А можеби твојата љубов кон него останала навика,опсесија .... не си помислила ли на тоа ? Мене ми излгеда дека е така ,но ти најдобро си знаеш. Мислам дека тој е изладен од тебе од вашата врска и потребна му е слобода во која што очигледно не уживаш долго време. Со тоа што сте љубоморни еден на друг цело време придонесува нон стоп да сте скарани и да се нервирате па дури и за глупости. Љубовта може се да направи па дури и да не заслепи ... Зошто залудно го трошиш времето со таков човек ? Зарем уживаш со него после сите лаги и измислици ? Мислам дека време е да размислиш вистински и да ставиш граница затоа што убаво би било и ти да имаш свој живот и да ја почуствуваш слободата затоа што љубовта која ја имаш кон него очигледно дека тој не ти ја возвраќа ....
Работата е тоа што си кажав погоре, убедена сум дека ме сака, знм дека е така. Единствен проблем е лажењето и тоа што знае да го снема на одреден период, во смислам да исклучи телефон. Се се смени откако почина татко му. Лани бевме на пауза од околу 4 месеци на моја иницијатива. Јас сакав да се отргнам и да си ги средам мислите. Он не се помири со тоа ме бараше секој ден, дури морав и да му го блокирам бројот за да можам да останам сама некој период. Сватив дека го сакам, се смиривме на негова иницијатива. Никогаш за овие 7 години нема направено нешто друго освен лажењево, живееме и излегуваме на исто место, сите се знаеме меѓусебе, верувам дека доколку би направил нешто за овие 7 години би дознала. Самиот се колкне дека никогаш не направил такво нешто и дека ме сака. Има периоди кога се е ок, знае да биде мил но има периоди кога се однесува вака какао што кажав погоре. Викаш љубомора, зошто би бил и он љубоморен ако не ме сака?
Ти си знаеш најдобро неможам јас во ништо да те убедувам и да ти кажувам што и како но мене ваквата врска не ми изгледа во ред ... Ете се навикнал на таков начин на живот и тоа е тоа можеби , љубоморен е затоа што е навикнат да си негова... Да го оставиме оваа што е од моја гледна точка па да ти кажам и нешто што можеби и ти помогнало а сигурна сум дека си се обидела повеќе пати . Да разговараш отворено со него , да се отворите убаво еден кон друг да го начекаш кога ќе е смирен и се искрено да му кажеш како се чуствуваш ,што се случува со вас ,сепак не сте ни малку време заедно . Зошто така се однесува кои се неговите причини за таквото однесување,каде води вашата врска ? По колку години имате ? Во исто ли место живеете ?
Он има 25 јас 23, во исто место живееме, на 10 мин сме одалечени, токму поради тоа и дознавам кога ме лаже за некаде. имаме ист круг на познаници па знаат и доста често да ми кажат еј ти го видов ХХХХ вчера.. Имам неколку пати со него разговарано и знае дека ми смета од други да дознавам каде бил. Има периоди кога ќе се смири и е сосема ок ама тие периоди траат по неколку месеци и потоа пак почнува, па пак ќе се смири. Поради ова однесување загубив доверба во него, па дури и кога не ме лаже јас сепак се сомневам каде бил и што сокрил. Знам дека вака гледано од страна врскава изгледа како да е осудена на пропаст, ама знам колку го сакам и знам колку ме сака, тоа е единственото нешто за кое сум сигурна.
Тој што искрено сака не користи лаги, извини вака што ќе ти кажам, но имај малце достоинство и цени се себе си,во таа врска што веќе довербата е изгубена залудно е се.
Кандиче, полека и смири се, седни дома и размисли убаво со чиста глава. Пробај да ставиш на кантар и ќе го добиеш одговорот што ти натежнува повеќе. Долги години сте заедно, ти најубаво си знаеш како ви е со партнерот, што имате а што немате во врската, единственото решение секако дека не е раскинување, има тука и многу важни работи за размислување и разглабување. Зборот ми е, ќе го седнеш и ќе му кажеш кало ти се чуствуваш од тие негови лаги, ќе разговараш смирено ко човек и ќе му кажеш дека врска без изградена доверба врз основ на лаги, не оди понатаму, едноставно нема иднина, и ти ќе се мачиш сомневајки се и тој исто. Можеби навистина човекот има некој проблем та лаже за баналности. Само со искрен разговор и компромис ќе постигнете нешто. Вака молчејки и правејки си лице на никаде нема да ви оди врската. Пробајте заедно да го поминете овој период, ако те сака и не те лаже за девојки и такви ствари тогаш можеби треба да си дадете шанса за да се поправи тој. Знам оти не е лесно да завршиш долгогодишна врска. Избијте ја монотонијата, прошетајте и разговарајте, бидете сами.. кажи му дека му даваш шанса да се смени, но ако тој продолжи да лаже таков човек не ти треба верувај. Без искреност и доверба никаде не одите!
