Искрено кажано, јас би го откачил и би се тргнал од тие другарки. Љубомората е најлошото нешто. А тој чим е гушка и му иде разговорот со нив, значи му шета гзот. И да се фатиш со него, тој пак ќе ги сака и нив во исто време. Наше улично кажано, ќе те вара.
Е, се има на светов ... убаво ти рече Марик тргни се, тоа не се ОК личности штом така постапуваат ни другарките твои ни тој дечкото, таков поклон да го дадеш аахахха не ти треба, а другарките ти се за жалење што друго да ти кажам. Можеш само да и кажеш не се победува во вакво нешто само се губи и тие веќе изгубиле ... еј, каде отиде светов ццццц исфрустрираност тешка.
Ќе се оддалечам тоа не е проблем, туку како да им пристапам ним сеа, не сакам да изгледам...... како некоја глупача на која што и презеле тоа што таа не успеала да си го задржи тоа што е нејзино. Како што кажав, за дечкото не ми е ич криво , криво ми е најмногу заради неа и нејзиното понашање спрема мене. Тоа што успева полека да ми го преземе - па не може да си ја сокрие радоста и задоволството. Деновиве некако многу е заинтересирана за мене како другарка , а тоа нормално намерно го прави. Како да се понашам со него, а како со неа?
Глупача што и го презеле ??? ова го има само на филм ... значи не може некој да ти земе нешто што е твое, типот не е стабилен, второ тие па ич, сакаш да им вратиш? Може и тоа ама не верувам дека ќе успееш подобро да се чиствуваш, сврти му го нему умот и предај го потоа таму ) Главата горе и играј го ладно топло, потопло, мраз хахаххаха играј си со него пред неа хахахха ако толку и сече ќе збесне хахахха
Повлечи се тивко и мирно. Има една изрека: Спријатели се со непријателот за да му вратиш за се. Ова твоето пријателство е потценето за еден дечко кој очигледно му одговара да скара две другарки а вие самите сте глупачки што го дозволувате тоа.Затоа што тој неговите другари не ги спомнува ниту нивните проблеми, како се држат цврсто машките пријателства ни самата не си свесна така што женските пријателства можат вода да им носат. Затоа ако не сакаш контакт ќе се повлечеш и ако упорно ти се бута отворено кажи и и сврти и го грбот. Ќе дојде тоа време кога ќе сфати дека за дечко другарка не се гази.
Ми се јави тој денеска и се понашаше како уште да сме заедно, и му кажав за тоа, , и ми вика на шега беше тоа , извини многу, јас тебе те сакам и отсега заради тебе нема да зборам со другарка ти . И сега не ме остава на мир.... стално ми се јавува, ми пише и ме замара...не знам стварно што понатаму. Можеби сега тоа би ми било идеален момент за да си поиграм и со двајцата како што тие правеја со мене
@macush. Твојот проблем, барем према мене има две страни. 1) Дечково ја мерка другарка ти 2) Дечково твој е многу дружељубив И искрено сакам да верувам дека е второто. Другаркава не ми изгледа како да е среќна за вашата врска и веројатно се обидува да ти го преземи. Искрено, ако ти го „преземи“, не ја барај вината во неа. Провокацијата не е битна, битно е дали тој ќе падни на провокацијата, дечко ти. Мало прашање зошто не се сеќавам да сретнав одговор за ова, дали дечко ти разговара со неа, бар пријателски додека си ти присутна или разговара со неа само кога ти не си присутна?
Типов ми изгледа како да не нестабилна личност, или онака сака да си шара. Вие не сте во врска, така него му е дозволено да си прави што сака, но од друга страна, тебе ти прави лице, а другаркава ти боде во грб. И онака не ти е другарка, па се гледа сака психички да те победи. Повлечи се од нив двајца, ќе си најдеш друг. Мислам има и за тебе некој таму. Од вакви луѓе да бегаш.
Разговара со неа најнормално и кога сум присутна, а нејзе се примека дека и годи секако , возвраќа на се... а ми рече тој дека од денеска нема ни да зборел со неа веќе заради мене.
@macush., ќе бидам директна- ти сега треба да избереш меѓу дечко ти и другарка ти, зошто нема да може и двајцата да ги задржиш! Ако на неа навистина и се допаѓа тој дечко, верувај дека таа повеќе нема да сака да биде во твоја близина. Јбг, не е мазохист за да и биде пријатно да гледа како симпатијата и се гушка со друга а муабетите „ ако вистински ми е другарка, ќе биде среќна за мене“ едноставно не држат вода во реален живот. Извагај кој од нив двајцата повеќе ти значи и донеси си одлука.
јас сум за ниту дечкото ниту другарката , дечкото е нестабилна личност со што нема иднина , а другарката е љубоморна и завидлива , бљааак
Воопшто не се согласувам со тебе, па таа ако е права другарка воопшто нема да глуми заинтересираност, се знае кој прв почнал да излегува со дечкото. Јас никого не би бирала, би се дистанцирала од такви луѓе. Другарката видела дека тој е добар со неа и си зазема статива. Мене такви играчи во животот не ми требаат, утре ќе дојде ред ќе фати таа друг дечко, другата ќе презема иницијатива да и го земе. Незнам како можете да си дозволите да паднете ниско за таков чекор. И двајцата се нестабилни, таа мисли ќе лета на небото со него, а тој само гледа како и двете да ги сврти и да ги скара, кога ќе му здосади ќе ги откачи ќе најде некоја трета. Јас сум за тоа да си направи рестарвација на друшството, да си знае со кого си и кој е за неа тука или да си бара друго друшство.
