@малерозен, ај и ја да ти пишам, затоа што ретко кој се осврна на твоето прашање од првиот пост, туку сите се фатија за твојата реторика и начинот на кој ја опиша девојката. Во однос на твоето прашање „Дали да ја оставиш девојката или да почекаш малце, за да не испаднеш ѓубре“, ти не објасни, а никој не го постави можеби најсуштинското прашање - Во каква (психичка) состојба е сега девојка ти, по спонтаниот? Ако е скршена, депримирана и сл., стварно би било малце нефер да ја оставиш у таков тежок момент, кога можеби најмногу и треба твојата поддршка. Второ, не укапирав, дали вие сеа живеете заедно у куќата на твоите, или живеете посебно? Ако е првово, тогаш тоа дополнително ги комплицира работите, ако е второво, тогаш ситуацијата (за тебе) е полесна. У секој случај, чим си на ум да ја оставиш, јас тоа на твое место не би го одложувал премногу. Затоа што и не бива ти да се ставаш у ситуација на жртва, демек остануваш сеуште со неа за да испаднеш фин, а уствари не ја сакаш и едвај чекаш да се тргнеш од неа. Ако дознае за ова, а неминовно е, пак ти ќе бидеш ѓубрето, кое ја лажело и се преправало дека се е ОК. Така да, од ситуацијата е тешко да не излезеш као ѓубре, ама јеби га, подобро искрено ѓубре, неголи неискрено и лажливо ѓубре. У првата можна прилика направете муабет, кажи и дека повеќе не ја сакаш (ако воопшто и си ја сакал) и дека не сакаш да бидеш со неа. Тоа е тоа - лесен и чист излез од твојава ситуација нема. Е сега, од одговорите и коментарите кои ги доби од женската популација на форумов, мислам дека можеш да извлечеш два заклучоци - или дека нешто не е у ред со сите жени на светов, а само ти си исправен, или дека нешто не е у ред со твоето сфаќање за жените и твојот пристап кон нив. Што мислиш, што е поверојатно? Се додека жените ги делиш на убави, за ебење, и просечни (или грди), за женење, ќе имаш проблем во наоѓање на животен партнер. Мора да бидеш свесен дека ниту една девојка нема да ги сака твоите ни приближно онолку колку што ти си ги сакаш. Таква едноставно нема и не се труди да најдеш. Да беше така, немаше темана „Снаи и свекрви“ да има милион и една страна. Доволно е да најдеш девојка која ќе има разбирање, почит и заеднички јазик со твоите. И на која што нема да и пречи тоа што ти (ќе) ги помагаш. И повише од доволно е. Ретко кој сака да живее во заедница - живеат само тие што мораат и верувај, ретко кој е среќен у таква ситуација. Колку и да се слага твојата идна жена со твоите, пак е најубаво решение за сите одвоениот живот. Секој треба да си го живее својот живот, на страна од родителите. Тие бракови ти се најхармонични и најдолготрајни. Родителите не створиле и одгледале, меѓутоа тие не можат да ти бидат приоритет во животот и да ги ставаш над твојата (идна) сопруга. Пред тебе стои твојот сопствен живот, и семејството што ќе го градиш со неа. За правење дете не си стар - и ја сум колку тебе, па ни на крај памет не ми е, да ти кажам искрено, да правам дете, иако сум у долгогодишна врска. И мене моите ме родиле на постари години, па сеа што да правиме? Тоа бил нивен избор, мој избор е јас кога ќе имам дете. Викаш, твоите се стари, ама и ти си 29 години, значи не си мало дете, па утре ако ги снема, да не можеш да се грижиш за себе. Што значи, колку и стари да биле кога те раѓале, доволно живееле за да те израснат у нормален, здрав, прав човек. Мотив за раѓање на дете треба да ти биде пред се сопствената желба и желбата на сопругата за дете - тоа дали ќе бидеш стар или млад родител или па, дали твоите ќе доживеат да имаат внуци, не би требало да ти игра никаква улога. Прекини ја врскава у која што си, пошто очигледно не ти одговара, а за наоѓање на нова девојка или жена не си премногу „стар“, а као што слушам, и убав си бил, а не си ни до толку без пари. Само, за да не се разочаруваш повторно, ти препорачувам да ги исчиташ мислењава од жениве (без да ги сфаќаш навредливо) и да увидиш каде грешиш у својот однос со жените. Се додека бараш просечна девојка за женачка, без големи очекувања у животот, ќе си поминуваш со твоите избранички како со сегашнава. Ете друже, тоа е. Поздрав!
