Имам 17 години и заедно сме 1 год и 4 месеци.Секој ден се караме и секогаш ми раскинува,секогаш кога и да му кажам дека нешто направил ми вели дека измислувам и дека сум одвратна.Кога е се нај срце душо,а кога не е измислувам,одвратна сум и не сака да е со мене.Секогаш мора да го молам да се смириме и да трчам по негоШто да правам?Многу го сакам,но ме повредува
Мало си, да си малку повозрасна одма ќе ставеше црвена линија. Кавги секој ден, помирување само по твоја иницијатива, омаловажувања од негова страна не, не и не. Далеку е ова од здрава и убава врска каква што заслужуваш во најубавите години. Одвратна си, а не прекинува со тебе, туку продолжува? Значи и сепак не си одвратна, туку таков е неговиот однос, кога и да е лут да упатува погрдни зборови. А ти тоа секако дека нема да можеш вечно да го толерираш, ниту па да го смениш неговиот карактер. Најубаво да си ја прекинеш врската. На почетокот ќе ти биде тешко ради тоа што си навикната на него, ама со тек на време ќе сфатиш дека не можеш да сакаш личност која си поигрува со тебе и те омаловажува на таков начин.
Lady Phoenix со еден збор можам да кажам дека навистина си срце. Ти благодарам за искрените зборови и искрените совети. Иако не те знам почувствував дека си ми една од добрите пријателки. Сфатив дека бев детинеста и навистина се изглупирав, но се надевам дека ќе се среди се'. Можам да кажам дека откако го прочитав ова навистина добив повеќе сила и волја за да бидам упорна а пред се' да ги избришам солзите, бидејќи тие нема да ми го вратат саканиот туку мојата љубов, упорноста и делата пред се со кои ќе му докажам дека навистина ќе се сменам и ќе се стабилизирам. Уште една ти благодарам од срце што си одвоила време бидејќи беше малку пообемно напишано, да го прочиташ мојот проблем и да ми дадиш искрени збореви и вистински совети како вистинска пријателка. Си сфатив можеби касно но важно е дека разбрав што сторив и како треба да правам. Фала ти од срце за се и штом се среди (ако биди) секако ќе те известам
си ја сфатив грешката па се надевам ќе средам, ќе се трудам да му докажам дека се променив и дека нема повторно да го сторам тоа детинестото. Љубовта и упорноста се надевам ќе победат наспроти инатот и гордоста.. фала ти премногу и ќе ви кажам што ќе се случи
@Anita27, нема проблем. Убаво ќе си поставиш проблем, како човек, убав и искрен одговор и ќе си добиеш. Мило ми е што сметаш дека пријателски одговор сум ти дала, ама за нормални луѓе тука сите може пријатели да бидат. Се надевам дека ќе се средиш со дечкото и дека ќе се вратиш и ќе пишеш убави работи.
Самата си го даде одговорот. Зошто да трчат по некого и да го молиш да се смирите? Дали човек кој те сака и тебе, ќе те повредува? Сакањето е пролазна работа, а дечкото не те заслужува тебе. Тргни се од него, колку побрзо толку подобро.
Не се навредив уживај И малце каснам со муабетов ама нема везе. Муабетот ми беше дека он ќе се приврзе за мене до тој степен кај што веќе ќе се осеќам пригушено во врската. Така се осетив зашто тие денови имав многу обврски и колку многу и да му пишував и да се слушавме, пак не му беше доволно. Ама добро, сепак работите малку се подобрија, он се осеќа боље и така. И да, може звучеше малку себично мојот коментар, а во тој момент можеби и стварно беше. Ама помина и тоа, зашто да, за една врска е важна и поддршката и јас решив да не паничам толку туку стварно да направам нешто за него. Поздрав
Јас сум сигурна дека ти го знаеш одговорот но едноставно не можеш и не сакаш да го прифатиш и соџвакаш сето тоа. Мило тоа не е љубов верувај, тоа е манипулација и ладење на мозок, да не кажам кур ташак, нема почит нема ништо овде, твое е дали ти ќе прифатиш да глумиш лудило или не.
Ах @Lady Phoenix убавината на вистинскиот човекот извира од срцево а се преточува во искрени и убави топли зборови, што е случај кај тебе. Доколку има било какви промени прво што ќе направам ќе известам на форумов
@young.lady зошто го молиш повторно да бидите заедно кога тој не те почитува? Сакаш твоето достоинство да биди погазено? Крај краева тој знај дека ако ти раскини и биди ѓубре со тебе, можеби и да не си најди друга ќе те има тебе да го молиш. Пријателски предлог, продолжи напред, без него. Тој не е заинтересиран за тебе, но ја користи секоја можна прилика. Не ја користи секоја можна прилика зошто те сака, туку зошто си има занимација. Те повредува зошто ти му дозволуваш да те повредува. Сфаќам да го сакаш, ама не и упорно да удираш со глата в ѕид зошто го сакаш и да се повредуваш себеси, не те повредува тој, самата ти се повредуваш што продолжуваш понатаму. Се надевам ќе го направиш вистинскиот избор, со среќа
Значи не знам.Сеуште сум во шок.Почнавме на фб и после 2 недели константно на телефон.Детето капка,душа.Толку културен и фин.На сликите лепотан.Пред 2 години си пишувавме исто така ама на тоа остана.Студирам у Скопје,а он е од таму. Денеска се запознавме.Дали дека се навикнав на него или не знам што е битно преубаво ми е со него.Кога го видов останав без коментар.Но во негативна смисла.Се разочарав.Значи тотална разлика од слики и во живо.Ми падна криво и ништо бевме на кафе онака муабет ова она уживав со него,ама не направивме ништо.Сеа пак продолживме со слушање ова она.Лелеле .. не знам не знам не знам.Многу сум збунета,ме примети дека сум чудна ,го избегнувам ама не можам.Зарем морав да имам толкави очекувања а и како да немам кога на сликите е преубав :/
Пред некој ден пишував нешто слично, не се допишувајте толку долго со некого без да имате контакт во реалноста кога веќе некој ќе започне романтично да ве интересира, така и себе си и другите ќе ги заштитите од разочарувања.Долга преписка без контакт нешто не штима тука ... или не сте заинтересирани за личноста или криете нешто, едно од двете е. Слика како слика девојче, џабе не е вицот "а, бе да ме видиш на слика, лепотан сум". Ништо не е тоа, школо за друг пат барем не те разочарал како човек, полошо е да те разочара како човек.
@awayfromyou едино остана разочарана од физичкиот изглед на дечково колку што сфатив и тоа е причина поради која ти се чувстуваш така? Или можеби и карактерно забележа разлика? Ако е физичка разочараност, ако ти развиеш хемија, мислам дека нема да ти биди толку битно. Ако карактерно е поразличен, можеби беше зошто прв пат излеговте. Види излезете уште некој пат на кафе, па види како ќе се чувстуваш. Или ќе се навикниш на неговото друштво или ќе се оддалечите.
Ништо толку страшно не е тоа, ти си замислувала едно нешто испаднало друго петен толку ако не ти се допаѓа тогаш батали ама ако не е толку страшно дај му можност на момчето и себе си.
@awayfromyou полоша варијанта ќе било да те разочара карактерно, да биде сосема друг при муабет надвор од фејсбук. Тоа е многу поочекувано во вакви ситуации. Вака по ова што го пишуваш, ми личи дека типот е на место, ви оди муабет, пријатно ти е во негово друштво... Мене не би ми сметал физичкиот изглед. А можеби и дечкото не изгледа толку лошо, само очекувањата ти биле многу поинакви. Јас сепак би му дала шанса