Извини девојко, ама личноста што е арогантна си ти тука. Ние тука не одлучуваме за твоја судбина. Праша, ти одговорија, и сеуште тераш по твое. Следен пат, раскини, па, еби се, спиј, со кого и да сакаш. А кога не употребуваш главата, епа извини, реши си го проблемот како знаеш и умееш, а не тука да викаш арогантни.
Воопшто не се согласувам. Дури и во најубавите врски има некогаш по некој проблем, некогаш поголем, некогаш помал, но тоа не значи дека тоа ти е знак дека ќе имаaт лош брак. Јас пак велам - ако имате проблем РАЗГОВАРАЈТЕ со партнерот. Замислете си само колку проблеми би се избегнале во Вашиот живот со еден обичен разговор...
@joana18 1) Дали ти го сакаш дечко ти? - Ако одговорот е ДА - колку си сигурна во тоа? Можеби е некоја фаза и те фатиле некои бубачки. Што те тера да мислиш дека го сакаш? Како што е погоре кажано, врската е релативно долга, можеби се работи за монотонија, убаво размисли кога одговараш прашањето. - Ако одговорот е НЕ - зошто си со него? Ништо повеќе. Ти се допаѓа вториов тип. Ако двата сте од МКД мислам дека да, тешко би било да одржувате врска ама ако се сака не е невозможно. Ако продолжиш со дечко ти, а не го сакаш, немој да си измачуваш себеси, а верувај и него. Сепак одлуката е на тебе. пс. сега враќам за твоето следно мислење, одговарам вака поединечно за да има разграничување во мислењето. - Колку време дечко ти е со ваков карактер и кога почна неговото однесување да ти смета? Кога се запозна со другиов? @Candid Како птичка затворена во кафез, поконкретно. Каква е таа љубов кога го врзваш партнерот да е стрикно само со тебе? Сега ова е готово, велиш стави крај и нема да ти речам да се обидиш пак, безразлика што секогаш не сакам да советувам раскинување. Ја направи вистинската одлука, барем према мене. Зар ти сакаш да бидиш под надзор? - секако дека не. Ти имаш право да правиш онака како што треба, да бидиш слободна во твоите одлуки. Да, можиш да се советуваш со него, добро е да разговараш за твои одлуки, ама ти да ги носиш, не тој. @гдфхјдмдк колку години имаш? Статусите можи да ги клава all random, можи се за друга, можи за тебе. Тоа не го сметам за некоја голема трага дали тој тебе те свиѓа или не.
Ми треба ваше искрено мислење.Со дечкоми веке сум една година ни одесе убо.. Ноо пред три денааа тој ми реце дека сака да се видиме, ама јас имав работа дома премногуу и му реков дека денес нее да остајме за утрее и тој ми кажа дека не сум го сакала и дека не ми значел... И дека само ме тестирал да видит со ке му казам јас.. Но не е така знамм за саканиот ке одвојш време бар и 2 мин.. Јас немозев да ја остам на мајками сама бидејки таа е болнаа... Веќе три дена по ред не сме во добро односии тој ми кажа како сум ја донесла работата до тука така и да ја наместам.... Дури ми кажа дека сум била неспособна да сум го вратела на дечкоми ко со бил....Тој очеккуват од мене нешто ама не знам што не ми работит веке мозикот не знам што да правам го сакам премногу неможам да го остам ве молам помогнетемиии што да направам како да го вратам... Што може да биде тоа од прилика? ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕМИ !!
Дечкоти да не има 12 години?За саканиот се одвојува време да барем 5 минути,ама во состојбава што си била за МАЈКА се убива човек,изгледа дечкоти е далеку неиживеан и нема поим што значи зборот ЉУБОВ а не па да те сака,каде што има љубов има почит и разбирање,јас стварно неможам да ве разберам како тоа се сакате а незнаете поимот љубов што е а не па да го практикувате(зборам општо не за тебе) страшна работа.Кажи му на дечкоти да земе петарда и да си ја стави во анусот,ако не го направи тоа не те сака и почитува и не е способен да те има. Дечкоти мора да разбереме дека мајкати била болна и си се грижела за нејзе,а во тие моменти не постои дечко,другари и итн.Ако не те разбира во вакви ситуации недај боже утре во посериозно нешто ке имаш голем проблем.
