Самата ситуација во која се наоѓате претставува врска, можеби ете тој не гледа на работите онака како тебе и затоа не постапил по некој ред или обичај да те праша или запроси. Како и да е, заврти му на шала и прашај го, никогаш ништо не се знае нели, па да си бидеш на чисто.
@sweet.girls Ајде. Нема смисла искрено. Вака душо, малце каснам ама кога прочитав мислењето неможев да останам рамнодушна. Јави му и раскини му. Каков испит бе? Какво твое однесување? Не сфаќа кога човек има обврски? Колку години има па покажува ваква незрелост? @Leo-nora исто како да ја читам другарка ми ... ќе ти кажам што и велам неа - „НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ТВОЈОТ ЖИВОТ ДА ГО ДИКТИРА НЕКОЈ ДРУГ“ „Сакај се прво себеси, биди среќна сама зошто дури и ко ќе имаш дечко не секогаш тој ќе можи да биди покрај тебе и ќе имаш потреба од него и шо ќе прај, ќе плачиш дур се појави?“ „Позитивната енергија ги привлеква луѓето, како очекуваш да најдиш некој ако си all grumpy? Насмевни се, исправи главата и не се плаши.“ Накратко, немој, ох те молам, немој да плачиш зошто си сама. Ти треба првично да се помириш со проблемот, да почниш да бидиш среќна со моменталната ситуација и ќе видиш одма ќе се сврти топката. @ciribiribela накратко - ви се пушта. Вие ги прифаќате неговите подароци - му давате надеж. Не е тешко да се сфати, не? А маж ти шо вели за подароците? ^.- Можи доста грешно да го сфати и со право искрено. Мој совет е - престани да ги прифаќаш неговите подароци ако не сакаш понатамошни проблеми. Првично можи да ти направи некакви проблеми со бракот што не е океј нели, убаво ви оди. Од друга страна ќе ги повредиш неговите чувства ако долго време на еден начин си играш со него. @kjukli не сум романтичарка ама знам да импровизирам ситуации. Човек да не можи да каже не за што? @blueesparadise можиш уз муабет да прашаш на шо сте ако ти е мисла. И јас кога почнав со сегашниов на почеток не знаев шо сме, во јавност се држевме за рака, сегде одевме заедно, другарите негови ме викаја снашката, ама муабетот го имавме малце покасно уз кафенце, по негова иницијатива. Да зборниме поубо за кој сме и шо сме. Твоето е очигледно дека сте заедно ама ако веќе толку ти е мисла можиш онака „рандом“ да го потпрашаш нешто индиректно. @untitled12 пиши ми ако понудата уште важи.
Здраво дечки!Имам сериозен проблем,ќе ве молам за совет. Досега имав многу врски и девојки,но ниту една не ја сакав вистински,сите ми беа само за забава.Се запознав со една девојка на чет пред 1 година.Си пишувавме и дознавме дека сме имале заеднички познаници.Се запознавме лично и нашето чет запознавање премина во силно и цврсто пријателство.Во таа девојка видов нешто што никогаш досега го немам сретнато кај ниедна девојка.Се запознавме многу добро.После 2 месеци од нашето запознавање сфатив дека сум заљубен во оваа девојка.Во меѓувреме ја запознав со мојата најдобра другарка која потајно е вљубена во мене.(го знам тоа одамна,ми има признаено,но ми рече ако ти не го чуствуваш истото замене сакам да останеме пријатели,но знам дека уште ме сака)Со девојката што ја запознав преку нет почнавме почесто да се гледаме,се здруживме тројцата.(јас,најдобрата пријателка и девојката од нет).и раскажав на другарками дека се заљубив во таа девојка и сакам да и искажам љубов,но тоа што ми го кажа таа ми ги уништи сите надежи и ги претвори во пепел.Девојката била лезбејка и долго време и се пуштала на другарка ми,а таа досега ми немаше кажано.Неможев да си поверувам што слушам,мислев дека е лага бидејќи другарка ми уште беше вљубена во мене.Но нешто ми велеше дека тоа е вистина.Утредента разговарав со девојката и таа ми раскажа се,точно било.Ми кажа дека е лезбејка,но го криела тоа,долго време и се допаѓала другарка ми.Незнаев како да реагирам,а баш тогаш планирав да и кажам колку ја сакам и дека е првата девојка во која искрено сум се заљубил, ми се сруши светот.Сега се наоѓам во љубовен триаголник.Другарка ми е вљубена во мене,јас во девојката,а таа во другарками.Од овој настан помина 1 недела,оттогаш не сум во контакт ни со двете,избегав во друг град на 2 недели да размислам за се.Сега незнам како да реагирам,ве молам дајте ми некој совет.Се чуствувам многу глупаво.
