Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Неможам никогаш да ги сватам оние девојки,кој гледаат синовите/ќерките да ги отргнат од родителите,а поготово од болни родители,недај боже да ви се разболат родителите недај боже,не сте свесни каква ситуација е тоа(за жал сум осетил) .Ти ствараш се мачиш,се трудиш да имате поубава иднина,а она ке ти мафта со дипломите па уште на сето тоа ке ти кажува,ваму таму да живеете,епа ако е толку способна она како што се пува,нека купи стан и идете таму живеете.Немој ни случајно да си размислил да напуштиш болен родител никако, ако те прифати каков што си ок ако не батали тоа ѓубре.
     
    На buba4e89, H.a.p.p.i.n.e.s.s, natemila и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    @малерозен другарче, не очекувај на женски форум да добиеш идеја како да „смоташ“ жена, со претпоставка дека другите жени знаат како тоа се прави. Тоа е исто како на исклучиво машки форум, да дојде жена, да каже дека има 100-60-90 и да побара некој да и помогне да си ја поправи врската со дечкото. Јок, сите ќе и кажат раскини со него и јави се кај мене. :!:

    Бидејќи практично никој не ти одговори на првичното прашање, како да ја откачиш без да бидеш лошиот, ќе се обидам јас да ти помогнам за тоа.

    Прво, биди свесен дека не можеш да излезеш чист од ситуацијата. Имала спонтан, си се обврзал на семејство со неа, мораш да бидеш покрај неа додека не заздрави, бидејќи очигледно во моментов најмногу ѝ е потребна поддршка од маж. Лечењето на фрустрациите и мавтањето со дипломи, хејтање на све околу нејзе се баш показател дека ѝ е мака, тешко и дека бара помош и прегратка.

    Второ, ако сепак решаваш да ја оставиш по секоја цена и со најмалку последици, извади се со „емотивен распад“ како и таа. Објасни ѝ дека твоите родители секогаш ќе бидат на прво место, дека случката и тебе те исцрпела иако не си покажал и објасни дека мора да си оди зашто имаш суицидални мисли or something like that. :sweat:

    Сепак, ако ти значи воопшто напишаново, лично јас, сметам дека можеш да стиснеш заби и да ѝ го дадеш она што ѝ е потребно на девојката во моментов, грижа како за твоите родители, љубов, среќа, внимание, па кога ќе процениш дека почнала почесто да се смее, да биде среќна, а ти сè уште си несреќен, направи го тоа што мислиш. Тогаш дури и ќе имаш поголем образ, ќе кажеш дека си сторил сè и дека повеќе немаш сила, иако, јас сум сигурен дека тогаш ќе ти се врати „старата“ девојка која си ја земал и ти се допаднала на почетокот на врската. (fingers)
     
    На SexiLy, Spidy, jovanovska94 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Никако не е во ред да го оттргне од родителите, ама и од него не е во ред да очекува жена му да си ја помине младоста грижејќи се за болни луѓе. Грижа за стари луѓе подразбира деноноќна посветеност на нив. И таа сака поубава иднина.

    Во секој случај, се гледа дека овие двајца не се еден за друг. Нити тој ја почитува и сака доволно за да ја направи негова жена, нити таа го почитува него и неговите дома.
     
    На Spidy, kjukli, eloves и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Недај боже да си во ситуација (родителите да ти се болни) не жена,не фамилија,све ке оставиш за да им помогнеш,сепак они ти дале живот,каков таков треба секогаш да сме благодарни за животот што ни го дале,и што сме здрави и живи.Јас разбирам дека она сака поубава иднина,кој човек не сака убава иднина?Али ако има љубов и разбирање ке се потруди и она да помогне колку што може во ситуацијата која што е дечкото.А не да се пува со скапаните дипломи,да му прави тортура да земел стан незнам си што,дечкото не викам дека е совршен далеку од тоа,сите ние имаме мани,како добри така и лоши,али дечкото каде каде се труди повеќе од нејзе.Него оваа аждаја не му треба,него му треба девојка,која ке го разбира во секоја ситуација и заедно ке ги решаваат сите проблеми во животот.
     
    На buba4e89 и natemila им се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Обратна ситуација. Еве до скоро се грижев за татко ми , а сега за мајка ми.„Сопругот“ треба да ми каже НЕ МОЖЕ! Знаете што е обврска!?
    Таа сака младоста да ја помине летајќи, е не може, ако сака заеднички живот со некого кој што има обврска да се грижи за тој што му дал живот, ќе го прифати таков каков што е.
    Многу себично размислувате, јас да живеам другите нека скапат.
    И ако таа сака поубава иднина нека најде некој без родители или некој што е сосема сам на овој свет, така ќе нема приколици.
     
