Овој батка е изгубен скроз, во многу опасен зачаран круг е влезен. Можел - не можел, среќа - несреќа. И што сега? Ќе ја чуваш просечната како лута резерва? А ти убав ама без пари... и како да не си малерозен после? Колку год. си ако не е тајна? И што подразбираш кога велиш семејство сакам? Каква би била твојата, каква нејзината улога во таа заедница, а каде се во сето тоа твоите родители? Најискрено, толку си конфузен и ни малку не си за женење. Во никоја смисла. Бладаш, луташ... и со бракот само уште повеќе ќе заталкаш а и некое невино ќе загази. И дефинитивно, пушти го девојчето нека си оди. Имала спонтан за несреќа ама ќе си се среди, тоа не ја прави инвалид за наредна врска во никој случај. И така тебе ти е просечна, пушти ја, може ќе си најде некој на кој што ќе му биде најубава. Аааа, во меѓувреме се закани оти е готово ако не се промени она. И се исклучи чинам, не може веќе од тој пусти малер, а 29 ситни. Искомплексирана работа! Сакал да живее живот како на бившата богатиот швалер, такви да му сојат на лагер. И после овој бил крив, оној бил крив. Паметот му е крив! Ни просечната, ни нејзините дипломи, ни никој друг.
Ги ситнам 29 и со оваа е готово ако не се свести дека треба да се промени.За бившата не станува збор,ја разбирам рибата,гледа добро да се продаде.Ако сегашноста ми пропага,јас сонувам да живеам иднина како што тој живее,само такви да ми стојат на лагер.Немора истото да го повторувате,сфатено е се.Вие сфатете го ова како исповед ако не можете поинаку.
Па шо бараш со некоја која не те привлекува, ако не си и го рекол директно тоа. Сите имаме лоши навики, али да беше убава ќе и простеше или барем ќе разговараше за проблемот, а со оваа немаш никаква мотивација да ги средиш работите? Си викаш кај грда, па уште и ми се занесува нешто? Пишував у една тема на форумов за критериумите за врска на просечно женско и горе долу таа е реалноста со финансиите. Али не дотолку да се разочаруваш како да нема да се жениш или намерно да фатиш некоја ради тоа што не била убава. Тоа те прави поизопачен од овие што трчаат по пари и удобност.
Ај вака. Што би биле нејзините обврски околу твоите родители? На дечко ми двајцата родители му се болни, и јас многу свесна сум дека доживотно ќе им биде потребна нашата помош и сега, кога не сум му ни сопруга, се грижам за одредени работи кога се тие во прашање, онолку колку што јас мислам дека треба.
Ти затоа што слушна од рекла казала дека некој така направил заклучи дека и јас истото ке го направам?Немам за сега планови да одам во странство,биди мирна. Не ми е мене примарна желба да бидам како него ама ако е сега недостижно да водам семеен живот каков што сакам,тогаш барем некогаш да станам како тој,ништо нема да ми фали. Немора таа да има обврски.Работата беше да прифати да живееме во заедница.Не можам јас нив да ги напуштам,нема услови.Прво не сакам да ги напуштам,второ,не можеме да издржуваме и куката и станот. Брат,да е некоја убава со моиве околности таа ке размислува како мене да ме остави,не јас неа.Ке немав ни што да спасувам сега.Сум искусил не еднаш,знам што зборам. Се што кажав го извртевте тоталка.
Тогаш во ред, ова не е лошо како што претпоставивме. Се’ што треба е да и’ го објасниш тоа, ако не сака да прифати а и ти не сакаш да ја прифатиш нејзината замисла, нема што да се мачите повеќе еден со друг. А во врска со убави и просечни девојки, стандардите ти се многу погрешни. Треба да разбереш дека секоја жена е жена и сака да направиш да се чувствува прекрасна. Не можеш да одбираш некоја што е просечна по твој стандард само затоа што очекуваш дека тие се задоволуваат со помалку. Не се минува живот со некого што си го одбрал според физички критериуми и очекувања. Кога ќе најдеш нова девојка што навистина ќе ја цениш, размисли дали можеш да оставиш малку простор за да се тргнете и да создадете свој дом во иднина. Ако нема услови сега, можеби ќе има доколку се потрудите заедно. На твоите им е потребно некој постојано да е со нив? 24 часа?
Не разбирам ... зошто мислиш дека убава жена ќе мисли како тебе да те напушти во тие околности ??? Или мене не ми е јасно ова со убавинава зш е релативна работа, некој ко божица може да ја гледа за друг да е просечна ... ама убава не значи и материјалиста и мрда со опашката па, се се лепи за неа и може лесно да те отпили ... убава не значи дека не бара љубов и дека не може да работи со маж рамо до рамо, убава не значи дека не може 2 факса да заврши и тн. Или си многу бесен и огорчен и погледот кон некои нешта е изместен ... има нешто, освен ако не си трол на форумов.
