Ако сака нека има и 5 дипломи тоа не ја прави подобра личност од тебе и од останатите.. Таа си го покажала вистинското лице а ти требало да и покажеш излезната врата од кога си сфатил дека има лошо мислење за твоите кои се болни. Свесен си дека не сакаш иднина со нејзе, тогаш што сакаш друго? Знам дека е лесно да се каже напушти ја, бла бла ама размисли дали сакаш живот со себична жена која не ги почитува твоите болни родители, го бара станот па и уште којзнае колку работи? Дали сакаш твоето потомство да има таква мајка? Овде се кријат одговорите на сите прашања и решението. Не е и само да се каже седни и разговарај со нејзе.. или пак размисли бла бла, некогаш треба да се дојде до брзо решение а што повеќе чекаш тоа полошо.
Јас го критикувам ставот на човеков, а за позитивност, а приказнава на крај може да има два позитивни резултата : 1. да се освести и приземји и да си создаде топлина во таа врска па, по некое време да се врати овде и да не избрука како има веќе бебе со истата "грдосија" што ја земал 2. да си тргне секој по свој пат и да си најдат среќичка зш во суштина малку треба за среќа. Само да не кука после како се разубавела покрај некој друг Секоја ситуација има нешто позитивно во себе.
Затоа не треба секогаш да гледаме негативно на работите, наместо тоа колку може да извлечеме максимум од ситуациите. Од се' се учи, се' е искуство во животот.
Некогаш нели џабе викаат, учи од туѓите грешки, ама ако не направиш своја не се важи, така да.... Кој како мисли нека си прави, да не биде после, ама послушав погрешен совет )
По постот не ми се виде дете па, да слуша овој оној ...1000 се ислушуваат, а одлука се донесува со своја глава, ние овде и во Вардар да скокне можеме да пишеме и сигурно нема да послуша
Да, ама некогаш несвесно имаат влијание советите, така да ако не си многу одлучен и навистина не знаеш како да постапиш, ќе се водиш по нечие мислење. Без разлика дали се работи за дете или повозрасен. Тргни од општ пример кога купуваш нешто, а не можеш да одлучиш па бараш помош.... Како и да е, да не забегаме од темата, поентата е таа
Нека е така, важно го изругавме поштено можеби ќе разбере дека мора да смени правец на размислување ... го истепавме и сега да го смириме малку
Не сум јас тој што оговара,сум видел нешто од светот и како живеат на западот,испод ниво ми е да се занимавам со нејзиното хоби.Ниту сум тип кој физички или психички ке малтретира жена.Тоа е извртување. Станот и куката ви оставија погрешен впечаток.Тој стан е засега неупотреблив,има многу за реновирање и вложување во него.Истото тоа ги залажуваше минатите девојки и така имам зад себе многу неколкумесечни врски.Наскоро ке влезам во нова деценија и ништо во мојот живот не се промени на позитивно.Не верувам дека ке биде поинаку во поблиска иднина,знам во која држава сум роден.Благодарност за коментарите што ги оставивте,повекето беа негативни и ретко некој ме разбра,ама барем ми се потврди изопачената женска стварност.Според искуството и ова што го прочитав тука,заклучив дека ако јас сакам жена и дете,треба да чекам да ги нема моите родители,во мегувреме да се фатам само за работа,да печалам и откако ке заработам повеке од доволно,дури на 40-50 години да оженам каква ми душа сака.Зошто да се женам пред тоа кога сигурно ке се разведам.Затоа што за жена доволно е еднакво на премалку и мене веројатно тешко ке ми оди да издржувам два дома.Или кој знае можеби на госпогата,оваа или некоја друга ке и пречи нешто друго,како тоа што живее на истата планета со мајка ми и татко ми.Сакав да бидам помлад родител,да не ми се повтори истото како на мојот татко,да останам немокен и да го оставам потомството на пола пат,се што сум имал можност да створам пополека да се исцрпи а моите деца сами да се снаогаат.Нема гаранција дека мене иднината ке ми донесе богатство,така?И што сум направил тогаш?Сакав и моите родители да видат внуци,ама будала сум ти јас,на која и е гајле за тоа.
Јас колку што сфатив од приказната, еден за друг сте. А за твојот излез, не дека ти толку се грижиш и сл., туку како ќе испадне постапката во очите на другите, т.е бараш да излезеш чист од ситуацијата. Кога човек чувствува дека за односот со партнерот и проблемите решението е крај, се разговара очи во очи, јасно и гласно и ако не се најде решение се става крај. Крај на врска, развод на брак. Толку. Биди искрен како што зборуваш тука за неа.
@малерозен решението е едноставно ако не ја сакаш и не се согласувате седни и кажи и со убаво,направете еден муабет и човечки секој по свој пат,разделете се. Патиш ти пати и таа, не ви е убаво .. ставете крај, па така можеби и ќе си ја најдеш својата сродна душа и ќе засноваш семејство според твоите очекувања. Вака само се залажувате а кога ќе погледнете наназад годидините минале а вие тапкаш во место. Ти самиот зборуваш дека си очекувал негативни кометари, ако тоа го знаеше сепак знаеш и дека не си толку многу во право околу проценката на "лепотата".
