@untitled12 Ти за инат почни сама да одиш , или подобро почекај една две недели нека идат тие, па потоа оди сама и не му кажувај , ем ке видиш дали се спријателил со некоја девојка и не му зборувај кога ке те види.Ке види дека си упорна и тој ке те бара.Не му попуштај неколку дена.
Одев со еден дечко околу 4 месеци и раскинавме. Причината беше токму тој- ме изневери со друга. Дознав за тоа и го оставив . После тоа ме замараше цело време, бараше да му простам и да му се вратам , но не попуштав , се осеќав многу повредена од негова страна. Виде типов дека немам намера да му се вратам, и почна да се врти против мене и да ми прави проблеми. Во меѓувреме си фатив нов дечко и заедно сме веке околу 2-3 месеца. Мислам дека конечно го сретнав дечкото што отсекогаш го барав . Се нај нај за него. Толку убаво се сложувавме во се и поминавме прекрасни моменти заедно. И се ке беше убаво ако бившиот не ми се вмешаше во врската. Познавајки го каков манипулатор е и што се може да направи, знам дека се можам да очекувам од него. Дечко ми почна многу чудно да се однесува со мене во последно време, не е како што беше порано, одбегнува да се видиме и.т.н. Паа постојано се прашував која е причината????? ГО викнав да излеземе да разговарам со него за ситуацијава , и до тоа не стигнавме, почна нешто да изведува и да ме нервира и и ми вика ај си одам јас , чао. Ме откачи како ништо ! . Ок, му реков, и тоа беше последен пат кога се видовме и слушнавме.Оттогаш го снема, неможам никаде да го видам. На излегување - го нема со другарите негови, на фејсбук не се приклучува , низ град го нема. Заслушнав некои муабети дека не излегувал а колку е точно не знам. Сигурна сум дека бившиот овде има вмешано прсти., инаку која друга би била причината. Деновите си минат, многу ми е тешко без него, и не знам што понатаму. Ве молам за било каков совет.
Освен да му пишеш порака да му објасниш се и да го прашаш во што е проблемот за заминувањето без збор не гледам друго решение. Дечково веројатно сака да те откачи по ова што го кажуваш, но не е ферски од негова страна да замине без збор, затоа прашај го и пиши му да ти објасни бар да ти биде мирна главата.
Од каде би знаеле ние што му е маката на дечкото? Едноставно пробај да го добиеш, преку телефон, порака, појди дома ако треба и зборни со него. Ако не ја бива работата, тогаш со лошо ништо....ќе најдеш подобар...
Po ova sto go kaza msm deka bivsiot mu se ima zakanuvano,ili pak ovoj saka da te otkaci.Ama poveke ova so bivsiot nekako mi lepi
@untitled12 нормално е да сака малце време за себе и мислам дека за тоа не треба да му замеруваш. Сметам дека одите прилично подолго околу 6+ месеци? Ако тој оди со другарите нормално е дека би сакал да поминува малце повеќе време и со нив, не е убаво да ги „откачи“ (ако ова е правилниот збор да се кажи) скроз. И да како што кажа @LivingGlam тој не го кажа тоа на најфин начин, ама е во право. Те сфаќам да немаш да одиш со некој некаде и како се тоа изгледа ама во глобала сигурно ќе најдиш некоја другарка. Второ, можеби и причината не му е тоа што ти ќе одиш со него, а тој ќе биди со другарите, туку самата околина и тоа што се случува во теретана. Веќе недела дена јас шеткам по теретани да најдам 'the one'. И само бев со дечко ми да најдам една, тој има идено порано па ајде шеткаме и ми прај, ти гарантирам ако одиш после 4 саат во мешана теретана секогаш ќе имаш кандидати за помагање кои во глобала ќе ти одмогнуваат повеќе него што ќе ти помагаат. И беше во право зошто дури прашувавме едно друго видов повеќе од еден пример таков. Можи се плаши од ова твојов па пробва на еден начин да те „заштити“ или едноставно неќи да те носи пред очи на неговите другари во теретаната. Во секој случај не е ништо лошо твоето одење таму. Сигурно имаш другарка или две кои би се нафатиле да одите. Секогаш е подобро кога си со другарка или пак можиш да одиш сама во женска теретана па таму да запознаеш неколку нови пријателки кои успат ќе ти поможат полесно да поминиш и да најдиш некоја другарка ако немаш. @s.des мене нешто не ми е океј со оваа ситуација, но занемари тоа. Почни нов живот. Безразлика која е причината поради раскинувањето ти почни нов живот зошто го сакаш и саканиот го побара тоа од тебе. Некогаш во иднина, по извесен период, можеби ќе дознајш која е причината за ова, но немој сега да се оптеретуваш, немој. Греота си, само ќе ти биди полошо. @mimibt би ти рекла да го прашаш бившиот, но нема смисла. Никогаш не би признал, но во случај да признае - објасни му дека нема шанси за вас двата. Во друг случај разговарај со сегашниот, ако треба изиграј жртва и објасни му за бившиот. Објасни му дека ти значи дека не сакаш ради другиов да го изгубиш него.