Неверојатни 10 страни со долгометражни коментари му се посветија на проблемот на еден возрасен маж, кој што треба сам да си одлучи што ќе прави. Како може да очекува дека некој друг ќе му помогне, не знам а баш ме интересира дали ќе ја оставеше ако го родеше детето...... тогаш ем лоша, ем грда, ем дебела ќе беше. Искрено не знам што е полошо, дали кога 12 год деца имаат љубовни проблем или кога 30 год маж не знај што да прај во животот.
@малерозен целосно се согласувам со мислењата на @Lady Phoenix , па да не се повторувам, би ти го кажала истото. Факт е дека си многу, многу себична личност. Штета за тебе што живееш во ова време во кое живееш, па сакал или не, нема начин да излезеш како "добар" од ситуацијата. Во 21 век, ниту една девојка која го сака најдоброто за себе, а небитно дали е грда, убава, со средно образование или со две дипломи, не би се согласила да живее во заедница, а уште помалку да ги чува твоите родители. Ти би сакал доживотна издршка на старите родители, плус внуче, плус одржување на домаќинството. Ме интересира, зошто е толку битно?
@Lady Phoenix Не реферат, постовите на типот се просто да сакаш да го згазиш и го газеле уште ги има такви мажи за жал, се држи земјава ПА, ТОГАШ МОЖЕ И НАС тој е веќе со една нога во пропаст, како не го откачила таа до сега не знам, сигурно се надева ќе се освести овој ама тешко, лом го направивме на форумов џабе е.
Малерозен возрасен маж си, чукни се малку по глава што правиш и како се однесуваш, не ти доликува на годините воопшто. Еден, двајца да те критикуваа ајде,ама сите?! Увиди си ја грешката.
Досадна сум да ама мнг ми е тешко. Само што речам нетреба да се нервирам, еве ги бифшиот дечко и коментира на една и таа му коментира. Не ми е јасно како толку бргу по раскинување. Дали си бара утеха во неа или што? Сакаат да ме провоцираат што им е филмот? Машки тука сте? Ќе ми помогне некој...? Лесно е да да каже не се замарај ама сеуште имам чувства.
После прекината врска, секој си наоѓа некој начин за справување со чувствата. Некој става срцедрапателни песни, цитати или статуси, некој има one night stands и се праи фреска у кафана. Бившиот ти дечко си коментира со некое си девојче. Не знам кој ја прекинал врската - тој или ти - ама тој очигледно си нашол начин да се справи со тоа. Дали е провокација, утеха или можеби нова симпатија, тебе тоа не би требало да ти прави разлика. Најди си и ти начин за преболување и батали тоа кој, кога, како и зошто коментира со твојот бивши. Верувај, ако не се замараш со вакви работи, побрзо ќе го преболиш и ќе си продужиш со животот. Поздрав!
