Има многу машки и многу женски во светот ,и за тебе има ,и за него,нема смисла да се нервираш голема срека што не ти е сопруг веруваj тоа е наjмал проблем пушти си музика,ако имаш другарка излези на кафе ,гаjле ти е дека те блокирал ,сабота сме дотераj се и излези ,па нека види коj на кого му фали повеке ,ич да не се нервираш ,постоjат многу поголеми проблеми од тоа во животов нема потреба да даваш важност на него, едноставно прифати и пушти го што сака нека прави ❤ се наjдобро
ахх во право си никакосе понаша..го имам сетено и нелогични раб вакви има зборувано и за др кавги како на приемр Е што дека бев крив што има врска ти ако се јавиш,мора јас прв да ти се јавам,кај пишува дека морам јас ?! боже божее...си велев тогаш овој ќе ме полуди а ако сотанам со него знам дека нема лесно да си врвам е од овие причини...ме сака знам ама неш не штима нзз зш се понаша вака во последно време..безвезе...
Ми треба совет и мислење за ситуацијата во која се наоѓам. Прекинав врска од 9 месеци поради несериозно однесување од негова страна. Ми сметаше тоа што става лике на фб на секакви девојќи, аднуваше некои што не ги ни знае воопшто, истите му коментираа на секакви објави исто и тој на нив. Секој викенд беше излезен и пијан а дома се враќа во 5 часот наутро. По цел ден по кафичи без цел во животот а има 28 год и не работи. Му ги толерирав овие работи еден период и ги трпев затоа што го сакав. Константно добивав информации за него, дека сме од различни градови како секој викенд е пијан и како оди од маса на маса и се пушта на некој начин на секое женско таму. Исто ми имаат пратено и разговори со некои девојчиња што и пишува. Ми кажуваат дека не е за мене дека никој не го сфаќа сериозно. Од една страна има направено и добри работи за мене поради кои сум го засакала и имав посебно чувство со него. Ставив крај, го блокирав и од фб, ми звонеше два три дена само тој ми кажуваше дека се кае, дека нема да прави повеќе така, дека нема причина зошто да се грижам, дека само мене ме сакал и ми делува како психопат затоа што освен нема зошто да се грижиш друг одговор ретко добивам. И после неколку денови ми звони да се видиме во последен момент и да одиме на кафе за да разговараме, му реков дека страшно ме нервира тоа што ми кажува така во 5 за 12 за било што и не прифатив. Тој дошол тука и ми звони пак, се скаравме за истата причина и пред некои негови другари ми вика Е*би се, не ме замарај, а тие се од тука и се знаеме се осеќам многу понижено. А секогаш тој моли...
@Steff.Unique ај што типов е крајно несериозен и по однесувањето личи дека доживува втор пубертет, останав ваква кога прочитав што ти рекол по телефон. Веќе си му дала шанса да се поправи, си го трпела неговото недолично однесување, ама он пак си продолжил по старо. Јас би ставила точка во ваква ситуација.