Дечково е таков со сите или само со "другаркава" твоја? Мене повеќе ми делува како она да му се бутка, али не го знаеме и дечково дали по природа и он си е таков. За него не знам што би ти рекла, јас да сум на твое место би почекала уште малку, чисто да видиш дали е таков со сите. Ако е така тргни се од него, ако не, можеби можеш да му дадеш шанса. И јас колку што разбрав сеуште не сте баш во врска. За другаркава те разбрав дали ти кога почна да излегуваш со него знаеше дека и она го свиѓа, или нејзиното свиѓање почна откако вие двајца се зближивте? Ако е ова второто одговорот го знаеш. Под итно да си ја откачиш. Верувај ќе бидеш многу посреќна. Ама ако си знаела дека и она го свиѓа и си излегла со него можеби треба да размислиш и вината да ја бараш во себе. Пак ќе кажам не знам како почнала ситуацијата и кој кого прв свиѓал ти него или она него. И не не ти е другарка ако така се однесува, и во фаца ти фрла муабети дека ти го превземала. Мене ми е многу криво што ние како генерација сите ( вклучувајќи ме и мене, да не ме сфатиш погрешно ) имаме многу погрешна претстава за другарство. Сите гледаат само некоја корист да извлечат само себичност. Ретки се тие другарства како некогаш.
@anakonda88, @buba4e89, најлесно е да се рече-дистанцирај се. Да и било сеедно, веројатно тоа и би го направила ама ете, не и е. Сем тоа, што толку страшно направил дечкото освен што јавно изјавил дека ја сака? Правел муабет во кафич со друга девојка и ајде сега да го истепаме? Ако не па, нареден пат кога дечко ми ќе се поздрави со некоја другарка (моја или негова, сеедно) , има така да му залепам една сочна, зошто ете толку имам проблем со егото и самодовербата Ајде да си ги врземе дечковците/ мажите дома со лисици за радијатор, да не дај боже се најдат во муабет со друга женска личност... Разбирам да има револт ако фраерот се слуша по телефон со другарката, ако излегуваат заедно насамо ама муабет на јавно место, пред очите на сите не ми е доволна причина за раскинување. Во краен случај, ете разговарале, рекол дека одсега па натаму ќе ја игнорира другарката па ако дотичниот сеуште и се допаѓа на @macush., не гледам причина зошто да не му даде уште една шанса.
Душо еве земај се ти за пример дали би имала ваков контакт со дечкото на другаркати ? а и тој ако има во главата малку чесност не би имал таков контакт со другарка на девојка му . мене ова ми е нелогично , можит сум старомодна али мојот однос со дечковците на другарките е онака пријателски , и се наогаме заедно со другаркими а на само никогаш , и да се сретниме в чаршија или било каде само што прајш? како си? чао пријатно , тоа е тоа
Ама па не и е дечко. А и она ако е вистинска другарка и примети дека дечково има некакви намери со неа би се тргнала и би и кажала на другарка и. Не може само едниот да го кривите.
Значи прво јас и тој се засвигавме а покасно тој ( како што вели демек на шала ) почна да се ''шали'' со неа , па оваа секако не одбиваше ништо, иако знаеше дека јас се гледам со него. Вчера ме викна тој да излеземе и бевме кај што бевме после тоа заминавме дома, и јас се приклучив на фејсбук и ми пишува една негова другарка ( а со која не сум врзала никаков муабет до сега ) '' ц ц ц зошто не се поврзеш со него , оди, '' , Муабетот и го сватив во смисол што седам со скрстени раце и само чекам , Инаку за вечерта се бевме договориле пак да излеземе и ми звони тој веке бил излезен и ме викна да дојдам , јас не му одговорив ништо и појдов право во кафичот кај што излегувавме секогаш ( а во кој нормално беше другарка ми а и тој беше таму ). Му реков демек нешто не ми добро и си заминав. . После касното ми пишува ''другаркава'' зошто сум си отишла од кафичот не сум останала, и и одговорив нешто во смисол дека не сум лута што збори со неа , па што има везе не смее со женско ли да прозбори, се направив како да не ми е гајле за ништо , што можеби и погрешив што се изразив така , со самото тоа и дадов до знаење дека може да го брка колку сака , но ''испровоцирана'' од тоа што ми го пиша прво другаркаата негова и сега мојаваа ''другарка'' па затоа изреагирав така Целава ситуација си ја сватив дека уствари јас сум таа љубоморната цело време што се лути за глупости и не се разбира од шали ни од ништо . Не знам што и како понатаму ....
истата приказна како мојата само шо тој барем те бараше мене не ме бара воопшто, чека јас да го побарам