Знаеш, и оние мажи кои имаат семејства, а редовно си ги вараат жените и наоѓаат разно-разни намигуши и спозноруши, се колнат дека си ги сакаат сопругите. И верувам дека во многу случаи навистина и го мислат тоа. Е сега, треба да се запрашаш дали тебе ти е доволна таквата љубов која може да ти ја пружи дечко ти? Не сите исто сакаат и не сите ја покажуваат и доживуваат љубовта на ист начин. Понекогаш нечија „љубов“ едноставно не е доволна за да една врска може да успее. Љубовта не е само да кажеш некому „Те сакам“ и после пак да си тераш по свое - љубовта се покажува со дела, а не со зборови. Што фајде ако ти вика дека те сака и ти ветува дека ќе прекине да те лаже, а после пак си наставува како претходно? Жал ми е што ќе те разочарам, но љубомората не е одраз на тоа колку сакаш некого, иако сум сигурен дека љубоморните така си се правдаат пред самите себе. Љубомората (особено онаа, претераната и неоснованата) е одраз на нечиј недостиг на самодоверба и комплекс на пониска вредност. Демек, ако на некого му се качувам на глава, постојано го сомничам за нешто, го испрашувам како инспектор или му се заканувам, тоа ќе го спречи да ме извара, односно ќе го натера да остане со мене. Или па, на ваков начин ќе му докажам колку многу го сакам. Sure thing. Гледам дека и покрај се сакаш да останеш со дечко ти, иако мислам дека си колку-толку свесна дека неговото лажење и не е така мал и наивен проблем. Одлуката си е на тебе, и нема да ти давам совети од типот „Остави го“. Чисто сакав да ти обрнам внимание на работиве што си ги пишала, а мене ми паднаа во очи, па затоа ги цитирав. Поздрав!
Имам неколку пати седнато и разговарано со него но проблемот е што е премногу затворен. Кога ќе го прашам што е причината поради која ме лаже он ќути не кажува ништо. Мене тоа ме нервира што во такви моменти се однесува индиферентно и тука започнува караница која секогаш завршува со смирување, но проблемот пак по некое време избива на површина. Кога ги нема овие нешта, кога се е во ред јас сум најсреќна со него. И да напоменам не станува збор за лажење во врска со девојки досега ниеднаш не сме имале таков проблем. Долго време одиме сите знаат дека сме заедно па не се ни осмелила некоја да му се пушта. Кога имаше такви ситуации он сам им даваше до знаење дека е во врска и не го интересираат. За вакви нешта секогаш кога и да имало нешто бил искрен и кажувал. А за ова што крие крие обично кога оди преку некоја организација на некои настани или пак на фудбал. Но сепак пак ќе напоменам не станува збор за лажење и криење поради женски. И знам дека речиси секој совет низ темиве е да се стави крај, но за мене не е тоа решението. Го сакам и ме сака, не сакам само да ставам крај и да се тргнам. Секогаш постои нешто што може да се направи. Најлесно е да се тргнеш треба храброст да останеш и да се бориш.
@Candice.S има луѓе што лажат не за да постигнат некаква цел, туку едноставно зошто тоа може поубаво да звучи во туѓи уши. Тие се нарекуваат патолошки лажговци. Ако меѓу вас нема друг проблем како недостаток на љубов, монотонија, некоја друга во неговиот живот мислам дека дечко ти е токму тоа. И можеби се сменил по смртта на татко му, се повлекол, ама патолошки лажго не станал тогаш. Можеби ти тогаш си почнала да забележуваш. Е сега има некој кој може да се навикне на такви личности и цел живот да не биде на сигурно во неговите зборови, едноставно таков да го прифати. Ако ти смета неговото лажење собери сила и раскини, зашто повеќе сила ќе ти треба да се справуваш со неговите лаги цел живот и да живееш постојано со сомнеж. Ова реков само ако си навистина сигурна дека меѓу вас постои љубов и нема присуство на трети особи.
како он би изгледал поубаво во моите очи со ова лажење? Он не лаже за да се величи и да се докажува. Поправо не би рекла дека лаже туку дека ги крие тие нешта од мене а јас ги дознавам од други. И напоменав неколку пати сигурна сум дека не постои друга.
