Тој ти кажа дека има девојка и ти се пушта и ти го рецкаш и тоа го мислиш ??? дај, не зезај, игнор за таков, тој има девојка 3год. и сега се уфилмал дека може да се жали и да жари и пали секаде ..е, не ќе може нас ако не прашуваш батали го, плус ако девојката негова знае за ова, тука нешто е повеќе од матно.
И од мене имаш потврден одг. Пиши му, оставаш позитивна вибрација, за понатаму и ти се врати иста. Види сепак емоцијата, љубезноста победува на крај. Имаш желба, исполни си ја, посакај му тоа што посакуваш.
Ај сега за @corapce едно мислење. Пробува кај тебе увидел дека има можност. Си сакала си пронашла заеднички интереси, добра комуникација и ок, тоа не е криминал. Понекогаш мажите го прават ова за да се тестираат самите себе дали уште можат да успеат да добијат нов трофеј. Понекогаш тоа го прават за да, кажа погоре една членка, пронајдат подобра опција од онаа што ја имаат во моментот. Или пак го прават од навика, за да си го исполнуваат егото ... Твое е дали ќе дозволиш да тече вашиот однос или не.
Ти благодарам. Размислив и одлучив да му испратам порака заради сите убави моменти кои ги поминавме заедно
Добро си направила. И остави. Не очекувај повратен одговор ни се надевај на него. Продолжи си со својот живот. Денот кога сам ќе сфати дека има потреба да те побара ќе си дојде.
Да се надеваме на добро да испадне ти барем реши, јас 2 месеци по ред се си викам има време, рано е, и веројатно никогаш нема да пишам.
@julie77 Не очекувам ништо. Само сакав да знае дека му посакувам се најубаво.Ништо друго @Outlook Се двоумев, но решив. Се надевам дека донесов правилна одлука. Ако мислиш дека треба и сакаш да знае како се чувствуваш, пиши му. Исто како и другите што ми дадоа совети. Пиши, но не очекувај ништо од него.
Друга ситуација е ... а очекувања ќе има од двете страни во овој случај... рано е, кој да знае постојано се двоумам, погледнам и си молчам ... ќе видиме.
Ако сакаш напиши подетално па ќе се потрудиме да ти помогнеме Колку повеќе размислуваш, толку си позбунета.
Јас не разбирам како ти се пушта дечкото? И самата си кажа дека досега ти нема ни спомнато за кафе. Кои муабети ги правите што ти ги сфаќаш така сериозно како да ја прави девојка му будала? Еве и јас сум во 7 годишна врска, и сепак имам барем две машки со кои можам да правам муабет по 7-8 часа, и правам, ама не го гледам тоа како правење будала дечко ми. Зборувам за најразлични теми од нивни проблеми па се до филмови и книги, и не гледам што е тука лошото? Зборот ми е се зависи од муабетот што го правите. Самата викаш дека ти напоменува дека има девојка, и дека не ти има рречено за кафе. Јас не разбирам како муабетот што го правите е проблемот?
Здравоо Пред некое време запознав девојка која има дечко но флертуваше со мене на училиште прва ми зборна ми нацрта срце, сегогаш кога че зинев гледаше што че зборнам највероватно интересен и бев,ми стегна лајк на слика,па го тргна,ја викав на филм (не сами) не дојде,ме изматкасе зближив дури еднаш и пратив нешто да гледа и викам речи ми досаден си ме замараш остај ме таа ми вика нее после че го видам... до крајот на декенври се одалечи секако знаев има привлечност но и дека тука е крајната граница..по започнувањето одење на учл повторно пак почна да се задева да се кикоти,смее на шеги да флертува па имаше и долги контакти со очи и молк,и напати руменило на обравчињата во одредени моменти во присусрво на мене.јас само ја држев дистанцата знаев кои се последиците ако ја преминев границата .сепак се случи то шо се случии и јас сум човек со чуства,ми стана мила и истресов некои глупости преку фб и така се немавне видено 2 нед,после тоа ја начекав и седнав до незе се беше нормално како порано се насмевна од очи...тоа кратко траеше на заминување дома ја задевнав и ми обратни луто со зборовите бегај беее,јас и одговорив да не сака да ме натепа но добив само молк...тоа траеше така едно 2 мес без зборување.после тоа пак пак почна по малце размена на зборови некој флерт руменило на обравчињата,и почна пак да се задева,каде една ден дојде до мене и седна и се беше ко подмачкано...следнот пат јас бев тој што дојде по незе да разговара онака другарски се отвори за некои другарки кои ја барале од корист а не беше свесна дека истото го прави моментално со мене..почна муабет за спорт трчање каде ја викнав дојде после учл ... рече не.. имаше моменти каде некои други момци и се пуштаа таа се расправаше со нив ги навредуваше и ми кажуваше,а мене никогаш не ме навреди или равика.. Таа од тогаш пак се одалечи и заврши годината..