Дечко, можеби никогаш не си и’ кажал дека просечно изгледа, ама го напиша овде. Моите мислења потекнуваа оттука, и цел твој проблем е оттука. Тоа е твојата реалност. Ти имаш некоја замисла во која ниедна жена нема да се вклопи. И сега затоа не и’ раскинуваш, затоа што не знаеш на што ќе налеташ? Остави тоа кој со кого и зошто. Таа твоја бивша си имала некои стандарди исто како што имаш и ти. Како тоа не е во ред за неа да оди со некого што не го сака (очигледно има други причини по твојот опис и не мислиш дека тука има љубов), а за тебе е во ред? На каков начин твојата девојка не ги прифаќа твоите родители? Дали лошо се однесува со нив? Дали ги навредила на некој начин? Дали е проблемот само во тоа дека не сака да го мине животот во заедница, или има друг дел на ова лошо однесување? Дали ти имаш некои други планови или си ограничен дека баш мора живот во заедница? Можеби за некое време ете заедно ќе заработувате повеќе, ќе го средите станот или ќе изнајмите друг, па ќе можете да се грижите и за двете куќи. Твоите родители секако не би останале без грижа, ама жена ти би имала време да се посвети на детето и на својот дом. Има ли ваква веројатност или сосем си ја исклучил? И на крај - дали ти воопшто чувствуваш нешто освен огорченост кон оваа девојка? Патем, претпоставувам дека имаш помалку од 30 години според муабетот дека сакаш порано да имаш дете, да не биде тоа на 40-50 години. Точно?
Недај боже да се болни и двајцата,не си сретнала изгледа вистинска љубов затоа така збориш.Таму каде што има вистинска и искрена љубов,ни еден пат не станува тежок .Иначе да имам сретнато дечкото да биде домазет ради болест,и тоа помогнало да знаеш многу.
Верувај дека грешиш. Во многу случаеви е доволно жената да се разболе, па мажот одма си наога надвор нова, а не пак да и ѓи чува родителите.
Тие мажи се викаат кукавици,и тоа не се мажи,тоа се кукавици кој животот ке ги бутне еден ден,и ке бидат на дно. Еве како машко кажувам,ако е вистинска љубовта од двете страни и искрена,има максимално разбирање на партнерите,ни еден проблем во животот нема да ги бутне на дното,затоа што животот не се состои само од убави работи за жал има и лоши работи кој треба да ги поминеме,замислете нашите родители на секоја тешкотија да се оставале?каде би биле ние?
Заборавив да пишам со исклучоци. Во право си, никој не треба да си ги остави родителите, но не треба ни да се запостави жената. А во случајов на дотичниот погоре ја знаеме само приказната што тој си ја кажува. Но приказните секогаш имаат две страни.
Да разјасниме една работа- одговорноста за чувањето на родителите паѓа врз нивното дете, не врз сопругот/сопругата на тоа дете! Ако партнерката сама се нафати на таква обврска, браво за неа но таква обврска по дифолт да се очекува од неа, не е во ред. Едно е отиде со нив на лекар, да им однесе јадење, да им купи лекови итн но смешно е да очекуваме 20 и кусур девојка да се нафати да биде live-in негувателка на свекор и свекрва. Работава испадна „Бриго моја, преџи на другога“- моите се згрижени, најадени, избањати, супер им е ама се тоа на грбот на некој друг. Дотичниот не сака да плати жена за да ги негува неговите родители па ајде сега ќе се жени за сопругата бесплатно да ги чува. И каков е овој муабет Бебе ќе правиш зошто ВИЕ двајцата сакате да бидете родители или поради твоите родителите, за тие да се израдуваат на внуче? Свесен си ти која обврска е дете? Бебе правиш бидејќи сакаш да бидеш татко, бидејќи си спремен животот да му го подредиш на тоа дете а не бидејќи старите напнуваат за внуче. Сега ќе ти дадам еден најдобронаметен совет- од еден единец кон друг- ти брат си страшно многу поврзан со родителите и очекуваш и другите да го подредат нивниот живот околу потребите на твоите мама и тато но тоа нема да се случи. Млада девојка нема да се затвори дома за да седи со нив, да им готви и да им прави муабет за да не им биде досадно. Ако бараш негувателка, ќе си одвоиш 12 000 од платата и решен проблем. На сегашната девојка раскини и, нема логика да продолжуваш со некоја која не ја сакаш. Излегувај, бркај убави девојки, забавувај се и прави бебе кога ти и таа ќе бидете спремни за тоа, не бидејќи твоите сакаат што побргу внуче.
А наслетството од родителите дали паѓа само на него или и она ќе го користи ?? Нели и во добро и во зло заедно се решаваат работи, заеднички се учествува во сите ,,потфати,, .. Или во темата за станот на свекорот сите свекорот го испљукаа зошто не дал стан ан синот а станот празен стоел...е ЗАТОА старите се такви какви што се...