    На Скопјетесакам му/ѝ се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.791
    Допаѓања:
    323.763
    За сите оние кои имаат двојба околу одговорноста да Ви го кажам следното:ж
    Ако тој ги остави родителите ради неа, тогаш таа треба д стави прст на глава и да се замисли каков човек е тој....што гарантира дека еден ден и нејзе истото нема да и го стори ???
    По такви постапки се гледа колку и каков човек е некој.
     
    На малерозен и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Секако дека јас би направила се’ за нив, но нема да очекувам и некој друг покрај мене да го прави истото.

    @Daleron ич не размислувам себично. Напротив, ја гледам и нејзината страна. За мене тој е себичен - ем не ја сака, ем очекува да се согласи на неговите услови. Многу добро знам како е да се грижиш за стари и болни, сум искусила од прва рака и тоа е правилното што треба да се прави. Ама да кажеш дека девојкава треба на тој начин да си ги помине најубавите години од бракот поради човек што не ја ни смета за убава, епа не може.
    Не треба да скапат тие, има други начини. Повеќе ќе ги гледа тој, таа може да готви и да им носат. Во никој случај нема да останат без грижа. Ама тој бара да живеат со нив и цело време на тоа да им е посветено. Па не знам која млада девојка која што треба баш сега да влезе во брак и да раѓа, да ја искуси најголемата среќа во животот, би се согласила на такви услови.

    @referentka не зборуваме за оставање на родителите.
     
    На supertoasty, kjukli, eloves и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    И јас не би ја сакала ако така се однесува. Сигурно не се болни пред смрт, па да се зароби таа.
    Јас само би ја ставила неа во обратна ситуација ако таа треба да се грижи за нејзините, што тогаш?
     
    На buba4e89, referentka и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  9. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Кога би била обратна ситуацијата,она ке му каже ако не сакаш да се грижиш ти за мојте ја сакам,и шетај остави ме и готово.Кажувам според она што ја опиша дечкото неговата девојка.
     
    На малерозен и natemila им се допаѓа ова.
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Токму на тоа и мислев.
     
    На Скопјетесакам му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Сигурно не би барала да живеат со нејзините и заедно да се грижат за нив. Тој токму тоа го бара.

    Секој е должен да се грижи за своите родители. Тоа е повеќе од јасно.

    Во оваа ситуација не ми се допаѓа тоа што тој си ја одбрал девојкава по некои претходно поставени критериуми. Си формулирал некој тип на жена што ќе му одговара - 'нешто просечно за брак'. Епа ниедна жена не сака да биде сметана за просечна, прибрана и со скромни очекувања - правиот избор откако мажот се изгорел со убави и згодни девојки што всушност и ги сакал. Колку што разбрав, врската не им е долга, па јасно е зошто таа не чувствува потреба да се грижи за неговите родители, нема таква поврзаност меѓу нив. Друго е со партнери што долго време биле заедно па можат со вакво нешто да се справат заеднички.
    Испаднало дека девојкава не е толку просечна и скромна како што ја замислувал, и одеднаш проблем.

    Во врска со прашањето на @малерозен - нема друг начин, ќе и’ објасниш дека си сфатил дека не сте еден за друг. Ти имаш едни замисли за иднината, таа други, и тука се разидувате. Подобро порано отколку подоцна. Сам си кажа - сакаш дете, но не со неа. Веќе добро знаеш што треба да направиш - тргни во потрага по друга што ја исполнува твојата замисла. Овој пат мора да биде и необразована како додаток на "просечна и со скромни очекувања".
     
    Последна измена: 4 ноември 2015
    На supertoasty, kjukli, anel и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    99.191
    Како можете да очекувате партнерот да се посвети комплетно на грижата за вашите болни родители исто како и вие? Значи првичната грижа си е на товар на нивното дете, партнерот може да пружи помош.
    Нити очекувам, нити ќе се нафатам на такво нешто оти имав еден таков, па кај помагав и крива испаднав на крајот. Повеќе не.
    Сега имаме случај во фамилијата каде дедо ми е болен (на мајка ми татко), ќерките си го гледаат, зетовците се тука за ептен кризен момент, повеќе не. И за мене е тоа сосема ок.

    А за ваков па како @малерозен со прст не би мрднала ни за него, ни за неговите. Мама, тате...ме добиле на стари год. И мене ме чекале долго време и сега што???
    Не била убава, можел он подобро ама ја избрал оти е поскромна за СЛУГИНКА по дома.
    Тогаш мили, Албанка на тебе. Најдобронамерен совет, или ич не се жени додека се живи твоите. И на тебе раат, а на таа некоја на која што би требало главата во торба да и ја ставиш уште поголем раат.
     
