мој бивши што ме изневери и се ожени со таа ме,пред некој ден ми пиша и ми предложи да се видеме.не сакам да имам никаков контакт со него но тој не престанува да ми пиши пораки на фб на маил,на теллефон го блокирав од секаде но пак наоѓа начин да ми пиши.ми треба совет што да правам да кажам на жена му или да го игнорира скроз
Штом ти не сакаш да го видиш и да имаш контакт со него а и зошто би сакала кога те изневерил -игнорирај го. А за да му кажеш на женаму нема потреба, сигурно нема да очекуваш после со влечка да го тепат или да му барат развод Ке настанат глупави проблеми без врска.
И да сакаш да го видиш, игнорирај го зошто е женет. А гледам не сакаш. Нема потреба да и кажуваш на жена му, да не го извлечеш на крај ти подебелиот крај.
блокирај го и на фб и секаде , нека мислел порано, сега валда си се кае али штом е женет веќе е доцна .
Надја верувам дека не ти е сеедно во ситуацијава, чуствуваш бес во себе и потсвесно размислуваш за одмазда и за отстранување на товарот кој го имаш во тебе. Види, нема потреба да си ја труеш душата, тоа што те изневерил тој нека му биде на негова чест и нека му служи. Нема потреба од објаснувања и замаранции со таков тип, едноставно стави го на игнор и не му се објаснувај, ќе се откаже. Живеј си го твојот живот и потруди се да си ја најдеш среќата а за него ич да не ти е гајле што и прави на женаму, не се машај и не се замарај едноставно не влегувај во сред бидејки не заслужува да си правиш кавги, неспоразуми и нервози за нешто што навистина е не човечки од негова страна. Со тоа што ќе се умешаш само можеш да си направиш проблеми и ти самата и ќе изгубиш, а да добиеш неможеш.
Надја ако тоа се пролонгира и сеуште те замара после одреден период од моментов јас ќе ти кажам слободно да кажеш на жена му. Бидејќи очигледно за дечково бракот е само парче хартија, а жена му марионета. Јас ја жалам неа што не знае какво говедо има до неа. Сепак има право да знае што и како се случува со маж и.
ми требаше време и време да го заборавам и сега што ми прави ми пише и ме навраќа на тие денови.јас го ставан на целосен игнор ама кога видам порака од него ми се иди да појда кај него дома и пред жена му да го отерам во п.м
После толку игнорирање штом пак успева да стигне до тебе и да те замара, мислам дека треба да испринташ се и да покажеш на жена му
размислував и затоа,но тој од лажни профили ми пиши можи нема да ми верува и ќе си речи дека сакам да и се одмаздам пошто тој ме има изневерено со неа така да не знам што да правам
Девојки, како се справувате со фб на вашиот дечко? Јас лично немам фб, не сум ни љубоморна личност, не ми смета да се дружи со девојки , ама тие "like-чиња" кои се пуштање водичка- не ми се допаѓаат. Дали директно да се посочи (иако знам дека прво ќе бидам толкувана како љубоморна, а и незнам колку ќе се промени), или да баталам па може сам ќе престане со тоа? Човекот ме сака, обожава, знам дека не мати на страна, ама ова со фб не ми се допаѓа, се осеќам како позади грб да ми се работи. Совет?
Не е баш љубовен проблем, ама сакам да добијам мислења. Има еден човек што фб ми го прикажа како suggestion да го додадам. Имаме само 1 заеднички пријател. Работата е што му се загледав во сликите (жими 3-4 што ги има), и многу ми се допаѓа. Од коментари дознав дека сме иста струка, ама очигледно е дека е доста постар. Се мислам да го додадам, ама си велам како прво ќе се чуди од каде и зошто, потоа ако има жена/деца... не дека јас којзнае што планирам, ама непријатно ми е. Јас обично не прифаќам, а и не додавам луѓе што не ги познавам лично, така што нема да ми е чудно да не ме прифати... Но, да го додадам ли?
јас мислам дека треба прво да се осигуреш дали е женет и дали не е лажен фб ако е женет тогаш нема што да чепкасш......не е убаво така ако има фамилија....
Посочи му, така уз муабет на шала префрли за лајковите, и кажи му дека не ти е угодно така да лакнува други женски. Кажи му јас не ти забранувам туку онака однадвор гледано и не е баш вкусно да лајкнуваш некои девојки а притоа имаш женска. Можеби дечкото и не обратил толку пажња на ова и не се замара, но ти дај му до знаење на фин и културен начин дека ти бодат во очи лајковите. @littleflower Не му се срами ако ти боде во очи човекот додади го, што знаеш што ти носи животот.
Ако преминува граница и тоа тебе те нервира прво зборувај со него дека ти смета. А дури можеш и со предлог да го избрише профилот, деактивира било што Јас лично исто така немам фб-профил и мојот дечко неам и ми е раат од глупостите и збрките што ги прави фб.