ја начекав надвор со другарка каде и беше свртена главата и не ми направи муабет..ме одмина..помина време дојде лето нз шо да правам на фб видоф дека дава мачиња па си реков да земам едно никогаш немав чувано ии така и пишав ни накрај памет шо идеше следно..ми побара број а ми звонеше од кај сестрае малце незгодно ми беше тоа,немав никави намери само блискост другарство...таа после тоа го промени односот пак беше онааа старатаа.се дог да и прајчам слики и реков 1 месеч. Но инсистираше поабрзо така се дог секоја недела во недела..нз зошто вопшто се согласив..се си одеше воред си праевне муабет ко че ме видеше секогаш застануваше без разлика..се додека еден ден не дојде на трчање а воопшто не спомна а знаеше дека одам.пак почна да флертува да ги гризе усните дури во неисчекување што че одг...и руменило на обрз..се држев на граница не сакав да ризикувам,знаев дека е само игра..но будеше нешто во мене..една ден се изнапрајвне муабет и јас и кажав дека ја памтам одамна каде што има трчано дури дека и алиштата и ги памтам демек xD нз како го свати тоа...потоа нз како дојде ме покани на концерт во странство далеку,се согласив никој не сакал да оди и кажав и место за работа и дека е убава девојка сегде можат да ја вработат...тоа беше тоа другата ден се промени ме прашуваше каде било мачето (бидејќи го немаше 3 дена) да сум одел да сум го барал нз шо ја прашав зошто елутаа таа ми одгови дека никој не ми бил лут..ја начекав на трачање и кажав за мачето и кажав дека ми се допаѓа како лисност и дека сакам да раговарам дружам со незе...не одг неш посебно само замина..после некој круг не сопре и ме праша дали таа ми давала некои знаци,јас и реков дека само е добра со мене..и ми кажа имала дечко не сакала муабети нз што сама сакала да трча зато идела сама со никој,а мене ме прашуваше дали че одам на трчање wtf..!? Само ја прашав дали сне френдс ми одг а што бевне до сегаа,и ми рече дека сама сакала да трча..ми пиша еднаш на фб потоа за мачето како е ладно скорс потоа дојде недела и оратив слики и ја прашав зошто го мени односот .. ми одг дека се и дошло преку глаа и од други дека ќе бидиш добар со сите и така че ти направат.. пробав да обј да разјаснам некои работи .. не знаела шо дами речи.. тогаш и пишав дека што да зборуваме повеќе добив молк долго време..ја остранив од фб.Истата ден ми се јави ми бараше услуга од мене ... по некое време ме праша на фб за мачето на учл сеа пак ми зборна,ја откачив и ја имам забележано дека ме погледнува кога не гледам во незе ... и немам намера пак да комуницирам со такво дволично суштество иако ми е мила сеуште,али тоа е тоа..да ја запознаев малце поранокога немала дечко сигурно ќе беше моја. некој коментар мислење да остави ќеми биди мн драго,ви Благодарам.
дечкоми е многу затворен човек незнам дали е тоа проблем во врската ама јас го гледам така. ми треба совет од некој кој има искуство од врска со таков човек. многу ме сака ама ни недостига комуникација незнам како да постапам веќе со него
Corapce јас бев во да речеме слична ситуација како твојава, со таа разлка што меѓу мене и дечкото имаше и нешто повеќе од само разговори на фб. Знам дека ти годи неговото внимание, дека ти е убаво кога пишувате, ама реалноста е дека има девојка. Не е здрава таа врска меѓу нив двацја, очигледно нешто не штима кога дечкото бара и друга опција, а можеби само сака да разбие монотонија. Можна е било која опција. Прво разговори па подоцна тоа може да се развие во нешто повеќе, па кај тебе да се јават емоции да се испозаљбиш. Па на секое ќе проверуваш дали ти пишал порака. Па ќе се нервираш кога ќе видиш нивна заедничка слика на фб или кога ќе ги видиш заедно. Дополнилтено нема да ти е слободно срцето да погледнеш некој друг дечко, во смисла ќе пропушташ прилики... Мое мислење, ако можеш сето ова да го сватиш како забава и да нема никакви емоции од твоја страна, тогаш остани во комуникација НО никако немој да ги затвориш очите за останатите. Уживај во животот, шетај, забавувај се. А ако има емоции тогаш сама одлучи дали вреди да се бориш или не за дечкото. Нема правило. Многу врски започнале вака па завршиле среќно. На крај на денот не правиш ти ништо лошо, ти си слободна девојка и секој има право да се бори за своето среќно место под ова наше сонце. Секое добро ти посакувам.