Значи вака, имам 17 години и веќе една година сум во врска со човек 6 години поголем од мене.Од почетокот на врската не го сакав ама ич, бидејки сеуште го немав преболено бившиот, со овој сегашниот бев само бидејки имав симпатии кон него.Е сега јас од почетокот не се замарав со него, онака се гледавме , јас си излагував со другарките цело време тој со другарите.Тој гледаше дека јас претерано не се замарав со нас и со нашата врска, ако така може и да се каже, но тој цело време се обидуваше да го засакам, се трудеше, ми велеше дека ме сака без да го слушне тоа и од мене.Првите 4 месеци го изневерував со бившиот, се додека тој не прочита порака од него во мојот телефон, тогаш престанав бидејки сфатив дека всушност почнува да ми значи и дека не вреди заради бившиот да го изгубам сегашниот дечко кој беше многу подобар.После тоа со дечко ми станувавме се поблиски, цело време бевме заедно, секаде одевме заедно преубаво ми стана потпоолно го заборавив бившиот, и бев среќно вљубена во сегашниот дечко кој почна уште повеке да се труди околу мене и навистина го засакав.Сега се е прекрасно стварно неможам да се пожалам, но имам една мака, тој ми го даде пасвордот од фб и му прочитав во разговорите со неговите другари дека на почетокот и тој си пишувал и се гледал со други девојки, на другарите велел дека ме тестирал, дека не сум била пречка за да се видел со други девојки и слично...кога го прочитав ова се шокирав, излезе дека и тој првите месеци од нашата врска ми го правел она што му го правев јас...не ми се веруваше.Зборував со него, тој не одрекуваше и потврди дека тоа било на почетокот од врската која тогаш не ни личеше на врска, дека кога сме почнале да се зближуваме не правел ништо, и пасворд ми даде, ме запозна со неговите роднини,родители, цело време сме заедно излезени,си живеам со сите негови другари заедно излегуваме и ми вели дека ме сака, дека неможе да поднесе да ме изгуби...незнам што да правам веќе не верувам во неговата љубов иако пола година потполно ми се посвети на мене и јас на него и не сме имале никаква караница, незнам што да правам како да неможам да поверувам сега во неговото те сакам,иако знам дека на почетокот и јас правев исти работи како и тој..некој совет?
немаш право ич да му се лутиш бидејки истото ти си го сторила на почетокот на врската немој да направиш нешто погрешо и да го расипеш тоа што го имаш сега. сега сте среќни заедно и готово
@Steff.Unique За објавите - девојките беа сосем рандом? Какви коментари обично пишуваа? Извини што прашувам ама се обидувам да ја доловам ситуацијата. Можам да речам дека океј е да додава што сака, ама реално доколку не ги познава и тие развијат активна комуникација може да претстави некаков проблем. За пиењето, работата, несериозноста - ја би рекла да е тинејџер према ова што си опишала. Не знам ако тој постојано се пијани како би издржала покрај него и ако вака несериозно се однесува. Во глобала, безразлика за причините, ти си знаела доволно за него ама ете си се погазувала, такви сме ние жените, се газиме себе надевајќи се на нешто подобро, на некаква промена, ама тогаш и почнуваат да газат по нас. Јас сфаќам дека ти си понижена пред пријателите, немој да прекиниш контакт со нив поради него, но ете, прекини контакт со него. Тешко е, ама ќе поминиш. Ако продолжи да ти ѕвони нагласи му ги причините смирено зошто му раскинуваш па потоа блокирај му го бројот или нешто слично ако веќе си решена во својата одлука. Се надевам дека за брзо ќе поминиш преку ова @badgirl2 Најискрено, ти сега проба од својот отров. Можеби ти не му велеше дека го сакаш, а тој ти велеше, ама почеток е, почетокот е маскирен период кај шо се е „прекрасно“ ахаха, нормално е ако некој сеуште не е целосно „влезен“ во партнерот да се однесува така. Можеби те сакал, можеби само имал симпатии кон тебе тогаш, битно сега е се океј. Вашата врска на почеток навистина не личеше на врска - со заемно изневерување. И ти го изневери, тој дозна и ти прости, не ја гледам причината да не го ннаправиш истото кога сега се е навистина во ред и тоа било период кога ни двата не се почувстувавте поврзани заедно. Најбитното од ситуацијата е дека вие тоа го надминавте, факт е дека се сакате, дали вреди за грешки во минатото кои и двата во тој период не ги зедовте за сериозно сега да се карате? Нема смисла. Ова како што реков ти е еден вид, вкусот на твојот отров, малце боли ама ќе помини. Нема место за паника и грижа.
