@Ana Chio Јас мислам дека си ствараш проблем од ништо. Машко што не сака да биде со тебе нема да троши скоро 3 години од животот. Тој ми делува како да е многу зрел и како да знае точно што прави. Тоа што држи дистанца не значи одма дека не те сака доволно. Те сака ама се сака себеси повеќе и освен тебе си има и свој живот. Исто и за парите не смееш да му се лутиш, негови се. Можеш само да се лутиш ако ги троши твоите. Ти чим си имала пари зашто не отиде на одмор со другарки? Ние жените мораме секаде да бараме некаков проблем, дури и кога нема. Едноставно таков си е човекот, твое е дали ке го прифатиш како таков или не. Читам дека тој тебе те почитува, не е љубоморен што значи дека не ти брани, и сигурна си дека го сакаш и те сака. Што е проблемот? Да не си оладила ти малку ти па уште не си сигурна што се случува? Ми делуваш збунета
@Candid Благодрам за советот мислењето , Не мислам дека е зрел воопшто , 2-3 дена денондоко е со нив со пријателите во наводници што и не му се пријатели . Па кога ке се најде со мене кути како токмак постојано, јас цело ова време внесував живот во врската да му покажам колку го сакам и сакам да сме заедно тој беше фроузен цело време . После цело лето поминато со нив и сето време поминато во борба за подобра врска да оладив и сега како никогаш до тогаш мислам дека не може ништо да се поправи за да сме заедно , тој го забележа тоа и прави и зборува работи што не ги кажал ама јас немам надеж повеке (јас го напишав тоа како проблем бидејки бев очајна незнаев повеке што и побарав прв пат совет од ваков тип ) несакам и неможам да должам се што се случуваше додека сме заедно мислам од типит на фроузен со денови сум плачела и пак сакав да сум со него упорено се борев за љубовта ама повеке не сум сигурна да .
@Ana Chio епа гледаш како сватив одма тогаш веќе треба да се одлучиш, сама си викаш дека немаш никаква надеж и дека не си сигурна. Чим е така разговарај и истото што го пишуваш тука кажи му го и на него. Ако си одлучила не мораш ни да се правдаш. работи на твојата среќа и не губи време. Додека губиш време со некој што не те исполнува можеш да си најдеш друг што ќе те усреќи и ке ти го посветува целото негово време good luck
Ти го сакаш, а тој го користи тоа. Оваа љубов тебе само те повредува и ништо друго. Тргни се, јас не гледам иднина некоја со ваков човек. Остави го. Тешко е, знам ама во случајов за тебе најдобра опција е да му раскинеш. И вака и така се гледате на 3-4 месеци, барем веќе нема да се думаш каде е и дали ќе се појави. Може некаде постои некое момче на кое ќе му биде мило што си раскинала со овој и ќе те направи посреќна од било кога. Верувај ми, ќе помине и еден ден ќе ти биде мака што си го трпела сето ова.
znam deka e najdobro da se trgnam no postojano se slusame i pisemei koga kazam da me ostave na mira mi kaze deka jas sum vinovna sekogas sum jas toj nikogas ne e poveke od bilo koj sakam da se trgnam od nego veruvajte mi po nekogas ne znam go sakam ili mrazam...
мислам дека си опседната со него , и немаш дрига занимација освен него , верувај дека ке најдеш друг што ке те сака , овој кога тогаш ке те напушти кога ке најде друга , а ти ке потонеш од тага и солзи , напуштај го со време , игнорирај го , не дозволувај да си игра некој со тебе , уште ми е во сеќавање кога една моја другарка сакаше една личност , му посветуваше внимание , трчаше по него а тој си го пафташе само со неа , и одеднаш слушнавме дека ја запросил некоја негова другарка , од тогаш другарка ми не е истата личност , потона девојчето и од тогаш не засака никој , не дозволувај и тебе ова да ти се случи бидејки повеќе ќе патиш
Ако навистина сакаш да се тргнеш и да го оставиш, можеш. И тоа веднаш. А незнам зошто мислам дека во тебе уште има некоја мала доза на надеж дека се ќе се среди. Нема да се среди. Не се мачи повеќе па и нека вика дека си ти виновна. Па што.
