Фала Инаку,токму јас сум таа што не крева многу галама и гледам што побргу да ја завршиме кавгата(не дека он сака да се караме)..А тој скоро секогаш ме убедува дека грешам,дека не сум во право.Можеби во повеќето случаи и не сум била во право,ама не можам веќе вака..секогаш јас сум дежурниот виновник,а тој е оној кој се труди да ми објаснува цело време..Уфф тешко е
Исто и кај мене јас секогаш грешам Абе не ставај мн на срце ,не се нервирај.убаво му кажи ако разбере , разбере ако не ,нека се потруде да разбере бидејќи сигурно не правеш кој знае какви грешки.А иначе да точно ,ситниците ги прават и најголемите караници .Ајде ќе се видете и се ќе се среди. сРеќноооооо
Па ќе помисли така кога криеш од него.Требало досега да му кажеш што како било и дека немало ништо тогаш меѓу тебе и бившиот.Вака ако криеш само повеќе ќе се посомнева.Ако ти убаво со дечкото не дозволувај за такви глупости да си ја расипеш врската.
Требало порано да му кажиш за играњето со бившиот.Немој да го молиш да ти прости како да е крај на светот затоа што ќе му ја дигниш цената.И сама си го барала,не требало воопшто да играш со твој бивши,како ќе ти биде тебе да го видиш него како игра со некоја од бившите? Ништо не ти преостанува,покажи му ги сликите и клипчињата,кажи му дека ништо не се случило и не си го варала,објасни му дека само си се забавувала и толку...Друго нема
Па зар ќе му го скриеш? што си барала да играш со бившиот? Сигурно ќе се налути, но ќе му кажеш дека не се случи ништо, а што е тоа со молењето!??? како да го тераш да ти прости, ти ќе му објасниш, ќе се извиниш и готово! не си го варала па да го молиш! не паѓај толку ниско!
А зашто МОРАШ да му го покажеш? Па не му го покажувај, леле кај му текнало сеа да го гледа а тоа било во февруари. Речи му дека неможе да го глеа, или дека ти се избришало, ајде нека не ти поставува услови, или речи му и тој да ти покаже нешто такво лично. Речи му и дека несакаш да му го покажеш бидејчи може погрешно да сфати некои работи и толку, што мора да му се објаснуваш? Како се повеќе ги читам проблемиве многу врски гледам дека се состојат од испрашување, правдање и расправи за без веза... имаш дечко или џандар? (ова не е за тебе лично) ајде пиши дали си средила после... позз
Редно беше еднаш и јас да ја искористам оваа тема. Значи,детето е една година помало од мене. И е малку пониско. Ама....Е моја сродна душа. И јас негова. Баш како што вели тој,јас сум тој во женска варијанта и обратно за мене. Тој има женска. Девојчето не е моја другарка,но ми е познаничка. Нема буквално никакви пречки да бидеме заедно,и покрај тоа што кажав дека има женска со која 20 дена,од кои 10 се имаат видено...Проблемот е во тоа што јас не одам со помали. Не одам,не им обрнувам внимание,ништо...И потоа се појави тој и се се смени. Девојки,ве прашувам,мислите ли дека треба да му дадам шанса,затоа што знам дека ќе ми биде прекрасно со него и да преминам преку сите тие мои бариери и предрасуди за помалите или....? Чекам ваши мислења.
Годините и висината не се важни. Поважно е тоа што има девојка. Колку и да се заедно, толку. Нека раскине тој прво со неа, па ти искористи ја шансата. Ама дај му на знаење дека сакаш да имаш нешто со него, за да има барем уште некоја причина да раскине со девојката. Во принцип сум против вмешување во туѓа врска без разлика колку трае (се држам до правилото „не прави она што не сакаш да ти го прават“). Само да не се вмешаш директно меѓу нив двајца. Покажи му дека повеќе вредиш од другата девојка, без да бидеш премногу нападна.
Мислам дека една година што е помал од тебе не е некоја голема разлика.Ако не е ништо сериозно со девојката со која е,зошто да не му дадеш шанса.Јас имам другарка оди со дечко помал од неа 3 години па супер и е.Нема зошто да се мислиш ако чуствувате нешто повеќе и двајцата.Годините не се мерило за созреаност,може да е постар и 10години,но памет да има како двегодишно дете.Затоа со тоа не се замарај ,мислам дека тоа не е голема причина за да не дадеш шанса.
Мистериус ќе се караме Секако дека треба да му дадеш шанса. Твојата среќа е најбитна и стави ја пред се друго. Па што ако е помал и што ако е малку понизок? Во денешно време тоа е на мода Имаш овде на форумот теми и ќе видеш дека на многу девојки тоа воопшто не им е важно. Ако си почнала да чувствуваш нешто за него, и знаеш дека ќе ви биде прекрасно, нема што да чекаш уште, настапи на сцена и укради го Од твојот пост сфатив дека го сакаш за дечко, а не само за мување така?