Гледам дека доста девојки ти забележаа дека си била премногу приврзана за дечкото и дека му требало простор и време да се види со другарите, па еве да чуеш и едно поинакво мислење, од машка страна. Проблемот е што кај нас луѓето теретаната ја користат за све освен за она што е наменета (секоја чест на малобројните исклучоци). Типичен муж иде со друштво од 5-6 другари, 5 минути вежбаат, уффф, пуффф, се гледаат на огледало - „ОК, најјак сум“ и после тоа пола саат прават празни муабети, си го држат таквото и зјапаат наоколу. На крај, влагаат у колата (пошто у теретана се иде исклучиво со кола нели, дури и ако ти е на 3 минути од дома) и тераат даље. Само не знам кога ќе сфатиме дека теретаната не е друштвена активност (за тоа си постои седење на кафе, у маало, пред кооперација), туку дека таму се иде за да се вежба. Значи, ако сте одлучиле и двајцата да почнете со вежбање, јас лично не гледам проблем да идете заедно у теретана. Нормално, никој не рече дека он не треба и не смее да си поминува време на само со мушко друштво, но за тоа постојат безброј други места и активности, не мора баш у теретана да се дружат. Друго, мислам дека тебе не ти засмета толку и што одбива да оди со тебе, туку начинот на кој ти го кажа тоа. Штознам, за време на вашава 4-годишна врска требало да најде нормален начин за комуникација и разбирање со тебе. Ете, ти рече дека си срамежлива па можеби и немаш другарка со која би можела да одиш у теретана. Зошто да не се направи „разумен“ компромис и да се договрите као луѓе заедно да одите на вежбање, а он да си оди на кафе (или шо да е) со другарите у текот на неделата. За неговиот одговор и идиотски однос со тебе, не знам што да ти кажам - може со протеините крка и некоја хемија, па е со намален мозочен капацитет сега. Размисли добро дали тој навистина ти е најблизок како што си сметала и за неговото однесување кон тебе, па за понатаму - види дали вреди да се остане у таква врска или не. Поздрав.
Девојки, ви благодарам на советите. Денеска му се јавив и го викнав да излеземе за да правиме муабет и се согласи. Пак беше истиот тој, ладен цело време, некако незаинтересиран и како сеедно да му е за се. Го прашав убаво во што е проблемот што е таков , дали бившиот мој има нешто врска овде, дали му има нешто зборено, се заканувал или било што друго, дали можеби не сака повеке да биде со мене или што??? Ми вели дека нема ништо, се во ред, и дека се уште сме заедно.И толку. Тоа беше во главно муабетот , се видовме на кратко и си заминавме. И покрај ова што ми го кажа осеќам дека нешто не е во ред. Што би правеле вие понатаму да сте на мое место?
Ако дечко ти те избегнува поради бившиот тогаш слободно може да ти кажам дека и бившиот ти и сегашниот ти се големи дечишта. Друга работа и многу битна. Твојот сегашен дечко, многу незрело однесување од негова страна. Вистински маж би седнал и разговарал за проблемите место да ги избегнува. Всушност вие и немате проблем ама мислам дека заслужуваш објаснување за неговото однесување. Мој совет не го барај повеќе, како тој со тебе така и ти со него. Ако тој е ладен биди и ти ладна, па да видиме накаде ќе оди вашата работа. А може дечкото си има некој проблем дома или му се свиѓа некоја друга или пак си е таков по природа, таков карактер и ете да не претпоставувам. Сеедно, малку време сте заедно може и затоа несака да ти се отвори. Како што реков биди ладна и не го напнувај многу сега за сега.