А зошто бараш совет кога и ти самата си си зацртала дека жива сила нема да те убеди во спротивното. Незнам каков совет бараш кога и самата знаеш дека ваква врска не може да опстои и дека се е отидено во неповрат, едноставно работите и чуствата меѓу вас не фунционираат како за една врска. Не си мала за да размислиш со своја глава и да сватиш дека таков човек покрај тебе кој секојдневно те турка накај дното и ти прави беспотребни нервози не ти треба покрај тебе, а уште помалку ти треба и покрај тоа што кажа дека сте оддалечени и расправиите секогаш се на прво место. Размисли добро и реши ти самата дали планираш да продолжиш со оваа навика, да, навика бидејки тој после долги години не ти е повеќе партнер во смисла на зборот туку човек од навика, дали планираш за иднина со ваков човек што е ладен и безчуствителен, што е самобендисан и неодговорен за својата врска, дали планираш да си го губиш твоето скапоцено време со човек што нема иднина?! Одговори си на овие прашања и сериозно размисли си ги последиците придобивките и загубата?! Навиката е тешка и болна за сите, нит си прва нит ќе останеш, подобро да спречеш него ли да лечиш подоцна верувај, дај си простор за самата тебе вистински да ја запознаеш љубовта.
Имам еден проблем и тоа мислам дека веќе станува сериозен. Досега сум имала една сериозна врска и крајот излезе таков што многу ме разочара и ме уништи. Сега сум во друга врска еве веќе 6 месеци. Се беше океј до пред еден месец кога почнав за се и сешто да се сомневам, да љубоморам и да се лутам. Мислам дека ќе замине со друга, дека ќе ме изневери. Немам доверба, не сум ја ни стекнала, после претходната врска изгубив доверба во сите машки. Стварно не знам како да си помогнам себеси, знам дека ако продолжам вака не само што ќе ја уништам оваа врска, туки и сите наредни и никогаш нема да можам да имам среќна и стабилна врска со никој. Тој досега не направил ништо лошо и вели дека нема ни да направи бидејќи годините не му се за играње, туку за сериозна врска, но некако не верувам во неговите зборови. И плус, од различен град сме. Совет некој?
Претходната врска не завршила добро, но тоа не значи дека и со оваа ќе биде така. Не направил ништо лошо, нема ни да направи. Не барај проблем онаму каде што нема и не си се оптеретувај со непотребни мисли, уживај си во сегашноста.
Свесна си и самата дека со сила убавина не бидува, ако врската ви се сведува на тоа да ти сама ја играш главната улога тогаш би ти рекла да се потрудиш и со сите сили да пробаш да го оставиш. Ако тој постојано е со другарите и си тера некои свои работи и си гони свои обврски а ти покрај него да си само ко икона да го красиш и да инсистираш за било што без успех, сметам дека треба колку побрзо толку подобро да ја баталиш таа работа. Сите ние разбираме и од време за другари и време за себе ид обврски и од занимации, но тој ако постојано е отсутен од вашата врска тогаш имаш сериозен проблем. Па уште повеќе ако и покрај сиот свој труд желба и подршка за вашата врска тој е индиферентен ќе треба да ги стиснеш забите и да го скратиш ова твое мачење и губење време, се на се тој те смета како една навика од неговиот живот а чуства и емоции се нема. Да така размисли сериозно дали ќе продолжиш упорно да се трудиш за нешто што не заслужува и едноставно не бидува или ќе си продолжиш со својот живот и ќе си дадеш време да запознаеш вистинска љубов пто ќе те сака и цени.
@Ana Chio ти дадоа добри совети, особено @vitamina и @Candid. Јас би ти рекла да го седнеш дечко ти и најискрено и најсериозно да му кажеш како се чуствуваш. А не ја исклучувам и можноста да е таков незаинтересиран и ладен карактер. Ако ништо не се промени размисли дали сакаш да бидеш сеуште со него. Или ќе ти кажам уште една можност која и не е така добра, тоа е да го приофатиш дечко ти таков каков што е, што не верувам дека можеш. Ти го сакаш, може и тој те сака ама ако не се согласувате џабе е.