Имав врска од година и осум месеци. Типов беше ептен специфичен карактер,нон стоп караници цело време бев под притисок и стрес. Знаев дека не е за мене,ама станав ептен зависна од него. Колку полош беше толку повеќе го засакував. Се сменив многу,и тоа на полошо. После последната кавга,му кажав дека е доста,цел ден ми ѕвонеше и се одкажа. Искрено мислев дека нема да се одкаже и дека ќе се труди да се смени нешто. Ама за жал ништо. 7 денови поминаја него никаде го нема. Не можев да издржам и пробав да му ѕвонам. Ни ми крена.ни ништо,дури и на вибер ме блокира да не му пишувам. Не знам што да правам,дали да се трудам да се смириме,или едноставно да се одкажам. Не можам да се замислам без него,како изгубена сум.По цели денови само плачам. Инаку и двајцата сме возрасни јас 22 тој 25
@Bundaa Можеби си возрасна, но не би рекла дека си емотивно зрела кога си дозволила да се доведеш во очај поради некој што успеал да те промени на полошо. Не можам никако да го разберам ваквиот тип на "љубов", па и размислување од типот дали да се откажеш или да бидеш упорна.
@Bundaa Искрено не знам ни зошто прашуваш што да правиш и како при ваква ситуација не знаеш што да правиш ... најискрено девојко, ова е врска која е осудена на крај. Ако ти се менуваш себеси на полошо, што понатака? Нема што да ти образложувам зошто е паметно да остани вака, разделени, едноставно препрочитај го твоето мислење. Get well soon
Здраво девојки, потребен ми е совет, премногу сум разочарана. Се започна пред околу 6 месеци, другар на мој братучед се заинтересира за мене а и тој мене ми се допаѓаше. Ме адна на фб, но не се пишевме. Потоа, пред 3 месеци излеговме заедно со мојот братучед и неговата девојка. Но и двајцата премногу срамежливи не направивме многу муабет. Но по неколку дена се пишевме на фб и ме викна да излеземе на кафе. И така првата вечер се смувавме и почнавме да се пишиме секој ден и да се гледаме редовно. Но јас сакав почесто да се гледаме а тој секогаш беше зафатен и така само еднаш во неделата се гледавме. А и покрај тоа, тој по една недела од нашиот прв состанок ми побара секс. Јас му кажав дека досега не сум имала секс и рано ми е. Сакам да се запознајме подобро и да започниме врска, за да има и повеќе. Тој тоа не сакаше да го разбери и упорно ме молеше секоја вечер кога ке се видевме. Згора на тоа, не сакаше да излегуваме во јавност, да не имало озборувања. Никој да не знае за нас освен најблиските. И така само тајно се гледавме и секоја вечер ја поминувавме во неговата кола. После месец и пол тој почна да се однесува ладно, односно не ме бараше повеќе а кога ќе се видевме се праеше како ништо да не било. Кога и да го прашав што е проблемот, тој едноставно велеше дека нема проблем дека се е во ред. Последно се видовме пред околу 4 недели. Од тогаш не ми има пишано повеќе. Пред некој ден видов објава на фб дека е излезен со друга девојка. Тоа ми го сруши цел свет. Претпоставував дека се гледа и со други но не очекував да објави нешто на фб, затоа што никогаш нема објавено ништо од некоја девојка, прв пат сега. И мислам дека тоа го направи затоа што стварно ја сака и со неа мисли за озбилно. Но дознав дека со неа веќе се гледаше кога изразуваше желба да излезе со мене. Мое прашање е: зошто воопшто излегуваше со мене кога веќе имал друга? Што сакаше со мене? Иначе цело време муабети ми вртеше за свадба, дека ке ме земи за жена итн.
Слаб шармер е тој тип штом со муабети за брак сакал да те легне, добро е што не му успеало ... по ова што го прочитав тргни се настрана и нека си брка работа, што му бил филмот со тебе секс ... не губиш ти ништо во случајов и не се замарај, излези си, ќе ти окупира нешто друго видик овој како и да не бил ќе го заборавиш. П.С момак што бара секс по неколку излегувања во тајност под вел "да не ве оговараат " е трчи лажи, т.е is only after sex.
