@малерозен, можеби си згрешил и си се оженил од погрешни причини, можеби жената не ги исполнила твоите очекувања, можеби твоите очекувања не биле реални. Како и да е, ако не можеш повеќе да живееш со неа, тогаш единствена опција е разделба. За ова нема одговор, што и да направиш, луѓето секогаш ќе зборуваат.
Чекај чекај, ај вака по ред да почнам. Девојкати била просечна на убавина така т.е неубава? А ти се погледна во огледало каков си? Самобендисан. Вака да ти доловам само колку да знаеш, може оние "сексибилните" како што кажуваш ти тебе не те бендисуваат и исто вака плукаат по тебе како ти по девојчето. Не знаеш, животот е круг. Не прави го она што не сакаш да ти го прават на тебе е работава. Што мислиш ти се што лета се јаде? самобендисаноста и искомплексираноста твоја околу "убавината" и "сексибилноста" ти се смешни и гадни навистина, т.е твоите тематики да си знаеш. Да ја сакаше девојката бар малку немаше вака да плукаш по нејзе, навистина гадно и подло од твоја страна. Друга работа, не сакала да живее со твоите така? А што треба по дифолт само тебе да те слуша и твоите ставови, да игра ко што ти ќе свириш, оти ако не е по твое таа е расипокуќник, лоша, злобна, вештерка или? Не гледам јас тука ништо лошо, ако се сака може да се најде компромис за проблемов верувај. И за крај да ти го одговарам прашањето, дечко ОСТАВИ ЈА ќе ја спасиш само од лош и не фунционален брак, ти не ја сакаш ама ич девојкава, не ја мачи, нека не страда кажи и се во лице биди маж и тргни се настрана, доста ја труеш со твоите лицемерија, ако ништо друго бар остави ја да си ја најаде среќата. Не чини вака за зборуваш.. не чини!
Не се согласувам со твоето мислење, ај да беше обратно да беа твоите родители болни би ги оставила? Без тронка совест? Самиот наведе дека на родителите им треба грижа.
@малерозен Прво нема да преминам на проблемот туку на воведот за проблемот. Како тоа ја избра према изгледот ...? Не играат повеќе фактори улога како на пример љубовта за една врска? И шо има врска нејзиниот лик? Нели кога сакаш некој најубав ти е или уште живеам во бајка (не одговарај последното ахахах)? Следно, верувам ни една не би сакала да се нафати да гледа нечии родители, можеби е себично, но секој си го сака својот мир. Ако ти не си исполнет со неа, можиш да седниш и ова да ѝ го објасниш неа. Ако барем малце сакаш да ја задржиш врската. Ама очигледно ти не ја сакаш неа, не сакам да се осудувам, максимално се воздржувам, но сериозно мислам дека се што си кажал не држи вода. Ама сепак твој живот, твои одлуки. Сем да седниш да разговараш со неа и да ѝ објасниш како стојат работите па да се одлучите на крај, ќе биди неправедно кон неа. За муабетите - не им обрнувај внимание. И правилно да правиш секогаш ќе ги има.
Мене тоа со родителите ми изгледа како изговор да ја презира повеќе, која ќе има душа да остави туѓинец на милост и немилост,а уште помалку родители на човекот со кој сакаш животот да го градиш ... како и секој почеток секој пар сака интима и приватност да се врзе бракот. Тоа неговото е фолирање, дури и да држи таа до такво нешто со тек на време ќе сфати дека тоа така не оди. А реално има мажи што сметаат дека жена му треба да ги опслужува неговите ... било тоа некогаш кога поинаку се живеело, ова динамика не може и со тоа да се носи ако сака жената да работи и да придонесува дома.
На прашање не се одговара со прашање. Ама ќе ти одговорам да не севртиме во круг, постои грижа меѓусебно. За се постои решение, дечкото си кажа дека не ја сака зашто ги оговара неговите, што значи дека тие ја прифатиле каква и да е, но сепак таа ги оговара? Па каде мајчиче таква, кој ти трпи таква снаа во куќа. Самиот кажа имала две дипломи и се дигала, па богами и јас не би сакала таква снаа во куќа.Не е дечкото крив, каква и да била верувал во нејзиниот карактер. Вие се фативте за тоа дека таа не била убава, ја браните неа. Па да беше обратно па ќе го нападневте дечкото. Никогаш не го гледате вистинскиот виновник. Луѓето што се грижеле за тебе, те прифатиле за снаа се болни и ти треба да ги оговараш. А кога провоцира свекрвата - не се замарај. Точно е тоа дека секој си го бара својот мир, ама која е она да бара да го земе станот. Нели имала две дипломи, нека најде работа, нека дадат нешто и нејзините. Таа го напаѓа туѓото, а своето го држи настрана. Неможе така тоа,треба и двете страни да придонесат за заеднички живот. Дечкото е женкар, се подразбира женкарите бираат и секогаш со убава жена, ама ете не можел да најде некоја убава со силен карактер. Сметам дека треба пред се да разговара со таа девојка и да се прекине.
Не те разбирам баш ... Јас се извинувам ако не разбираш што е сарказам. Не можеш цел машки свет да го ставиш во исти кош со типот кој го напиша постот.
@buba4e89 Iskreno ne razbiram koja ti poentata , jas sum samo golem protivnik da snaata da bide izmecarka na svekorot i svekrvata , znaci snaata nema nikakva obvrska da im izigrava medicinska sestra , ako se bolni neka si odat vo bolnica , ako se snemozeni neka si odat vo dom ! Jas sum ja gledala majka mi koja im bese izmecarka na baba mi i dedo mi i od ona sto go gledav nema sansa jas da ziveam so svekor i svekrva ! Sekoj si znae za sebe i toa e toa !
Јас се држам до темата и кажувам за да сфати, некој кој те чувал, давал се за тебе, ти менувал ѓаки, просел за тебе ќе го праќаш во дом? Во болница??? Се грозам што прочитав и толку од мене.