Ако во една врска си исполнета, нема ни да помислиш на друг, а не па да почнеш нешто ново. Но во твојот случај јас те оправдувам. Едно е да глумиме сега тука како сите прво ке раскинеме па после ке бараме нов и т.н да не ја ширам. Мој совет е да подразмислиш убавво затоа што врската со муслиман не е ни малце лесна, треба да се откажеш од многу работи во животот. И највеќе во тие врски страдаат децата на кој што родителите им се од мешани вери, но тоа е веке гледање на далеку. А на твое место одма би ја прекинала врската во која што не се осекам посакувано, сакано и сл. Поздрав и се надевам дека ке донесеш добра одлука.
Бог да чува! Нека се засрами дечко ти. Да оставиш болна мајка, за да го исполниш неговиот каприц. Ко да нема други денови. Не си била способна да го вратиш ко што бил. Како да го вратиш ти, покрај такви проблеми. А и кај да го вратиш не ми е јасно. Глупости, изговори, барање причина за кавга. Тој сега ако не е до тебе, што остана за понатаму.
@sweet.girls Ова е еден од моментите кога во врска од една година со само еден одговор може да сфатиш со каква личност си го поминала времето зад тебе што е доволен сигнал за да размислиш дали би сакала да останеш покрај личност што себе си се става во егоцентрична положба за сметка на твоите домашни обврски и грижата околу болната мајка. Иако дел од твоето мислење е нејасен. Тоа што ти треба да очекуваш од него е сериозно разбирање и потполна поддршка затоа што ти се многу потребни. А тој треба да поработи на неговата совест и зрелост. Обиди се со разговор штом премногу ти значи. Ако тоа нема позитивен исход, не гледам причина да останеш со него. Во една врска треба заедно се споделуваат и убавите и помалку убавите моменти. За убавите секој е подготвен и пријатно се доживуваат, но кога ситуацијата се изместува од посакуваната насока тогаш секој си го покажува вистинското лице.
Чувствувам мачнина нешто периодов, па тука да се искажам. Пред скоро година последен пат се гледав со дечко што ставрно се осекав океј, се скаравме и толку. Знам ни прв ни последен... Но проблем сега, незнам не се гледам никаден у љубовното поле, не ми иде ништо од таа страна, гледам пријателки другарки некои со дечко јас никаден не сум. Ко преколната од некој од ден до недела максимум се осекам болје после ништо. Се у место тапчам, ке скренам ми се плаче вака навечер посебно. Си излегувам преку недела за викенди да мине време. Имам 23 години а во место тапчам чекор неможам да пуштам. ( не сум некоја никаква, напротив се дружам, живеам скромен реален живот не летам во облаци). Дома кога ке ми речат имаш ли некој, ајде што чекаш срцето ми се кине, болна тема ми е. Мислат до мене е а јас напротив баш сакам да си имам некој до мене.... ......иде ми у ивоту иде ми, али ми фали оно мало љубавиииии.....
Малку несватлива ситуација за мене ми се случува. Мажена сум, во брак 5 години и 4 год. ќерка имам. Семејниот живот ми е ок, немам потреба од швалери и такви работи. Е сега една колешка на работа, постара жена е, има еден многу богат пријател кој нема девојка/жена. Човекот нон стоп испраќа подароци за мене и за тие околу мене што се на смена на работа без никаква причина, јас не сум му дала повод, не го ни знам како што треба. Не бара ништо за возврат што е многу чудно. Срамежлив е не прави многу муабет, му е срам здраво да каже кога ќе го сретнам на улица. Што мислите што е финтава со човеков, да не е психопат можеби, а стварно има неброени пари, а ни дете ни жена ни ништо, скроз сам. Има околу 40 г. Колешкава вика да го соголиме што е мислам некоректно од нејна страна.
На колешкава твоја и баш не и доликува таква реакција за нејзини години, и навистина е некоректно од нејзина страна. Но толку и сечел паметот најверојатно. Додека има, да цедиме?! Ти фино лепо дади си до знаење дека не те интересираат такви поклони од непознат маж, си имаш и маж и фамилија, соочуство до тој човек за целата негова ситуација, но со раздавање поклони и на кој треба и на кој не треба нема ништо да постигне. Така не се ќари жена! Очигледно лош потег, за некој што мисли дека со поклон ќе успее да придобие нешто, но никогаш не се знае нели .. сетики ќе налета некоја на "лепе очи" и ќе се воодушеви на неговите поклони и пари!