Тоа е само посуптилен начин да и се префрлат обврските. Не мора таа да има обврски, ама во заедница ќе мора. Сигурно ќе ви биде неприфатливо ако таа си седи и ништо не пофаќа, па и не прифаќа најголем дел од оврските во грижата околу твоите родители. Се знае живот во заедница каков е, снаата треба да се покаже на дело.
Не зезај и ти па, не се мажела мома да не седи дома, и сами да се кој ќе пере? и тоа не оди, се знае мама веќе нема, таа ќе треба да стане мајка и дом да средува и тн.
Плус @малерозен, уште нешто заборавив. Стварно си многу млад за вакви муабети. Да имаше некои 40 години па да се брзаш да најдеш жена што ќе го одржува домот и ќе ти роди деца, ајде ќе разберев. Со 29 години, имаш уште многу простор да живееш и да ја најдеш вистинската, само ако малку си ги тргнеш тие предрасуди и престанеш да го мразиш женскиот род.
Види вака, таа жена што кога се мажи не сака да има обврски околу сопругот и детето/децата што ќе ги создадат ИЧ ДА НЕ СЕ МАЖИ! Ама само тоа, а не обврски околу цела будуча фамилија. Тие обврски може да се обавуваат од почит кога се може, во никој случај постојано и задолжително.
Со ова се сложувам, не само почит тукуи да си ги делат обрските, додека можат и старите можат ако не друго прашина да си избришат, се со заеднички јазик и разбирање. А има и такви снашки свекрвица додека може нек тегне се, не оди, тогаш свекрвите брзаат да се делат од заедницата.
Значи јас разбирам да си со некој период од 1-2 месеци, да кренеш расположение, да смениш. Секс едно, друго, колку да подзаборавиш на некои ствари. Сум имала и ја таков период и тогаш немаш некои критериуми добар/интелигентен/лепотан. Доволно е да ти е симпатичен, забавен и имате некоја краткотрајна авантура. Ама како опстојувате во (веќе) врска, ако не сакате некого, или па не ви се допаѓа. Материјалистите ги разбирам, од материјална корист. Ама доколку нема такво нешто, како се бакнувате, делите постела со некој што нити ви е убав, нити го сакате, а сте заедно подолго време? Не ми е јасно, јас никогаш не би можела.
Боже, Боже, што се' не се изначитав... Малерозен, од првиов текст што го прочитав, не можам да најдам збор за да те дефинирам. Ти си со сосема погрешен пристап кон женскиот род. Од твоите постови блика невиден шовинизам. Дури сеуште размислувам дали си трол или не. Прво и основно, од каде ти е тоа право жениве да ги делиш на убави и секси, ама самобендисани и ненаситни, и грди, ама скромни и повлечени - материјал за женење? И зошто, како по дифлот, тоа мора да биде така? Зошто „грда“ жена да не смее да биде амбициозна и самобендисана? Убавината е релативна работа, ако некои тебе ти се сексипилни и убави, на други може да му бидат грди и дрољести. Ако ти самиот се сметаш за убав, може мнозинството жени, па и мажи нема тоа да го мислат. И тоа што повеќето жени ти направиле пекол од животот само го потврдува она што најпрво го кажав, а тоа е дека имаш многу погрешен пристап кон жените (не знам каков ти е пристапот, ама не е исправен, очигледно). Друга работа што не ми е јасна, а станува тренд: Ќе се земеме откако ќе се роди малото. Зошто бе? Мене тоа ми е како еден вид тест: да видам дали е плодна и дали ќе го износи детето до крај, па ќе ја женам. WTF?! Абе кога се венчаш, не џабе си посветувате заклетва еден на друг дека и во добро и во зло ќе бидете заедно. А што ако излезе дека со тебе нешто не е во ред, па не можеш да имаш деца? Трето, добро бе, дечко, ти на секоја со која ќе се фатиш и' раскажуваш за станот на татко ти? Немој после да се чудиш што привлекуваш спонзоруши, ако тоа е првата работа со која се фалиш. Велиш дека сегашнава си ги покажала канџите, дека има лошо мислење за твоите, дека сака во станот на татко ти... Треба да се запрашаш зошто е тоа така, да размислиш и за твојот досегашен однос, за тоа што си ветувал, за односот на твоите кон неа, зашто ако се болни, не значи дека по автоматизам се и добри. Има болести кои го вадат најлошото од луѓето. А тоа што сака да оговара зад грб, тоа е особина која не се крие така лесно и ако ти пречела, си требал на време да реагираш (да раскинеш и слично). А не, сега ти текна, па све на куп стави и све ти засмета. Мене приказнава не ми е комплетна и целосна. Како да изоставуваш многу работи кои ти си ги кажал или направил. Зашто за ваква ситуација се потребни двајца. А верувам дека ти не си цвеќе за мирисање. Да вдоми жена, еј! Добро бе, животно е или човечко суштество? Какви ти се изразиве? Ако вака правиш муабет и во невиртуелниот свет, јасно ми е зошто си на ова дереџе. Па се костреши... Мачка е, кучка е, или човек е? А ти