@Окрад колку год имаш? Извини ова прво шо го прашвам ама искрено, не мора да значи дека девојката ти „фрлала вода“. Барем према мене. Кога некој нам ни се допаѓа, секој негов потег ни изгледа како да не забележува (доколку не го знајме) или како да флертова со нас и ни оддава повеќе внимание (доколку лично се познаваме). Ако имала дечко, мислам дека со тебе почнала нешто пријателски и се раскомотила со тебе како кон пријател. Кога почнува да чувстува загрозеност, можеби за нејзината врска, се оддалечуваше од тебе. Тоа зборувам за односот како пријател, на училиште, трчањето. Кога не се гледавте (нагласи за распустите), таа се оддалечуваше. Зошто? Зошто си има слободно време, живот надвор од училиштето. Во врска со мачето - мислам дека ти не го зеде мачето за промена зошто никогаш си немал, туку сакаше да користиш таа прилика. Зошто таа те познаваше, ја корисеше приликата да гледа како тоа маче расти зошто веројатно беше приврзана за нив ама без дозвола да чува повеќе од едно-две (ете и јас имам три па татко ми ми врши притисок да отстранам барем едно). И во врска со останатото, кога се чувсутваме виновни гледаме да му се приближиме на повредениот човек, бараме услуги, пробваме да збораме со него. Барем дур читав јас ваков впечаток добив, можеби грешам - не знам. @Feministkaa^ Комуникацијата е есенцијална за некоја врска. Ако е затворен тип и не искажува мн емоции - океј е, тоа е до личноста, ама ако тој нема желба да комуницира - едноставно не е океј. Не е океј да нема комуникација. Ако немаш комуникација почнуваш да се оддалечуваш еден од друг.
@theowndemon веќе почнавме да се оддалечуваме заради тоа се одлучив да побарам мислење овде. не е проблемот дека не сака проблем е што ако јас отворам тема на муабет океј е зборува а тој никогаш не започнува да зборува па незнам ни јас веќе за што да зборувам со него.. незнам како да постапам за да се отвори пред мене..
Имам проблем кој трае веќе со години. Проблемот е неговото лажење. Заедно сме 6 години ова е веќе седмма, но тој постојано ги прави истите работи. Знам дека вака од страна изгледа како да сум премногу глупава штом го трпам, но јас го засакав премногу. И двајцата сме љубоморни и ни сметаат некои работи, но јас не сум го лажела досеага. Он ме лаже за секоја ситница. Се запрашувам дали проблемот е во таа љубомора, до мене или пак до него. Се случува и да не можам да го добијам на телефон со часови, и потоа ќе дознам дека бил некаде. Прво тоа беа излегувања тука низ земјава, ама потоа почнаа и надвор од земјава. Мислам дека почнувам и да запаѓам во депресија поради ова, немам никаква доверба во него но она во што сум сигурна е дека се сакаме. Не знам што треба да се смени за он да биде како што треба. на почетокот кога заидовме беше најдобриот што нкогаш сум го запознала, се се смени кога почина татко му. Се повлече во себе, престана да комуницира, стана ладен. Последниве три четери месеци кога и да разговараме по телефон наоѓа нон стоп некој изговор з разговорот да заврши, или има гости или гледа фудбал, или треба да излезе да помогне дома, или е во спортска. А кога ќе му завршат сите тие обврски и ќе се слушнеме он заспива на телефон затоа што е уморен а сабајчлето треба да стане за на работа. Вака кога го ќитам текстов се прашувам уште што не ми е јасно, и зошто сум во оваа врска. Но знаам дека ме сака и знам дека го сакам. Проблемот е само тоа лажење
Секако. Така и дознавав за тие негови излегувања. Од слики од фејсбук, прво негираше а потоа ми признаваше за се.