Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    Да го оставиме на страна дечкоти и вашите патешествиа.
    Зарем сметаш дека тој е оној вистинскиот, дека ќе се сакате до крај и дека твојот живот би бил розев од само неколку дневен период со него?
    Само ќе ти кажам дека не треба да избрзуваш со потенцијалниот додека не помине време да се запознаете.

    А во врска околу дечкоти би требало малку подлабоко да размислеш и да согледаш дека вашата врска е на работ на пропаст, тука нема веќе што да спасуваш.. најубаво би било да не ја должете повеќе и да лицемерите еден со друг, да не фо затворате упорно очите пред вистината. Стави крај со ова, и ти ќе се спасиш а и тој верувај.
    Вашата врска е сведена на длабока навика, што побрзо го скратиш тој корен тоа подибро за вас.. нема смисла да одолговлекуваш повеќе.
     
  2. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    А како тоа порано не ти пречел катактерот на дечко ти, а сега ти пречи? Или требаше да се појави некој друг за да сфатиш дека ти пречат овие работи кај дечко ти?

    Најсериозно јас мислам дека ти не го сакаш ни дечко ти, ни другиот туку си во една заблуда.
    Најверојатно ти недостасувало внимание од дечко ти, си го добила од вториот и сега си мислиш дека го сакаш. А јас викам дека само го симпатизираш. Симпатија и љубов не е исто, аман разграничете веќе еднаш.
     
    На Nausicaa, vitamina и deskarada им се допаѓа ова.
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    106.319
    Пол:
    Женски
    Само една порака од мене до сите кои во оваа тема (би) барале совет - чим ома некаков проблем во врската - тури и пепел, со време дури не е прекасно, па после да се префрлате во темата "што ве одржува во лошиот брак"! Поздрав!
     
    На Nausicaa, natemila, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Пред неколку дена ставив крај на долга врска заради неговите љубоморни испади.
    Тој не ја почитува мојата приватност, не можам да излезам без да ми се јави неколку пати и без да ме испраша колку ке седам, сигурно сме само женски ли, да се пазам и ред такви работи.
    Најтрагично е што јас станав иста. А никогаш не сум го правела тоа, сум имала многу долга врска но никогаш како последнава.

    Сите ми викаа дека не е за мене, ми викаат дека јас никогаш нема да имам иднина со таков човек. И што е најтрагично јас тоа го знам. Покрај се, успеа да ми се пикне под кожа, го сакам (или ми е створена некоја навика)но целиот свет ми се вртеше околу него се ми беше тој. И одеднаш го нема, не искачаме не ми се јавува. Иако јас му раскинав сепак многу тешко ми е. А ме навредувал, честопати станувал агресивен према мене. Ке речете дека сум глупава и дека не заслужува но јас сум во шок уште не можам да се соземам а сигурна сум дека е тоа фаза само низ која секој поминува но не знам што да правам

    Јас му раскинав преку телефон и Знам дека коректно е од моја страна да го побарам и да разговараме во очи но јас не можам. Се плашам
    Сме имале разговарано на иста тема 100 пати, ние не сме имале други проблеми. Постојано сме се карале заради неговата љубомора. Знам, ако разговараме ке ми ветува дека ке се смени и дека нема да биде повеќе таков, но изморена сум од слушање на истите муабети.

    Знам дека немам иднина со таков човек, но се чуствувам многу лошо. Се плашам да излезам, се плашам да запознаам други луѓе, се плашам и сум ужасно тажна.
     
    На *Barbi* и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  5. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Времето лечи све,со тек на време ке се опуштиш и ке искачаш,ке запознаваш нови луѓе и ке си го најдеш мирот кај некој дечко.
     
    На Candid и vitamina им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.112
    Пол:
    Женски
    Времето не лечи ништо, само просто се навикнуваш дека го нема присуството на некои личности.
     
    На natemila и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    @Candid секој почеток е тежок ама верувам дека си силна личност и дека ќе го пребродиш ова.
    Не се плаши да излегуваш, сигурно имаш другарки, роднини, почни да излегуваш да се дружиш така полесно ќе ти биде верувај. Затворена во четири ѕида не правиш ништо, секој некогаш има потреба да остане сам ама така уште повеќе ќе пропаѓаш и ќе ти биде тешко. Како што пиша членот над мене, времето лечи се. Ако не денес, утре се ќе биде подобро. Подобро без него, отколку како што кажа БУбале за некоја година да те читаме во темата "што ве одржува во лошиот брак". Имав исто волку љубоморен дечко ама среќа не го ни засакав, па лесно го откачив. Болно љубоморни луѓе не ти требаат, таквите најчесто и ќе те малтретираат ако не физички, психички. Секоја постапка си има и позитивна и негативна страна. Позитивната е што си завршила со таков човек, кој верувам дека ти задавал повеќе болка отколку љубов.
     