Не прифаќај поклони за да не си направиш проблеми. Човекот очигледно нешто не е во ред, да бил ќе имал на кого поклони да купува. Мене лично ваков гест не ми се допаѓа и не би примала подароци од непознат човек. Е сега друго е ако сте му завршиле некоја работа па во знак на благодарност да ви пратил некое поклонче, ама вака очигледно има други намери... Сака да привлече внимание инаку зошто би си ги трошел парите за џабе, па кај кого упали упали... Да не ти извадат утре муабет дека прифаќаш така поклони па знаеш луѓето злобни се ќе измислат се и свашта, не дај боже да допре таков муабет до твоето семејство, не верувам дека на некој маж би му било сеедно жена му да добива поклони без повод од непознат човек... А за колешката no comment, очигледно е некоја неиживеана па се радува на поклончиња. Утре тој ќе си бара нешто, никој ништо не дава за џабе.
Sto e tvoe ke si dojde, ne se rastazuvaj i razocaruvaj mlada si, koga najmalku ke ocekuvas i ke se nadevas ke se pojavi ljubovta
@Leo-nora, не знам зошто немањето дечко на 23 години ти изгледа како тапкање во место. Овој феномен сум го приметил кај многу машки и девојки – по секоја цена мораат да имаат партнер до себе, зошто инаку се осеќаат као изгубени. Секој човек пред се треба да научи да му биде удобно во сопствената кожа и да се осеќа пријатно во сопствено друштво. Со други зборови, пред да научиш да бидеш со некој, треба да научиш да бидеш сама. Те сфаќам дека ти е тешко, особено ако сите од твоето друштво имаат дечковци, па можеби и ти фали друштво за излегување. Велиш дека ти фали љубов во животот, но љубовта не е нешто што можеш да го форсираш. Ако у моментов немаш некој со кој би сакала да бидеш – немаш, и тоа е тоа, ништо страшно. Не сум присталица на она „што е твое, ќе си дојде“ – тоа ми доаѓа некако као ништо да не преземаш за одредена работа, туку само да чекаш да ти падне од небо. Мислам дека за работите кои вредат во животот секој мора и треба да се потруди, не се случуваат туку-така. Дружи се, излегувај, прави нови познанства и сигурно ќе сретнеш некој кој ќе ти се допадне, а и ти на него. Но, додека тоа не се случи, не се оптеретувај со тоа што си сама – напротив, уживај во сингл животот, и тој си има свои предности и убавини. @ciribiribela, штознам, според мене не е ОК да прифаќаш поклони од маж кој не ти е ништо – дури и тој никогаш да не побара нешто за возврат. Не знам каква е приказната на човеков, ама со самото тоа што со колешките прифаќате поклони од него, а не му ги враќате, најверојатно му испраќате погрешни сигнали и му давате некаква лажна надеж. За коментарот на колешката ти, немам коментар. На страна од тоа што на типов можеби му ги подгреваш надежите, можеш да си направиш и проблеми дома. Еве, јас ќе ти кажам од машки аспект, дека не би сакал жена ми да прима поклони (какви и да се) од непознати мажи. Негово си е тоа што ти испраќа поклони – причините воопшто не се ни битни, во крајна линија – но, твое е фино и културно да го одбиеш и да му ги вратиш, во спротивно нема да бидеш ништо подобра од колешката што сака да го „соголи“. Поздрав!
Првпат со типот се запознавме пред месец ипол, а откога се смувавме пред месец дена скоро секој ден по цел ден сме заедно, два-три дена да не го видам одма ми зафалува ,уште на почеток ме запозна со сите другари и другарки, без да го прашам кажува каде е, што е, со кој е. Се е супер всушност, ама ме интересира на што сме. Можеби е сеуште рано за официјализации, па ставање на фб, глупости ми се тоа искрено.. Но, другарка му ме ословува како негова девојка, другар му исто спомна нешто во тој контекст.. Ама, тој ништо не ми рекол. Не знам како би му го почнала тој муабет и дали воопшто да му спомнувам нешто?
Самата ситуација во која сте јасно кажува дека веќе сте дечко и девојка, нема потреба од „запросување„ ваљда големи сте, а и со тек на време спонтано ќе си се официјализирате, не се секорај многу