Ќе тргнам од мене, јас сум единица и еден ден (кој ќе надевам ќе биде многу, мнооооогу далеку од сега) јас ќе го наследам станот на мајка ми. Дали тоа значи дека грижата околу мојата мајка ќе треба да му ја префрлам на мојот сопруг бидејќи ете, ќе го наследиме нејзиниот стан? Јас ќе се грижам околу мајка ми, нејзината нега, нејзините лекови и сите останати обврски кои ги носи староста, таа мене ми е мајка, и тоа е моја обврска, како нејзино дете, да се погрижам што поубаво да си ги проживее последните години од нејзиниот живот. Од мојот (иден) сопруг очекувам да не прави проблеми кога ќе одам да преспивам кај мајка ми (кога нема да и биде добро), очекувам да не мрчи ако треба финансиски да се помогне за некој лек или преглед и очекувам да биде до мене кога ќе ми биде најтешко. Односно, очекувам да не ми одмага.
Точно...мораш да се грижиш. Во природата на човек е опстанокот и за тоа постои институција наречена ФАМИЛИЈА. Но....морам да ти предочам дека: ...учество во грижа за родителот не е само менување пелени кога ке остарат или хранење и капење, туку овде спаѓа и твоето отсуство од дома...нели ???...тој непосредно учествува со одгледување на децата, можеби и готвење и чистење по дома. Не бидете биквалисти.
@referentka, се согласувам со се што имаш пишано и дај боже на сите родителите да ни бидат долго време живи, здрави и држечи, да им се радуваме и тие да ни се радуваат на нас. Но, факт е дека еден ќе остарат и нема да бидат во состојба да се грижат за себе и ќе зависат од помошта на блиските. Ти пиша дека заеднички треба да се учествува во сите потфати но јас ете немам еден единствен пример каде сопругот физички помагал околу негата на бабата и дедото туку напротив, знам за кавгите и мрчењето како сопругата не се врткала дома, како цело време била кај (болниот) родител итн. Кај е загрижена и тажна што мајка и или татко и не се добри, кај е физички исцрпена од трчањето по лекари и аптеки па уште дома на врата ја пречекува сопругот кој и префрла што немало топол ручек на маса. А од друга страна, се очекува снаата да ги гледа родителите на мажот. При здрави, прави синови и ќерки, снаата е таа што треба да трча. Двоен аршин зараснат во традицијата кој се надевам дека веќе навелико се искоренува ама постовите на @малерозен потврдуваат дека и млади момци уште ги имаат тие очекувања од нивните девојки.
Сепак, прво требало да се консултираш со неа. И не испаѓа убаво во очите на детето, да договараш средба за другарка ти како таа ретардирана да е. И јас би се налутила.
Ете ти си видел еден дечко, ја ни еден. Значи? Исклучок од правило или? А ако и едните и другите се болни, решение кое е, сите во една куќа, младиве болничари? Значи, едно е возрасен човек на кого му е потребен еден ручек, или да го однесеш на лекар, сосема друго е човек во кревет кој не може ништо сам.
Идеална солуција е таа да живее во нивниот стан,јас да се задолжувам со кредити да го реновирам и да и го уредам,така?Мене никој не ме напнува за дете туку сам сакам семејство.Семејство барам,не барам негувателка да ми ги чува старите.Џабе ви пишувам,размислувате исто како неа.Јас можам да излезам и да бркам згодни девојки,ама за да задржам таква ми треба многу кеш.Или многу срека што ја немам.
Убавиот си бара убави, многу логично. А според "убавиот" во приказната, убавите се изопачени. Hmm...what makes him that, then again? Anyone? Математиката не ми иде денес
@малерозен секој сака уредено, ново, средено ама ако не можете да си дозволите па, баш и не мора, не е ваљда станот шупа, ќе средите кога ќе имате средства за тоа, тоа се средува ... одете сами малку човеку ... живнете малку ... ако вие двајца не си се средите да функционирате убаво, нема ни за деца да бидете родители како што треба ниту твоите ќе се гледани. А немој да мислиш некоја друга ќе биде врх врха, тоа се илузии. Смириј си го бесот и горчината, перод на адаптација мора да помине, велат 3 год најмалку. А што се однесува на критиките на форумов џабе се лутиш, лошо изгледаше се. ова ти е прв пост посмирен. И пак со цурите хахааха а што ако таа тргне по згоден момак ? и на мирните им пука филмот, да не речеш не сме те предупредиле
Лепотане ај спушти се малку на земја , интелегенцијата ти е голема нула за разлика од девојкати што има два факултета , ти човече сакаше да ја земиш за жена за да ти ги гледа родителите а ти да си заминеш странство да си печалиш пари и да се проводиш таму а неа да ја затуцаш! Верувале или не имав познаник каде што си фати девојче просечно со слични свакана како малерозен, а тој замина странство и се врати овде ја ожена и напрај дете и пак си замина странство и жената си ја остаде дома да ги чува детето и неговите родители , но после неколку години се дозна дека таму кај што работел си имал друга девојка , и жена му си поднесе документи за развод и се разведија!