    Последна измена: 4 ноември 2015
    На supertoasty, kjukli, anakonda88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Зошто се фативме сите само за родителите, зошто не се направи еден цел склоп од неговито напишано, зошто!
    Ете куќа има, не мора во една соба да се стискаат.Ама таа го сака станот.
     
    На buba4e89, Скопјетесакам и referentka им се допаѓа ова.
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Како се осмелила грдата кучка со две дипломи да има високи очекувања од животот? Нејзино е да оди на работа, да пере, пегла, готви, чисти, да менува пелени на стари лица и да биде пресреќна поради тоа!!! Ееееј па некој се смилувал и сакал да ја жени а таа толку грда...Да се разбереме, само долгоногите лепотици имаат право да бараат да живеат на страна од старите, сите останати МОРА да бидат 24/ 7 измеќарки и негувателки на родителите на сопругот.

    @малерозен, а да си купиш ти сопруга од Албанија? Штом ионака не се жениш од љубов, а бараш добра домаќинка (овај, измеќарка), ете ти идеално решение. Е ама од друга страна, може да ти се погоди некоја лепотица па ете нови проблеми...
     
    На supertoasty, calliope, danichap и 17 други им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.757
    Пол:
    Женски
    Значи секогаш да се одело од крајност до крајност, јас не знам зошто ги испревртувате зборовите на @LivingGlam и ја направивте себична и неодговорна кога таа се кажа освен тоа што вие го заклучивте.
    Кој спомна за оставање родители, негрижа и не знам што. Поентата овде е сосема друга.

    Дечково најверојатно не само низ маало туку ја вреѓа девојката и в лице, па резултатот на сите нивни патешествија е ваков каков што е. Ај да ве видам вашите мажи да ви зборуваат вака што ќе помислите вие, тој барал не - убава, под просечна не знам каква само со цел да биде умна и послушна и да го тапша по рамо. Епа нема, и таа девојка има своја гордост и самодоверба, не сака да биде вака газена како што ја гази, а резултатот на нејзиното понашање и однос се всушност неговите зборови и постапки. Каде ја вреѓа па одозгора сака и да му служи, чиниш во некоја империја живеат, а овој да ти бил султанот.

    Ајде да прејдам на родителите, точно дека девојката не е во право, но сите вие од каде знаете од каде потекнува нејзината омраза?!
    Настрана девојката, никој овде не кажа дека не треба да се грижат за родителите, туку дека ако имало почит и цврста врска ќе пронашле компромис, ќе нашле решение, договор било што.

    Овде решението е секој по својот пат и сите среќни и задоволни, штом се нема взаемна подршка и разговор тури му пепел.

    И да @Nausicaa секоја чест за кажаново.
     
    На jovanovska94, kjukli, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Тоа што ке си надробиме тоа и ке си сркаме.
     
    На buba4e89 и referentka им се допаѓа ова.
  17. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    hahaaaa Licnata karta v dzeb I pravo Albanija po nevesta t.e. izmecarka za majka mu I tatko mu , hahahaaaa urlaaammm
     
    На kjukli, Purelove92, Outlook и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. H.a.p.p.i.n.e.s.s

    H.a.p.p.i.n.e.s.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Колку години имаш ако не е тајна? Нема потреба од обесхрабрување, ништо не правиш ако се омаловажуваш, мислиш негативно и западнеш во депресија. Смирено размисли за проблемот, најди ги сите предности и недостаци во ситуацијата, види како според тебе и за тебе би било најдобро затоа што тоа одлуката е твоја без разлика колку совети ќе добиеш. Не смееш да губиш надеж.
     
  19. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    5.146
    Пол:
    Женски
    Ќе има тој надеж кога од вистински причини ќе реши да основа семејство, а не да зема жена што според него е мирна, си учи детето па, дури два факса, веројатно не е некоја што многу и мрда опашката, ќе биде домаќинка и грда,а он цвеќе гарант па, уште и сака морално чист да излезе од таа ситуација ... а, бе ајде.
     
    На Waka-waka и Nausicaa им се допаѓа ова.
  20. H.a.p.p.i.n.e.s.s

    H.a.p.p.i.n.e.s.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Не знам каков им е односот, тоа не може да го знае никој од нас освен нив двајца. А, според тоа што го опиша единствен излез од ситуацијата е да ја прекинат врската и секој да си продолжи по својот пат. Не сакам никого да критикувам, само сакам пренесам малку позитивност во такви ситуации :) без разлика за кого се работи. Се водам по мотото, не суди за нечија приказна чија позадина не ја познаваш.