Имам врска долга 3 години со дечко ми. Разлика сме една година и двајцата сме полнолетни. јас сум му нему прва девојка пред мене нема излегувано со никоја, а јас имав. Премногу ме сакаше, без мене не можеше а и беше премногу љубоморен. На почетокот кога тргнавме почнавме да се караме бидејќи за мене слушнал некои работи што не беа вистина, ја изгуби довербата но кога дозна дека не сум крива ми се врати, бев упорна постојано го барав му докажував и се среди се. Поминавме секакви работи, за тие 3 год се имаме скарано неколку пати но сепак се враќавме еден на друг. Еднаш бевме скарани 1 месец јас го барав тој ме одбиваше бидејќи знам дека многу е горделив но јас го чекав и ми се врати после тоа се промени и никогаш не ме оставаше. Јас признавам виновна сум што сега сме скарани. Заминав да студирам во друг град и признавам се сменив малку кон него. Речиси два месеци ме молеше да се однесувам како и пред тоа но јас продолжив со лошо. Ми пишуваше постојано ме бараше а јас го игнорирав по малку но немав намера да го оставам, сето тоа го правев бидејќи беше нова околина и сакав да му вратам за тоа што тој некогаш ми се караше.... Сакајќи да го сторам тоа јас го загубив. Пред една недела се искарав му изнакажав многу неубави работи го одбивав и ете се случи тоа што се случи... Многу се налути биејќи така правев а и на фб додадов еден школски за кој тој многу се лутеше но за инат го сторив тоа. и навистина се скаравме, сега кога се свестив што се случи се каам ама касно е. Ми кажа дека можам да му пишам на тел кога сакам но на фб ме блокира. И тој ми пишува знам дека му е тешко но горделивоста не му дава да ми се смири. Ми кажа дека не сака да ги доживува истите работи и дека сеуште ме сакал...ГО викнав денес да се видиме, прво не сакаше ми рече ќе ни било потешко ако се видиме но сепак дојде откако го замолив.. Имав во план да му кажам дека згрешив дека се сменив сфатив се, сакав да му кажам дека ке ги излечам раните што го повредив за глупости, но ништо не му кажав од тоа зш сфатив дека џабе ќе е....Позборевме како другари, и после си заминав... :'( ЗНам самата сум крива ама џабе ми е сега, мислам никогаш нема д ами се врати... Ве молам советувајтеме што да сторам како да го вратам, и дали мислите дека можи да ме заборави така лесно да продолжи без мене? Секогаш кога се скарувавме ми се враќаше бидејќи не можеше без мене.... Ве молам премногу ми е тешко тој ми беше и другар и дечко и брат.... многу лошо ми е, постојано плачам ама знам крива сум... о одвојте време посоветувајтеме што даправам
Смири се .... остави гои него малку да се смир, гледаш сега како му било нему ... можеби повторно ќе се бидете заедно ама сега ТИ изгледа ќе треба да чекаш да видиш што тој ќе реши и штои да реши сакаш не сакаш ќе мора да прифатиш. Можеш по една порака за добро утро и лека ноќ да му испраќаш ... не знам да докажеш на некој начин дека тоа веќе нема да ти се повтори. Среќно па, пиши што биднало.
У реду е бе другари.Уште ова ке ви го одговорам и нема повеке да го трошам моето и вашето внимание.Ви реков дека џабе пишувате,многу ви е интересно да се извртува.Јас себичен?Јас не сум тој што бара станови од татко и за кој подобро да прекутам што мислам.Јас не сум тој што поставува невозможни барања на ризик утре нејзините родители да трпат за леб.Јас не бирам жена убава или грда,сакав прибрано девојче што цврсто стои на земја и знае да цени вредости во животот.Не мешајте убавина со љубов и потреба за интимност,убавината прави полесно да се заљубиш,но нема секогаш поврзаност едно со друго.Бев реален кога ја нареков просечна,секој посакува некоја убава што изгледа топ,ама таква јака и згодна си бара одржавање што јас не можам да си го дозволам за жал.Тие женски завршуваат со типчето со добра кола,типчето со богат татко,со богатиот татко..Во крвта им е.Ама оваа имала други муви,не била ни пола воспитана од тоа што мислев до пред година дена.Никогаш не сум ја потценал или понижувал.Напротив,правев да се чувствува таа убаво и колку подобар бев со неа,толку повеке си зеде сила.Немора и вие да мафтате со нејзините и со вашите дипломи,денес секој може да земе диплома,две,мастер,се што сака,не може мене никој да ме прави будала со тоа.Тоа другарки не ве прави способни и посебни.А убава риба не е секоја,таква да ми глуми лудило исто така не толерирам,но ке ја разберам.Не мразам жени,само имам причини да се разочарувам од нив.Ме направивте заостанат и традиционален затоа што сакав да бидам помлад татко,сакав да добијам дете на 25-30.Таков сум,тоа ми било желба од секад.Не да имам жена слугинка.Не сум бркал женски фалејки се за станот.Сум ги носел таму за да бидеме сами и гледале во каква ситуација е.Фала ви на неразбирањето и имајте добра нок.