Значи,тоа за зрелоста никако не го спомнав дека не е позрел..Напротив,детето е петка...Значи,супер! Не знам како да ти кажам да стане јасно... Ќе размислам,ама пак се двоумам сепак... Фала,инаку!
Мисти,јас сигурно не знам за кој станува збор (а ваљда ми е во смена на школо ),но искрено ќе ти дадам совет.Ако детето ти е сродна душа,имате заеднички теми,се согласувате еден со друг,ви оде убаво муабетот треба да му дадиш шанса зошто секако ќе ти биде убаво со него според напишаното.Премини преку се',скрши ја бариерата.Никој нема да ти суди! Познавам девојка со долга врска,а таа е една година поголема од дечкото.И убаво им оде.Значи нема зошто да ти биде страв од нечии мислења.Е сега според мене,ако сте во врска нема да биде исто како и во пријателството и ќе има промени,ама сигурна сум дека ти ова го знаеш.Ти препорачувам да пробаш врска,сепак знаејќи ти ги годините ни ти не си мала,а ни тој
^^ Unfaithfull,знам дека го сакам до мене..А за нешто посериозно,можеби... Ќе се караме... Хмм..... Ма,јас знам дека ќе попуштам,ама сега нешто изведувам... Инаку,мила,конечно си го смени аватарот,и тоа е супер промена! Ми се допаѓа и новиот... И фала и на тебе,и на Анаатх..
Не,мила не ти е во смена,не учи кај нас,во нашта гимназија... А викаш,да го скршам мразот веќе еднаш...? Па и тој многу чекаше....Срцка! Фала мила на советот!
Мисти љубав не брои године, а камо ли и висине Шала на страна, мислам дека не претставува тоа некој голем проблем....Ако тебе ти е убаво зошто да не пробаш.Ќе пробаш,ќе видиш инаку нема да знаеш.Да не се повторувам со другите, само ќе кажам дека го делам нивното мислење.... Поздрав
Мисти срце,зошто воопшто се оптеретуваш со ова? Нема врска што е една година помал,ете сепак успеал да го сврти твоето внимание..... Како што ти кажаа и другите истото ќе ти го кажам и јас.Не ги гледај годините како пречка,има многу поважни работи на кои треба да им обрнеш внимание.Ако ти е за тоа што ќе кажат другите,воопшто не се замарај! Гледај да ти е убаво тебе! И да не израдуваш со убава вест
Леле бе Мисти, па не е 10 години помал од тебе, една ко ниедна Ич да не се замараш, ако ти е убаво со него, ако чувствуваш дека си заљубена во него а и он во тебе не се оптеретувај со такви работи. Велиш предрасуди. Ќе дозволиш поради предрасуди да не бидеш среќна? Ако не ти чини понатаму, имаш опција-раскини Не е ништо страшно... http://www.youtube.com/watch?v=_YS3MKj2_cI еве ти една песна за расположение
Мysterious, фати си го момчето додека не го лапнала некоја друга. Како што е ова ера на жени - грабливки, ниту една друга нема да се мисли ако детето е фино. Една година и не е некоја разлика. Па бил понизок, голема работа. Кој се заморува денеска со тоа? Јас имам другарка 176 цм, сите дечковци и биле троа пониски. Што треба , да се убие ли девојчето? Ехееее, какви маани големи има, па се преминува преку нив за Љубов, ова твоево е минорно. Оди бркни го сега, не туку се советувај со нас, нашиот одговор веќе го знаеш! И со среќа.
Еве ме и мене со проблем:вчера вечерта почна да ми ѕвони некој со скриен број,на почетокот само ќутеше,но потоа кога му го дадов телефонот на брат ми,му кажа дека е од градот на дечко ми, и дека имал слики од дечко ми како се мува со други девојки.Прво велеше дека јас сум му го дала мојот број(што нема врска)а потоа кажа дека некој другар на дечко ми му го дал.Си кажа име презиме и години.Се договорија со брат ми ако има навистина слики,да ги прати на лажен профил на фб на брат ми.Ако не да не замара повеќе по тел.Се слушнав со дечко ми му кажав се и ми вика нема врска,не сум бил со никоја друга откако сум со тебе.И му верувам.Мислам дека тој што ми ѕвони нема попаметна работа па така прави.Но денеска пак ми ѕвонеше тој психопатот и пак зборуваше со брат ми.Рече дека за 5 мин ќе се јави пак да му каже лажен профил на фб и да ги прати сликите.И го нема,а поминаа 2 саати од тогаш.Се плашам.Не дека дечко ми ме изневерувал,во тоа сум 100% сигурна.Ама не знам дали можам да го дознаам некако бројот на овој лудиот што 50 пати ми ѕвонеше од вчера навака..?На Вип сум инаку.Што мислите вие,зошто вака ми прави?Што му е намерата?Можеби за џабе паничам...