@Srcka4 Ти му рече дека не сакаш секс, дали останавте на тоа? Кога излегуавте немавте секс? Ако немавте тогаш сигурно имаше некое слободно време па можеби сакаше да го пополни, не знам, мислам дека и претходно јас лично не сфаќам изневерување и излегување со други додека си со еден, па дури и „привремено“, така да не се чувсутвам адекватна да одговорам на ова прашање. За делот што зборувал за свадба - вие колку што сфатив не бевте заедно туку така тајно се гледавте (штом било тајно мислам дека би требало веќе да ти биди доволно јасно), а ти зборува за свадби и како ќе те земи за жена? Јас не сум убедена дека тој бил искрен со ова, не зошто го гледаме резултатот, туку начинот на кој тоа се ова го изведи претходно. И за крај, во врска со девојката, можеби решил да биди со некоја јавно, тоа не значи дека ја сака, а можеби и ја сака искрено. Јас се надевам дека ти ќе биди подобро наскоро, разочараноста ќе исчезни со тек на време, само биди силна!!
Фала на одговорот. Само не ми е јасно зошто излегуваше со мене, кога веќе се гледаше со девојката со која и сега излегува, но не тајно. Неа ја сака или едноставно таа му го даде тоа што не го добиваше од мене?
Не се измачувај себе си, најголема е веројатноста дека тој не сака ниедна, ни би бил со тебе ако ја сака таа, ако те сакал тебе нема да било во тајност и да излегува со неа ... дечкото едноставно не е зрел.
Фала многу! Мене веднаш ми беше јасно што сака тој со мене, но се надевав дека ќе се смени, затоа што во почетокот беше премногу фин, добар, културен итн. Но за жал разочарувањата не престануваа. Иначе ние немавме секс иако тој секој пат инсистираше да имаме, но не успеа да ме убеди.
Ете ти го бараниот одговор душо, кратко и јасно. Најде некоја која му „дава“ онолку колку шо сака и како шо сака па сега е „задоволен“ додека не најди нешто демек подобро. Ефтини игри, секаде има такви ама шта чеш ... Важно е ти да бидиш добро после ова, да знаеш дека немаш веќе врска со таков човек, па што било поминало.
Не требало да продолжуваш со него. Тој кога одма ти побарал секс, сакал да се гледате тајно и тоа во неговата кола шо очекуваш ти од таков, зарем помисли дека има со него иднина ? Уште одма тој си кажал индирекно дека не е за сериозно со тебе туку само секс ако може да искористи. Ако речам само така батали го знам дека не можи како на збор, ама мораш се потрудиш и смести го во минатото, таков лигушко не ти треба, знае дека не можел да те има за една вечер, ако се задоволува и да оди со такви, нека си тера, а за такви филмови за свадба, за жена немам коментар. Мислам на тоа шо сакал од тебе сама веќе го знаеш одговорот.
4 годишна врска со вакво несозреано понашање како што опишуваш не верувам дека ќе опстане во нешто повеќе, тоа е фактот. Проблемот очигледно ви лежи во несозреаноста. Обиди се да направиш нешто со разговор, друго чаре немаш, цо случајов и да ставиш крај нема да загубиш нешто посебно туку напротив ќе добиеш. Девојче бегај колку што те фаќаат нозе подалеку од таков човек не-работник, не се залажувај и не потклекнувај на бајки и стории од таков тип, тој возрасен маж здрав прав не успеал до сега да се заоозбили и да застане на свои нозе пак што очекуваш за понатаму. Мрза си е мрза, не туку си го губи времето слушаајки безвезални стории и надевајки се на подобра иднина со таков човек, таквата сорта не се менува бегај и барај си чаре со човек кој најпрво е озбилен, созреан и сериозен, барај човек што помалку зборува а повеќе прави. И самата си свесна дека човекот се прави да те избегне, со прост збор те игнорира, залудно е да се трудиш и да се обидуваш некаде каде што не бидува, со сила убавина не бидува, оддалечи се и продолжи си го животот, верувај еден ден ќе се смееш за ова. Животот е таков каков што е, и тешкото ќе помине а ти ќе станеш уште посилна.