Напнато триаголниче ... совет за вакво нешто хммм ... прво ни твојата платонска ни на твоите другарки е реализирана значи нешто како мерак би се рекло дека е (гледај така на тоа) и штом си ја дознал вистината супер, вистината ослободува,, можеби малку мака ти е ама ќе помине. Малку како карма ми звучи ова ако си повредил многу девојки се за забава ама и тоа поминува. Мое мислење е да се оладиш и да си најдеш девојка, не за забава само и ќе видиш дека има и поубави нешта затоа што она и што те привлекло кај оваа девоја е што таа е и се поставила како недостижна, незаинтересирана за тебе како партнер, кај некои тоа е најголем афродизијак. Излези од триаголникот за да бидеш исполнет и среќен.
^ Според напишаново ми личи ко да ќе почнува нова турска серија.... Одбегнувај ги и пушти ги нека уживаат во љубовта...а ти ќе си најдеш друга девојка, еден куп има...
Неможам да бидам со девојката што ја сакам затоа што е лезбејка и е вљубена во мојата најдобра другарка.Неможам да и се лутам на девојката затоа што таа не ми даде никаква надеж.Oд друга страна незнам дали да и дадам шанса на другаркава шо ме сака.Ама нема да биди то то.Е сега незнам дали да и дадам шанса на ова шо ме сака или да трчам по лезбејка.
Најубаво или да и дадеш шанса на другаркати или воопшто да не превземаш ништо, а посебно да не трчаш по лезбејка
@Ljubavnik А зошто јас мислам дека тоа е договор помеѓу нив двете? - Таа што си ја запознал преку чет, да те лаже дека е лезбејка бидејќи не и се допагаш, а другарка ти што те сака да остане со тебе ? Размисли за таа опција? Имаш докази дека сето тоа е вистина или само им веруваш на збор?
Mислиш ли дека такво нешто е можно? ЛЕЛЕЛ колку сум бил глуп,воопшто не ми текна на оваа опција. Фала на забелешката,мислам дека сега сфатив каде лежи зајако.
Не си глуп туку трет од страна можеби побистро гледа на нештата и искрено ако таква игра ти направиле ... не вреди да ги есапиш.
Па реално мислам дека сето тоа е вистина а можеби и не. Но како таа се зближила со тебе, и наеднаш испаднала приказната дека е лезбејка од кога се дозна се? Ако било тоа вистина и ако си бил со нејзе близок таа ќе ти признала уште на самиот почеток. Или па има друг па не сака да ти признае а вака на овој начин ќе се откажеш од нејзе а таа што те сака може на крај да излезе победник. Или пак ако навистина е лезбејка и знае дека другарка ти те сака од почит немало да и се додворува, но сепак првата верзија ми е некако повеќе логична. Женски сме, умееме се !!!!!
Девојки ми треба ваше мислење...многу сум збунета. Со бившиот сме скарани 8-9 месеци(заедно бевме 3 години). Контактиравме и од кога се скаравме, но повторно имавме кавга и од тогаш прекинавме секаков контакт. Го видов викендов,не зборнавме, само се погледнавме.... Вчера дознав дека во сабота ќе заминува странство и некако чудно се почувствував. Жал ми е што ќе оди и сакам да му пратам барем смс за среќен пат и да знае дека и покрај се јас му посакувам се најубаво. Другарките ме советуваат да не пишувам и да не се понижувам затоа што тој многу нефер се однесуваше со мене и не заслужувал. Навистина не знам што да правам...
@Ann. Ако се водиме по правилото, не треба да му пишуваш. Ама знам како се чувствуваш и ако сакаш да му пишеш и ако чувствуваш дека треба, пиши му. Сепак, тоа е еден убав гест од тебе.
Здраво девојки! Ми треба ваше мислење околу мојов проблем, како вие би постапиле на мое место. Значи вака. Се знам со едно момче добри години и секогаш сме биле само другари. Се видовме пред неколку недели после долг период и од тогаш почна секојдневно да ми пишува и да комуницираме.Тој имаше девојка 3 години и јас е познавам со неа. Сега одкога почнавме да контактираме претпоставував дека се раскинати, зошто навистина агресивно ми се пушташе. Но пред некој ден ја отворив неа на фб и видов дека се сеуште заедно. типот е културен и фин и навистина осеќам конекција, но ме буни што сеуште има девојка. Ме нема викнато на кафе сеуште ама па секој ден ми пишува и со саати правиме муабет. Што да правам?Ми кажува дека му се свиѓам, а во исто време и дека има девојка. Јас сега за сега го оладив, ама не сакам ова да заврши од една страна ама од друга страна не сакам ни да си го комплицирам животот да правам нешто со зафатен. Како да ја средам ситуацијава? Некое мудро решение?Или пак нема такво? Ве молам за одговор