^ Се сложувам со тебе , навистина незрело однесување од негова страна . Иако го познавм доста долг период ( се дружевме и пред да се фатиме ) го знам многу добро каков е и што е, па навистина ме чуди сега таквото негово однесување. За него можев да кажам само дека е најпрекрасната личност што некогаш сум ја сретнала. Но, се смени преку ноќ, a која е причината останува непознато иако тој вели дека се е во ред. Од една страна, се обвинувам себеси дека можеби требаше уште на почетокот да му кажам каква е работата со бившиот, и на што се тој е спремен само за да ми расипе нешто. Од друга страна пак го обвинувам него, ако тој ме познава добро како може да дозволи некој друг да му го промени мислењето. за мене. Да, звучи навистина детски и незрело. И од трета страна , си велам, можеби кога би ја знаела причината би го сватила до некаде таквото неговото однесување. Не знам што веќе да мислам
@mimibt Типот исчезнал без збор. Го прашуваш што е, молчи. Тука веќе нема ништо нејасно. Батали го, сигурно нема да се мачиш и да губиш време, барајќи причини за неговото однесување и откривајќи ја тајната на неговото исчезнување. Детиште недораснато! Немој да ја оправдуваш неговата постапка и да се обвинуваш себе си, кога незнае како маж да седне и да ги реши проблемите туку бега од нив. Најверојатно има нешто, што нема храброст да ти го рече во лице. Прво нека си ги реши проблемите самиот со себе. Штом одлучил да избега, наместо да седне и да разговара со тебе, батали го.
@mimibt каква е таа врска во која тој е ладен и незаинтересиран, а ти повредена? Мислам дека кога ти кажа дека сте сеуште заедно на толку ладен начин требаше да му кажиш дека таква врска не бива, да му кажиш дека неговото такво однесување и пристап ти сметаат и дека ти како девојка во врска не се чувствуваш среќна.
^ Па како ти ја дефинираше баш така? Напишав во претходниот пост дека разговарав веќе со него за тоа, го прашав убаво и му кажав се, иако тој тврди дека се е во ред. Ако го побарам јас ок, ако не него го нема никаде, ни да се јави ни да пише. Сигурна сум дека бившиот има направено нешто , му има нешто кажано или што знам што друго. Не може туку така преку ноќ тој да се смени наеднаш без никаква причина, А друга пречка во нашата врска освен бившиот не постои.И пред тоа тој ми има правено проблеми и секогаш ми се меша секаде и во се, не ме остава на мира откако раскинавме . Но тоа е, кај ја имав таа среќа да се закачам со таква будала. Ќе оставам така како што е, што можам веќе друго да сторам , ако несака, несака, со сила не бива. Само му се чудам на паметот што го има во глава како може да дозволи некој друг да влијае врз него и врз неговиот избор и одлуки.
@mimibt очигледно не се сфативме ни двете што збораме баш баш. Како јас ја дефинираве баш вака: Ако моменталниов ти дечко нешто му било споменато или влијаено, во случајов од бившиот ти дечко, нормално е тој да го врзи в крпче ама тој прави драма без да види како навистина стојат работите и почнува да лади, да не ти се јавува како што велиш сем ако ти го побараш и сл. и накратко те обвинува, а вели дека е во ред. Велам те обвинува, не директно, но зошто иначе ситуацијата е онаква каква шо ти ја опиша? Сакам да кажам дека сегашниов ти дечко паѓа под сугестија. Сега паѓа за нешто во врска со тебе, во иднина да речиме ќе оформите семејство и замисли го со овој памет? Настрана тоа, дали ти си среќна во оваа еднострана врска која ја диктира твојот бивш? Јас со моето претходно мислење баш само ова сакав да го нагласам. Како е ситуацијата сега? Има некое подобрување?
Devoki vi pisav za mojot problem pogore...so deckoto zborev...mi rece da mu pomine lutinata i ke ti se javam..veke 1 nedela go nema...dali vredi da mu pisam: Sto odluci? ili da go viknam vo zivo da porazgovarame? ili da zeam da mu raskinam..nemozam jas vaka da cekam...me faka nervoza...na viber mu prativ smajli mi vrati i tolku...zasto se takvi maskive...:/ neznaat da pocituvaat..sto bi me posovetuvale? fala vi..
Имај малку гордост и граница до каде и што! Кој е па тој да си дозволи да играш како тој свири, да му поминела лутината? Како па да не. Ќе го молам ќе го чекам за да тој си игра к*р та*ак и молим богати кога ќе биде расположен. Па не си му дугме па да игра тик так со тебе. Живеј си го животот, и не дозволувај да си трошиш време за вакви. Секоја грешка е памет за понатаму. Поздрав
Fala vi ,,Cekaj da mi pomine lutinata'' hehhh..do koga be vaka? Inaku fala vi nikoj ne e vreden da ceka. Toj sto saka naoga nacin vreme..dr se e izgovor.Fala vi ostanete mi pozdraveni