Slusaj drugar , vo brak se vleguva so licnost vo koja ke ste dvajcata zaljubeni eden vo drug , matrijalnite raboti voopsto me se vazni , no ti me si zaljuben vo taa licnost , zosto seuste si so nea? Raskini ja vrskata I najdi toa sto go baras! Zaradi tvoite glupavi svakanja deka ako e grda devojkata ke ti gi cuva roditelite te dovede vo vakva nezgodna situacija
Господине, никој овде не Ви рече дека треба да чекате да ги нема родителите. Никој не спомна печалење и богатство. Каде има такво нешто? Цитатче, нешто? Спомнавме љубов и почит, што очигледно не сте способни да дадете на оваа девојка. Не се влегува во брак со цел - деца порано, па жената каква сака нека биде. Уствари не, не каква било, поставувате потценувачки критериуми со цел да се чувствувате супериорен во таа заедница. Секогаш да биде она - можев и подобро (Ваши зборови). Како да Ви објаснам... прво ја наоѓате правата жена без да имате никакви предрасуди и предуслови. Да била просечна и без очекувања. Дали разбирате каква навреда е тоа? Нешто слично ко Вие што сте биле навреден од тие што го гледале Вашиот стан. Не може Вие да имате некакви замисли и само да барате жена што ќе се вклопи во нив. Бракот не функционира така, и се’ додека не го смените тој став, ќе поминат уште многу неколкумесечни врски. Кога ќе бидете способен да го видите убавото во некого, тогаш ќе се променат работите на подобро. Па и никот малерозен... Никој не е крив за Вашата ситуација, сам си поставувате сопки. Нема тука среќа и малер, има многу его и предрасуди. И ако може едно појаснување - како тоа испод ниво Ви е да се занимавате со нејзиното хоби? Едит: аха, океј, сфатив - оговарањето како хоби. Игнорирајте го моето прашање.
Види лепотане, како си се поставил така си добил исто така е и на форумов. Научи прво да ги почитуваш партнерките твои потоа барај почит. Ние го читаме финалниот резултат на твоите трзавици ... мораш да научиш да направиш некого среќен за да бидеш ти среќен. Не си ти прв и единствен што има родители за кои е потребна грижа ама ти среќо грижата сакаш на друг да ја префрлиш тоа не оди туку така. Има жени што не ја почитуваат фамилијата на мажот И НЕКОГАШ МИ СЕ ЧИНИ ТОА Е ПОДОБРО, ЈАС ДЕКА ПОЧИТУВАВ И СЕ ЗА НЕГОВ АТЕР ЕДНО ФАЈДЕ МА, ШТО ДА ТИ КАЖАМ. Разбери за се требаат двајца што значи во оваа ситуација ти не си ЈАГНЕТО, А ГАРАНТ НЕ СИ И ЛЕПОТА НЕПРОЛЗАНА. Си ја навредил си добил по нос, два факултета хахахха ОСВЕСТИ СЕ, НЕ ТИ ПИШУВАМЕ ЗА ИНАЕТ. Патем ти пишува жена со два факултета и многу поминато во животот сеуште многу млада така што што за битки во животот, жртви и откажувања предавање не ми треба. Биди маж и ако не ја сакаш кажи и спаси ја и неа и себе си зш друга опција не ни допира до тебе.
Ако јас и правам средба на другарка ми (BF) со дечкои и таа ми се налути за тоа што значи тоа?! Другарка ми е?
Сепак не требало да правиш нешто без нејзино знаење, може таа не сакала средба а ти си и ја наметнала истата. Има право да се налути бидејки не ги почитуваш нејзините ставови и одлуки. Во иднина без ичие прашање на се ставај на средина "да помогнеш" или "изненадиш" не знаеш тој истиот човек како ќе го свати тоа.
А што ако се болни и едните и другите родители? Со кого ќе се живее? Или ако нејзините родители се болни? Колку мажи познаваш ти што се преселиле кај родителите на жената за да ги чуваат? Јас ниту еден, искрено.
Може јас да не ти персирам?Ваков дискурс е безпотребен,освен ако не сакаш да се почувствуваш старо.Мое беше да се оградам,ме обвинија дека сум оговарал низ маало каква женска имам,тотален нонсенс.Не треба да се вадат цитати,ве разбирам што поентирате страници уназад.Она што мислам за неа го користите како оправдување за нејзиниот однос.Дали се препознавате во него или женска солидарност игра ролја,секоја од вас сама знае.Никогаш не сум и кажал дека физички просечно изгледа,ниту тоа некој и го кажува на девојката без разлика колку е вистина и го мисли.Барав други квалитети за сопруга,ама или не сум имал срека да налетам на некоја нормална или не остана нормална.Не сакам робинка и слугинка за дома,сакам жена спремна да ја прифати мојата реалност.Мојата реалност се моите родители.Ке раскинам и после на која ке налетам?Гледам една од бившите со 50 годишен разведен.Татко може да и биде типацот,ама си фураат.Има пари,бизниси,му се може.Утре ке му здосади ке ја шутне и ке најде некоја иста,ако не и појака.За тоа викам да чекам до 40-50 години,ако ми се посреки со парите сами ке се лепат,јас само да бирам каква сакам.До тогаш жртва до жртва во животот.Ама не се важи ништо дури на жена не и е комотно.
Што љубов ќе беше оваа '' жена ми е физички просечна '' по по по ....А она идеализирањето на личноста во која ќе се заљубиш и нели за да се заљубиш треба физички да те превлекува на прв поглед,а потоа таа личност (дебела,слаба,ниска,висока) тие најубава на свет. Љубовниците треба да ја прекинат врската кога страста веќе ја нема. Овај тип на '' љубов'' кон ПРОСЕЧНАТА бишите екстра риби...so deep.