msm deka spomnav deka mi e prv decko ako znaev sto da pravam i ako imav iskustvo so drugi deckovci nemase da baram sovet msm sama patam i stradam za toa odluciv da ve prasam
@~disappointed~, јас нема да те критикувам и „бла бла“ затоа што си нова, ама ќе ти удрам една критика у однос на твојов проблем. Зошто побогу, ако последните 2 години ви се катастрофа сеуште сакаш да имаш нешто со него? Две години не се малце, не се 2 недели или месеци, па да кажеш, период е - тоа се 2/3 од вашето познавање. И не можам да сфатам од пишувањево твое дали сеуште ти е дечко, или па се гледате повремено, онака „кежуал“, што би се рекло? Не знам каква е таа врска у која со некој се гледаш на 3-4 месеци? У странство ли работи или живее човеков, па толку ретко да се гледате? Не разбирам, како може да ти дава до знаење дека те сака на други начини, но отворено да ти кажува дека не те сака и нејќе да сте заедно? Кои се тие други начини на покажување на љубов, жити мене? Не знам, мене овие две ствари ми се скроз неспоиви. Повише ми изгледа дека ти тие „други начини“ само ги посакуваш и по малце ги замислуваш. А неговиот реален став кон тебе он отворено си го кажува. Надежта според мене, за овој случај, е веќе умрена, погребана и наскоро ќе има помен за 2 години. И 3 пара розови наочари да ставиш, јас некаква надеж и среќна разврска за вашава „врска“ барем за тебе, не гледам. ОК е што ти е прв дечко, но тоа не значи дека треба да биде и последен, нели? Разбирам дека немаш искуство, но некогаш мораш да почнеш, т.е. да продолжиш со животот. Ако сега на 26год. ти е тешко да си најдеш друг и да го баталиш овој, на 27, 28 итн. може само да ти биде потешко. За крај, не знам каков совет, односно помош очекуваш? Ако сакаш некој да те потапша по рамо и да ти каже дека твојов ќе се смени, дека уствари потајно и прикриено те сака и дека се ќе биде во ред - се сомневам дека ќе наидеш на такво нешто. Мислам дека и самата си свесна дека „врскава“ е штетна за тебе и дека дечково ги искористува чувствата што ти сеуште ги имаш за него. И мислам дека и самата знаеш дека најдоброто решение за тебе е да ја прекинеш - што поскоро, тоа подобро. За такво нешто имаш поддршка од мене, а верувам и од други членови. Е сега, како да го направиш тоа, тоа ти најдобро знаеш. Верувам дека нема да ти биде лесно на почетокот, но гледајќи ја твојава ситуација, сите други алтернативи ти се многу полоши. Разбирам, го сакаш, ама како што гледаш - тој тебе не те сака. Барем не на таков начин каков ти е потребен тебе (и на секој нормален човек). Немој да го браниш, правдаш и да му наоѓаш изговори или да ја наоѓаш вината во себе. Изговори нема. Несреќна си во врскава и тоа е факт. Соочи се со тоа и донеси ја правата одлука, пред се заради самата себе. Извини ако мислењево беше малце грубо, ама тоа ти е суровата вистина, за која мислам дека и самата си свесна. Ти посакувам што полесно да си го решиш проблемов и да си го продолжиш животот. Поздрав!
Сакав да ве прашам за совет да објаснам на фб ми пиша едно дете и излеговме на кафе и се смувавме тој дури ме праша дали сакам да одиме до вц ама пошто знам што ќе се случи го одбив.После излеговме уште еднаш и се смувавме пак.Ама тој пак ме праша дали ќе му дадам и јас го одбив и тој цинично рече ќе ми дадеш ќе ми дадеш но јас не му дадов и ме праша дали ќе излеземе пак а јас му реков ќе видам зш сакав побрзо да го откачам и да заминам. Затоа што како прво и двата пати јас ама буквално ништо не чувствував додека се мувавме мислев дека ќе чувствувам барем возбуда иако е без љуубов ама сватив дека не е така. Друго тој беше премногу насилен ме гризеше и уште имам две шљивки од него на вратот и подолу накај градата и устата ми ја разрани ми беше потечена Трето сватив дека тој само сака да имаме секс и сигурно после нема да ми се јави ни ништо друго фактички да ме искористи затоа и не му дадов останавме само во кафиќот и се мувавме Ама сега не знам што да правам значи не сакам да излезам пак со него и не знам како да направам.Дали да го блокирам на фб ама ми е страв за инает да не почне да им збори на други или да шири лаги.Или пак да не го блокирам и ако ми пише на фб да го одбијам ама ми е страв да не ми досаѓа затоа што има и мој мобилен.Ве молам помогнете ми знам дека згрешив што два пати излегов со него ама другите ми викаа дека нема врска ако не го сакаш можеш да се смуваш ама како ѓто кажав јас не осеќав ништо и можеби ќе мислите дека сум старомодна ама мислам дека нема сфрха некој да излага со некој што не го сака а поготово што знам дека и тој не ме сака и сака само да ме искористи.плс за хелп фала однапред позз до сите
Прво прашањево не е за тука, за оваа тема ама ајде. Доколку ти не си направила ништо со него тогаш нема потреба да се замараш дали он ќе вади муабети или не, тебе ти е чиста душата. Кажи му не сакам повеќе да се гледаме кратко и јасно нема потреба ниту да се објаснуваш и тоа е тоа.