Тогаш сигурно има некоја причина штом тој не сака да знаеш што се случува со него, каде се движи, каде го троши времето. Не мора тоа да е друга, ама причината мораш сама да ја откриеш или да најдеш начин да го натераш да ти каже, тука никој не може да ти каже зошто.
Дај ми бе душо број јас ќе му се јавам да ми каже ако тебе не сака. Те сака, нема друга, не те лаже ама ти крие работи, некогаш одговорот го знаеме ама не сакаме да си признаеме. Извини што си зедов за право да те советувам, немам јас искуство со вакви работи. Со среќа нека ти е.
Во вакви моменти најмалку некому што треба е цинизам. Не дојдов вие да ми кажете што крие и зошто крие. Побарав совет на кој начин да направам муабет со него од причина што е мн затворен мене тоа ме нервира и избива караница. Не сакам да се расправам како и да е фала на советот само др пат со помалку цинизам одговарај.
Незнам што би му била поентата да те лаже за баналности како фудбал и другарување. Дали си ја има таа навика па му е срам да ја признае и неможе да ја искористи или во прашање е нешто друго незнам. Можеби си има вроден проблем со психата, знаеш се е можно само е несватливо. Ние тука неможеме да ти помогнеме бидејки не ја знаеме вашата сторија и вашиот карактер и однос, може само да нагодуваме и да се вртиме во круг. Можеш да си помигнеш само ако се потрудиш да ја завземеш ситуацијата во твои раце и да пробаш да реализираш нешто, друго не можеш.
Верувај дека некогаш и мажите лажаат поради тоа. Дечкото, односно бившиот на другарка ми ја лажеше такви баналности... ќе одел по дрва а тој со друга девојка. Ок, не велам дека има друга ова го посочив како пример дека лажат. Јас не знам како девојчето издржува со проблемов веќе три години? И гледам како само таа да се бори и нема негова помош. Ако не може да издрже со ова темпо го знае очигледното решение.. Некогаш љубовта не е доволна, некогаш не е доволно да се каже : Ама јас сум сигурна дека ме сака... Типов ја лаже и таа е свесна за тоа. Во ред, денес сите лажеме но прошетки ваму таму без нејзино знаење и дознава подоцна од друг, јас ќе се запрашам дали е во ред некој така да се однесува со мене? Кај отиде искреноста во некои врски бе луѓе? Упорно се толерира секоја ситница. Упорно се толерира секоја грешка и подоцна се жалиме. Епа не е во ред, ништо не е. Ко најпрвин девојката потрошила најубави години а тој ја третира на студен начин. Чекај, што е таа виновна ако тој има некој проблем? Сите имаме.. А таа не е заслужна да трпи тортура. И решението не е секогаш : Разговарај со него може ќе се среди. Кој ќе и гарантира дека пак нема да тера по исто? Девојко, дај му месец дена да се промени ако не иде работа чао пријатно. Во прашање е твојата среќа, а јас гледам дека вака си несреќна. За понатаму, ти си знаеш.
Замини си од лаги девојче, што се изградило на основа "ветер и магла", запрем не си подарила доволно години на таа врска? Не тагувај за изгубеното време (обично долгите неуспешни врски така се доживуваат) имало и убави работи сигурно ама веќе очигледно не води таа врска никаде, небитно дали те изневерува или што знам што друго, без доверба, а тоа го нема кај вас, ништо не бива. Што се однесува до љубомората, тоа нема врска со љубовта.
@Candice.S Интровертноста не е оправдување за нечие променливо однесување и лажење. Ако и покрај многубројните обиди за разговор, неговите постапки се непроменети, а ти си убедена во вашата љубов во чие име и бараш решение не ти преостанува ништо освен сериозно да размислиш каде те води ваквата долга врска. Инспекторската улога што ја имаш можеби ќе треба да ја играш секогаш кога ќе се посомневаш, а за тоа треба да си психички и физички подготвена да ги поднесеш одговорите кои се сосема нешто друго од тоа што си го слушнала. Некои луѓе се такви, непроменливи манипулатори, во оваа ситуација можеби се работи за патолошка појава, што е навистина серизен проблем. Колку и да се трудиш да веруваш во тоа што сакаш да го промениш, не вреди, освен да се откажеш. Едниот треба да стави крај на врска која има непопрвлива аномалија. А твојата можеби е токму таква.
Од вчера телефонот му е исклучен, претпоставувам дека е во Србија на фудбал, си доаѓа утре. Прашањето ми е дали да го седнам и за последен пат да направам здрав муабет со него, или пак да се правам наудрена како ништо да не е и да видам дали тој ќе ме побара или пак ќе каже нешто.