оди со другари и дека глупаво е ти да им ги нарушуваш плановите. Што е толку тешко да се сфати? Друштво па друштво... ако толку не можеш да најдеш друштво и не сакаш да одиш сама, зарем е должен дечко ти да се откаже од плановите за да ти угоди? Ако планирате да одите секој ден, испаѓа неколку часа во теретана, плус тоа време што го минувате навечер да сте заедно. Премногу е, а очигледно тој сака малку време за себе. Ја замислувам ситуацијата... се договараат со месеци со друштвото да одат во теретана, а тој одеднаш "еј и девојка ми ќе доаѓа". Епа нормално дека не сака да си направи ем нему, ем на сите други да им е непријатно.
Проблемот што го имаш со дечкоти е токму овој дел од реченицата што си го пишала во постот. "А јас тука гледам гнаса пред мене што женската не си ја слуша" Ова претпоставувам си му го кажала и нему, па затоа си добила од него контра ефект и расправија, бидејки треба да сватиш дека и тој сака да дише и да одлучува сам за себе, не треба секогаш тебе да те слуша најнормално. Сметам дека со ова многу си го налутила и си му го повредила егото, ако употребуваш често вакви зборови верувам дека тоа му смета и избувнува. Љубоморна си многу и тоа ќе ти ја кочи врската, токму овде го пронаоѓам проблемот во вашите расправии и во неговиот однос према тебе. Затоа проработи на овој проблем и не ги сваќај така работите дека ако одел во теретана со другарите или било каде ќе гледа други, треба да сватиш дека и тој има другари и неможе постојано и тебе да те води насекаде, и не значи дека ако рекол ќе оде сам дека одма трча да гледа други. Во врска со останатите проблеми и неговиот однос е сето тоа резултат на твојата љубомора и тој се однесува така бидејки го гушиш и немаш доверба во него. Ова ти го пишав најдобронамерно за да ти ги отворам очите дека можеби не е се така како што ти замислуваш и проценуваш, и ти давам совет да пробаш да смениш нешто околу твојата љубомора за доброто на вашата врска.
@s.des Со тоа што се изјаснил за врската и ти кажал да започнеш нов живот ти дал до знаење да не се надеваш на нешто повеќе од тие 5 месеци поминати заедно и треба да ја цениш искреноста од негова страна. Колку побрзо ја знаеш неговата одлука толку е подобро за тебе. Тежок е моментот да ја прифатиш разделбата, особено кога тоа се случува ненадејно. Времето е лек за се, па и за овој случај. Кога ќе ја поминеш болната фаза ќе сфатиш дека секој има право на свој избор и можеби тоа што сте се разделиле е најдоброто решение. Тој што љуби вистински на секој начин ќе одвои некоја минута без оглед на обврските. Во твојата врска неговото однесување кон тебе е многу провидно за да не почувствуваш индиферентност. Ниедна вистинска врска не се базира на смислување лаги и интриги за да се избегнат убавите моменти. Затоа, не очајувај и биди оптимист. Најмалку што треба да очекуваш е да се покае и да те побара. Не ти сторил ништо лошо, само си ги кажал неговите чувства кон тебе, а тие се најбитни за да ти дадат емотивна сила за да продолжиш понатаму.
@untitled12 Не можев да читам се, но како што успеав да видам и прочитам се согласувам со повекето членки. Мене не ми изгледа толку трагично тоа што не сакал да оди во теретана со тебе. Можеби не требало да го каже тоа на таков начин и толку директно но реално тоа е и вистината. Голем број машки би се чуствувале глупаво да одат со своите женски во теретана додека се сите машки а на другата страна се неговите другари или пак со вас. И мене дечко ми ми има кажано дека не сака да оди во теретана, па што сега? Глупо би ми било да излезам со него и со негово машко друштво а не пак во теретана да бидам со нив. Ми изгледа дека дечко ти секогаш те слушал и никогаш ама баш никогаш не те одбил и сега со првото одбивање гледаш проблем. Епа не, не треба секогаш да те слуша.
Имаме правено повеќе пати на ова идури и кога не е нервозен тој упорно истото го тврди цело време не му е гаље како јас се чувствувам...тој не се запрашал чекај бе девојчево како се однесувам вака спрема неа..јас чисто си прашувам едноставно друштво сакам а тој мене бла бла..за гревојте...но сама ќе одам одлучив ша не го меркам ни 2% ..мисе смачи веќе...гледам колку машки трчаат по женските се повеќе и повеќе време заедно си тренираат се бараат нонстоп еден со друг а овој мене обратното цело време а 4 години идеме...ама тоа е тоа...времето ќе покаже
така е тоа е тоа.. единствена си ТИ таа што ме разбира а другите се нафрлаат на мене дека ете јас го гушам него или не...едноставно заслужувам и барам повеќе почит и разбирање од него но не добивам у последно време се ее само тој нервозен и ми враќа со неубави зборови и не гледа на тоа како ќе се почувстввам јас на неговата реакција..финтава нема да идеш и готово...само времето ќе покаже
@untitled12 тогаш обиди се со разговор да му кажеш дека таквото однесување те повредува. Сега, може навистина е нервозен периодов, но тоа не значи дека треба така да се однесува и врз тебе да ја истура нервозата. Јас не знам дали ова тој го прави за да те откачи, онака индиректно, или се однесува така грубо, а не забележува. Ти велам, обиди се со разговор, ако мислиш дека ќе има фајде. Во спротивно не губи време, нерви и не си ја уништувај младоста. Врската треба да те испонува, да се чувствуваш убаво. Ти рече дека даваш, но не добиваш љубов. Не ти треба таков маж до тебе.
токму така..ако не се чувстуваш убаво со некој и некаде..нема што да правиш со него повеќе..ти си се потрудила но тој упорно си тера по свое.. не е ни прв ни последен...има некој што те чека од другата страна на улицата со раширени раце..
Јас те разбирам потполно, разбирам дека сакаш се да споделуваш со него, дс се сакате и да се почитувате, да бидете заедно, верувај дека те разбирам. Но само сакав и тоа што го пишав претходно да го знаеш, да знаеш дека ете можеби и ти до некаде грешиш па тој токму затоа и така се однесува, а можеби и не е до тоа. Пред љубовта и најцврстиот и најбезчуствителниот човек паѓа, пробај да разговараш и да го прашаш која му е целта на ваквото понашање дали нешто му смета, дали чуствата се измениле? Зошто те игнорира и е тврд спрема тебе? Прашај и ќе дознаеш бар да знаеш дали вреди да се бориш за врската или да дигнеш раце и повеќе да не се мачиш.
5 meseci sum...predtoa imav dolga vrska i naviknata sum na nekoi stvari sakam iskreno da mi e se...a sea se kako doverba da neam koga ke te izlazat....ubavo velite 5 meseci malku se..ajde ke pokaze vremeto fala vi ostanete pozdraveni ..