Една слободна анализа ке ти дадам,итуитивно и спрема никот....ти бе батка небараш совет, бараш внимание, бараш некоја женска што ке те сожалува па да ја смуваш.....играш курташак овде...совет не ти треба тебе.
@малерозен дефинитивно си уникат на форумов мафтам со дипломите зш јас знам колку нервози и трпение и упорност и време ме коштале. Не ни објаснувај нам, среди си го тој бес и огорченост кои очигледно се затоа што си имал превисоки очекувања. Е, другарче сите ние сме само луѓе. кои кога се сакаме се прифаќаме онакви какви што сме, со сите маани и добри страни. Ти се разочаруваш од жените ама и жените можеби некогаш се разочарале од тебе, дешава се и одиш понатаму, онаков пост добро е што не те претепавме И не си млад за брак според мене туку таман и седни веќе еднаш со таа со двете дипломи и кажи и што ти тежи на душата и таа тебе да ти каже, да си ги решите проблемите. А искрено има и многу поголеми проблеми од твоите и не си дете тврдоглаво како магаре на мост, слаби ти се аргументите.
Не дочитав до крај, но едно сватив. Типов ниту е убав, ниту е богат, па затоа ете не може да си фати таква каква што сака. Оти ете, он има некоја логика дека неубавите немаат никакви критериуми кои треба да бидат исполнети, дека е доволно некој да се одлучил за нив, наспроти оние убавите кои пари коштаат. Ама ете, секнд бест чојс многу му пребарувала.
Ако не кошташ пари си грда,тоа ти гарантирам.Прочитав се што треба,посветете малку време на дурги прашања.
@малерозен Whoa, genius! Ако сакаш да ни појасниш, како се проценува дали некој кошта пари? Мислим, да знаеме дали сме ли прити или ружни?
@малерозен такво време дојде, да и грдите коштаат пари. Битно згодни се. Дипломите не се тема на дискусија. Ако не ми веруваш на збор, погледни ги старлетите, барем овие од северните ни комшии ги има постојано по медиумите.
Dobro , ajde ti si vo pravo , taa e samo Edna bezobrazna kucka sto se kurci so dve diplomi I saka da zivee so tebe vo tvojot Stan od 1 000 000$, I ne saka da im bide medicinska sestra na tvoite , I ne e blagodarna sto e so takov lepotan kako tebe , kako ne I e sram , slobodno raskini i , neka patit kuckata ! nema vrska toa sto izgubila dete , uzivaj si I svirkaj si nema da ispadnis gjubre, ti si angel od covek
А така! Таа е никаква, без чуства, малоумна, невоспитана разгалена, идиотка. Ти злато од дете. Си знаеш од мал што сакаш. Ама ете животот не бил фер со тебе, па сега не можеш да си дозволиш да имаш мн пари за да си приуштиш некоја убава и јака. Остај ти друите. Фак! Она не сакала дома да се грижи да се грижи за твоите. Па по ѓаволите што и е неа работаа? А? Освен да се грижи за твојата фамилија? Ти си злато од дете пак ќе речам знаеш што сакаш кон што целиш. Е сега кога прочита се што сакаше дозволи ми да ти кажам, од срце, најискрен, како на нејкој спрема кој би била крајно искрена, човече барај си чарето. Не си како што треба. Ај тоа за твоите можи да те лути океј, родители ти се, сакаш да помага и она, Ама за се останато што напиша...за убавите девојки дека требаат пари, златен пари да знаеш за се требаат и за до маркет да одиш. А тоа како она е просечна, како бре до сега не ни ни забележал нешто невообичаено пример кај воспитување? Или ете сакаше да ја имаш под конрола ама не ти успеа. Ти се измешаа каритите. Ај седни, размисли, дали нешто си и рекол? Си ја навредил? Дали не се однесуваш убаво со неа? И на крај, со сила убавина не бива. АКо не бива не бива. Тоа е. А за луѓето и без тоа ќе зборуваат. Најдобро ако нема љубов остави ја, така постои шанса и двајцата да најдете по некој/а со кои ќе сте посреќни. Може сега да ти се лути а и со право и да те мрази, но потоа може да најде некој кој ќе ја прави среќна. Затоа пушти ја.