    На Candid и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Прво и основно зошто си дозволила толку да се зближиш со некого, а си во врска? Ако не го скаш дечкото тогаш раскини му и прави што сакаш. Од една страна имаш дечко, а од друга стр се понашаш ко да си слободна. Замисли тебе како би ти било исто вака дечко ти да ти прави.
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  9. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.036
    Значи јас знам колку многу згрешив и колку мн сум крива не барам од некој тоа да ми го каже и да ме осудува. Значи јас знам колку многу сум го сакала и сум прифатила се од него, сум го сакала таков каков што е без разлика на се, но сега се појави друг во мојот живот што ми покажа дека не морам да бидам со некој што не е добар со мене и дека имам можност да бирам,
     
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    Ако ти сето ова го знаеш, и ако си проценила дека треба да останеш со твојот потенцијален, всушност не сваќам зошто дојде да бараш совет, која е поентата? а притоа не прифаќаш критика никако.
    Не се согласувам со овој став.
    Ако сите ние се навикнувавме да живееме со болката на секој претходен партнер и наша искусена грешка што ќе беше до ден денешен.
    Луѓе.. минато.. грешки.. се се заборава со тек на време.
    Животот е заборав!
     
    На JollyGirl и deskarada им се допаѓа ова.
  11. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.036
     
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Значи си одлучила сама што да првиш, се си знајш сама па што совет бараш? Да те тешиме? Да те чукаме по рамо?
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.036
    Стварно сте арогантни , на некој му гори под нозе вие гледате да се закачате.
    Реков дека не сум одлучила.
    А и се извинувам што побарав совет моја грешка е што воопшто пишав ццц
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.112
    Пол:
    Женски
    Времето си поминува, ама ниту грешката се заборава, ниту минатото. Кај и да одиш ќе те следи, така да времето не лечи ништо, туку самата ти се лечиш и се подлажуваш дека време ќе ги излечи твоите рани,а уствари само си поминува времето, ти се навикнуваш само на тоа дека ги нема, и секоја грешка ти е лекција плус. Времето не ти ја лечи грешката, самата си сфаќаш каде си згрешила и колку.
     
  15. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Зошто толкав страв? Од што? Да не дојде, да не те најде со друго машко? Башка, немора да значи дека мора во 4 очи да збориш со него и да раскинеш, кога го знаеш веќе каков е. Ако типот е насилен, и болно љубоморен како ти што збориш, може и физички да те нападне, тогаш, не ни знам како би се извлекла. Луѓе со болна љубоморна, во комбинација насилни, тешко е да се воздржат ако треба во лице да му залепиш дека раскинуваш со него

    Ти си се навикнала со него, затоа сега така се чувствуваш. Но, каква би била твојата иднина со него, ако не си ставила точка на ова? Мислам типов те контролира, добро е што не дошол до ВЦ да провери дали си со некој или не. Незнам како може воопшто да идеш со таков тип, Ако ти е фетиш, во ред, али изгледа не.

    Си требала да ставиш крај, пред да стане врската долга.
     
    На Kukla994 и Candid им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.112
    Пол:
    Женски
    Душо, ти побара совет и поарно да не побараше. Рипаат, скокаат, само за да биде нивното мислење во право.
    Јас ќе ти кажам послушај си го срцето, земи си време колку ти треба и размисли си, направи си споредба ако треба и воопшто не се замарај за ставот на другите. Ти живееш за себе а не за нив или за овие тука од форумов. Одлуката е твоја,
     
    На eloves и joana18 им се допаѓа ова.
  17. гдфхјдмдк

    гдфхјдмдк Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки.Сакав да ве прашам нешто во врска со темава.
    Многу ретко се гледам со него тој не ми е дечко но имам некое чуство кон него треперам кога сум крај него.На фб понекогаш објавува љубовни статуси кои со некои пораки изгледа како да се за нас .Не сум сигурна дали и тој го чувствува ова ве молам некој совет што мислите :):*
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.112
    Пол:
    Женски
    Па што сака ќе си објавува на фб, тоа што ти се пронаоѓаш е сосема друго. Самата си кажа не ти е дечко. Тебе ти се свиѓа и затоа така си мислиш.
     
    На Аliсe, vitamina и fallenangel им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    Те разбирам што сакаш да кажеш.
    Но, зборот ми беше дека времето ги избледнува чуствата и емоциите за било што и било кој.
    Ако денес гледаш со едни чуства кон некој или кој некоја работа, после одреден период затсапатените претходни чуства нема да се исти како тогаш кога си гледал дека светот ти се руши оред очи.
    Значи чуствата и емоциитр блендаат за било која работа.. а сеќавањата се индивидуални кај секого. Може нешто и ќе се заборави, може и нема.. но истото доживеано чуство нема да постои да живе во нас.
    Ти побара совет, а сите ние ти го дадовме, а притоа продолжуваше да пишуваш за потенцијалниот и вашата љубов. Ако ти си убедена да започнеш нова љубов како што и самата си убедена во тоа, и рака се чуствуваш тогаш зошто бараше совет, па немаше потреба.
    Тоа ми беше зборот.
    Наше е совет да дадеме, а твое како и што понатаму.
     
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Значи ако не пишеш коментар каков што некој очекува дека би пишал, тогаш си арогантен.
    Не знам како може да очекувате на форум, непознати луѓе да ви одлучуваат за судбината. Тука може да добиеш коментар, осуда или нешто слично и треба да го прифатиш тоа, а не да се лутиш.
    Правете глупости и после Петко ви е крив.
     
    На vitamina и Bokchee им се допаѓа ова.