кога се дереш, рикаш како магаре или викаш како изнервиран човек? Ццц... И зошто бе, да нема оваа твојава кучка високи очекувања од животот? Зашто ја сметаш за помалку убава и сексапилна? Па две дипломи има девојката, што сакаш да очекува? Дека ќе живее како некоја просечна? Да сум на нејзино место, ќе те шутнам со овие ставови и ќе си фатам надвор од државава... И повторно ќе те прашам, од каде тоа право, ти богу на апсолутизмот, да ставаш на кантар, според не знам кои твои апсолутни стандарди и да мериш кој поголеми жртви поднел, кој е поубав и слично. Многу работи се релативни. Се' е релативно. Ти мислиш дека поголеми жртви си поднел, ама реално можеби не е така. Абе не можеш на друг да му негираш и потценуваш она што го направил или го прави, а ти да се правиш совршен. Согледај си ги благовремено грешките, ставовите и постапките, за да не страдаш веќе. Не е малер во прашање, твој аздис е во прашање. Друга работа која тебе можеби не ти била јасна е дека е нормално кога имаш врска на далечина да не можеш да забележиш се' што ти пречи или ти годи кај партнерот. Кога сте почнале поинтензивно да се гледате, кај ти бил паметот и очите за да реагираш на лошите навики на твојата девојка? Или најде материјал за женење, па да не го изгубиш... И од една страна си млад, ама од друга страна уште колку време ќе трошиш за нови врски. Тоа е за тебе врска? Потрага по сродна душа? Губење на време? А за родителите и за тоа дека немаш намера да ги праќаш во дом, туку ти ќе се грижиш за нив. Прво, ќе беше добро да кажеше што им е, па мораш да се грижиш за нив. А второ, нели помисли дека ти можеби нема да можеш да се грижиш доволно добро за нив? Еве, и сам да си, без жена, девојка... Дали помисли дека кога ќе бидеш на работа, ќе им требаш? Или ќе најдеш флексибилна работа? Такво време дојде, па ќе се скржавиме, ќе го чуваме станот, ама нема да ги препуштиме во приватен дом, каде ќе имаат 24-часовна нега и тоа стручна нега? А ти да доаѓаш да ги посетуваш како човек кога ќе завршиш со обврските, без да мислиш дека немшто ќе им се случи додека не си тука? Себично, богами, а и материјалистички од твоја страна.
Морав на два пати, ццц... Ти си човече, во конфликт сам со себе. Ти тука не си дојден за совет, туку си дојден да си го потврдиш својот став кој ти го уништува животот без да си свесен за тоа. И ако си бил на Запад и знаеш како стојат работите тука, не знам зошто си се вратил за да жениш некоја од тука. Оди назад и ожени се со таква каква што мислиш дека заслужуваш. Немој да си ја мачиш душичката... И повторно ќе кажам дека си материјалист и дека си со погрешен став. Не знам во какви кругови, побогу, си се движел, ама свесен си дека на 40-50 години со спечалено ќе си најдеш само некоја спонзоруша, така? Всушност, ти таква и бараш, ама сеуште не можеш да си ја дозволиш, очигледно... Бог да чува... Твојата реалност е твојата финансиска ситуација со која не си задоволен, ама реалноста кон која тежнееш е ова болдираново. Толку комплекси и фрустрации и материјализам на едно место одамна не сум сретнала. А не ја бранам ни малку твојата девојка. Ама изгледа заслужуваш да се однесува кон тебе така како што се однесува, искрено. Ако полно луѓе ти зборат иста работа која ти ја сметаш за погрешна, тогаш треба да се запрашаш кој е навистина во право. Да помислиш дека живееш во заблуда. Ама не, ти си толку заслепен и уверен во она што си решил да веруваш и тоа те носи во пропаст... Сам себе си си го испрал мозокот. Чудо! Болдираново? Хм. Горе ти е одговорено. И за крај, да ти одговорам за она за што навистина си дојден на форумов: Нема начин како да излезеш од врскава без да бидеш ѓубре и гад. За жал. Далеку си од цвеќе за мирисање, а и девојка ти исто. За дете не си спремен и те молам немој во скоро време да мислиш на таа тема. За дете е потребно повеќе од желба. А на девојкава кажи и' дека си сфатил дека не сте еден за друг, дека имате различни приоритети и потреби во животот и дека е најдобро да се разделите сега, додека сеуште немате потомство, што само ќе ви ја отежне ситуацијата. Немаш да и' понудиш тоа што го бара и тоа е тоа. Искрено, за прв пат во животот. И стави крај на вашава заедничка голгота и терај си го животот како што ти мислиш, зашто совети и сугестии не примаш. Ама немој да се враќаш повторно да бараш совет за проблем, а уште помалку да се исповедаш. Ти посакувам среќа. Пријатно.
@Daleron-сита мија, па затоа е форумов, прво да го затапацираме квалитетно, а после да одговориме. Дискусија мора да има. Некои проблеми и луѓе не се така едноставни за да се одговори со една реченица.